За нас - визија, мисија

Основата и концептот на Нутри Вита е креирање здрав животен стил за секого.

Наша цел е неисцрпно информирање и едукација на луѓето како да постигнат ниво на оптимално здравје, како да се ослободат од болестите, односно како да живеат здрав и квалитетен живот, онаков како што заслужуваат.

Нутри Вита е место каде што животот на еден човек се среќава со животот на природата.

Во денешниот свет не е тешко да се изгуби сликата на нашата врска со природата. Нутри Вита постои за да Ве потсетува и да ја обновува оваа врска, да ја зајакне Вашата свест за влијанието на исхраната врз животот и здравјето т.е да Ви понуди позитивни примери од живеењето во хармонија со природата.

Производите кои ќе ги најдете кај нас се направени од природни сертифицирано-органски состојки. На еден суптилен и интелигентен начин тие ја пренесуват пораката на нашето тело дека најголемата поддршка за здравјето доаѓа токму од овие природни производи кои се добиени од суровини кои се од органско/еколошко потекло. Ваквите производи се вистинската медицина на иднината и поддршка за постоењето на нашата планета.

Нашата палета се состои од сертифицирани органски производи, органски додатоци во исхраната, природна козметика за нега на лице и тело, филтри и алкализатори за вода за пиење, уреди за обработка на свежо овошје и зеленчук како и литература која мотивира кон позитивни животни промени.

Нашата мисија е на нашите полици да најдете производи со највисок квалитет, кои се последица на одговорно работење, произведени од најквалитетни суровини. Ние сакаме да опстоиме и на тој начин да докажеме дека човековиот живот и дело може да се оствари на начин кој ги почитува сите луѓе, сите култури и сета мудрост што постои на Земјата.

Нутри Вита е место во кое е лесно да се избере добро чувство.

Секој ден за секој од нас претставува способност да се создаде позитивно влијание. Дури и оние наједноставните, секојдневните мали одлуки кои ги носиме во нашите животи, како оние што јадеме, што внесуваме во нашето тело, со што ги чистиме своите домови, имаат значително влијание не само на нас туку и на природата која е насекаде околу нас.

Еден човек кој одлучува да живее живот во хармонија со природата, најверојатно нема да може да го промени светот, но со користење на природни производи ќе си даде сила себеси, односно на конекцијата со планетата Земја и сите нас.

Кога ќе влезете кај нас, можете да бидете сигурни дека ќе најдете производи кои со право можат да се наречат здрави. Суровините од кои тие се направени сертифицирано се одгледуваат без пестициди, не се хемиски обработени, не се рафинирани и не содржат вештачки бои, адитиви и конзерванси. Нашите производи се со стандарди со највисок квалитет што може да се најде на пазарот и се однесуваат како на одгледувањето и производството, така и на хранливата вредност и вкусот на производите. Ние не го користиме здравјето како маркетинг, ние ги претставуваме Вашите интереси во зачувувањето на Вашето здравје.

 

Визија - Страст и едукација

Целосно сме посветени на природните и органски производи. Затоа, нашите вработени се посебни, исклучително обучени, но исто така искрени и чесни, бидејќи тие знаат и чувствуваат одговорност кон она што го работат.

Во секојдневната размена на знаења со нашите клиенти оствараруваме придобивки кои ни помагаат да опстанеме, да се развиваме и растеме, а со тоа да продолжиме да го шириме своето позитивно влијание.

Тоа е мисија која што нè води заедно со поддршката од Небото и Земјата.

Па затоа дојдете и почувствувајте го Вкусот на здравјето!

Ваша,
Нутри Вита