Постапка за нарачување
Нашите производи се блиски и достапни до Вас.
Лесно можете да одберете некој од производите разгледувајќи ги во нашата Веб продавница.
Само неколку клика Ве делат од нарачка на производот кој Ви е неопходен.
Нашите производи можете да ги нарачате на следните начини:
- преку нашата Веб продавница
- телефонски, со јавување на 02-3230-777 или на 076-487-171, да нè информирате кои артикли ви се потребни и начинот на кој сакате да ги платите, а потоа ние да ја процесираме Вашата нарачка
- преку e-mail, со праќање порака на info@nutrivita.mk, да нè информирате кои артикли ви се потребни и начинот на кој сакате да ги платите, а потоа ние да ја процесираме Вашата нарачка
Детален опис за правење нарачка преку нашата Веб продавница
Посетете ја нашата Веб продавница, кликнувајќи на истоименото копче од Горното мени, или кликнете тука.
Одберете ја категоријата производи од која сакате да нарачате (подоцна, по желба, може да се вратите и да одберете друга). Категоријата можете и директно да ја одберете од паѓачкото мени под Веб продавница.
Ќе се отвори страна со производите што припаѓаат на соодветната категорија. Одберете го производот што Ве интересира и кликнете на сликата или на „Детални информации“ за да прочитате повеќе информации за саканиот производ.
При приказ на производот, има сликичка на која пишува „Во кошничка“. Кликнете за да го ставите производот во Вашата кошничка.
За повеќе производи повторете ја постапката. Кошничката ги чува сите информации за производите што сте ги одбрале.
Кога ќе завршите со одбирањето производи, на менито од десната страна кликнете на „Кошничка“, а потоа на следната страница ќе одберете „Кон наплата“.
Овде треба да внесете контакт податоци за тоа кому и каде треба да се испорачаат производите, а потоа продолжете со одбирање начин на достава.
Одберете начин на достава:
- Испорака во Македонија - до адресата која сте ја посочиле во нарачката.
- Преземање од продавница - еден вид резервација, нарачаните производи ќе Ве чекаат да ги подигнете од просториите на Нутри Вита.
По одбирањето начин на испорака кликнете „Продолжи“ за да одберете начин на плаќање.
Одберете начин на плаќање:
- Плаќање со картичка - можете да извршите со дебитните и кредитните картички Visa, Master и Maestro од сите домашни и странски банки. Откако ќе ја изготвите нарачката, веб продавницата безбедно Ве пренасочува кон страницата на банката за плаќање со платежна картичка, каде треба да го внесете бројот на картичката и да го потврдите плаќањето. По успешната трансакција, производите Ви ги доставуваме на адресата посочена во нарачката.
- Плаќање при преземање - можете да одберете доколку сакате производите да Ви бидат испратени на Вашата адреса, а Вие да му ги платите на курирот кој ќе Ви ја достави нарачката.
- Плаќање со уплатница - на уплатница ПП10 ги пополнувате потребните податоци и го уплаќате вкупниот износ во Вашата најблиска банка или пошта, на жиро сметка на Нутри Вита. По извршената уплата Ве молиме известете нè за побрзо процесирање на нарачката. Откако уплатата ќе се реализира на нашата сметка, производите Ви ги доставуваме на адресата посочена во нарачката.
Потоа кликнете на „Продолжи“.
Тука можете уште еднаш да ја прегледате нарачката, а имате и поле во кое дополнително можете да оставите некоја забелешка или коментар кои сметате дека ќе ни користат за поправилна испорака.
По кликнувањето на Потврди нарачка ќе добиете email со деталите од нарачката.
Во текот на истиот или следниот ден ќе бидете контактирани за испораката.
За сите нарачки со вредност од 1500 денари или повеќе, испораката до Вашиот дом е БЕСПЛАТНА.
Ако имате прашања или забелешки слободно обратете ни се на телефон 02-3230-777 или на 076-487-171 или на е-пошта info@nutrivita.mk.