Хималајски лампи - здравствени придобивки

Јонизацијата и вашето здравје

Поголемиот дел од нашиот живот го поминуваме во затворени простории без разлика дали се наоѓаме дома, во автомобил или канцеларија. Рамките на умот и физичката кондиција зависат од квалитетот на воздухот кој го вдишуваме. Воздухот е со електричен полнеж што значи дека содржи неограничен број на позитивно наелектризирани молекули (позитивни јони) и негативно наелектризирани молекули (негативни јони). Студиите покажаа дека нивниот баланс е неопходен за да се создаде добро расположение. Комјутерските екрани, клима-уредите и телевизиските сетови се извори на вишок позитивни јони во воздухот. Овие уреди создаваат електричен смог кој може да води до лошо расположение, слабост и несоница. Додавањето негативни јони во атмосферата може да придонесе до баланс во воздухот и да го неутрализира електричниот смог околу нашите домови и работни места.
Средината во која живееме е полна со позитивни јони што го прави воздухот уште позагаден. Овие позитивни јони се испуштаат од електричните уреди, високоволтажните мрежи, загревањето и ладењето на растенија, радиските и телевизискити трансмитери, радарските системи, тутунот, компјутерите, ТВ сетовите, па дури и правосмукалките. Лампите од хималајска сол се познати ефикасни емитери на негативни јони кои можат да го подобрат квалитетот на воздухот.
Во високите селски населби и близу водопади, свежиот воздух носи 4000 негативни јони на сантиметар кубен додека во големите градови, за време на сообраќајниот метеж, негативните јони не надминуваат повеќе од 100 до 120 јони на сантиметар кубен. Присуството на негативните јони во атмосферата создава чувство на благосостојба. Научните истражувања докажаа дека количината на јони во средината треба да биде во ранг од 1000-1500 на сантиметар кубен за луѓето да чувствуваат придобивки. Во затворените простории каде што работат неколку луѓе истовремено, количината на негативни јони може да падне до 200 на сантиметар кубен.
Камената кристална сол, благодарение на хемиски состав, е идеален извор на негативни јони.
Негативните јони можат да го исчистат воздухот од:

  • Прав
  • Полен
  • Трошки прав
  • Чад
  • Мирис
  • Спори на мувла

Негативните јони, исто така, помагаат да се ублажат симптомите на:

  • Поленска треска
  • Астма
  • Депресија
  • Хроничен умор

Места за користење:

  • Во вашата канцеларија
  • До вашиот комјутер
  • За време на масажа и медитација
  • Во зачадени места
  • Во читална
  • Во детските соби
  • Секаде каде што сакате квалитетот на воздухот да биде подобрен или зачуван
  • Секаде каде што сакате да создадете мирна и опуштена средина
  • Секаде каде што сакате да уживате во убавината на лампите од кристална сол

Бидејќи се работи за природни кристали од сол, кога не се во употреба, може да се појави влажност ако се изложени на ладна температура и/или на висока влажност. Тие не треба да имаат влажност на нив кога се вклучени.

 

Негативните јони и мозокот

Воздухот кој го вдишуваме нормално е полн со позитивни и негативни јони. Клима-уредите, недостигот на вентилација и долгите сушни периоди ги отстрануваат негативните јони кои вообичаено служат да ги прилепат лебдечките честички прашина и да ги донесат до подот правејќи го воздухот почист. Приближно една третина од популацијата се чини дека е посебно чувствителна на недостигот од негативни јони. Соодносот на негативни јони е највисок близу вода во движење (бури, океани, реки, водопади). Не е чудно што се чувствуваме полни со енергија кога сме на плажа. Најдобар сооднос на негативни со позитивни јони е поврзан со водопадите и времето пред, за или после бура. Најлошиот сооднос е во соби без прозорци и затворени возила во движење. Прочистувачите на воздухот обично работат со емитирање негативни јони кои ја прочистуваат собата така што се прикачуваат за нечистотиите и ги потонуваат.
Високата концентрација негативни јони е есенцијална за зголемена енергија и позитивно расположение. Маријан Дајмонд, професор по невро-анатомија на Универзитетот Калифорнија, Беркли, открил дека нивото на негативни јони е обратно поврзано со нивото на серотонин во мозокот. Негативните јони го потиснуваат нивото на серотонин на речиси ист начин како што сончевата светлина го потиснува мелатонинот. Оттука е освежувачкиот ефект од свежиот воздух и сончевата светлина и соодветно, депресивните чувства поврзани со затворените простори и темницата. Ако го лишите воздухот од негативни јони, ќе искусите зголемување на серотонинот и неговите придружни состојби – дремливост и опуштеност – не е тоа што ви треба кога се бара ментална агилност.
Влијанието на негативните јони е многу моќно. Најпрво се открило дека негативните јони помагаат на пациентите со астма. Подоцна се открило дека имаат ефект врз нивото на серотонин во крвниот тек, ги стабилизираат алфа ритмите и позитивни влијаат на реакциите на сензорните стимуланси. Поголемото ниво на будност може да значи подобрено учење. Подобрена благосостојба и засилени перформанси при менталните задачи.
Др. Алберт П. Круегер, микробиолог и експериментален патологист на Универзитетот Калифорнија, открил дека неверојатно мала количина на негативни јони може да ги убие бактериите и брзо да ги отстрани од воздухот и на тој начин многу помалку ќе можат да се инфицират луѓето.
Лампите од кристална сол се многу корисни за секојдневно користење секаде каде што сакате да го вратите или зачувате природниот квалитет на воздухот, за подобрување на вашето здравје и физичката благосостојба. Тие, не само што делуваат пријатно на изглед, туку е докажано и дека го подобруваат вашето здравје.

Свеќник од хималајска сол, Природна форма, ≈1 кг. Свеќник од хималајска сол, Природна форма, ≈1 кг. 320 ден.