Што е сок од житна трева?
Терминот „житна трева“ се однесува на трева порасната од жито (пченица), јачмен, овес и ‘рж. Сокот од житна трева претставува сиров материјал на „жива храна“, добиен со гмечење на младата трева богата со хлорофил. Течноста која се добива има темно зелена боја и се нарекува сок од житна трева.
Историја на истражувања
По серија интензивни земјоделски истражувачки студии направени во периодот 1930-1950 година, житната трева е идентификувана за најдобра трева која претставува храна. Направени биле споредби на житната трева со спанаќ, брокула и луцерка. Понатамошните истражувања покажале дека житната трева содржи широк спектар витамини, минерали, антиоксиданти, амино киселини, есенцијални масни киселини и ензими. Покрај тоа биле идентификувани бенефиции кои не можеле да бидат поврзани со ниту една од овие познати хранливи материи. Сокот ги неутрализира отровите, го забавува процесот на стареење и го спречува ракот.
Во 1940та година врвни доктори препорачале хлорофилот (житната трева е составена од 70% хлорофил) да се користи поради неговите антисептички дејства. Се сугерирало да се користи за неутрализирање на стрептокок инфекции, исцелување рани, лекување инфекции и воспаленија на уво, намалување на проширени вени, лекување на воспаление на грло на матката, ослободување од паразитски инфекции на вагината, намалување на тифусна треска...
Хлорофилот е антибактериски и може да се користи и однадвор и одвнатре во телото. Гаргара со сок од житна трева е добра за воспалено грло, пиење сок е добро за затвор и ги држи цревата отворени.
Кога и како се прави сокот
Житната трева се збира за сок кога го достигнува својот нутриционистички врв кога е висока околу 18 см., односно 10 дена стара. Во тој момент тревата има акумулирано енергија која наскоро ќе произведе масовно забрзано растење и таа енергија се преточува во сокот. Кога житната трева е исцедена, ќе испарува и брзо ќе оксидира. Затоа важно е брзо да го конзумирате сокот или со замрзнување да го заштитите од оксидирање. Сокот од житна трева првенствено се користи за терапевтски цели, но житната трева постара од 60 дена која е достапна во дехидриран прав или таблети, се користи како додаток во исхраната.
Сокот од житна трева е крајно биолошки употреблив, бидејќи потребен е 50 пати поголем притисок за да се добие сокот (во споредба со друго овошје и зеленчук). Оваа сила ги мели клеточните структури и ги исцедува минималните хранливи материи. Корист од овие мали хранливи елементи е што телото лесно ги асимилира.
Сокот може да се направи со помош на Vitamix.
Неверојатна содржина и хранлива вредност
Се вели дека е комплетна храна, бидејќи содржи бета каротен и витамини B, C, E, H, K, 90 различни минерали и 19 амино киселини. Содржи повеќе железо од спанаќ, повеќе протеини од месо, риба, јајца, грав или млечни производи.
Сокот од житна трева содржи до 70% хлорофил, кој по хемискиот состав наликува на хемоглобин. Затоа се користи за прочистување на црниот дроб, подобрување на шеќерот во крвта и прочистување на организмот од насобраните отрови.
Бенефити од конзумирање житен сок
Кога конзумирате висококвалитетен сок од житна трева, вашето тело може да произведе спектакуларни резултати:
- Физичко и психичко чувство на благосостојба;
- Повеќе енергија и подобар сон;
- Посилен имунолошки систем;
- Детоксикација на клеточно ниво;
- Подобрен вид;
- Посмирен нервен систем;
- Поубава кожа и коса;
- Се бори со инфекции;
- Разложува тумори;
- Ја чисти и гради крвта;
- Ја подобрува мускулната маса и издржливост;
- Намален апетит и многу повеќе.
Како сами да одгледувате житна трева?
Земете квалитетно жито или друго житно семе, потопете го во вода и оставете го да стои преку ноќ. Кога ќе никне тревата, семето посејте го на почва што е можно порамномерно, и нежно притиснете го за да постои правилен контакт со почвата. Првите три дена чувајте ја тревата внатре во домот на собна температура, четвртиот ден извадете ја на сончева светлина. Редовно вадете ја и чувајте ја на сончева светлина наутро и навечер, кога сончевите зраци не се многу директни. После седум до осум дена ќе забележите дека тревата е висока 10–15 см. и има темно зелена боја. Исечете ја тревата оставајќи 1 см. над почвата. Исечената трева можете да ја чувате во фрижидер 5–6 дена, заштитена во фолија. Така ќе ја задржи хранливата вредност.
Наместо почва може да се користи медицински памук, така што на памукот поставен во сад рамномерно се реди семето и се потопува со вода преку ноќ.
Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.