Поразителните статистички податоци покажуваат дека секој трет човек заболува од рак. Но сега еден научник тврди дека ракот може да се спречи со правилна исхрана.

david-servan-schreiberРакот може да го превенираме избегнувајќи го сето она што знаеме дека има канцероген ефект. Канцероген ефект има: пушењето, нездравата, „junk“, храна и прекумерното изложување на сонце (солариум). Но, сето ова не гарантира дека со сигурност ќе го избегнеме ракот, туку само се намалува ризикот од ова заболување.

Некои научници тврдат дека честотата на ракот би можела да се намали за една третина ако се храниме поздраво. Американскиот невропсихијатар David Servan-Schreiber издал книга „Против ракот – нов начин на живот“ во која тврди дека новата исхрана и начин на живот можат да го победат ракот. Книгата е водич за сите оние кои сакаат да го преживеат ракот или да се заштитат од него, активирајќи ги природните способности на телото за излекување.

Кога на Dr. Servan-Schreiber му бил дијагностициран малиген тумор на мозокот, тоа му го сменило животот. Проучувајќи сè што знае медицината и потпирајќи се на малите знаења за тоа како функционираат природните одбранбени механизми на човекот против ракот, се нашол на долг пат од болеста до ремисијата и конечното излекување. Тој пат траел 17 години.

Книгата „Против ракот – нов начин на живот“ е трогателна приказна за потрагата по рамнотежа, но и за улогата на животната средина, стилот на живеење и траумите врз здравјето на човекот. „Против ракот – нов начин на живот“ е книга која предупредува дека клетките на ракот „спијат“ во сите нас и да секој треба сам да си го исчисти сопствениот „терен“.

Која храна би требало да ја јадеме за да го превенираме ракот?


Пред да почнете да ги читате специфичните намирници кои ги препорачува Dr. Servan-Schreiber, треба да истакнеме дека правилно избалансираната исхрана е многу важна. Тоа веројатно сте го слушнале безброј пати, но добро е да се повтори што е важно за добро здравје: да се јадат 5 порции овошје и зеленчук дневно, да се јаде храна богата со растителни влакна, да се внесуваат помалку масти, особено масти од животинско потекло (црвено месо), да се намали количеството на сол и шеќер во исхраната и да се јаде разновидна храна.

Сето ова веќе го знаеме, но тоа што додава Dr. Servan-Schreiber се одредени намирници кои на телото му помагаат во борбата против ракот.

Еве кои намирници ги издвојува Dr. Servan-Schreiber.

power of lycopeneДомат: овој зеленчук содржи органски соединенија терпени (терпеноиди) кои помагаат во блокирањето на туморите. Други намирници со висока концентрација на терпени се билките како: розмарин, тимијан, оригано, босилок и нане.

Доматот содржи и ликопен. Ликопенот е јак антиоксидант од групата на каротиноиди. Човечкиот организам не може да ги синтетизира каротиноидите, па затоа тие може да се внесат во организмот само преку храна богата со ликопен. Апсорпцијата на ликопенот е поголема и подобра кога се консумира преку Vitamix, отколку кога се консумира свеж домат. При обработката на доматот со Vitamix, од него целосно се ослободува ликопенот, и на тој начин тој може да се апсорбира 100%.

Истражувачите и научно ја потврдиле заштитната улога на ликопенот во настанувањето на ракот на простата, како и во намалување на ризикот за рак на желудникот, на дојката и на кожата.

Ликопенот може, исто така, да го успори и растот и ширењето на ракот на простата кај лица кои веќе се заболени од оваа малигна болест.

Мажите кои консумираат 10 домати неделно имаат 45% помали шанси да заболат од рак на простата.

Брокула: Заедно со другите членови од својата фамилија, како што се: зелката и кељот, брокулата содржи јаки антиканцерогени молекули.

Според многу клинички студии, само 100 грама брокули дневно го намалуваат ризикот од рак. Таа содржи одредени количества витамини А, Ц и Е и е значаен антиоксидант. Брокулата може да го забави процесот на оштетување на клетките, „нагризени“ од слободните радикали, кои доведуваат до старење и појава на разни болести, вклучувајќи ги и малигните болести. Овој зеленчук содржи речиси двапати повеќе витамин Ц од портокалот, а го зајакнува и одбранбениот механизам на организмот.

Консумирањето 70 грама брокули дневно во тек на два месеци може да заштити од гастрит и рак на желудник, открила една студија спроведена во Јапонија.

Свежите брокули содржат „сулфарофан“, природен лек за кој се смета дека го активира ензимот во телото кој се бори против слободните радикали, против хемиските агенси кои ја оштетуваат ДНК на клетката и против воспалението.

SGS (Сулфурофан глукозинат) кој го содржи брокулата ги убива туморите, ослободувајќи ензими во телото кои ги уништуваат клетките на туморот и го спречуваат неговото ширење, односно метастазирање во далечните органи и ткива.

Брокулата како јак антиоксидант е на врвот на топ-листата на исхраната со зеленчук, затоа што ја спречува апоптозата (процесот на умирање на клетките) во организмот. Содржи состојки што се нарекуваат сулфорани, природни хемиски материи што даваат препознатлив вкус и можат да го поттикнат самоуништувањето на раковите клетки. Така лекарите, редовното внесување брокули во организмот, го сметаат за превенција на ракот на дојката, но и на други малигни тумори.

fruits-vegetablesБрокулите содржат и индоли, состојки што го забрзуваат метаболизмот на женскиот хормон естроген, кој е директно одговорен за малигните промени во структурата на клетките на дојката. Забележано е дека кај жените што внесуваат редовно брокула, а со тоа и големо количество фолна киселина, шансите да заболат од рак на грлото на матката или од рак белите дробови се помали.

Неодамнешните истражувања покажале дека брокулата особено помага во борбата против ракот на простата.

Чоколада: се препорачува само чоколада со висок процент на какао, барем 70%. Таквата чоколада е богата со антиоксиданти и полифеноли, кои го забавуваат растот на раковите клетки.

Лук: Лукот е еден од најпопуларните лековити зеленчуци. И покрај својот јак и, за некои, непријатен мирис лукот уште од многу одамна се користел како здрава храна, но и како лек.

Лукот содржи околу 200 биолошки активни соединенија, а многу од нив се важни во превенцијата на многу заболувања.

Резултатите од големата клиничка студија, која испитувала околу 50000 жени од Ајова (САД), на возраст од 55 до 65 години, покажале дека лукот е зеленчук кој, во голема мерка, штити од рак на дебело црево. Исто така, постојат и многу истражувања кои потврдиле дека лукот помага во борбата против ракот на дојката, белите дробови, бубрегот и простатата.

Испитувајќи ги причините за долговечноста на жителите на италијанското село Campo di Mele, кое се наоѓа на 130 km. јужно од Рим, експертите на Светската Здравствена Организација дошле до заклучок дека структурата на исхраната на тие луѓе е главна причина за нивната долговечност. Имено, утврдено е дека жителите на ова село јадат многу леб од интегрални зрна, како и многу лук и кромид, козјо млеко и сирење, грав...

david-servanМрсни риби: Рибите како што се лососот, скушата, пастрмката, харингата, туната, крапот...) богати се со омега-3 масни кислеини, за кои е докажано дека влијаат на намалувањетго на растот на туморот. Истражувањата покажале дека јадењето мрсна риба два пати неделно може да помогне да се победи ракот.

Агруми: Овошјето како што се лимоните, портокалите, мандарините, грејпфрутот и другото слично киселкасто овошје богато со витамин Ц, богато е и со флавоноиди и терпеноиди, кои го запираат воспалението. Делуваат како инхибитори на растот на раковите клетки и имаат јако антиоксидативно дејство, кое ги штити клетките од оксидативното оштетување дури подобро од витаминот Ц.

Пиперка: Од витамини, пиперката најмногу содржи витамин Ц, кој го јакне одбранбениот систем на организмот. Докажано е дека во пиперката има дури 4-5 пати повеќе витамин Ц отколку во лимонот и портокалот. Количината на витаминот Ц изнесува околу 100-250 mg. во 100 g. свежи пиперки, a неговата количина зависи од староста на пиперката. Витаминот Ц е моќен антиоксидант.

Пиперката содржи и ликопен, најјак антиоксидант од групата на каротиноиди, кој помага во борбата против клетките на ракот. Тој е јак инхибитор на буењето на раковите клетки. Заедно со морковот, цвеклото и кајсијата, пиперката е богата со каротиноиди кои помагаат во борбата против туморот на мозокот.

Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.