Луѓето тешко доаѓаат до сознанието дека нашето здравје е тесно поврзано со квалитетот на храната, со изборот на продукти и начинот на нивната подготовка. Денес се постигнуваат извонредни резултати во начинот на лечење со помош на свежо цедени сокови, како и со измена на исхраната, со што на телото му се помага при неговиот процес на самоисцелување.
За жал, многумина сè уште не се информирани за важноста на исхраната и свежите сокови од овошје и зеленчук. Во светот веќе постојат клиники кои постигнуваат извонредни резултати при лечењето на тешки болести со помош на свежи сокови и со измена на начинот на исхрана. За вредноста што ја содржат во себе свежите сокови, како и за нивната здрава функција, зборувале бројни лекари, исцелители и експерти за исхрана.
Познатиот нутриционист и пионер во проучувањето на примената на свежите сокови при процесот на оздравување и одржување на човечкото здравје, д-р Нормал Волкер, вели:
„Во текот на годините во кои ги проучував свежите сокови, дојдов до заклучок дека на телото му заштедуваат многу енергија, која инаку ја троши за преработување на тврдата храна во течност. А уште поважно е тоа што за храната се потребни три до пет часа варење низ стомакот, додека соковите веднаш минуваат низ организмот и телото веднаш ги користи.“
Според учењето на д-р Ен Вигмор, конзумирањето на хлорофил преку зелените сокови е еднакво на примање трансфузија на здрава крв. Лечењето со сокови и со природна исхрана, според д-р Герсон и клиниките кои го применуваат овој начин за лечење на болести, потребни се околу две години за целосна детоксикација и оздравување.
Зошто сме болни?
Инекциите, лекарствата и сите други начини на лечење само ја намалуваат болката и го забавуваат развивањето на болеста. Никогаш не се лечи причината за болеста, па со денешниот начин на лечење не сме на пат до целосно оздравување. Се појавува прашањето, дали тоа го посакуваат сите тие високопрофитни гранки и индустрии, како што се фармацијата, медицината и индустријата за храна?
Жално е кога гледаме дека болните стануваат зависни од лекови, а начинот на лечење на кој се ставени води до целосен процес на дегенерација на телото, па и на духот. За жал, сите сме имале можност да сретнеме луѓе кои се бореле со тешки болести. Никој од нив не бил излечен, а во најдобар случај бил само забавен процесот на развивање на болеста. После долготрајно лечење, постојани контроли, посета на болници, оштетување на црниот дроб и желудникот поради лековите, отекување на делови од телото, мачнина, и да не набројуваме други пропратни појави од лечењето, сфаќаме дека ова е навистина еден мачен процес.
Дали навистина мора да е така? Да, ако и натаму во телото трупаме огромни количества на отровни материи, и телото порано или подоцна ќе ни врати со болест, зависно од нашата генетика. Причината за секоја болест лежи во труење на организмот, а единствен начин на лечење е детоксикација и менување на навиките во начинот на исхрана и начинот на живеење кои довеле до болест. Навистина не е лесно да се сменат, бидејќи зависноста од храната е важен дел од нашиот живот. Посебно денес кога живееме забрзано, кога сме под стрес, тешко е да се собере сила за менување на старите навики. Храната се претворила во моменти за уживање, задоволство и олабавување после напорниот ден, а тоа да се смени е навистина тешко. Но, за жал, не постои друг начин.
Кога сме болни, посебно кога е во прашање тешка болест како што е некаков вид на канцерогено заболување, дијабетес, болести на нервниот систем, црниот дроб и други, не можеме бавно да ги менуваме навиките. При вакви болести мораме строго да се придржуваме до правилата, ако сакаме да се излечиме, и во никој случај не смееме да се вратиме на навиките кои довеле до појава на ваквата болест. Ова е голем проблем, бидејќи при дијагноза за тешка болест, присутен е стравот од смртта, и не е лесно да се зачува храброст, верба и разум.
Свежите сокови од овожје и зеленчук покажаа што кријат во себе, а придобивката од нив лежи и во фактот што како течна храна побрзо минуваат низ системот за варење на храната и не го оптоваруваат организмот. Целата енергија се користи во процесот за обновување на матичните клетки и враќање на организмот во првобитна состојба, односно враќање на здравјето и виталноста. Посебно мораме да истакнеме дека освен измена на начинот на исхрана, многу важен за оздравување е и начинот на дишењето, како и често седење на свеж воздух и на сонце. Едноставно, заминете некаде во природа, дишете полека, ако можете низ нос, длабоко од стомакот нагоре, без напрегање, и уживајте во секој здив, а издишувајте полека, исфрлајќи сè што е негативно во вашиот живот.
„Радоста на живеењето и мирот нека станат повторно дел од нас.“
Зошто да цедиме сокови, наместо да го јадеме овошјето и зеленчукот?
За да се ослободат сите хранливи состојки од клетките, потребно е да се разбие клеточната мембрана. Посебно кај лиснатите растенија, како што се спанаќ, целер, кељ, магдонос, раштика, блитва, диви зелени растенија, целулозата има цврста молекуларна структура. Не е лесно да се здробат овие клетки, а внатре во нив се наоѓа најголемата вредност на животната енергија. Кога ги јадеме овие растенија во сирова состојба, доаѓа до гасови и подуеност, а ова е нормално бидејќи ние не џвакаме доволно долго. Со децении јадеме само индустриски преработена храна, и веќе не сме во состојба да ги изџвакаме цврстите зелени влакна. А многумина имаат и проблем со забите, па денес при забрзаниот тек на животот, речиси е невозможно да поминеме доволно долго време за да успееме да ги изџвакаме зелените растенија. За среќа, благодарение на технологијата имаме можност да користиме разни апарати кои ни го олеснуваат сето ова, даваат извонреден вкус на храната, леснотија во варењето на храната и со самото тоа придонесуваат за здравје. Соковите од свежо овошје и зеленчук, ако можеме да ги најдеме органски одгледани, ги содржат сите аминокисленини, минерали, соли, ензими и витамини што му се потребни на нашиот организам за да се развива здраво.
Колку сокови е пожелно да пиеме?
Колку повеќе сокови пиеме, толку побрзо се исцелуваме. Во пракса се покажало дека количеството што дава видливи резултати е најмалку половина литар. Но процесот на заздравување е побрз ако пиеме од еден до два литри. Да не се лажеме, отровите кои се натрупани во нашето тело во текот на целиот живот не можат преку ноќ да се исфрлат. За сè е потребно време. Овој процес на чистење на почеток може да е следен со тешкотии, како што се слабост, чувство како да сме болни или исцрпени, посебно кога отровите ќе стигнат во крвта и кога ќе почнат да се исфрлаат. Тоа е знак дека во телото започнал процесот на прочистување. Истото се случува и при постење. Во првите моменти се чувствуваме несигурни, слаби и подложни сме да се вратиме на старите навики. Најмногу од сè во тие први моменти ни треба храброст, верба и истрајност. Видливите резултати ќе се појават во просек после три или четири седмици кога сме на строг режим и правилно водени од оние кои имаат искуство (погледнете ги книгите кои ги нудиме), а во зависност од нашата состојба може да помине и повеќе време. Соковите од овошје се чистачи на организмот, а соковите од зеленчук се хранители и обновувачи. Ќе станеме свесни за енергијата и виталноста што повторно ќе се појават, и нема повеќе да сакаме да се вратиме на старите навики.
„Личните сознанија се единствениот правилен пат, а наградата е вредна за вложениот напор.“
Како да се направи сок?
Тешко е да се цеди рачно, но затоа денес имаме технологија и апарати што ни го олеснуваат животот.
Постојат два вида сокови, а за нив се потребни апарати кои прават сокови со врвен квалитет.
- Кашест сок при што моќен, односно доволно силен блендер ја кине целулозата до состојба на кремаста структура и ова овозможува вистинско уживање во ваквите пијалаци. Сите влакна, целата содржина на овошјето и зеленчукот остануваат во сокот. При зелените кашести сокови, кои се популарни денес во светот, односот овошје-зеленчук изнесува околу 2 дела овошје и 1 дел зеленчук, а оние поискусните може да употребуваат пола овошје и пола зеленчук. Подготвувањето е лесно, не бара многу време, а ваквите сокови ги сакаат дури и децата од сите возрасти. Послабите миксери кои се продаваат во продавниците за жал не се во состојба да ја здробат целулозата од зелените растенија до состојба на крем, па затоа и вкусот на сокот подготвен во нив е многу поинаков. За рецепти и начин на подготвување, видете во книгите на Викторија Бутенко, како и на www.vitamix.mk.
- Свежо цедени сокови од овошје и зеленчук ослободени се од целулоза, сите потребни состојки остануваат во сокот, лесни се за варење во организмот, и имаат голема важност при лечење.
Постојат два вида на соковници:
- Центрифугални соковници, кои се брзо ротирачка тркалезна плоча со ножеви за сечење. Се вртат многу брзо и со помош на центрифугалната сила го одделуваат сокот од кашата. Сокот не смее да стои долго, бидејќи започнува оксидација, па треба брзо да се испие. Ваквите соковници се добри и корисни, без разлика на некои недостатоци, а има голем избор од нив и не се скапи.
- Вториот вид соковници се врз принцип на преса, брзината на вртење е спора, околу 80-110 вртежи во минута, квалитетот е многу подобар, а количеството на исцеден сок е поголемо. Затоа се и поскапи, но долгорочно гледано се поефтини поради количеството на исцеден сок, квалитетот, влијанието врз здравјето, како и поради нивната долговечност заради квалитетот со кој се направени. Повеќе за бавните соковници на www.hurom.mk.
Повеќе за подготвување на соковите и нивното комбинирање при лечењето прочитајте во книгите на д-р Норман Волкер.
Во секој случај, свеж сок добиен со помош на било кој соковник е подобар од никаков сок.
Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.