Сè додека не го открил огнот, човекот заедно со останатото животинско царство го следел развојниот пат јадејќи природна, сурова храна. Меѓутоа, по откривањето на огнот, луѓето без многу размислување почнале да ја ставаат природната храна на оган уништувајќи ги нејзините важни состојки, упропастувајќи ја за потоа да го хранат со неа своето тело.
Болести - затруеност на телото
За илјадници болести се произведуваат неброени илјадници лекови. Меѓутоа, во суштина, постои само една болест и само еден лек. Ниедно лечење, ниедна терапија, ниеден лек не може да го отстрани причинителот на некоја болест, а бидејќи тие не го отстрануваат причинителот, значи дека не ни лекуваат. Причинителот за болест е само еден – затруеност на телото. Постои само еден начин на лечење – отстранување на отровите.
Труењето луѓето го добиваат со готвење на храната, која на разни начини му штети на организмот како што ќе биде објаснето овде. Цели племиња кај некои народе се исхрануваат со свежа растителна храна. Меѓу нив не можете да најдете болни луѓе, туку нив ги има во индустриските, западните, развиени земји со исхрана богата со белковини и млечни производи со многу калциум.
Денес луѓето масовно јадат мрсно печено месо, мрсни колачи, преку 100 вида леб премачкан со путер, маргарин, месни нарезоци, шунка, сирење, мед, мармалад и друго. И сето тоа го „перат“ со кафе и црн чај, пиво, вино и ракија. Потоа уште и со чоколада, пралини и цигари. Преобилната исхрана со еднострана, непотполна готвена храна и со премалку движење, причина е за сите акутни и хронични болести. 99% од луѓето се хранат нездраво на овој или на оној начин. Оваа статија е наменета за оние кои тежнеат кон тоа да се ослободат (не само од сегашните заболувања) туку да ги спречат и засекогаш да се излечат од сите идни евентуални болести и од стареењето, а тоа се однесува и на постарите луѓе, средновечните и младите. Суровата храна е еден од сигурните начини за излекување кон кој се свртуваат сè повеќе и повеќе луѓе и станува сè позачестена тема на многу автори на книги и експерти за исхрана.
Рак - вистински потомок на готвената храна
Многумина веруваат дека човекот бидејќи со векови јаде готвена храна, на крајот сепак се прилагодил и дека сега би имал потешкотии ако почне повторно да се исхранува со жива храна. Вистина е дека нашиот организам по законот на еволуција, настојува да се прилагоди на храната која ја прима, но не на начина како што си замислуваат луѓето. Оганот брзо ги уништува хранливите материи кои се важни за сложените и специјализирани функции на клетките. Според тоа, јадењето кое се смета за хранливо ги нема тие состојки, туку наместо нив има многу белковини, маснотии и јаглени хидрати, неколку пати повеќе од она што им е потребно на клетките.
Затоа, цивилизираниот човек е жртва на разни болести почесто отколку кое било друго животно, а болестите како склероза, дијабетес, срцевите удари и рак, растат со вознемирувачка брзина. Клетките на ракот се директна последица од дегенерираната храна.
Огнот и храната од животинско потекло доведуваат до натрупување на белковини и маснотии во телото, додека истовремено ги потиснуваат материите со голема хранлива вредност. Науката, до сега успеала да препознае само занемарлив број на тие материи кои се наречени витамини и без кои не може да опстане животот. Но, болеста се создава многу полека и тајно и сè додека не премине во завршна фаза, болната личност се смета за здрава.
Бидејќи трајно им недостасуваат тие хранливи материи кои се важни за извршување на нивните виши функции, клетките или не го достигаат полниот развој и специјалност или ако го постигнат, со времето ја губат способноста на извршување на тие функции. После повеќе години ускратување и напрегање, доаѓа ден кога некои од милијардите клетки се лишени од преостанатите способности и конечно се ослободуваат од механизмот кој го ограничува растот на клетките. Тие клетки се одвојуваат од заедничниот живот, стануваат независни и лакомо ги јадат материите што пловат во меѓуклеточните течности во големи количини бидејќи тие материи ги отфрлаат нормалните клетки затоа што има многу повеќе отколку што им е потребно, а тие го содржат она што го фалат сладокусните биолози; белковини (посебно оние од животинско потекло), маснотии и сите дишни соединенија.
Непослушните и инаетливи клетки потоа растат со застрашувачка брзина и со размножувањето создаваат некаква ужасна маса, ново живо битие кое растејќи освојува и уништува сè околу себе за на крај да покори прекрасна градба, човековото тело. Тоа ново суштество се нарекува рак, вистинскиот потомок на готвената храна, жив доказ за човековата неприлагоденост на храната која денес се конзумира.
Градежен материјал за фабриката (нашето тело)
Човековиот организам е ремек дело на природата, тоа претставува најсложената изградена фабрика во тек од милјарда и пол години. Истовремено, природата ни подарила на користење сончеви зраци за создавање на суровини потребни за ускладување на илјада сложени делувања во нашиот организам за да се обезбеди соодветно производство.
Кога се создала животната форма на нашата планета, природата имала на располагање само основен градежен материјал (белковини, јаглехидрати и маснотии) со која успеала да ги создаде првите едноставни организми. Па, како што инженерот, додавајќи разни материјали, ја оспособува својата фабрика за некое ново производство, така и природата со дополнително додавање на нови состојки (од растително потекло) на својот градежен материјал му додава нови функции на организмот.
Со оваа задача, природата во текот на милијарди и пол години ги произведувала своите суровини, од обични бактерии до овошјето кое денес го познаваме и со нивната еволуција создала и едноклеточни животински организми, од кои после тоа се создале чуда. За несреќа, како што зборуваат експертите за исхраната кои се поклоници за суровата храна, по откритието на огнот, застанала човековата природна еволуција и се движи со големи чекори наназад.
Сите тие врвни одлики кои што природата ги складира во природната храна во текот на периодот од милијарда и пол години и согласно тоа и во клетките на живите битија, огнот и другите средства за дегенерација кои ги изумил „цивилизираниот“ човек, ги и уништуваат и ги сведуваат на нивниот примитивен облик, овозможувајќи така материјал за несразмерен раст на опасните клетки. Клетките на ракот се први претставници на таквите примитивни клетки. Кратковидните биолози сметаат дека градежниот материјал на телото се белковините, кои се само обични камења и тула од обичната градба. Нив не ги интересираат разните видови малтер и бројните поединости, без кои не може да се изгради сложена фабрика, а кои ги нема во парче месо на скара.
Зависност од готвена храна – најлош порок од сите
Многумина од вас ќе се прашаат, зошто ниту еден од бројните научници и професори не ја согледува ова едноставна вистина и зошто никој не ни кажува дека навиката на готвено јадење е неприродна и опасна? Причината за тоа е што целото човештво е зависник од храна и таа зависност сите ги заслепила, Никој не сфаќа дека јадењето готвена храна е лош порок, всушност најопасен од сите пороци. Тоа не е само зависност за една материја туку конечен збир на незаситни барања за илјада нешта. Освен тоа, кратковидните потрошувачи ќе видат богатство и разновидност во многукратните начини на кои се уништува храната, иако точно таа многукратност ја умножува штетноста.
Човекот е зависник од отровите како алкохол, чај, кафе, какао, тутун итн. Силното чувство на потреба за тие работи го поттикнуваат одговарачките отрови во нив, натрупани во човековиот организам со внесување на масти, шеќери, адитиви, конзерванси итн. Готвената храна произведува голем број на разни отрови кои со време се таложат во клетките на крвните садови, помеѓу зглобовите во средиштето на масните клетки и цревата. Причина за заболувања (од најобична настинка, грип, туберколоза па натаму) е слузната супстанца, која се создава на клетките од нашиот желудник. Се добива со готвење на компирот, јадењата од житарки, животинско месо итн. И со тоа се создава желатинест скроб (слуз) или како паста што се користи за лепење книги и столови.
Тие отпадни слузни материи, потоа, со години се натрупуваат во нашиот организам, со оглед на тоа што не е во можност да ја свари тешката градба на месото, тоа исто така се таложи во цревата речиси целиот живот. Секој кој се одлучи на детоксикација или клистирање, сам ќе посведочи за големите количини на нечистотии и слуз која може да излезе од телото во облик на гној. Секако дека секој организам веќе содржи слуз (на пр. лимфа, слузавата материја во цревата), но оваа токсична слуз, создадена од храната е проблем со кој органите за излучување не можат да се носат и потоа таа навлегува во крвта, предизвикува прегревање, воспаленија, болки, температура, настинка итн. Суровата храна е превенција за таквата слуз и таквите штетни материи, никогаш повторно да не се создадат во нашиот дигестивен систем.
Точно ова слуз и токсини кои во тек на низа години ги внесуваме во тело создаваат зависност за нив. И како што копнежот на зависникот за хероин не извира од нормалните физиолошки потреби на неговтот тело, така ни желбата на потрошувачот за готвена храна, неговото чувство на глад не е нормално барање на неговиот организам. Се работи за барање на неговата зависност, за пориви кои се поттикнати од отрови, а се наталожени во човековиот организам.
Суровата храна – човековата единствена храна
Човекот може да се ослободи од сите болести, доколку се одлучи на тоа, воздражувајќи се потполно од готвена храна. Тогаш би можел да се посвети само на проучување на проблемот на долговечноста. Под услов да се задоволени сите потреби по законот на природата, човечкиот организам може да живее во одлично здавје од најмалку 200-250 години! Готвената и печена храна ги присилува човековите органи да работат далеку над својот нормален капацитет, прерано ги заморува, предизвикува разни болести и го скратува човечкиот живот на само дел од неговиот нормален век. Секако, освен природната храна, човекот мора истовремено да биде сигурен дека се задоволени и останатите природни барања; рано легнување, рано станување, физичка работа, избегнување вештачко загревање, чистота итн.
Човечката единствена храна би требало да биде суров зеленчук. Потрошувачката на готвена храна е најголемото варварство во човековата историја, варварство за кое, изгледа, никој не е свесен и тоа варварство ги коси човечките животи повеќе од која било војна и епидемија низ човечката историја; луѓето умираат прерано, се разболуваат и го скратуваат своето здравје поради не знаење или погрешни уверувања наметнати во општеството во кое се готви храна. Без оглед на тоа колку оваа идеја може да им изгледа чудна на некои луѓе, се работи за апсолутна вистина која сите треба/мора да ја прифатиме ако ни е во интерес здравјето и долговечноста.
На прв поглед, на луѓето може да им биде тешко да ги сфатат сите големи придобивки кои човештвото може да ги добие од јадењето на сурова храна. Речиси на самиот почеток сите болести ќе бидат спречени засекогаш и секоја зависност и криминал ќе исчезнат од лицето на земјата. - А.Т. Хованесиан -Атерхов – автор на книгата „Да се јаде сурово“.
Сакам да додадам дека забележав оти многу луѓе на ваква тема возвраќаат со тврдењето дека суровата исхрана баш и не е толку добра бидејќи денес сите зеленчуци се прскани со пестициди а повеќето се и генетски модифицирани. Тоа не е вистина и секој со малку труд, ќе увиди дека не е во право. Оној кој сака, тој и може. Така, врз основа на сопственото искуство искуството на многу други луѓе, знам дека на сите поголеми пазари има луѓе кои продаваат органско овошје и зеленчук (непрскано и непрепродавано од шопинг центрите). Ќе ги пронајдете тие луѓе единствено ако бидете истрајни и со малку труд да бидете чест посетител на градските пазари за да откриете на кој начин фунционираат работите. Освен тоа, сигурно имате пријатели во круг на семејството кои имаат свои дворови или стакленици и кои сакаат да ја продаваат храната. Многумина прашуваат: „Што да се јаде во зима кога нема зеленчук?“ Но, постои зимски зеленчук, најчесто коренест – морков, праз, ротквици, црн корен, пашканат, па потоа кељ, прокељ, зелка, целер итн. и тоа се јаде во зима.
Сето ова може да претставува тежок чекор за студентите и младите, но дури и тој е лесно совладлив со оглед на тоа што човекот добива со оваа исхрана. Луѓето кои што работат имат потполна можност да набават изобилство од сурова храна. Само замислете колку време и пари сте потрошиле на готвење и купување на штетни додатоци. Со преминување на суровата храна и очигледното подобрување на здравјето, енергијата и концентрацијата. Ќе увидите и една нова димензија на исхраната и разновидноста на истата со која секако ќе почувствувате големи придобивки.
Еве и врски до препорачани книги за живата храна:
Кажете им и на другите дека никој не мора да биде болен.
Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.