Човекот денес живее во најсурови еколошки услови откако постои цивилизацијата.
Воздухот што го вдишуваме, особено во поголемите градови, никогаш не бил позагаден поради смогот, издувните гасови од возилата без катализатори и од други загадувачи.
Водата што ја пиеме, често поради дотраените водоводни цевки, не само што е енормно неоправдано хлорирана, туку често содржи и железни оксиди (`рѓа) и други непотребни метали.
По катастрофата на чернобилската атомска централа и алфа-радијацијата од Косово пред неколку години, поради експлодираните бомби со осиромашен ураниум, радијацијата на Балканот никогаш не била поголема. Радијацијата ќе остане зголемена во наредните неколку години и во тој период ќе ги чувствуваме последиците од т.н. „балкански синдром“.
Медицинската статистика покажува дека алергиите, автоимуните заболувања, ракот (особено на крвта) и Ходкиновата болест, сè повеќе се присутни кај младите.
Човекот ги зголемува последиците од еколошките нарушувања консумирајќи премногу вештачки стимуланси – пушење цигари, алкохол и често пиење големи количества кафе на празен желудник. Затоа и покрај видливиот напредок на медицината и фармацевтската индустрија, бројот на заболувањата, особено дегенеративните се зголемува.
Единствена заштита од радиоактивните компоненти е правилната исхрана, богата со минерали во органска форма што потекнуваат од свежото овошје и свежиот зеленчук. Најбогатата минерална храна на Земјата се синозелените микроалги, кои треба да ги внесуваме во организмот како додаток на витамините и минералите од овошјето и зеленчукот. Минералите во синозелените микроалги АФА, спирулината, хлорелата, дунаниелата и келпот, се наоѓаат во речиси ист сооднос како минералите во човечкото тело и со нивното консумирање се овозможува да се постигне рамнотежа на минералите во организмот. Минералите од микроалгите вршат супституција на радиоактивните компоненти и нивно исфрлање од организмот со најдобриот хелатички агенс во природата – алгиновата киселина, која се наоѓа во алгите.
Позната по медицинската литература е активноста на руските физиолози, кои на група деца во Чернобил што биле енормно озрачени, меѓу другото, им давале оптимални количества микроалги и утврдиле дека радиоактивноста на нивната урина за 20 дена се намалила за 50 отсто. Зголемената радијација предизвикува создавање енормно количество слободни радикали (штетни агенси) во организмот. Заштита од нив се антиоксидансите.
Микроалгите содржат антиоксиданси што се повеќепати поефикасни од витаминот Ц и витаминот Е. Микроалгите се извор на егзогени ензими, кои ја зголемуваат отпорноста во организмот кон зголемената радијација. Бидејќи микроалгите се највредната и најлесно искористлива храна на светот, тие се и балсам за човековите клетки – овозможуваат ефикасна регенерација на оштетените клетки со што стануваат значително поотпорни на присутната радијација.
Извадок од дневниот весник „ДНЕВНИК“, Број 2738, вторник, 19 Април 2005г., НУТРИЦИОНИЗАМ
Душан Матиќ – Специјалист за исхрана на здрави и болни
Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.