Влезете во која било продавница, супермаркет за храна и вие набргу ќе забележите редица убаво спакувани или убаво декорирани кутивчиња и шишенца кои се продаваат како храна.
А ваквата брза храна секоја година станува сè поужасна. И иако постојат стотици видови против кои можам да зборувам, 10 од нив се особено штетни, кои ги нарекуваме „најлошата брза храна до сега“.
Но внимавајте: Овој список може да се ажурира секоја минута, бидејќи индустријата за храна постојано воведува нови вакви производи, кои додаваат уште некој килограм на вашата линија, и истовремено му штетат на вашето здравје. Кому му е потребно сето ова?
Но реалноста го покажува спротивното, односно секојдневно се зголемува потрошувачката на оваа храна, а сè со изговор дека немаме време, дека всушност здравата храна не е практична ниту за приготвување, ниту за јадење и слични маркетиншки трикови на големите индустриски играчи на пазарот.
Но, тоа е друга приказна, а сега да се задржиме на денешната тема и да продолжиме со набројувањето и анализата...
1. Помфрит
Кој од нас некогаш не бил намамен да касне помфрит или уште поточно од помфритот на McDonalds, KFC и сличните како нив? Ние се однесуваме како ноеви и ја ставаме главата во песок кога е во прашање недостатокот на хранливите квалитетни состојки на пржениот компир.
Овие златни стапчиња не претставуваат ништо друго освен бели компирчиња полни со скроб и пржени во врело масло, притоа зачинети со хемикалии, сол и шеќер. Да, шеќер. И тоа со компир. А не заборавајте ги и хемикалиите.
Во случајот со најголемите синџири со брза храна, состојките на овој помфрит вклучуваат: компир, зеленчуково масло (во помфритот како додаток кон тоа во што помфритот е зготвен!), лимонска киселина, декстроза, содиум-пирофосфатска киселина и сол. И не заборавајте го диметилполисилоксанот, кој се додава како средство против пенење на компирот.
Ова е речиси најлошата брза храна на оваа планета! Празни калории и штетни хемикалии кои никому не му се потребни.
2. Крофни
Се сеќавате кога ги пишувавме „donuts” како “doughnuts (dough- тесто з.п.)?” Сега тоа е вистината во маркетингот. После сè, крофните не се ништо друго освен шеќерен испржен леб.
Да, земете добро бело тесто без никакви хранливи состојки и додадете му многу шеќер, а потоа испржете го. А доколку сакате да бидете навистина инвентивни и да го зголемите факторот за инфаркт, додадете уште малку шеќерен фил или фил од желе врз сето тоа како глазура, па на крај поросете со шеќер во прав.
И доколку тоа не е доволно лошо, додадете уште малку шеќерен крем и уште повеќе шеќер во прав врз нив. Токму така, тоа е вистината... Дали имате некои прашања?
3. Чипс (од компир или пченка)
Овој вид производ е само спакувана верзија на помфритот. Можеби со уште неколку нездрави состојки, во зависност од видот на чипсот кој го купувате.
И покрај тоа, вие можете да си направите повеќе штета ако го замените со печен син чипс од пченка, кој е достапен во речиси сите продавници за здрава храна или продавниците за органска храна. Само имајте на ум дека чипсот од пченка, исто како и чипсот од компир, е доста солен и полн со скроб, нездрава компонента за вашата оптимална телесна линија или за вашето здравје, па така бидете повнимателни.
4. Газирани пијалаци
Без разлика дали дискутираме за кофеинот, за шеќерот, високо фруктозниот сируп од пченка, карбонизацијата, карамелното обојување или пак за адитивните карактеристики, не постои ништо добро што произлегува од овие шишеца и лименки.
Не постои никаква здравствена и хранлива вредност од ниеден вид, добивате само многу хемикалии.
И да дополниме, во ова се вклучени и диеталните газирани пијалаци. Сосема исти проблематики, но сега се внесени дополнителни и штетни вештачки засладувачи. Освен тоа, гласините дека со диеталните газирани пијалаци можете да го запрете намалувањето на килограмите, напротив, се апсолутно неточни.
5. Колачиња и торти
Нема да бидете “Little Debbie” (израз за слатко мало детенце) доколку долго време јадете ваква нездрава “храна”. Без разлика од брендот на производот, вие и вашиот организам се справувате со малку повеќе бело брашно, тон шеќер, неколку хемикалии, а можеби и зачин или два.
А во врска со филот? Мора да се шегувате. Да се каже дека тоа е лажен шлаг, е потценување. Тоа се куп нездрави масти кои ги прават овие производи да бидат “вкусни” и да се чувствувате “среќни” кога ги јадете. Бидете вистинска домаќинка и прескокнете го патувањето подолу од овој натпис.
6. Чоколатца
Од каде да започнам? Единствениот и можен фактор на здравствени придобивки од овие чоколатца е грам или два протеини доколку содржат ореви, бадеми или сл., а повеќето од нив ги немаат ни овие состојки кои претставуваат тажни напори на пристојност во целиот производ.
И патем, дали се тоа „енергетски“ или „протеински“ чоколатца? Чоколатца со убава амбалажа и малку дополнување. Секако, тие чоколатца често имаат третина помалку калории, малку повеќе протеини и помалку масти, но не се збунувајте и не се залажувајте. Тие сè уште се далеку од вистинската храна.
7. Свински кожурки
Од каде да започнам со оваа претпочитана и често препорачана брза храна од страна на ниско-јаглехидратската толпа? На етикетата пишува дека сите варијанти содржат единствено две состојки: сол и свински кожички. Но што всушност се свинските кожурки?
Знаете дека тврдата надворешна обвивка или кора од портокал или лимон се нарекува кора или кожурка. Да, нема никаква разлика. Свинските кожурки се надворешната кожа на свињите.
И, доколку тоа не е доволно ужасно, овие кожурки се посолени и ставени во дехидратор да се сушат со часови. Потоа се сечат на мали парчиња.
Сè уште не ви се згади? Продолжете да читате.
Овие парчиња или топчиња се ставаат во тенџериња со масло за готвење во период од 60 секунди. И повелете! Вие имате надуена и брза храна која повеќе наликува на стиропор или морска пена.
Така, во основа ние зборуваме за испржена кожа од свиња. А тоа не е добра работа! Затоа размислете двапати пред да ги пробате...
8. Колачиња без масти
Немојте да се возбудувате премногу од делот „без масти“. Не заборавајте дека во повеќето обезмастени производи, мастите ги заменуваат со шеќери, па така овие производи сè уште се колачиња. Тие едноставно ви се прикрадуваат да ги одберете од рафтот, преправајќи се дека се здрави.
Запомнете, обезмастената храна не е иста со храната без калории, или пак храната без шеќер. Затоа, едноставно речете „не“ на таквиот избор.
9. Крекери
Ајде да видиме... вие ја имате вашата збогатена храна со брашно, сол и транс-масти. Всушност, многу транс-масти. Најпознатите брендови на крекери се преполни со овие состојки.
Затоа, секогаш читајте ги декларациите на производите за да бидете сигурни во нив. Ќе треба да барате термини како „хидрогенезирано масло“ или пак „делумно хидрогенезирано масло“, ако ги пронајдете бегајте од таквиот избор.
Еден начин за да ги одбегнете транс-масните стапици е да одберете органска или интегрална храна ако веќе сакате да ги конзумирате ваквите производи.
10. Переци
Изненадување, изненадување. Само затоа што нешто нема масти не значи дека тоа е добро. Оваа мешавина од бело брашно, вода, бел шеќер и сол е „ѓубре“ храна во изобилие. Едноставно заборавете на неа.
Кафе (брзо кафе)
Кремасто, полно со карамела, кафе со кокос, мока, лате, фрапе, сите овие кофеински пијалаци го презедоа универзумот, како и нашите идеални телесни тежини! А сè уште мислиме дека калориите кои ги внесуваме по пат на пијалаци не се бројат. Се бројат и тоа како – едноставно проверете го тоа на вагата.
Не сфаќајте погрешо, многумина го обожуваат нивното Старбакс кафе, но само да знаете дека големото Фрапачино со ванила има 410 калории, 16 грама масти, 62 грама шеќер и 95 милиграми кофеин.
И само еден грам растителни влакни. Е-ха!
„Целосен“ е патот кој мора да се оди!
На крајот, не постојат пократки патишта кога се работи за здравјето. Доколку храната доаѓа во вид на торбичка, кутија или спакувана, а уште полесно се препознава ако содржи масти, најверојатно е дека нема да помине на тестот за здравата храна. Исто така ова се однесува за сè што можете да го добиете „набрзина“ преку драјв-ин или пак што има крем одозгора.
Придржувајте се до свежата, суровата, вистинската храна и Вие ќе бидете многу поздрави, посреќни и со вита линија!
Jonny Bowden, PhD, CNS, познат и како „The Rogue Nutritionist“,
признат нутриционист и експерт за намалување тежина.
Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.