Чудесната моќ на сребрената вода, сега и во Вашиот дом
Јонизаторот на колоидна сребрена вода, понатаму јонизатор или апарат, е наменет за добивање на воден раствор од јони на сребро (Ag+) во домашни услови (познат како Сребрена вода). При поминување на постојана електрична струја низ двете електроди, во водата се издвојуваат јони на сребро. Може да се примети како во водата се спушта сивкаст облак кој го формираат јоните на сребро.
Јонизаторот НЕВОТОН IS-112 е управуван од страна на микропроцесор кој ја овозможува концентрацијата на растворот кој се добива како резултат на јонизацијата. Среброто што се користи во јонизаторот е Ag 999.9 со ултра висок квалитет и чистота, со содржина на сребро не помала од 99,99% кое се добива како резултат на високата руска воена технологија што ја користи производителот НЕВОТОН. Хемискиот состав на ова сребро го исполнува строгиот руски стандард ГОСТ 28595-90 со што сигурноста и безбедноста за користење на овој јонизатор и водениот раствор добиен со него е на највисоко ниво.
Јонизаторот Невотон овозможува подготвување на сребрена вода во два режима:
- DRINKING – воден раствор во кој концентрацијата сребрени јони е минимална и изнесува 0,035 мг/литар (35 микро грами/литар).
- CONCENTRATE – воден раствор во кој концентрацијата на сребрени јони е значителна и изнесува 10 мг/литар.
Доколку ви е потребно да добиете воден раствор со поголема концентрација на сребрени јони, постапката за правење концентрат се повторува 2 или 3 пати во истиот раствор за да се добие концентрат со 20 или 30 мг/литар соодветно. Со оглед на значителната концентрација на сребрени јони, ваквиот воден раствор се користи за надворешна употреба. Тој може да се користи за дезинфекција на работни и санитарни површини, за измивање на детски играчки и садови со цел да се уништат бактериите. Меѓу другото, може да се користи и во аквариуми за елиминација на патогените бактерии, а поволно делува и на благосостојбата на рибите. Исто така се употребува во козметологијата, за миење на лице, тело и коса, може да се користи за испирање на очи, уво, нос и грло, потоа за полевање на цвеќиња и растенија и слично.
Кликнете тука ако сакате да ја видите брошурата за јонизаторот НЕВОТОН.
Повеќе информации за Јонизаторот за сребрена вода НЕВОТОН ИС-112 можете да добиете во НУТРИ ВИТА, тел. 02 3230 777, како и на веб страниците www.nevoton.mk и www.nutrivita.mk
Заблудата со синиот човек
Досега речиси сите ја виделе приказната за Пол Карасон кому медиумите му дадоа прекар „Синиот човек“. Иако медиумите постојано велеа дека тој земал колоидно сребро, ништо не би можело да биде подалеку од вистината. Приказната за Синиот човек стана главна медиумска дезинформација која е напишана од фирма за односи со јавноста, а платена за фармацевтската корист. Целта на оваа кампања била да се исплаши јавноста за да не се користат производи со колоидно сребро. Тактиката била да се тврди дека состојбата на Синиот човек била предизвикана од употреба на колоидно сребро и оттука имплицирајќи дека секој што користи колоидно сребро би имал слична судбина.
Целата приказна како што е прикажана е студија со безобѕирно искривување на вистината. Факт е дека Пол има болест наречена аргирија која бојата на кожата ја менува во сино-сива. Тој ја добил оваа болест земајќи домашно направено сребрено соединение кое главно било висококонцентриран јонски сребрен раствор. Кога тој го подготвувал растворот, верувал дека прави колоидно сребро. Но тој не правел колоидно сребро. За да го направи растворот уште поопасен, тој додал сол во растворот, а потоа користел електролиза за да направи висока концентрација од среброхлорид со големи честички за кои е добро познато дека предизвикуваат аргирија. Тој, понатаму, го нанел соединението на неговата кожа предизвикувајќи да стане внатрешна и надворешна фотографска плоча. На крај, употребил солариум за да го „поправи“ среброто во неговото тело. Поуката од приказната е да се знае разликата меѓу вистинското колоидно сребро и јонското сребро или среберените протеини.
Загатката со Синиот човек уште еднаш покажува дека на масовните медиуми не треба да им се верува дури и за нешто што наликува на „вистинска вест“.