Килибарното ѓерданче кое го олеснува процесот на формирање и пробивање на забите е наменето за бебиња и мали деца кои се наоѓаат во таа фаза од животот. Неговата главна цел е да им ја ублажи болката во забите на бебињата и генерално, да придонесе за непречено одвивање на нивното формирање и пробивање. Така се подобрува квалитетот на живот на бебето, односно веднаш се забележува подлабок сон и намалување на плачењето. Важно е да се напомене дека, користењето на килибарното ѓерданче нема никакви контраиндикации и несакани ефекти, како што се локални иритации, алергии или други воспаленија и може безбедно да се користи и за време на употреба на лекови. За да обезбеди оптимална заштита, ѓерданчето се става околу вратот на детето и не е препорачливо да се става во устата, бидејќи нема да има никаков ефект.
Дејствoто на килибарното ѓерданче се базира на неговото електромагнетско својство (т.е. создавање на електромагнетно поле), кое има двоен ефект:
- смирувачки ефект врз нервниот систем на детето и
- овозможува подобро искористување на калциумот во усната лигавица.
Медицински факт е дека забите никнуваат од усните лигавици и дека се производ на епидермот, исто како што се и ноктите или косата. (Овде може да го наведеме за пример актуелниот метод за борба против опаѓање на косата, кој се состои во тоа да се обезбеди контакт на кожата на главата со електростатичко поле).
Килибарното ѓерданче делува смирувачки на бебето кога му растат запчињата, а ги ублажува или целосно ги отстранува придружните непријатности како: лигавење, губење апетит, пролив, покачена температура. Со тоа се овозможува непречено функционирање на имунолошкиот систем кај детето, што претставува многу важен фактор при стекнување отпорност кон болестите, па децата кои редовно го носат ѓерданчето се развиваат и растат здрави и среќни.
Науката за магнетизмот како појдовна точка го има привлекувањето кое некои камења познати како “магнети”, го вршат врз железото. Оваа карактеристика е позната од стари времиња, како и карактеристиката што ја поседува килибарот, кој откако еднаш ќе се протрие, добива магнетни својства. Електромагнетизмот е резултат на електричните струења кои циркулираат околу честичките на едно тело. Телото коешто на тој начин создава магнетно поле, е општопознато како магнет.
Постојат два вида магнети:
- природни и
- синтетички магнети.
Првите, кои се најпознати, се минерали кои содржат железо оксид, а вторите, на кои им припаѓа килибарното ѓерданче, се добиени со поставување на соодветно одбран материјал во магнетно поле, создадено во услови кога има електрично струење.
За да го промовираме и да го објасниме дејството на овој производ, треба да кажеме дека килибарното ѓерданче е магнет со многу ниско ниво на електромагнетизам. Статичкиот електрицитет во ѓерданчето се создава кога тоа се трие од вратот на бебето, потоа преку секојдневните движења и поместувања кои ги прави бебето, како и преку природниот електрицитет кој се создава при изведувањето на секојдневните активности.
Извршено е набљудување на бебе кое го користело ѓерданчето во текот на процесот на формирање и пробивање на забите и утврден е позитивниот ефект кој го има ѓерданчето, правејќи го овој процес полесен и побезболен за детето, а истото ќе го потврдат и мајките кои имаат искуство со користење на ѓерданчето.
Ѓерданчето кое го олеснува процесот на формирање и пробивање на забите, се продава во Швајцарија повеќе од 60 години и има постигнато забележително голем успех. На пример, во 2008г. се продададени 27.700 ѓерданчиња, односно, тоа е 33% од вкупниот наталитет регистриран во таа година т.е. 89.939 бебиња.
Килибарното ѓерданче најчесто се продава во аптеките и во специјализираните продавници за бебешка опрема и многу малку е рекламирано за да им се понуди на потрошувачите. Најдобар начин за рекламирање на ѓерданчето, како и докажувањето на неговата ефикасност и делотворност се зборовите и препораките на задоволните мајки кои го купиле овој производ.