Др. Реј Д. Странд, доктор по медицина,
специјалист во нутритивната и превентивната медицина
Концепт на оксидативен стрес:
Иако кислородот е неопходен за самиот живот, тој по природа е опасен за нашето постоење. Во процесот на искористување на кислородот во вашите клетки за да се создаде енергија, исто така се создаваат нуспроизводи кои се нарекуваат слободни радикали. Слободните радикали се молекули на кислород на кои им недостасува барем еден електрон кој тежнеат да го добијат од околната област. Ако веднаш не биде неутрализиран од антиоксидант, кој има способност да го даде електронот кој му недостасува на слободниот радикал, слободниот радикал може да придонесе за создавање на нови понестабилни слободни радикали, да го оштети клеточниот ѕид, ѕидовите на крвните садови, протеините, мастите, па дури и ДНК молекулите на клетката. Така, истиот процес која ја прави исечената јаболка кафена или предизвикува ’рѓа на металот, го прави истото и внатре во вашето тело. Всушност, медицинската литература покажува дека над 70 хронични дегенеративни болести се резултат на овој процес. Болестите како коронарно артериско заболување, рак, дијабетес, Паркинсонова болест, артритис, макуларна дегенерација, мултиплекс склероза, лупус, меѓу другото се резултат и на малите оксидативни промени кои се случуваат во текот на подолг временски период.
Сè е поврзано со балансот во организмот
Бројот на слободни радикали кои ги создавате не е постојан. Со други зборови, во текот на некои денови создавате повеќе отколку во текот на други денови. Поради нашиот современ и стресен начин на живот, загадена околина и разните медикаменти, оваа генерација мора да се справи со повеќе слободни радикали од која било друга претходна генерација која чекорела на земјата. Ако сакате да го спречите оксидативниот стрес, во вашиот организам е потребно да имате повеќе достапни антиоксиданти и нутриенти од бројот на слободни радикали кои ги произведувате. Како што гледате, ние не сме останти без одбрана во овој процес. Антиоксидантите се одговрот за да се одржи балансот во организмот.
Подобрете го вашето здравје и спречете го стареењето со пиење на алкална вода
Алкалната вода има негативна вредност на ORP – оксидоредукциски потенцијал, а тоа значи дека е богата со слободни електрони, заради што делува како силен природен антиоксидант. Кога ја внесуваме во организмот, веднаш ги донира своите слободни електрони на чудните кислородни слободни радикали и ја блокира интеракцијата на активниот кислород со нормалните молекули. Неоштетените биолошки молекули се многу помалку чувствителни на инфекција и болест. Алкалната антиоксидантна вода дава дополнителен електрон и го неутрализира активниот кислород, оставајќи го безопасен. Активниот кислород успешно се неутрализира и тоа без никакво оштетување на околните биолошки молекули.
Алкалната антиоксидантна вода ја спречува прекумерната ферментација во дигестивниот тракт со индиректно неутрализирање на метаболитите како водород сулфид, амонијак, хистамини, индоли, феноли и скатоли, резултирајќи со почиста столица, и тоа за само неколку дена откога ќе почне да се пие редовно.
Алкална вода: Како делува во организмот?
Ја помага ензимската активност која го рехабилитира организмот и го доведува во состојба на здравје.
Помага да се подобри ДНК спиралната структура и да се креира правилно.
Создава здрава и детоксицирана околина во организмот, со оптимална pH вредност, што придонесува за здрави клетки во сите ткива и органи.
Ја спречува мутацијата на клетките и клеточната диференцијација.
Ги отстранува остарените и малигни клетки поврзани со слободните радикали.
Придонесува за зголемување на добриот холестерол ХДЛ, а истовремено го намалува лошиот ЛДЛ.
Друга употреба на алкалната вода:
Го истакнува вистинскиот вкус на храната, резултирајќи со доволна арома дури и кога количината на зачини е намалена дури и до 1/3 од количинита користена во вообичаените методи на подготовка.
- Готвена храна: вкусот на храната е добро истакнат и храната е лесна за конзумирање и апсорбција. Вкусот потполно доаѓа до израз дури и кога е намалена количината на зачини.
- Готвена риба: месото од рибата е цврсто, а формата е задржана.
- Натопување, миење и подварување на зелениот зеленчук: зелената боја е истакната затоа што хлорофилот не се менува, давајќи му на подготвениот зеленчук интензивна боја.
- Го отстранува непријатниот вкус од зеленчукот.
- Ја отстранува крвта и мирисот од црниот дроб и црвеното месо: кога црниот дроб или црвеното месо се потопи во алкална јонизирана вода за 20-30 минути, крвта се повлекува и мирисот е отстранет.
- Готвење грав или интегрален ориз: гравот или оризот треба само да се потопи во вода кратко време пред готвење (доволни се неколку саати). Потоа се готват исто со алкална вода.
Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.