Како човек на 38-годишна возраст секогаш се трудам да водам здрав начин на живот. Тоа подразбира редовно спортување, пливање, пешачење до Водно, играње кошарка, трчање итн. Поради моето специфично занимање - професионален возач кое изискува голема концентрација, будност и енергија, од голема важност ми е да ја одржувам мојата физичка кондиција во одлична форма. И покрај тоа, речиси десетина години имав проблем со висок крвен притисок (достигнуваше дури и до 220) кој ми предизвикуваше неподносливи главоболки и придонесе двапати да колабирам и да изгубам свест.
Откако моите роднини како корисници на Vitamix блендерот детално ми ги објаснија неговите карактеристики и својства, пријатно се изненадив од чудотворната моќ на природните сокови подготвени во оваа машина. Како застапник на здравиот начин на живот, веднаш се заинтересирав за неа бидејќи барав начин да го подобрам моето здравје. Сега знам дека не згрешив кога решив да го купам овој блендер. Откако го имаме Vitamix, јас и моето семејство секојдневно консумираме од прекрасните природни сокови направени во него, кои освен што се вкусни, овозможуваат сите витамини, минерали и ензими од овошјето и зеленчукот да ги добиеме во лесно достапна и апсорблива форма. Веќе по неколку недели користење забележав дека главоболките исчезнаа, а тоа значеше само едно - високиот притисок ми е нормализиран. Се разбира, тоа се покажа и со мерењето кое редовно го правев претходно, а по навика продолжив и после употребата на Vitamix. Сега веќе немам потреба да правам секојдневни мерења на притисокот и да се вознемирувам поради последиците кои можат да настанат заради континуирано висок крвен притисок. Освен ова, имам зголемена концентрација, повеќе енергија, побистар ум, желбата за нездрава храна ми се намали, тенот ми се освежи и многу други придобивки. Сега не можам да си го замислам животот без Vitamix. Кога тргнувам на пат, сопругата ми подготвува по 5 литри природен сок направен во Vitamix машината, кој ми помага без никаков проблем да ги издржам оптоварувањата кои ги носи мојата професија.
Најсрдечно го препорачувам на сите кои се грижат за своето здравје - без разлика дали се здрави или болни. Оваа неверојатна машина во голема мера може да го подобри квалитетот на сечиј живот. Затоа посакувам благодетите кои ми беа овозможени мене да ги споделам со сите вас.
Неверојатно, но вистинито!
Наздравје, со Vitamix!
Ѓ. Ш. професионален возач - Скопје
Напомена: Имињата и контакт телефоните на лицата чии стории се објавени во рубриката „Искуства“, со нивна согласност, се достапни во Нутри Вита. Доколку сакате да остварите директен контакт со некој од нив Ве молиме контактирајте нè.