Исклучителен вкус, интензивна арома, супериорна хранливост

  • Додадете 84 есенцијални минерали во секој оброк со распрснување на хималајска кристална сол.
  • Засилете го вкусот на кое било јадење без уништување на природните ароми.
  • Користете помалку сол без компромитирање на вкусот намалувајќи ја тенденцијата од пресолување на храната.
  • Признаена како најистакната сол во кулинарската уметност!

Фино гранулирана
Поголемите парчиња кристали рачно се кршат на малечки кристалчиња кои се доволно мали да се користат во соларка. Блескавата розеникаво обоена сол ги има сите природни карактеристики на првобитните кристални парчиња од кои е направена. Има карактеристичен „жив“ вкус кој е природно вкусен.

Грубо гранулирана
Совршена за оние кои претпочитаат да ја мелат сами солта. Рачно искршена од поголемите парчиња, овие блескави кристали се и визуелен и кулинарски зачин за секој оброк.

 

Неверојатни здравствени придобивки од хималајската сол
Солта е есенцијална за животот – не можете да живеете без неа. Меѓутоа, повеќето луѓе едноставно не сфаќаат дека има огромни разлики помеѓу стандардната рафинирана сол за готвење, на која се навикнати повеќето луѓе и користењето на здрава природна сол.
Вашата стандардна сол, всушност е 97.5% натриум хлорид и 2.5% хемикалии како апсорбенти за влага и јод. Сушена на над 650º С, вишокот топлина ја менува природната хемиска структура на солта предизвикувајќи потенцијална опасност за безброј проблеми во вашето тело. Ако сакате вашето тело да функционира правилно треба да користите сол со сите природни елементи.
Најчестата сол е направена од хемикалии кои го загадуваат вашето тело. Чистите кристали од хималајска сол содржат 84 минерали во траги и елементи неопходни за оптимално здравје, а не содржи токсини.
Бидејќи содржи 84 минерали во траги и елементи кои му се неопходни на нашето телото, придобивките од природната хималајска кристална сол можат да бидат следниве:

  • Регулирање на количината на вода во телото.
  • Балансирање на вишокот киселост од вашите клетки, посебно од мозочните клетки.
  • Помага во генерирањето на хидроелектричната енергија во клетките од вашето тело.
  • Подобрена апсорпција на парчињата храна во вашиот интестинален тракт.
  • Помага во чистењето на слузните наслаги од вашите бели дробови – посебно корисно кај астмата и цистичната фиброза.
  • Дејствува како силен антихистамин и помага во чистењето на наслагите во вашите синуси.
  • Превенција на грчеви во мускулите.
  • Ја прави цврста структурата на вашите коски – остеопорозата може да се појави кога на вашето тело му е потребно повеќе сол која ја зема од вашите коски.
  • Регулирање на вашиот сон – таа е природен хипнотик.
  • Одржување на вашето либидо.
  • Спречување на проширени вени и испукани капилари на вашите нозе и бедра.
  • Воспоставување на правилно срцебиење – во комбинација со водата, таа всушност е есенцијална за регулација на вашиот крвен притисок.

Широкиот спектар на елементи во хималајската сол формираат соединение во кое секој молекул е поврзан меѓу себе. Поврзаноста овозможува вибрационите компоненти на 84-те минерали во трагови и елементите присутни во солта да бидат во хармонија меѓусебе и да го засилат балансирачкиот ефект на солта. Кога станува збор за холистичката моќ на природната сол, ниедна друга не може да се споредува со хималајската кристална сол еве зашто:

  • Таа е од највисокиот степен на природна сол.
  • Под електронски микроскоп, кристалната сол има совршена кристална структура.
  • Се вади и мие рачно.
  • Кристалната сол е имуна на електромагнетното поле.
  • Кристалната сол не содржи околински загадувачи.
  • Нема ограничен рок на употреба.

Кристална споредба на солта
Што ни кажуваат овие зголемувања од 40х?

Обична сол Обична сол
Лишена од сите природни елементи преку индустриската обработка, резултатот е само натриум хлорид. Неприродните кристали се изолирани меѓусебе и се мртви. Со цел телото да ги метаболизира овие кристали, мора да жртвува огромна количина од резервите на својата енергија. Овој резултат е штетна загуба и нула добивка. Наслагите од сол во нашето тело изгледаат слично со оние на оваа фотографија, изолирани и мртви.
Морска сол Морска сол
Голем процент од морската сол денес е обработена. Како што океаните стануваат сè позагадени, оваа сол е далеку од идеална. Составена е од неправилни и изолирани кристални структури, непозрзана со природните елементи околу нив. Како последица од ова, виталните минерали, колку многу и да ги содржи, не можат да бидат апсорбирани од телото освен ако телото не потроши огромна енергија да ги витализира. Нето добивката е мала со уште поголема загуба на енергија.
Хималајска сол Хималајска кристална сол
Балансираната кристална структура открива фино разгранување без сенки или груби рабови. Кристалот не е изолиран од неразделивите минерални елементи (84), туку е поврзан со нив во хармонична состојба. Ова ни кажува дека енергетскиот состав, во форма на минерали, е балансиран и може лесно да биде метаболизиран од телото. Резултатот е нето добивка за телото и нула загуба на енергија.

Хималајска кристална сол, ситна, 1000 гр. Хималајска кристална сол, ситна, 1000 гр. 220 ден.
Црна хималајска сол – Кала Намак, ситна, 1000 гр. Црна хималајска сол – Кала Намак, ситна, 1000 гр. 220 ден.
Хималајска кристална сол, парчиња 4 см., 1000 гр. Хималајска кристална сол, парчиња 4 см., 1000 гр. 220 ден.
Хималајска кристална сол, гранули 4-6 мм., 1000 гр. Хималајска кристална сол, гранули 4-6 мм., 1000 гр. 220 ден.
Хималајска кристална сол за капење, гранули 2-3 мм., 1000 гр. Хималајска кристална сол за капење, гранули 2-3 мм., 1000 гр. 250 ден.
Хималајски камен против потење Хималајски камен против потење 240 ден.