Рачна пумпа за доилки
Lansinoh рачната пумпа е направена од 100% полипропилен без бисфенол-А, пластика која се претпочита за чување на мајчиното млеко. Со уникатно ComfortSeal™ перниче, практична рачка и лесен дизајн, пумпата е удобна и лесна за употреба. Компактниот дизајн овозможува лесна употреба со една рака и дискретна преносливост, а во исто време е лесна за склопување, за употреба и чистење.
Од сите пумпи кои ги имам пробано, само Lansinoh пумпата го издржа тестот на времето. Ми помогна да добијам умерена количина на млеко без истекување, а е лесна за чистење и склопување - не ви е потребна диплома од ракетна наука, само производ кој го прави точно она што го пишува на кутијата! - Линоа Катанач, автор, Teach Yourself Green Parenting
- Удобна
Уникатното ComfortSeal™ перниче, обезбедува сигурно и удобно впивање за безбедно приспособување и побрз проток на млекото. - Безбедна
100% без бисфенол-А и може да се чисти во машина за садови - Практична
Практичната рачка не го оптоварува рачниот зглоб, овозможувајќи ефикасно пумпање со една рака за лесно имитирање на ритамот на бебешкото доење. - Преносливост
Компактна големина, тивка и многу лесна, пумпата може да се склопи за помалку од минута. - Ефикасна
Брза, нежна, удобна – без потреба од батерии или електрична енергија. Соодветна заштита и држач за шишиња кои го спречуваат истурањето и ја заштитуваат пумпата од нечистотии за време на патување. - Стандардна големина
Ви овозможува да го испумпате млекото во скоро сите бебешки шишиња. - Додатоци
Lansinoh пумпата има само 7 компоненти и вклучува две шишиња за чување и резервни делови.