afa algaeКламатските синозелени алги се најбогата храна со хранливи материи која може да се најде на планетата, бидејќи содржат гликопротеини, витамини, минерали, прости јаглехидрати, липиди и биолошки активни ензими. Благодарејќи на хранливиот, мек клеточен ѕид на алгите, овие хранливи материи се лесно достапни и телото може брзо да ги искористи. Бидејќи телото користи само мала количина енергија за да ја претвори оваа суперхрана во гориво, консумирањето на кламатските синозелени алги е брз, ефикасен и енергичен начин да се подобри сечија исхрана.

Повеќе...

Килибарно ѓерданче - Amber necklaseКилибарното ѓерданче кое го олеснува процесот на формирање и пробивање на забите е наменето за бебиња и мали деца кои се наоѓаат во таа фаза од животот. Неговата главна цел е да им ја ублажи болката во забите на бебињата и генерално, да придонесе за непречено одвивање на нивното формирање и пробивање.

Повеќе...

Алги Power3, капсули, 160 х 500мгНие сме горди што можеме да ви го понудиме овој производ со одличен квалитет, комбинирајќи ги трите најдобри видови зелени суперхрани!

Кламатски Сино-зелени АФА Алги – СПИРУЛИНА – Супер ХЛОРЕЛА

Повеќе...

Хлорелата и спирулината се микроскопски растенија кои растат во свежа вода. Тие всушност се наречени микроалги, затоа што се микроскопски форми на алги. И постоеле тука прилично долго време: неколку милијарди години, всушност. Тие се едни од најраните и наједноставните форми на живот на планетата, појавувајќи се многу порано пред животните да зачекорат на оваа земја.
Овие микроалги содржат вчудовидувачка низа на хранливи елементи: витамини, макроминерали, олигоминерали, есенцијални масни киселини, протеини, нуклеински киселини (РНК и ДНК), хлорофил и широк спектар на фитохемикалии. Се мисли дека тие го содржат секој нутриент кој му е потребен на човековото тело. Да, вие буквално можете да живеете од овие микроалги. Не мора многу да јадете, исто така, затоа што тие се нутритивно многу богати.

chlorella

„Микро“ делот од нивното име не е шега: оваа суперхрана има големина во ранг од 2 до 8 микрони, кои се скоро со иста големина како човечките крвни клетки. Тие се зелени поради содржината на хлорофил во нив. Ако хлорелата и спирулината се продаваат со „Нутритивна табела“, тие етикети навистина ќе бидат импресивни: нула рафинирани јагленохидрати, богати со сварливи протеини, богати со есенцијални масни киселини, без „лоши“ масти, богати со хлорофил и така натаму. Ќе ви наброиме само некои од познатите својства. Но, исто така важно е да се знае дека многу лекувачки својства на оваа храна, сè уште не се добро познати. Научниците не ги изолирале и именувале сите нутриенти кои се наоѓаат во овие растенија. Па така, не се дава комплетна слика само со набројувањето на сите витамини и минерали кои се наоѓаат во хлорелата во прав, на пример. Витамините и минералите кои ги знаеме не се единствените кои се важни.
Сепак, од нутритивните супстанци кои ги знаеме, еве кои ги има во хлорелата и спирулината:

  • Висококвалитетни комплетни протеини кои се поконцентрирани и посварливи од кои било протеини од животинско потекло. (Хлорелата има 58% протеини.)
  • Сите познати Б витамини, вклучувајќи го и витаминот Б12 кој скоро никогаш не се наоѓа во растенија.
  • Витамин Ц
  • Витамин Е
  • Макроминерали: калциум, магнезиум, цинк, калиум и многу други.
  • Олигоминерали
  • Омега-3 масни киселини вклучувајќи ја и ГЛК (Гама-линоленската киселина)
  • Мукоплисахариди
  • Бета-каротен
  • Нуклеински киселини (РНК и ДНК)
  • Хлорофил

Гледајќи во сите нутриенти кои ги обезбедуваат, доброинформираниот нутриционист може само да гледа со стравопочит: тие се многу од нутриентите кои му се потребни на секое човечко тело, во скоро совршен сооднос! Тоа е како самата Мајка Природа да дошла и рекла: „Еве ја совршената храна за сите човечки суштества...“ и ги дала микроалгите. Тие се толку импресивни. Единственото нешто кое не е импресивно кај оваа суперхрана е нејзиниот публицитет: благодарение на фактот што фармацевтските компании не можат да профитираат од нив, вистинските лекувачки придобивки на оваа суперхрана им се непознати на западните здравствени професионалци.

Неверојатните здравствени придобивки на хлорела и спирулина

Како оваа суперхрана може да влијае на вашето здравје? Тие имаат импресивна низа на здравствени придобивки. Хлорелата и спирулината се покажаа ефективни во лекувањето и дури и во повлекување на следниве состојби:

  • Рак (сите видови)
  • Дебелина
  • Дијабетис
  • Хипогликемија
  • Артритис
  • Депресија
  • Тешко оштетување на црниот дроб и други нарушувања
  • Цревни чиреви
  • Хемороиди
  • Астма
  • Висок крвен притисок
  • Констипација
  • Крварење на непцата
  • Инфекции
  • Воспаление на зглобовите и непцата
  • Телесен мирис/непријатен здив
  • Разни дегенеративни болести
  • Недостаток на есенцијални масни киселини
  • Недостаток на минерали (чест недостаток е магнезиумот)

И хлорелата и спирулината посебно се корисни за:

  • Луѓе со слаба дигестија и асимилација (овие микроалги се лесни за дигестија и апсорпција)
  • Луѓе со слаба виталност и анемија
  • Индивидуи кои консумираат големи количини на животински протеини (наспроти тоа, протеините од микроалгите полесно се варат и имаат далеку поздрав баланс на минерали)
  • Луѓе кои јадат рафинирана и обработена храна
  • Луѓе кои земаат препишани лекови (спирулината ги штити бубрезите и црниот дроб)
  • Луѓе со прекумерна тежина или дебелина
  • Луѓе кои се занимаваат со физички вежби и/или силен тренинг
  • Луѓе со ниско ниво на енергија (се чувствуваат исцрпени, изморени итн.)

Всушност и хлорелата и спирулината се опишани како „совршена храна“.
Иако зборувавме за хлорелата и спирулината како да се близначки, сепак секоја од нив има единствен нутритивен профил. Иако се препорачува да се земаат и двете како дел од секој оброк, сепак може едната од нив да биде попотребна во зависност од одредени околности: Еве го резултатот:

Хлорела:

  • Подобар извор на хлорофил, со што повеќе детоксифицира и чисти.
  • Посебно е добра за луѓе со нарушување на црниот дроб или луѓе кои пијат и пушат.
  • Многу помага кај луѓе со тврда столица кои патат од констипација.
  • Посебно е добра за луѓе на кои им е потребно „повторно изградување“ - тие кои патат од дегенеративни болести (мускули, нервен систем итн.) или луѓе кои се неотпорни.
  • Содржи Хлорела Фактор за Растење (ХФР), кој го поттикнува имунолошкиот систем, го повлекува ракот и дава други здравствени придобивки.
  • ХФР исто така помага во обновата на нервното ткиво насекаде по телото и е одличен за лекување на дегенеративни болести на мозокот и нервни нарушувања.

Спирулина:

  • Супериорен извор на сварливи протеини. Содржи 12 пати повеќе од јунешко месо.
  • Полесна е за дигестивниот систем од хлорелата, која може да предизвика дијареа кај осетливите индивидуи.
  • Најдобар извор на гама-линоленска киселина (ГЛК), „добри“ масти неопходни за човечкиот мозок, за правилно функционирање на срцето и други телесни системи.
  • Содржи фикоцијанин, моќна анти-канцер фитохемикалија која исто така и ја дава на спирулината карактеристичната сина нијанса.

Како што може да видите, и хлорелата и спирулината даваат широк спектар на здравствени придобивки, и многу од нивните особини се поклопуваат. Затоа се препорачува и обете да се консумираат во доволни количини. Како општо правило, треба да ги земате спирулината и хлорелата во однос 2:1. Со други зборови, ако земете 10 грама спирулина на ден, земете и 5 грама од хлорела, исто така. Ако имате одредена здравствена состојба, зголемете ја консумацијата на микроалгите како што најдобро одговара на вашата состојба.

Здравствените  придобивки  на  хлорела:

  • Го подобрува нивото на енергија
  • Моќен детоксификатор на телото
  • Помага во правилната дигестија
  • Го зајакнува имунолошкиот систем
  • Ја подобрува Ph на телото
  • Го поттикнува растот на стомачните бактерии
  • Помага против стареењето
  • Го подобрува кардио-васкуларното здравје
  • Природен детоксификатор на тешките метали
  • Помага во вдишувањето и констипацијата
  • Ја поттикнува мозочната благосостојба
  • Корисна е за здравјето на зглобовите и мускулите

Хлорелата, исто така, е добра и за децата. Се покажа дека хлорелата го поттикнува растот и го зајакнува нивниот имунолошки систем. Дневната доза за деца е еднаква на нивната возраст.

Препорачана дневна доза:
2 капсули (500 мг/ капсула) = 1 грам

Превентивна доза                                  1 гр/на ден
Зајакнување на имунолошкиот систем     3 гр/ на ден
Протеини од примарни извори               5 гр/ на ден

Минималната превентивна доза на хлорелата е 1 гр. на ден. Со оваа доза, можеби нема да забележите значителни разлики, но вашето тело ќе ги добие нутриентите кои му се потребни.
Вообичаената доза е да се земаат 3 гр. на ден. Со оваа доза ќе забележите значајни придобивки во дигестијата, енергијата и во сèвкупното здравје.

Што можете да очекувате за почеток?

Со поголема доза, хлорелата е моќен детоксификатор за телото. Генерално се препорачува да започнете постепено во првите 7 дена и да стигнете до препорачаната доза.
Ако во вашата исхрана не е вклучено свеж суров зеленчук ќе треба да започнете со 1 таблета по оброк и да ја зголемувате дозата секој ден во првата или втората недела, сè додека не стигнете до препорачаната доза.
Кога ќе се достигне препорачаната доза, ќе забележите зголемување на енергијата, подобрена дигестија и воопшто зголемено чувство на благосостојба.
Приближно се потребни 3 до 6 месеци за детоксификацијата да започне да зависи од земената доза на хлорела.
Ако искусите било каква нелагодност како гас, констипација или  дијареа, намалете ја дозата. Почнете со 1 или 2 таблети на ден и продолжете постепено да зголемувате додека не стигнете до препорачаната доза.
Хлорелата се класифицира како природна храна и може да се зема секој ден. Секогаш е добра идеја да се консултирате со вашиот здравствен професионалец за кои било додатоци што ги земате.