Зголемената изложеност од неколку часа на високо интензивни УВ-зраци кои се присутни во сончевата светлина ќе предизвикат изгореници од сонце. Бидејќи е актуелен феномен, повеќето луѓе се обидуваат некои природни домашни лекови отколку редовно да посетуваат лекар.
Еве некои едноставни домашни лекови за лекување на изгореници од сонце.
- Првото предупредување кое треба да го имате в предвид е да ја намалите изложеноста на сончева светлина. Ако не можете да ја избегнете изложеноста на сончевите зраци, нанесете лосион со заштитен фактор за да се намали ефектот. Користете очила за сонце за да ги заштитите вашите очи. Можете да пробате некои од домашно направените лосиони како паста од алое вера или паста од сандалово дрво. Нанесувањето на многу тенок слој од овие пасти нуди заштита на кожата од сончевите зраци.
- За да ја излечите изгореницата од сонце нанесете некоја од подолу дадените пасти. Никогаш не ги пукајте плускавиците. Тие служат како заштитен слој и помагаат за се излечат изгорениците многу бргу. Вообичаено користени домашни пасти за лечење на изгореници од сонце се паста од јачменово брашно, млеко и маслиново масло.
- Доматен сок и матеница смешани во однос 1:5.
- Замрзната зелка или листови марула кога се ставаат на изгорените места предизвикуват брзо олеснување.
- Ако е зафатена кожата под очите или образите, ставете користени чајни ќесички или парчиња краставица, компир или домат на тие места.
- Капење во када со ладна вода околу 15 минути ќе предизвика олеснување од изгорениците.
- Ако зафатената област е мала можете да ставите навлажнета крпа на која има многу мала количина оцет.
- Капењето во вода која е помешана со мала количина на овесно брашно го олеснува чешањето на кожата.
- Сок од краставица и сок од кромид се добри лекови за намалување на воспалението предизвикано од сончевите изгореници.
- Мешање на камилица и масло од лаванда во водата за капење помага да се обнови кожата по изгорениците. Кога ова освежувачко капење се прави пред изложеност од сонце, служи како заштитна мерка.
- Конзумирањето на повеќе вода ќе ја задржи влажноста на кожата и оттука, секоја изгореница побрзо ќе се исцели. Исто така, ја надоместува водата која е изгубена со потењето.
- Конзумирајте свежо овошје и зеленчук како лубеница или портокали. Тие, не само што му обезбедуваат вода на телото, туку, исто така, витамините и минералите кои се наоѓаат во нив ја одржуваат здрава кожата.
- Сварете неколку листови марула во вода и по ладењето, нанесете ја таа течност на изгорениците за да добиете брзо олеснување.
Конзумирајте храна богата со витамин Ц и Е. Тие имаат способност брзо да ги исцелат зафатените области. - Паста од куркума и сандалово дрво има и антисептичко својство и способност за брза исцелување.
- Уште еден лек за лечење на изгорениците од сонце е нанесување на паста од невенови цветови измешана со масло од пченични никулци.
Никогаш не занемарувајте ги изгорениците од сонце. Може да доведе до рак на кожа во екстремни случаи. Ослободете се од изгорениците следејќи ги горенаведените домашни лекови кои не се скапи. Сепак, наведените лекови помагаат да се излечат благи изгореници. Во сериозни случаи со симптоми како вртоглавица, треска, грозница и претерано чешање, се советува да се консултира лекар.
Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.