Политика за враќање

НУТРИ ВИТА обезбедува враќање на производи и средства единствено за производите кои се купени и платени од www.NutriVita.mk или од нејзините поддомени.

Производот, кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 7 дена, заедно со приложената фактура и испратница и истиот може да го замените со нов. При таков случај, ве молимe да нè информирате за вашето барање и да го доставите на адреса:

НУТРИ ВИТА
ул. „Костурски херои“ број 15, локал 3
1000 Скопје

Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура и испратница во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.

Во случај кога ќе се забележи дека производот е користен, отпакуван (изваден од амбалажа) или е оштетен, но не од наша страна, тогаш износот на вратените средства ќе биде намален од 50 - 80% од цената на чинење.

НУТРИ ВИТА има резервирано право да ја менува Политика за враќање на производи и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страниците на НУТРИ ВИТА.