Виктор Марсијал-Вега, доктор по медицина, спроведува тековна отворена студија за да ги одреди ефектите во намалување на холестерол од секојдневното внесување на алгите Power3 (АФА, спирулина и хлорела). Кога целосно ќе заврши, оваа студија ќе ги покаже ефектите кај 50 пациенти, избрани поради тоа што имаат клинички значајна хиперхолестеролемија (високо ниво на холестерол во крвта), и кои претходно не земале никакви лекови за намалување на холестерол.

Пред започнувањето во студијата, беа извршени анализи на липиди во крвта за да се потврди присуството на хиперхолестеролемија и да се одреди основниот липиден профил на секој пациент. По првите 30 дена од примањето на терапијата се направени понатамошни анализи.

Сите пациенти вклучени во студијата, земале од алгите Power3 по 4 капсули од 500мг., двапати на ден.

 

Привремени резултати:

Кај првите десет вклучени пациенти, осум (80.0%) искусиле намалување на холестерол помеѓу 50 до 100 бода (во просек 65 бода) за првите 30 дена од терапијата. Од двајцата пациенти кај кои немало резултати, едниот земал тешки лекови за друга состојба, а другиот бил во период на сериозен ментален стрес поради болест во фамилијата и смртен случај.

Значителен пад во крвниот притисок беше забележан кај пациентите кои имале висок крвен притисок. Пет од почетните 10 пациенти (50%) биле означени со клинички висок крвен притисок. По нивната иницијална 30 дневна ре-евалуација, два од пет прекинале да ги земаат препишаните лекови против хипертензија, додека преостанатите тројца биле во можност значително да ја намалат нивната доза.

 

Заклучок:

Да го цитираме Др. Марсијал-Вега „Јас сум возбуден поради овие иницијални резултати. Алгите Power3 не се само алтернатива на статинската група лекови за намалување на холестерол, туку е многу посупериорна нивна замена.

За да го појасни овој коментар, Др. Марсијал-Вега додава „Секој пациент нема да реагира на лековите кои се земаат за намалување на холестеролот, а оние кои ќе реагираат, потребно е повеќе време за ефектот од намалување на холестеролот да се реализира, а истиот тој ефект е малку помал споредено со резултатите кои ги гледаме од производот Power3. Дополнителната придобивка е тоа што овие резултати се возможни со производ кој нема несакани ефекти.“

Во заклучокот, Др. Марсијал-Вега изјавува: „Кога е достапна природна алтернатива како оваа, нема никаква логика пациентот да се изложува на добро познатите ризици поврзани со статинските лекови.“

Виктор Марсијал-Вега, доктор по медицина, е онколог со сертификат за радиотерапија кој сега нуди широк ранг на интегративни медицински терапии од неговите приватни клиники во Мајами, Флорида и Сан Хуан, Порто Рико.

Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.