Хималајски лампи - упатство за употреба

Кристалите од хималајска сол се хигроскопни (имаат својство да апсорбираат вода или влага од околината). Оттука, лампите од кристална сол треба да се користат во суви простории. Во случај на зголемена влажност, на пример, за време на дожд, лампите од хималајска сол треба да се вклучени. Топлината која се испушта од сијалицата која е во лампата ги загрева кристалите сол и помага водените честички да испарат на надворешната површина. Ако планирате да ја чувате лампата од хималајска сол подолг временски период во влажна средина (на пример, гаража, поткровје, визба итн.) ставете ја во пластично ќесе и залепете ја убаво со селотејп.
Исто така, пожелно е да се придржувате кон одредени упатства кога ги користите лампите во канцеларија или во соба.
Прво, ако се случи кондензација на надворешната површина, капењето на водата може да ја оштети површината на лампата (на пр. обезбојување, да се појават меурчиња на дрвената површина итн.) Кога ја ставате лампата на површина која може да се оштети (антички или канцелариски мебел) треба дополнително да ја заштитите површината со гумена или плутена основа или, пак, чинија за да се слива кондензираната вода. Овде, повторно, добар начин за да се исуши лампата е да се вклучи.
Второ, ако лампата е во место каде си играат деца или кучиња, НЕ ТРЕБА да се става на работ од мебелот или, пак, електричниот кабел да е достапен на дофат на децата. Лампата треба да биде поставена на начин што ја спречува веројатноста на пад од висина и да предизвика повреда на детето или миленичето.
Ако лампата од хималајска сол има влага одвнатре, треба веднаш да се извади електричниот кабел од напојување. Земете ја основата на сијалицата и испитајте ја влажноста. Ако основата е влажна, ставете ја на суво и топло место. Избришете ја лампата со памучна крпа додека не се отстрани влажноста. Следете ја влажноста на основата и на лампата и повторно склопете ја за неколку часа.
Треба да ги следите овие упатства кога ја менувате сијалицата од лампата:

  1. Извадете го електричниот кабел од напојување.
  2. Свртете ја лампата наопаку за да ја видите основата на сијалицата.
  3. Фатете го долниот, видлив дел од основата на сијалицата и нежно повлечете надолу (не влечете го кабелот освен ако не е неопходно).
  4. Потоа, откога ќе ги видите двете метални штипки, притиснете ги, убаво фатете ги со дланка и полека повлечете ја основата од лежиштето. Внимавајте да не ги отпуштите пребрзо металните штипки бидејќи може да се повредите.
  5. Заменете ја сијалицата.
  6. Откако ќе ја замените сијалицата, фатете ги убаво двете метални штипки, соберете ги за да ги собере во лежиштето и внесете ја сијалицата во лежиштето од лампата.

Понекогаш, домашните миленичиња (најчесто кучиња) инстинктивно ја лижат лампата за да ги надоместат минералите во нивното тело. Лампите од хималајска сол не се наменети за јадење, но не се штетни по здравјето затоа што се направени од 100% природна сол.

НЕ ЈА ОСТАВАЈТЕ ЛАМПАТА ВКЛУЧЕНА БЕЗ НАДЗОР!
НЕ ЈА СМЕСТУВАЈТЕ ЛАМПАТА ВО БЛИЗИНА НА ВОДА!
НЕ ЈА ВКЛУЧУВАЈТЕ/ИСКЛУЧУВАЈТЕ ЛАМПАТА СО ВЛАЖНИ РАЦЕ!
ЧУВАЈТЕ ЈА НА СУВО И ТОПЛО МЕСТО СЕКОГАШ КОГА Е ВОЗМОЖНО!

Свеќник од хималајска сол, Природна форма, ≈1 кг. Свеќник од хималајска сол, Природна форма, ≈1 кг. 320 ден.