- Прво млеко -
природно ја регулира имунолошката компетенција
Dr. Jürgen Weihofen
Marc Steiner
(извадоци од книгата)
Предговор
Еден досега непознат збор за повеќето луѓе, последниве години исполни многу страници од научните студии и магазини. Тој збор е „колострум“ кој го означува првото млеко кое од 6. недела на бременоста, а уште подиректно по породувањето, го произведуваат женските цицачи.
Колострумот не звучи само тајновито, туку тој претставува влезница на новороденчето во овој свет. Имено, тој ги содржи сите хранливи и активни материи кои го штитат малото тело од опасните бацили од околината.
Колострумот е идеална намирница за изградување на телото во првите денови од животот. Така тоа се развило во природата со милиони години за сите цицачи. Нашите најдобри техничари и најинтелигентни научници до денешен ден не можат да произведат ништо ни приближно еднакво вредно. Но, тие сепак можат сè подобро да ги истражат состојките на колострумот и неговото дејство на организмот. Тие, исто така можат да направат од него да имаат придобивки и нашата животна сила и нашето здравје.
Проф. Хадемар Банкхофер истакнува дека првото млеко од кравите во Индија уште пред илјада години се сметало за чудесен напиток и божествен дар, со кој можат да се подобрат телесното и духовното здравје. Така на пр. на фреските во индиските фрамови и палати се прикажани „божествени крави“; насловната страна на оваа книга покажува една таква сцена од палатата Буни во Рајастан, Северна Индија.
Пациентите, спортистите, луѓе кои се подложени на напори од секаков вид, како и здравствено просветлените луѓе, воодушевени се од дејството кое колострумот го има на нивното тело. Но не треба да се грижиме за поколението на кравите - тие најпрво го добиваат она што им е потребно. Само тоа што преостанува, се употребува за колострум-производи.
И така настана оваа мала книга со голема почит кон мудроста на природата која ни подарила толку вреден производ, а ние луѓето дури сега учиме да го користиме. Читателот може да добие увид во најновите научни сознанија за колострумот. А тие сознанија сè повеќе се шират и продлабочуваат, па можеме да очекуваме уште позначајни резултати во понатамошните истражувања на колострумот.
Троисдорф, октомври 1999.
Др. Јурген Вејхофен и Марк Стејнер
За авторите:
Др. Јурген Вејхофен е дипломиран екотрофолог, доцент, автор на стручни книги од областа на здравјето и исхраната. Во Троиздорф води советувалиште за исхрана.
Марк Стејнер е новинар кој се занимава со медицински теми, а бил уредник на многу медицински стручни магазини. Живее и работи како слободен автор во Ачена.
Упатство: Оваа книга не може да ја замени посетата на лекар за болести за кои е потребна терапија. Примената на информацијата од оваа книга е препуштена на одговорноста на читателот. Издавачот и авторите не преземаат никаква одговорност.
горе
Колострум - храна или „природна вакцина“?
Секоја мајка, која го доела своето дете по породувањето, знае дека млечните жлезди, пред да започнат да произведуваат нормално мајчино млеко, произведуваат еден вид „предмлеко“: колострум. Искусните акушери и асистенти при породувањето, освен тоа, знаат дека зборот „предмлеко” не е адекватен и дека подобро би било „колострумот “ да се преведе како „млеко за новороденчиња“ или „прво млеко“. Тоа е за новороденчињата прва животна намирница која ги содржи сите материи што му се потребни на малото тело за живот во нашиот свет. Освен тоа, колострумот претставува и „природна вакцина“: тој штити со помош на позначајните антитела против бацилите на разни болести и со факторот на раст го зголемува размножувањето на телесните клетки. Од средината на 50-те години се истражувало млекото за новороденчиња во различни стадиуми и се дошло до заклучок дека тоа не само што е важно за доенчињата и малите деца, туку може да има големо значење и за возрасниот човек на разни начини. Бидејќи содржи хранливи материи значајни за здравјето, а кои одвај можат да се најдат во нашата исхрана, млекото од кравите земено во првите 24 часа по отелувањето, им овозможува на луѓето од сите возрасти исклучителен додаток во исхраната.
горе
Традиционалното знаење за лековитоста на првото млеко кај доенчињата
Уште одамна селаните знаеле дека телињата кои се хранети без колострум често умираат по две недели или често заболуваат. Селаните затоа водат сметка за тоа телето најпрво да добие колострум и само остатокот, ако повеќе не му е потребно на телото, да биде искористено.
Остатокот од првото млеко секогаш многу се ценел затоа што традиционално се применувал и кај здравствените потешкотии кај луѓето. Кога на пр. доенчињата биле слаби и неотпорни, скандинавските селани барале крава која штотуку се отелила бидејќи знаеле дека колостралното млеко често прави чуда. Во записниците на ајурведската медицина во Индија, исто така постојат сведоштва за познавањето на посебните придобивки на колостралното млеко. Уште пред 200 години др. Кристоф В. Хуфеланд, личниот лекар на Шилер и Гете, го сознал извонредното значење на колострумот во однос на нормалното млеко, кога го забележал брзиот раст на телињата хранети со колострум и нивната подобра здравствена состојба.
Многубројните понатамошни истражувања на колострумот и неговите состојки продлжиле по Втората светска војна. Во 1955 година објавена е публикација за колострумот т.н. „имунолошко млеко“, а кое се препорачувало како додаток во исхраната за пациенти кои боледувале од ревматоиден артритис.
Понатамошните истражувања потврдиле дека доенчињата хранети со колострум подоцна значително помалку заболувале од алергии и инфекциски болести од децата кои не биле доени. Имале подобар апетит и побрзо растеле. Во 80-те години со напредокот на биотехнологијата повторно се открил колострумот и неговото успешно дејствување на растот и пред сè неговите позитивни фактори кои го поткрепуваат имунолошкиот систем кај возрасните луѓе. Најновите научни истражувања покажуваат дека т.н. „цивилизациски болести“ се предизвикани од долгогодишната небалансирана исхрана. Во тој случај колострумот обезбедува исклучително и значајно дополнување на храната кај возрасните, така што помага во намалувањето на постоечките дефицити, ја зголемува отпорноста и помага во излекувањето на постоечките болести.
горе
Состојки и активни супстанци на колострумот
Состојките на колострумот значајно се разликуваат од зрелото мајчино млеко. Првото млеко посебно содржи повеќе протеини, аминокиселини и минерали, помалку масти, а повеќе витамини растворливи во масти, повеќе имунолошко компетентни клетки, имуноглобулин, имунолошки фактори како на пр. Интерферон, интерлеукин како и природни фактори на раст.
Анализа на состојките во колострумот (Примерот е наведен од податоците на производителот, во зависнот од примерокот може да дојде до отстапки)
|
Количина на енергија Ph Осмоларност Севкупни протеини Сува материја Пепел Лактоза Јаглехидрати Масти
Витамини Витамин А Тиамин (витамин Б1) Рибофлавин (витамин Б2) Пиридоксин (витамин Б6) Кобаламин Фолна киселина Витамин Ц Јаглероден калциферол(D3) Токоферол (витамин Е) Убикинон (Q 1O)
Минерали Натриум (Na) Калиум (K) Калциум (Ca) Магнезиум (Mg) Железо (Fe) Бакар (Cu) Цинк (Zn) Хром (Cr) Фосфор (P) Селен (Se)
Органски молекули Креатинин Креатин Лактоферин Трансферин Теломераза
|
44 kcal (188 kJ)/100 g 6,0 418 mOsmol/kg 7,25 g/ 100 ml 8,36 g/100 ml 0,68 g/100 ml 0,2 g/100 ml 3,8 g/100 ml < 0,03 g/100 ml
<150 mg /100 ml 59,6 m g/100 ml 268,2 m g/100 ml 17,88 mg/100 ml 0,062 mg/100 ml 4,9 mg/100 ml 270 mg/100 ml 0,28 mg/100 ml 30 mg/100 ml 5,4 mg/100 ml
1344,7 mg/l 1883,5 mg/l 417,42 mg/l 163,72 mg/l 0,29 mg/l 0,06 mg/l 0,06 mg/l 0,01 mg/l 498,0 mg/l 0,003 mg/l
44,7 mg/l 165,1 mg/l 8,6 mg/l 5,1 mg/l позитивна активност
|
Слободни аминокиселини Аланин Аргинин Аспарагинска киселина ß-аланин ß- аминоизомаслена киселина Цитрулин Цистин Глутамин Глутаминска киселина Глицин Хистидин Изолеукин Леукин Лизин Метионин Орнитин Фенилаланин Фосфоретаноламин Фосфорсерин Пролин Серин Таурин Треонин Триптофан Тирозин Валин
Имуноглобулини IgG IgA IgM
Природни фактори на раст IGF-1 IGF-2 IGF-ß
|
7,92 mg/l 6,72 mg/l 3,19 mg/l < 0,32 mg/l 1,24 mg/l 1,26 mg/l < 0,32 mg/l 8,77 mg/l 44,4 mg/l 5,82 mg/l 1,68 mg/l 5,82 mg/l 11,3 mg/l 9,59 mg/l 1,2 mg/l 0,64 mg/l 5,94 mg/l 32,84mg/l 10,87 mg/l 8,84 mg/l 6,05 mg/l 138,0 mg/l 3,73 mg/l 7,32 mg/l 3,9 mg/l 13,36 mg/l
60 g/l 6 g/l 12 g/l
280 μ/l 190 μ/l 12 μ/l
|
Отстапувањата во анализата на вредноста од еден до друг примерок се зможни, бидејќи колострумот е природна суровина.
Денес состојките се делат во четири големи подрчја:
1. Фактори на раст
2. Имунолошки фактори
3. Фракција која се грижи за способноста на навлегување на содржината од колострумот во крвата преку ѕидот на цревата
4. Останатите белковини, делови од белковини и останатите состојки кои за здравствените професионалци, пациенти и спортисти се од помало значење.
Сега следи детален опис на одредени состојки и активни супстанци, кои ќе бидат во краток информативен облик.
Протеините се белковински материи кои со шеќерот и мастите се најважните состојки, а со тоа и предуслов за животот во природата. Белковините се состојат од т.н. аминокиселини и се поделени во групи во кои, помеѓу останатото, припаѓаат и мускулните белковини, ензими и многу хормони.
Аминокиселините се како и белковинските материи од животна важност за размена на материите и регенерација на клетките. Дел од тие аминокиселини се „есенцијални“ за човекот, што значи дека телото во својата размена со материи не може да ги произведе, па мора да ги прими по пат на исхрана.
Минералите, исто така, за телото се есенцијални материи. Во нив се вбројуваат натриум и хлор кои ни се познати од кујната како обична кујнска сол, потоа калиум, калциум, магнезиум, фосфор и многубројни т.н. „елементи во трагови“ како на пр. железо, бакар, цинк, јод или селен.
Сите тие материи мораат да се внесуваат во организмот преку храна, да не се предизвика недостаток или дури и болест.
Мастите се составени исклучиво од елементите кислород, јаглерод и водород и како темелна намирница – со белковините и шеќерот - претставуваат најважен извор на енергија. Поради нивната речиси потполна нерастворливост, претставуваат значајни носители на функциите во телото, а меѓу останатото и како потпорно ткиво. Важна улога имаат и во однос на топлината, водата и енергијата во телото во облик на депонирани масти.
Витамините ја регулираат измената на белковините, мастите и шеќерите, а по правило не можат сами да се создадат во организмот. Витамини растворливи во вода се: Ц, Б1, Б2, Б6 и Б12. Поради лошата и недоволна исхрана во човековиот организам може да дојде до појава на недостаток на витамини, што во ова време на брза исхрана (fast food) и не е така ретко. Недостатокот на витамини може, исто така, да биде предизвикан од болести или поради цревната флора оштетена од антибиотици.
Имуноглобулини се посебен вид на белковини кои во организмот се одговорни за заштита од инфекциски болести и други несакани тела во организмот. Имуноглобулините се создаваат во ќелиите на лимфниот систем и реагираат како антитела. Се делат во пет имуноглобулински подгрупи за скратеница Ig (за имуноглобулин): A, IgD, IgE , IgG и IgM. Секоја од тие подгрупи се разликува од останатите по составот на белковини и има специфична функција во телото. Имуноглобулините можат да се најдат поединечно или едни со други. Тие можат несаканите тела во организмот (антигени) да ги врзат за себе, да ги деактивират или потполно да ги уништат.
Природните фактори на раст позитивно дејствуваат на клеточниот раст и меѓуклеточната размена на материи. Од друга страна, одредени фактори на раст го спречуваат растот и размножувањето на штетните клетки. Тие влијаат на имунолошкиот систем и го поттикнуваат организмот да создава сопствени имуноглобулини. За денешните истражувања и за установите со биотехнолошка дејност најзанимли од нив се: соматомедин C ( исто така IGF-1 = наречен и фактор на раст сличен на инсулинот) и TGF-ß = трансформирачки фактор на раст-ß.
Органските молекули како лактоферин и трансферин се одговoрни за сврзување и транспорт на железото во крвта. Тие ги штитат црвените крвни клетки од нападот на вируси и бактерии.
Креатинот дејствува на способноста на мускулите да апсорбираат шеќер, а со тоа и сила на телото.
Останатите активни супстанци на колострумот се пред сè гликопротеините кои го спречуваат разградувањето на високовредните белковини, предизвикано од ензимите, а со тоа ги штитат имунолошките фактори и факторите на раст при поминувањето преку дигестивниот систем.
Цитокините ги активираат лимфните јазли и претставуваат високо делотворни имунолошки фактори против нападите од вируси. Една подгрупа цитокини, интерлеукини, ги спречуваат воспаленијата и го помагаат процесот на оздравување кај артритис на зглобови или кај повреди.
Ендорфините го намалуваат чувството на болка.
Лактопероксидаза–тиоцијант и ксантиноксидаза учествуваат во пренос на кислородот во размена на материите во организмот, а можат да дејствуваат и антибактериски.
Полипептиди богати со пролин ја регулираат и помагаат работата на тимусот кој има пресудно значење за добро функционирање на имунолошкиот систем. Тие нежно го поттикнуваат помалку активниот имунолошки систем и повторно го смируваат ако реакцијата е премногу силна (како на пр. кај алергиските реакции).
Фактори C3 и C4 од комплементарниот систем на крвен серум, се одговорни за одбранбените реакции на телото за ослободување на хормонот на ткивата - хистамин и го подготвуваат уништувањето на бактериите, другите штетни клетки и останатите клетки со помош на клетките кои ги проголтуваат (C3). Факторот С4 е специјално задолжен за неутрализирање на дејството на вирусите.
Во многубројните, делумно сè уште непознати и неистражени високоактивни состојки на колострумот се вбројуваат: интерферони, лимфоцини, биотин, инсулин, мелатонин, L-карнитин, алфа-1-фетопротеин, хемопекси, алфалакталбумин и многу други.
горе
Тренинг на имунолошкиот систем
Големо и важно подрачје на дејствување на колострумот е грижата за новороденчето – без оглед на тоа дали е човек или животно - веднаш по доаѓањето на свет да биде заштитено од бацилите во околината (на пр. oд бактерии, вируси и габи) за да може да преживее. Освен тоа, телото мора да изгради, да развие и да го зајакне сопствениот имунолошки систем. Имено, во матката на новиот жител на земјата не му е потребен никаков одбранбен систем бидејќи го штител мајчиниот имунолошки систем.
Со милиони години во природата се развил добро промислен систем кој одлично ги исполнува двата услова: директна и моментална заштита како и развој на сопствениот заштитен систем. Уште пред зрелото мајчино млеко да почне сериозно да го храни малото тело, првото млеко е задолжено за добро избалансиран имунолошки систем.
Студиите покажале дека кај возрасните колострумот со своите имунолошки фактори (главно имуноглобулини, лактоферин, цитокин, полипептиди богати со пролин и др.) помагаат телото повторно да ја воспостави сопствената одбранбена сила. Имено, кај сите заболувања како на пр. кај инфекции, рак, дегенеративни заболувања, па дури и многу срцеви заболувања, во позадина стои намалена имунолошка функција на телото поради на пр. премногу штетен стрес. Слабиот имунолошки систем го активираат полипептидите богати со пролин (PRP) кои се присутни во колострумот.
Општо познат факт е дека нашиот цревен тракт е место на многу заболувања. Затоа е голема предност еден дел од имуноглобулините и имунолошките фактори да се задржи во цревната слузница. Таму тие целно ги напаѓаат бацилите кои предизвикуваат болести и разни туѓи тела пред тие да навлезат во одбранбените механизми на организмот , да ги оштетат и овозможат развој на болести. Освен тоа, факторите на раст од колострумот по потреба ја обновуваат цревната слузница, со што го заштитуваат телото од понатамошни оштетувања.
Колострумот има единствена способност да го подобрува растот на клетките, значително да ги обнови оштетените клетки (на пр. поради рендгенски или ултравиолетови зраци) и да го поттикне процесот на оздравување кај сите видови повреди. Во тој контекст интересни се искуствата на др. Георг Бир, лекар по општа медицина од Егенфелден, во истражувањето на колострумот. Тој го препорачува кај многу медицински терапии, дури и кај заболените од рак (како придружен лек) за време на хемотерапијата. Тој дошол до заклучок дека хемотерапијата подобро се поднесува и успешноста на терапијата се зголемува поради подобрената конституција. Некои истражувања покажаа дека заклучокот за тоа дека колострумот придонесува до подмладување на клетките е доста темелен.
Колострумот од кравите содржи многу различни имуноглобулини, кои - спрема денешните сознанија - доведуваат до имунизација кај човекот (зајакнување на имунитетот). Колострумот секогаш содржи и имунолошки фактори кои посебно дејствуваат против бактеријата ешерихија коли која кај човекот предизвикува пролив и повраќање.
Кравата може во првите три дена, откога ќе го донесе телето на свет, да даде и до 2 кг Имуноглобулини. Тоа е голема количина за подмладокот, па со тоа е отворена можноста колострумот целно да се користи за подобрување на здравјето и силата кај човекот.
горе
Научни студии/сознанија
Не е неочекувано за човековото здравје, толку вредна работа како колострумот, да биде предмет на интезивни научни истражувања и студии. Први кои забележале биле самите селани набљудувајќи ги своите крави и телиња. Тоа знаење традиционално се пренесувало од генерација на генерација.
Лекарот др. Хуфеланд, таа традиција ја продолжил пред 200 години на сè уште преднаучен начин. Дури во 1955 година се појавила публикација „имунолошко млеко“ која предизвикала интерес кај пошироката јавност како и кај научните и медицински кругови за првото млеко како додаток во исхраната. Меѓутоа сите овие спомнати состојки на колострумот се откриени во најново време, кога научно е докажано неговото дејство на организмот.
Најинтересни се резултатите од истражувањата на проф. Меро од финскиот универзитет Yväskylä како и истражувањата на тимот кој г водел др. Н. Рус од Институтот за психологија и биохемија на исхрана при Универзитетот во Келн. Тие потврдуваат дека значаен дел од најважните состојки на колострумот од крави поминува преку цревните ѕидови на човекот и активно го штитат од инфекции. Тоа е возможно затоа што релевантните ДНК-секвенци на состојките во колострумот од човек и од крава се еднакви.
ДНК е кратенка од дезоксирибонуклеинска киселина, носител на генетската информација. Освен тоа, поаѓаме од претпоставката дека колострумот содржи и еден „фактор на продирање“ кој го овозможува преносот на големите белковини (како на пр. имуноглобулини) преку ѕидот на цревото, а кој го спречува нивното разградување во цревото.
За децата и болните луѓе, имунолошките фактори на колострумот со сигурност се од големо значење. За возрасниот „нормален човек“ , поважна улога има една друга состојка на колострумот, а тоа се факторите на раст. Клиничките истражувања покажале дека факторите на раст од колострумот веродостојно учествуваат во многу процеси на размена на материи во организмот. Во понатамошниот текст сакаме накратко да ги изнесеме најважните клинички сознанија. Колостралните фактори на раст му помагаат на организмот така што:
- Го држи нивото на шеќер во крвта во рамнотежа и помага мозокот да ја задржи својата будност
- Исцелува при надворешна примена на повреди на кожата, рани, изгореници или воспаленија - исто така и на слузницата на устата
- Создава силни мускули и ја одржува нивната сила
- Кај гладување или за време на диета го преобразува масното ткиво (а не мускулното ткиво) во енергија
- Кај повредена или остарена мускулатура го забрзува нормалниот раст и ги регенерира мускулните клетки; истото важи и за нервните клетки, коски, ’рскавица, колаген и кожа
- Ги поправа (обновува) генетските киселини ДНК и РНК потребни за живот кога се загрозени (на пр. Кај рендгенско или УВ-зрачење)
- Дејствува регулирачки на допамин, серотонин и на ендорфините кои се преносители на импулсите и информациите за болка во мозокот и на нервните завршетоци (тие материи играат улога во нашето добро расположение, возбудување, замор или појава на мигрена)
- Кај осетливи заби или по стоматолошки третман ја намалува или потполно ја отстранува болката и инфекциите
- Кај остеопорозата поттикнува засилен раст на коските и ’рскавиците
За успесите кај лекување на мултиплекс склероза ( MS ) со помош на колострумот - kompozitum -
supozitora (чепчиња) известува лекарот, др. Хајнрих Олендиек. Тој ги проверил своите набљудувања за дејствувањето на колострумските чепчиња со проф. Мазура од полската Невролошка универзитетска клиника Bydgoscz и добил потврда на своите резултати, дека терпаијата на мултиплекс склероза со помош на колострумски чепчиња (по можност како дополнителна терапија на вообичаената симптоматска терапија) преставува успешна основна терапија. Др. Олендиек упатува дека се потребни понатамошни истражувања на овие тераписки методи, имајќи во предвид дека теоретските поставки сè уште не се експериментално обработени. Важно е да се споменат и новите студии за дејствување на состојките од колострумот кај терапиите на габични заболувања и инфекции од бактеријата ешерихија кои предизвикуваат болести кај пациентите кои се заболени од болест на намален имунитет - СИДА.
Голем дел од тие пациенти по земањето на колострум почувствувале целосно ублажување на тегобите. Во магазинот „New England Journal of Medicine“ се наоѓа извештај за истражувачкиот проект за дејствување на колострумот како заштита од отровните бактерии ешерихија коли кои предизвикуваат пролив на патувањата во далечните земји. Од колострумот на крави кои најпрво биле имунизирани со бактерии ешерихија коли, се добил концентрат од имуноглобулини. Тој концентрат во комбинација со едно средство кое ја сврзува киселината, консумиран по јадење, делотворно штити од пролив на далечните патувања.
горе
Главни подрачја на примена
Факт е дека класичната медицина на сегашното ниво на сознанија може само на многу малку болести да го излекува причинителот; кај многу болести помага само да се забави напредувањето на болеста, а кај поголемиот број на болести само да ги отстрани симптомите. Затоа е добредојдена широка палета на примена на средства како што е колострумот кој на извонреден начин ја регулира и поттикнува размената на материи во организмот. Но, би било сосема погрешно од колострумот да се очекува чудо и давање на лажна надеж кај случаите со непобитни факти. Изумрената клетка на организмот ништо на светов не може да ја врати во живот. Истото важи и за ткивото, органите и системот на органи. Др. Олендиек има право кога, и покрај своите успешни терапии кај заболените од мултиплекс склероза, вели дека во оцената на неговите резултати мора да се појде од тоа дека уништеното нервно ткиво веќе не може да се оспособи за функција. Тоа е возможно само кај оштетеното ткиво кое сè уште може да закрепне.
Исто така, значајана е неговата препорака дека – ако е потребно – дополнително можат да ја спроведат вообичаената симптоматска терапија.
Почетна точка за активни супстанци на колострумот е телесното ткиво. Активните супстанци помагаат на телесните механизми за регенерација да го регенерираат оштетеното ткиво. Тоа посебно се однесува на регенерацијата на ДНК во јадрото на клетката. Ако имунолошкиот систем е ослабен од инфекции,со колострумот може повторно да се активира. Ако телото е многу оштетено по тешка агресивна болест како што се рак или мултиплекс склероза, колострумот може да ги регулира и подобри активностите на телото во одбрана од болест и од нејзино излекување, потоа може да ги ублажи пребурните или да ги зајакне преслабите реакции.
Да се потсетиме на големата област на спортски активности, фитнес и општото зголемување на телесните способности на пр. во професионалниот живот. Овде за ориентација може да ни послужи тестот на колострумот кој го спровел синсхајмскиот велосипедист Хорст Швертфегер на возраст од 51 година. Тој сакал да го испита колострумот на сопственото тело, па отишол во велосипедскиот центар за тренинг во француските Високи Алпи, до Кол ди Галбије и други планински премини познати по трката „Tour de France“. Неговиот заклучок: „Физиолошката оспособеност на спортистите секогаш ќе биде зависна од неговите индивидуални цели и соодветно насочениот тренинг. Меѓутоа, колострумот му овозможува на спортистот да го искористи својот полн енергетски потенцијал и му помага преку брзата регенерација – пред сè во создавање и разградување на лактати – да постигне ниво на спортска подготвеност каква можеби никогаш не би постигнал“.
горе
Најважни здравствени придобивки
Иако луѓето во високо развиените земји живеат сè подолго, а класичната медицина со помош на природните науки постигна замав како никогаш до сега и благодарение на напредокот на врвната дигитална техника, и понатаму доживува процут, сепак во староста забрзано се зголемуваат здравствените тегоби. Никој нема ништо против медицинскиот напредок, но напредокот на медицината со себе донесува и појави кои пациентите не можат да ги прифатат. Една од таквите негативности е првенствено сè поголемата анонимност во медицината. Скоро и да нема лекар кој би имал време за разговор со пацинетот. Често посетата на лекар се сведува на неколку минути со кои на пациентот не му останува време за прашања и разјаснувања, за тоа што лекарот всушност сакал да изрази со тоа што го рекол. Пациентот често пати едноставно не го разбира.
Еден друг фактор се ризиците во модерната медицина. Тој што на сопственото црево доживеал штетно дејство на пр. на антибиотиците, знае дека тоа дејство има своја цена и нуспојави. Човекот не се плаши само од тешки операции. Подеднакво несигурно се чувствува и при хемотерапија кај рак, во нуклеарната медицина и нејзините нуспојави, кај пресадување на органи и медицинските и етички прашања поврзани со тоа, а најпосле и кај интезивната нега која луѓето во длабока старост сè подолго ги одржува во живот. Овде преостанува малку време за да би се размислувало за достоинствено умирање. Многу често одлуката ја донесуваат апаратите - бидејќи телото се третира како апарат. Резултат од таквиот развој е фактот дека сè повеќе и повеќе луѓе и свртуваат грб на класичната медицина и бараат прибежиште во алтернативните облици на терапија.
Секој може и сам доста да придонесе за телото и духот да постигнат и да ја задржат хармонијата, така што тешко ќе можат да се појават болести. Овде првенствено е важен позитивниот став спрема животот, правилната исхрана, доволно движење, а исто така и природни и нештетни мерки кои делотворно му помагаат на телото да ги намали штетните фактори и болести. Колострумот со своите состојки ни нуди сè што треба за делотворно да му помогнеме на телото да се заштити од надворешните штетни дејства и да се воспостави внатрешна рамнотежа и хармонија. Најважните здравствени придобивки на колострумот ќе ги разјасниме на подрачјата за болести кои се најчести кај нас.
горе
Алергии
Со милиони години во природата (во која припаѓа и човекот) се создадени механизми на регулација кои го држат во рамнотежа целиот еколошки систем на Земјата. Но, само за неколку децении, човекот со помош на техниката и науката успеа да ја наруши таа рамнотежа. Веќе постои опасност, таа рамнотежа целосно да исчезне. Прашумите, тие зелени бели дробови на нашата планета опасно се намалуваат. Сè помалку има вода за пиење. Нашите прехранбени производи уште одамна потекнуваат од масовното индустриско производство и се „подобрени“ со бројни додатоци и средства за конзервирање. Последица од тоа се сите видови на алергии кои експлозивно се шират, а тоа е начин на реакција на нашето тело на променетите дразби во околината. Од алергија во некој вид пати секој втор човек. Но, што всушност е алергија? И како можеме да се заштитиме од неа?
Од секојдневниот говор знаеме дека некој кој реагира „алергично“ на некој друг човек или на некое јадење, значи дека тој човек или тоа јадење не го сака – и повеќе од тоа, му станува непријатно и тој реагира со симптоми. Човекот и/или неговото тело всушност се „бранат“ против нешто и го „одбиваат“.
Не сосема различно, изгледа и алергијата во медицинска смисла. Секое тело има систем на одбрана со кој реагира на контакти и влијанија или туѓи тела. Таа реакција на телото може да биде безопасна и да се покаже во вид на црвенило или потекување на кожата, но исто така и опасна по живот, како кај астматичниот напад со акутно прекинување на дишењето (недостаток на воздух) и кај т.н. „анафилактичен шок“ кога доаѓа до колапс на крвотекот. Науката во тој кoнтекст туѓите тела ги нарекува „антигени“, а одбранбените материи кои ги произведува телото ги нарекува „антитела“.
Зборот „алергија“ е од грчко потекло (allos=поинаку, ergom=работа) и упатува на тоа дека нешто работи поинаку, не функционира како што треба. Така е кај алергиите: одбранбениот систем на телото реагира и работи поинаку или пребурно, во секој случај ненормално. Тоа е затоа што телото по првиот контакт со алергените надвор од својот одбранбен систем, погрешно е програмирано и тоа поинаку реагира на повторниот контакт со антигените. При тоа може да се случи одбранбениот систем да не прави разлика помеѓу супстанците кои се штетни за организмот од оние што не се, па одбранбената реакција може да се насочи спрема материите од сопствениот организам. Тој што подлабоко ги проучува алергиите, доаѓа до неколку подрачја кои или доаѓаат во обзир - научно докажано - како предизивкувачи на алергии или за нив се расправа како за причинители или делумни причинители на алергии.
Тоа се:
- Предиспозиција (склоност) или наследство
- Психичка лабилност или психосоцијална напнатост
- Нарушен имунолошки систем или слаба одбранбена моќ на организмот
- Погрешна (нездрава) исхрана или неподнесување на одредени видови намирници
- Нарушена цревна флора или габично заболени црева
- Неподнесување на лекови и хемикалии во прехранбените намирници или во работните материјали со кои доаѓа во допир
- Дефектни ензими, значи белковини во организмот, кои повеќе не работат правилно, а кои дејствуваат на сите важни процеси во размена на материите
Како колострумот помага кај алергиите
Како состојките во колострумот можат да учествуваат во ублажување или дури и спречување на настанување на алергиите? Овде важна улога имаат пред сè имуноглобулините. Имуноглобулините IgM и IgE кои се наоѓаат во колострумот, ги врзуваат несаканите материи кои навлегле во организмот (туѓи тела), потоа антигени со низок афинитет (тенденција за соединување на антигени и антитела), со тоа придонесуваат за лекување на алергиските реакции.
IgM е значително поголемо антитело од IgE, па поради својата големина може да се најде само во крвотекот. Пред сè дејствува против поголемите делови и клетки како што се бактериите и учествува во создавање на грутки од штетни материи (т.н. аглутинација).
IgE исто така ги врзува антигените кои навлегле во организмот, а има способност и да се наталожи со посебни крвни клетки (на пр. мастоцити и базофилни леукоцити) и да ги поттикне на ослободување на материи кои во крвните садови и крвотекот можат брзо да предизвикат реакции сè до анафилактичен шок. IgE има всушност најголемо значење за предизвикување на моменталните алергии (т.е. оние кои веднаш избиваат).
Останатите состојки од колострумот чиј спектар на делување може да се поврзе со алергиите, се факторот на раст TGF-ß и полипептид PRP богат со пролин. Се чини дека TGF-ß има најважна улога во тоа механизмот на имунолошкиот систем повторно да ги ублажи пребурните реакции и процеси по контактот со антигените. Тоа е посебно важно кај ублажувањата на одбранбените реакции кај трансплантација на органи (алергија од цитотоксичен тип).
PRP може, исто така, да го смири имунолошкиот систем кој пребурно реагира. PRP ја регулира активноста на тимусната жлезда која како лимфен орган има темелно значење за способноста на функционирање на имунолошкиот систем при создавање на одбранбени клетки.
Најпосле, кога зборуваме за алергиите, не смееме да го заборавиме ниту индиректното делување на колострумот кај повторното воспоставување на телесните механизми на регулација. Насекаде каде аномалиите со размена на материи, независно од тоа како настанале, можат да бидат отстранети, урамнотежени или избегнати, телото побрзо доаѓа до својата внатрешна рамнотежа. Ненормалната, пребурна реакција на внатрешните и надворешните дразби - како кај алергиите - со тоа сè повеќе се ублажува, а на крај и неутрализира, бидејќи гроздот на алергиски соединенија, белковините повторно можат да ги разградат. И овде лежи вистинската вредност на колострумот. Имено, секогаш алергиската реакција е само надворешна слика на нарушената рамнотежа во телото.
горе
Проблеми со кожата
Кожата, со околу 1,5 м2 површина (кај возрасните) е наш најголем орган кој нè дели од нашата околина. Таа не е само огледало на нашата душа (или психа) туку јасно покажува кои влијанија и впечатоци сме ги примиле од околината во текот на животот. Бојата на нашата кожа покажува каде живеат или живееле нашите предци, на која раса припаѓаме, колку често се изложуваме на сонце. Таа е одредена од нејзината содржина на пигменти и богатството на крв. Преку кожата даваме сигнали (на пр. ако поцрвениме кога сме го незгодна ситуација). Со бојата на кожата, исто така, се покажува дали сме болни кога на пр. кај заболувањата на црниот дроб ќе се обои во жолта боја. Ќе го покажеме најважното од тоа, како колострумот може да придонесе за повторно да се воспостави природната функција на кожата.
• Повредите и раните на кожата не само што по правило болат туку се и гoлем предизвик за целиот организам. Преку раните можат едноставно да стигнат во организмот опасните туѓи тела (нечистотии, габи, вируси, бактерии и многу други) и под одредени околности да се прошират таму, да се размножат, да предизвикат болести и да го оштетат, па дури и да го усмртат организмот. Со својата богата содржина на аминокиселини (животно важни состојки во белковините) колострумот ја поттикнува клеточната размена на материи и регенерација на клетките кои се наоѓаат на рабовите од раната и така помага раната побрзо да се затвори и излечи. Освен тоа, аминокиселините и цитокините го запираат воспалението. Имуноглобулините и природните хормони на раст од колострумот го поткрепуваат одбранбениот систем на организмот за време на уништувањето и исфрлањето на туѓите тела од организмот кои навлегле преку раната. Посебно е важно кај постоперативните рани, на кои колострумот со својот фактор на раст TGF-ß долгорочно може позитивно да влијае. TGF-ß го подобрува создавањето на колаген (градбена белковина во организмот) кој има важна улога во создавање јаки структури за време на зацелувањето на раните, а исто така е важна состојка на ’рскавицата и коските. Способноста за висока регенерација на клетките и подобрената размена на материи, колострумот не ја врши само кај повредите туку и воопшто кај уморна и остарена кожа. Содржината на витамини кај колострумот го подобрува создавањето на крв и со тоа индиректно го подобрува недостатокот од кислород и други важни хранливи материи на кожата. Комлексот Б-витамини дејствува превентивно кај состојба на исцрпеност и го забрзува намалувањето на стрес. Факторот на раст на епителот EGF го стимулира нормалниот раст на кожата.
• Во денешно време чест кожен проблем кај децата и возрасните е неуродерматитисот. Под тоа се подразбира осип кој чеша и кај кој може да дојде до воспаление на кожата, а лекарите го нарекуваат „атописка“ или „ендогена“ егзема. „Атописка“ означува зголемена подготвеност на телото да развие преголема чувствителност (хиперсензибилитет) против материите од природната околина (полен, треви, куќна прашина и многу други). Таа подготвеност се изразува на пр. како моментална алергија (која веднаш се појавува).
• „Ендоген“ значи дека доаѓа одвнатре. Деловите на кожата зафатени со неуродерматитис се зацрвенети, воспалени и чешаат. Со постојано чешање кожата се навлажнува и се создава кора на местото каде што чеша. Неуродерматитисот најчесто се наоѓа на вратот, тилот како и на рачните зглобови, лактите и на свивките на колената. Нешто поинаку неуродерматитисот се јавува кај доенчињата, каде што уште се нарекува и теменица, затоа што од ситното црвенило се создаваат бели кори кои често се распространети по целата глава и изгледаат како исушено млеко. Склоноста за заболување од неуродерматитис се наследува, што не значи дека секој кој има наследни предиспозиции, мора и да заболи. Бидејќи болеста не е заразна, не треба да се колебате да ги запознаете луѓето од средината на заболениот дека нема никаква опасност. Доенчињата ако се дојат, поретко заболуваат од теменица и неуродерматитис, односно ако преку колострумот на мајката се изградат заштитни фактори. Кај возрасните личности заболени од неуродерматитис, колострумот може да помогне да се разгради прекумерно создадениот IgE поради таа болест и заштитните механизми на кожата повторно да се доведат во рамнотежа. Тоа функционира слично како кај другите алергиски реакции на организмот.
• Поради загадувањето на атмосферата со јаглероддиоксид и озонските дупки настанати од тоа, ризикуваме нашата кожа да претрпи поголеми оштетувања кај сончањето, бидејќи озонската обвивка не може доволно да нè заштити од штетните ултравиолетови сончеви зраци. Тоа се случува кај предолго сончање без заштитен крем. Затоа секоја изгореница настаната од сончење треба да се сфати како сериозно нарушување на здравјето, при што не само што надворешните клетки можат буквално да „изгорат“ туку и клетките во подлабоките слоеви на кожата можат да претрпат оштетување на клеточните јадра. Ако телото нема доволно сопствена способност да ја поправи клеточната ДНК која е оштетена од ултравиолетовите зраци, подоцна (под одредени околности, по неколку години или децении) може да се добие рак на кожа. Колострумот му помага на телото со потребните аминокиселини, имуноглобулини, фактори на раст и витамини да се обноват оштетените клетки и да се создадат нови клетки.
• Во подрачјето на проблеми со кожа ќе вклучиме и посебна областа - епително ткиво. Епителното ткиво се состои од едно или повеќеслојна клеточна обвивка која ги покрива внатрешните и надворешните површини на телото. Најголемиот број на карциноми кај луѓето, го имаат овде својот почеток. За време на создавањето на карциномите, епителните клетки кои под влијание на факторот на раст TGF-ß се спречени неконтролирано да се развиваат, можат да достигнат надвор од контролата на TGF-ß и неконтролирано да се развијат. Механизмите кои водат до тој неконтролиран раст сè уште интезивно се испитуваат бидејќи се појавуваат со зголемена приемливост за малигните тумори.
Првите лекови кои го зголемуваат излачувањето на факторот TGF-ß и дејствуваат во предстадиумите на малигните епителни тумори, пред овие да станат неосетливи на нивното делување, ни даваат повод за надеж во делотворноста на зафатот во процес на развој на ракот. Тие лекови веќе успешно се применети во обидите на животни против рак на градниот кош и кожата и моментално се во клиничко испитување на луѓе. По ист принцип функционира и факторот на раст TGF-ß од колострумот и сигурно има значење во борбата против тумор на кожа.
горе
Болки
Модерната класична медицина ни нуди многу делотворни лекови против болки, но сите тие имаат нуспојави и можат со подолго земање да имаат долготрајно штетно дејствување. Општо е познато дека кај долгото земање на средства против болки доаѓа до оштетување на бубрезите па сè до потполно уништување на детоксификациската функција на бубрезите, по што следува задолжителна дијализа, тоа значи, еден апарат неколку пати неделно ја заменува функцијата на бубрезите. Што всушност е болка и зошто правиме сè за да ја отстраниме?
Болката е првенствено наш важен телесен сигнал кој на незгоден начин ни дава до знаење дека кај нас нешто не е во ред. За да биде ефикасен, тој систем на предупредување бара во скоро сите телесни ткива постоење на рецептори на болка, значи одредени слободни „сетила“ на крајот на нервните патишта. Тие сетила ја регистрираат болката, нервните патишта ја водат во ’рбетниот мозок и понатаму до мозокот каде стануваме свесни за болката.
Можеме да разликуваме помеѓу површинска болка (кожа), длабинска болка (на пр. во глава) и болка во внатрешните шуплини (на пр. кај грчевите). За да нè заштитат од тоа со време да заборавиме на трајните оштетувања, рецепторите на болка не се прилагодуваат. Тоа значи дека ние на болката не се навикнуваме така што болката постепено да изчезнува , туку таа со ненамален интезитет се јавува понатаму. Додуша, во телото постојат белковински материи, ендорфини, кои реагираат заедно со рецепторите на болка и така можат да ги блокират болките.
Ако ја оставиме на страна акупунктурата како терапија против болки (терапевтски метод од традиционалната кинеска медицина (ТКМ)), чии механизми на дејствување научно сè уште не се потполно разрешени, можеме да тврдиме дека нашата медицина сè уште има тешкотии за победување на болката.
Колострумот содржи многубројни фактори кои дејствуваат на болни воспаленија и имунолошки процеси. Во тие фактори се вбројуваат ендорфини, кои можат директно да дејствуваат на болката и да ја блокират на начин што се таложат на рецепторите за болка на нервните завршетоци. Тие ендорфини (хормони кои ги создаваат предните ресички на хипофизата во мозокот) се излачуваат директно во крвта и со тоа брзо се на лице место каде ја исполнуваат својата задача. Потполно природно дејствуваат и против депресии.
горе
Воспаленија и артритис
Чест облик на болки кои се поврзани со веќе опишаните автоимунолошки процеси се болките во зглобовите кај артритисот (воспаление на зглобовите). На заболените места, во зглобовите, се случуваат пребурни реакции во одбранбениот систем.
Овде накратко ќе ги разјасниме поимите „акутен“ и „хроничен“.
Акутен означува болна промена во телото која настанува ненадејно, брзо и силно, за разлика од промената која се јавува хронично, каде што болеста се развива полека – а многу често се јавува од акутниот вид.
Кај акутниот артритис разликуваме три вида на различни причинители:
• Серумски артритис се појавува најчесто во едниот зглоб и се создава спонтано без препознатлив причинител или по штетно надворешно влијание (на пр. модринка). Воспалението овде се одвива на површинските делови од зглобовите. Подлабоките слоеви не се зафатени.
• Серофибриозен артритис доаѓа во реуматска варијанта која е поврзана со лесна до силна онеспособеност на движење бидејќи зглобната чашка е намалена. Воспалителниот процес и отекувањата при тоа произведуваат карактеристични шумови на триење.
• Гноен артритис се создава со инфекција која е предизвикана однадвор или е внесена со инјекција или пункција, а која содржи гнојни причинители. Лекувањето овде има последица - трајна вкоченост на зглобовите.
• Хроничен артритис се јавува од акутните облици кои се влошуваат или полека или со нагли незгодни промени. Се нарекува и ревматоиден артритис. Општо познатите лекови против таа болест не можат да ја излечат туку само да ја прекинат или запрат на одредено време, а сето тоа е поврзано со тешки нуспојави.
Колострумот има сосема друг начин на дејствување против артритис. Тој содржи многу хранливи материи во кои има сулфур, а меѓу тие материи има и метил-сулфонил-метани (MСM) кои своевремено интезивно ги истражувале американските истражувачи. Се покажало дека природните сулфурни соединенија како глукозамин-сулфат и MСM имаат многу позитивно дејствување на воспаленија и првенствено на артритис, бидејќи посебно го подобрува создавањето на сврзивното ткиво и ’рскавица.
Колострумот е досега најбогатитот извор на МСМ! Единствената комбинација на активни супстанци во колострумот го прави идеален природен лек против артритис и тоа без нуспојави. Неговите сулфурни соединенија и интерлеукини кои ги спречуваат воспаленијата, дејствуваат исклучително позитивно на воспалителните процеси во зглобовите.
Белковинското соединение богато со пролин (PRP) ја регулира тимусната жлезда додека таа произведува антитела и така ја смирува пресилната реакција на клеточниот одбранбен систем кај артритисот против материите кои ги произведува сопствениот организам. И конечно, факторите за раст од колострумот ја поттикнуваат регенерацијата на ткивото и создаваат нови здрави клетки.
горе
Остеопороза
Секоја жена која се наоѓа во менопауза или ја поминала, знае дека нејзиното тело се менува откога е поминат половина живот и дека тоа е поврзано со женскиот хормонален систем т.е. со намалување на производството на естроген.
Една многу незгодна последица од тоа е – меѓу многу други – и остеопорозата која сè повеќе зема замав.
Остеопорозата има карактер на болест кај која со текот на годините, коските значително повеќе се разградуваат отколку да се изградуваат, при што целокупното коскено ткиво сè повеќе се стеснува и станува порозно. Притоа надворешната структура на коските останува непроменета. Болеста предизвикува големи болки при движењето или исчашувањата, па дури кај скршеници на коските на посебно оптоварените делови од телото. Доаѓа до големи оштетувања на пршлените, а посебно може да се скрши главата на горната бедрена коска во зглобот на колкот. Заболувањето, за жал, често се открива случајно на рендгенска снимка.
Како може да дојде до толку драматични телесни оштетувања? Медицинските професионалци разликуваат два вида на остеопороза.
• Примарната остеопороза поврзана е со доминантно дејствување на остеокластен. Остеокластени се клетки со многу јадра, а ја разградуваат коскената супстанца. Кај примарната остеопороза механизмот за регулација помеѓу активноста на хормоните и калциумот е нарушена. Кај трудниците се јавува младински, а кај жените во менопауза т.н. старечки облик на примарна остеопороза.
• Секундарна остеопороза се појавува поради претходно „лошо однесување“ на телото или некое друго телесно заболување, како и кај недостаток на движење (на пр. парализа), поради неправилна исхрана (хроничен недостаток на белковини), алкохолизам, кај долготрајни терапии со одредени лекови (на пр. кортизон или хепарин), кај хиперактивност на штитната жлезда и некои други болести. И локалните воспаленија близу коските можат да доведат до секундарна остеопороза.
Токму поради тоа што остеопорозата не може да се излечи туку само да се запре или ублажи нејзиното дејствување, активните супстанци на колострумот се вистинското средство поради единствената комбинација и поради својот потенцијал на дејствување на регулирачките механизми на телото. Истражувањата покажале дека состојката во колострумот, факторот на раст TGF-ß на природен начин создава остеобластени, клетки кои ги изградуваат коските.
TGF-ß, исто така, го зголемува изумирањето на остеокластените кои ги разградуваат коските. Со тоа остеопорозата на природен начин се забавува или ако навремено се преземат мерки, потполно ќе се спречи. Досегашните сознанија навестуваат дека секојдневното консумирање колострум, во комбинација со дополнително многу ниско дозирање со естроген, може да биде многу делотворна мерка против остеопорозата. Но, во секој случај телесната активност и доволното количество на калциум се многу важни и се од голема помош.
горе
Разградување на маснотиите и изградување на мускулите
Во ова поглавје ќе го разгледаме посебното подрачје од нашиот живот кое ни задава доста главоболки.
Какво е времето во кое живееме? Тоа предизвикува стрес, сè повеќе нè предизвикува на ангажман на работа, во партнерството, семејството и слободното време. Нашите паузи за одмор сè повеќе се скратуваат, а сè помалку време имаме за телесните активности. Да помислиме на нашата телесна активност: сосема вообичаено гледање на телевизија, што значително ја намалува нашата телесна активност, потоа користење компјутери на работа, но и насекаде, како и интернетот со сите свои можности за комуникација и користење за работа. Со сето тоа, ние премалку време наоѓаме за консумирање храна, јадеме сè побрзо, често сè повеќе неприродни намирници, користиме средства за будење и уживаме во отровни задоволства, а навикнати сме за секоја ситница да голтаме таблети.
Нашето тело ни „заблагодарува“ така што соодветно реагира. Тоа значи дека телото ја складира неискористената енергија во депоа во облик на маснотии и не ни ја изградува мускулатурата. Стануваме побавни, со повеќе килограми и се оддалечуваме од општествените идеални норми: витки и во форма.
Бидејќи доста често и сами или преку други ја воочуваме разликата помеѓу саканата витка линија и реалноста, тоа не прави депресивни и се обидуваме да се ослободиме така што се натрупуваме со уште повеќе прехранбени задоволства и таблети. А во тој случај мораме да прибегнеме кон разни средства за намалување на вишокот килограми.
Но, постои и пријатен начин како да се вратите од фаталниот пат со вишок маснотии и недостаток на мускули и повторно да ја постигнете вашата нормална или идеална тежина, а при тоа дополнително да изградите силна и еластична мускулатура. Кога малку би го смириле нашиот живот, повеќе да се движиме – на пр. вклучување во некое спортско друштво или одење на танц, многу би направиле за себе. Овде ќе стане збор за третман со колострум за отстранување на маснотиите. Секојдневно внесуваме маснотии (липиди) во вид на путер, млеко, сирење, масло, маргарин, јајца, месо итн. Скоро 90% од тие се неутрални маснотии (наречени и триглицериди). Со тоа се внесуваат и другите масни материи како фосфолипиди и колестерин. Од тие прехранбени маснотии , 95% се „варат“ во дигестивниот тракт преку ензимите (липаза) кои ги разложуваат маснотиите, а потоа ги апсорбира тенкото црево, па се транспортираат во крвната плазма на местата каде се обработуваат. Таму можат, снабдени со кислород, потполно да согорат во јаглероддиоксид и вода - и со тоа телото да ја добие потребната енергија за размена на материите и работа на мускулатурата.
Со своите фактори на раст колострумот ни дава можност за позитивно влијание на размена на масните материи. Имено, факторите на раст го поттикнуваат телото да ги согорува маснотиите наместо да го согорува мускулното ткиво. Од друга страна, управуваат со изградување на функционална мускулатура. Со тоа се идеални за заедно со телесната активност да го разградат вишокот масни перничиња.