Ве молиме наведете неколку или сите причини зошто се обративте кај нас, односно зошто се одлучивте да ги користите производите од НУТРИ ВИТА?

Подолго време околу 4 години имав проблем со бактеријата Escherichia Coli во урнинарниот канал и имав неверојатни болки при мокрење.

Што се обидовте и кои производи ги пробавте пред да се обратите кај нас и дали дејствуваше?

Одев на редовни прегледи и правев урино-култура, но резулататите си варираа секој пат различно без значително подобрување и речиси секој втор месец имав потреба да пијам лекарства како што се Бактрим, Палин, Нолицин, Фуролин, Цитерал, но резултатот беше моментален, болките ќе ми поминеа но и при најмал провев или наладување јас повторно имав болки кои ги смирував со чаеви како што се брусницата, увин чај, микс од повеќе билки отприлика 7 кои ми ги правеа во билна аптека, но сето тоа беше моментално односно привремено стопирање на проблемот. И навистина сето ова мене ми раѓаше една нервоза и имунитетот ми се намали и почнав често да се разболувам и да настинувам.

Кои производи од нашата палета одбравте да ги користите и зошто?
(Кламатски АФА алги, Алги Power3, Колострум Symbiotics, Стевиа SweetLeaf, Активен органски германиум Ge132, Природна козметика Olivella и Sex&Olive, Ланолин и производи за доилки Lansinoh, Апарат за сребрена вода NEVOTON, Блендер Vitamix?)

Алги Power3, Колострум Symbiotics, сребрена вода NEVOTON и алкална вода.

Како корисник на овие производи, дали и како се смени состојбата на вашето здравје и дали ги добивте очекуваните резултати?

Започнав да користам најпрво алги и колострум во поголема доза која ми беше препорачана од стручно лице, во меѓувреме ја користев сребрената вода како за внатрешна така и за надворешна употреба и засилено пиев и сè уште ги користам овие додатоци, а ја вклучив и алкалната вода која се покажа навистина како заштитник на мојот организам.

Дали добивте повеќе од очекуваното? Ако е така, кои други придобивки ги забележавте?

Можам слободно да кажам дека со користење на погоре набројаните производи јас навистина го пребродив мојот проблем, можеби на почетокот ми беше чудно како до сега покрај толку многу лекарства јас никако не можев да ја победам оваа досадна и ужасна бактерија, но навистина имав верба и пристапив да ги пробам овие производи. Бев навистина педантна со дозирањето и користењето на производите од НУТРИ ВИТА, а од вработените добивав и совети како да ја подобрам мојата исхрана и како да внимавам и да ги избегнувам прехрамбените производи кои дополнително ја хранат бактеријата и ја стимулираат да се размножува.
Мојот здравствен проблем комплетно исчезна, веќе 10 месеци не сум осетила болка, слободно си шеткам боса (на што претходно не смеев да помислам), не се затоплувам дополнително без потреба, и сум посреќна бидејќи она што ме мачеше веќе го нема.
Од друга страна, приметив и навремен менструален циклус и зајакнување на имунитетот, по што јас не сум настинала откако ги слушам советите на стручниот тим од НУТРИ ВИТА.

Колку долго сте корисник на производите од НУТРИ ВИТА?

10 месеци.

Пред да се обратите овде, дали претходно сте слушнале за нашите производи и дали имавте каков било сомнеж во врска со нив?

Имав нешто читано за сребрената вода и се заинтересирав повеќе.

Што најмногу ви се допаѓа во нашата канцеларија односно советувалиште?

Ги добивам сите одговори на моите прашања и пријатно ми е да разговараме на темата здравје и без никаква тешкотија, јас отворено си кажувам за мојот проблем бидејќи навистина сум детално сослушувана.

Дали другите членови од вашето семејство ги користат производите од НУТРИ ВИТА? Зошто/зошто не?

Да. Моите родители ги користат и им помогна во врска со Хелио-бактеријата и остеопорозата.

Дали и зошто во иднина би ги препорачале производите од НУТРИ ВИТА на вашите најблиски, пријателите и познаниците на кои сакате да им помогнете?

Јас сум доказ за успешно пребродување на еден голем проблем и тоа е заслуга на производите кои што ги употребувам, производите на НУТРИ ВИТА!

А.Ц. Раководител на сектор за грижа на корисници и PR - Скопје
22.08.2011

Споделени искуства

Напомена: Имињата и контакт телефоните на лицата чии стории се објавени во рубриката „Искуства“, со нивна согласност, се достапни во Нутри Вита. Доколку сакате да остварите директен контакт со некој од нив Ве молиме контактирајте нè.