Ве молиме наведете неколку или сите причини зошто се обративте кај нас, односно зошто се одлучивте да ги користите производите од НУТРИ ВИТА?
Веќе одреден период имам здравствени проблеми и тоа три поголеми поради кои решив да ги пробам вашите производи затоа што барав начин како да го подобрам своето здравје. Јас сум дијабетичар од ’96-та година и од тогаш сум на инсулин (исто така, користам и инсулинска пумпа), 10 години наназад имам витилиго и од пред една година воспаление на дебелото црево (користам и слафсализин). Сите овие проблеми негативно влијаеа на мојот начин на живот, отежнувајќи ми ги секојдневните обврски. Затоа одлучив да пробам со овие производи затоа што се навистина природни, имаат повеќекратен ефект врз здравјето и откако започнав да ги користам се чувствувам препородено.
Што се обидовте и кои производи ги пробавте пред да се обратите кај нас и дали дејствуваше?
Претходно ги следев инструкциите и ги користев лекарствата кои ми ги препорачуваше класичната медицина.
Кои производи од нашата палета одбравте да ги користите и зошто?
(Кламатски АФА алги, Алги Power3, Колострум Symbiotics, Стевиа SweetLeaf, Активен органски германиум Ge132, Природна козметика Olivella и Sex&Olive, Ланолин и производи за доилки Lansinoh, Апарат за сребрена вода NEVOTON, Блендер Vitamix, Бавен соковник Hurom, Алкализатор Chanson VS70?)
Ги користам следниве производи:Алкална вода, Кламатски АФА алги, Колострум Symbiotics, Стевиа SweetLeaf, Активен органски германиум Ge132, Природна козметика Olivella и Sex&Olive, Апарат за сребрена вода NEVOTON, и Блендер Vitamix.
Како корисник на овие производи, дали и како се смени состојбата на вашето здравје и дали ги добивте очекуваните резултати?
Морам да кажам дека мојата здравствена состојба во голема мера се подобри , па дури и неочекувано брзо. Користејќи ги горенаведените производи и природните сокови направени во блендерот Vitamix, го намалив бројот на инсулинските единици а истовремено за првпат после толку години ми се намали средната просечна вредност на шеќерот во крвта во рамките на дозволената граница. Кога докторот го погледна резултатот, веднаш ми рече дека мора да е некоја грешка. Го повторивме мерењето и пак беше истото. На мое изненадување, докторот не ме ни праша што правам, односно како резултат на што дошло до ова нормализирање на средната просечна вредност на шеќерот во крвта.
Покрај тоа, делумно почна да ми се враќа пигментот на кожата, а витилигото постепено се повлекува.
Состојбата со дебелото црево се смени во позитивна насока. Колоноскопијата која во меѓувреме ја направив, покажа значително намалување на ерозиите и промените кои беа видени на претходниот преглед од пред 4 месеци. Сево ова ми влева надеж за враќање на животот во нормала.
Дали добивте повеќе од очекуваното? Ако е така, кои други придобивки ги забележавте?
Да, добив многу повеќе од очекуваното, освен тоа што моите здравствени проблеми започнаа да се повлекуваат, забележав дека имам многу повеќе енергија, ми се врати апетитот и ја постигнав мојата идеална тежина. Ми се врати вербата дека навистина ќе можам да се излекувам од здравствените проблеми, станав многу посмирена, имам поголема концентрација, станав поотпорна на вируси и настинки, што значи дека имунитетот ми се зајакна и општо земено се чувствувам многу подобро за разлика од претходно.
Колку долго сте корисник на производите од НУТРИ ВИТА?
Германиумот го користам речиси една година, а колострумот, алгите, блендерот Vitamix и алкалната вода, 7-8 месеци.
Пред да се обратите кај нас, дали претходно сте слушнале за нашите производи?
За вашите производи прв пат дознав во почетокот на септември 2010 од интернет.
Што најмногу ви се допаѓа во нашата канцеларија односно советувалиште?
Пристапот и љубезноста на вработените во однос на добивање информации за користењето на овие производи, како и советите за подобрување на здравствената состојба. Овде го осознав начинот како од состојба на болест да преминеме во состојба на здравје и да продолжиме со практикување на здрав животен стил.
Дали другите членови од вашето семејство ги користат производите од НУТРИ ВИТА? Зошто/зошто не?
Да, мојот сопруг и ќерка ми ги користат производите и сите сме презадоволни од нивното дејство и ефикасност.
Дали и зошто во иднина би ги препорачале производите од НУТРИ ВИТА на вашите најблиски, пријателите и познаниците на кои сакате да им помогнете?
Се разбира дека ги препорачуваме затоа што ни помогнаа нам, а сакаме и нашите најблиски да ги почувствуваат придобивките од производите на Нутри Вита.
Л.Н. домаќинка - Скопје
20.11.2011
Напомена: Имињата и контакт телефоните на лицата чии стории се објавени во рубриката „Искуства“, со нивна согласност, се достапни во Нутри Вита. Доколку сакате да остварите директен контакт со некој од нив Ве молиме контактирајте нè.