Истражувањата покажаа дека имунолошките и факторите на раст во колострумот од крави се скоро идентични со тие од човековиот колострум. Бидејќи говедскиот колострум не е специфичен за одреден вид, тој дејствува ефективно кај луѓе и кај други животни, исто така.
Откога ќе помине пубертетот, нашите тела го започнуваат процесот на стареење со постепено намалување на производството на имунолошките и факторите на раст кои ни помагаат да се бориме против болестите и да ги исцелат оштетените телесни ткива. Колострумот е единствениот природен извор на овие живототворни компоненти. Истражувањата покажаа дека колострумот не само што ја поткрепува имунолошката функција, туку може да помогне и во искористувањето на мастите за енергија, а ја оптимизира и клеточната репродукција. Според нашите сознанија, ниту една друга супстанца на планетава не може да ги обезбеди сите од овие неверојатни придобивки.
Колострумот е природна храна која се употребува со години како додаток во исхраната.
Количината на лактоза во колострумот е многу мала - 163 мг. во две капсули споредено со 13.000 мг. во една чаша млеко од 200 мл.. Секоја непријатност најверојатно е знак дека колострумот дејствува ефективно во дигестивниот тракт, но ве молиме консултирајте се со вашиот лекар, ако непријатноста потрае или ако е сериозна.
Консултирајте се со вашиот лекар за земање на лекови, билки или додатоци во исхраната пред земање на лекови на рецепт. Тоа важи и за колострумот.
Педијатрите препорачуваат на децата кои не биле доени, да им се дава колострум. Ви препорачуваме да се консултирате со вашиот педијатар за правилно дозирање. Ако вашиот педијатар не е запознаен со важноста од земање на колострум, тогаш, за повеќе информации, може да се обратите во Центарот за нутритивно истражување.
Говедскиот колостум одлично делува кај мачиња, кучиња и други цицачи затоа што не е специфичен за одреден вид. Колострумот во прав може да се попрска врз нивната храна или мала количина да се додаде во нивната вода. Повеќето миленичиња го обожаваат вкусот на колострумот. Охрабрувајте ги да пијат вода по земањето колострум.
Секоја личност е уникатна (возраст, тежина, здравствени проблеми) кога станува збор за потребната количина на колострумот за постигнување на оптимални придобивки. Запомнете, колострумот е храна и може безбедно да се зема кога се користи според препораката на етикетата.
Колострумот дејствува во дигестивниот тракт така што сите супстанци кои се внесени внатрешно (храна, билки, природни исцелителни супстанци и лекови) ќе станат подостапни за телото. Иако колострумот нема познати интеракции со лековите, сепак консултирајте се со вашиот лекар затоа што другите додатоци и лекови кои ги земате можат да добијат поизразен ефект.
Истражувањата покажуваат дека за да се добие максимум ефект од колострумот треба да се зема и во капсули и во форма на прав. Колострумот треба да се зема во капсули, на празен стомак со полна чаша вода за да се овозможи колострумот да стигне до тенкото црево каде што се покажало дека имунолошките фактори најдобро дејствуваат. За да се добијат оптималните придобивки од факторите за раст (поправање на телесните ткива, искористување на мастите за енергија, против стареење), колострумот треба да се зема во форма на прав, па така може да се измеша со киселините во желудникот или устата. Колострумот во прав може да се измеша во вид на шејк со вода или сок (по можност сок од портокал).
Несаканите појави се многу ретки. Ако искусите некои сериозни и непожелни нус појави веднаш престанете да го земате и консултирајте се со вашиот лекар пред да продолжите со употребата. Поради неговата детоксификациска природа, можат да се случат одредени несакани појави. Возможно е овие токсини да предизвикат помал осип, промени во цревата или симптоми слични на грип додека не се исчистат од телото. Повеќето несакани појави произлегуваат од другите додатоци или лекови кои се земаат заедно со колострумот и конечно се искористуваат од телото. Ако земате лекови на рецепт, со други лекови, билки или додатоци во исхраната, консултирајте се со вашиот лекар, за тој да коже да ги прилагоди или повторно да ги процени вашите потреби за додатоци или лекови.
Иако колострумот е храна од животинско потекло, тој бил значаен дел од строгата веганска исхрана на индиските Хинду риши (духовни водачи) со илјадници години. До денешен ден во Индија, млекарите им доставуваат колострум на богатите вегани. Интересно е тоа што кравите се сметаат за свети животни во Индија, земја каде што вегетаријанството е најраспространето.
Се покажа дека колострумот има многу корисни здравствени придобивки. Сепак, земањето колострумот не може да ја замени наследената генетика на личноста. Земањето колострум не може да ја промени нашата ДНК; нашите родители ја одредуваат нашата генетика. Со додатоците во исхраната, надежта е да се создаде здрава благосостојба за да се спречи размножувањето на нездравите клетки. Извршени се бројни студии кои ги опишуваат здравствените придобивки на колострумот и предностите кои произлегуваат од користењето на овој додаток.
Во содржината со масти нема фактори за раст. Тие се протеини и не се дел од мастите. Обезмастувањето на колострумот е доста значајано затоа што спречува колострумот да се расипе на полиците.
Желатинските капсули генерално се сметаат за безбедни и се добиваат од незаболени животни.
Апсолутно! Шталското ѓубре лесно може да се распрсне на вимето загадувајќи го со ешехерија коли, салмонела и други патогени бактерии. Ова создава потенцијал за загадување на млечните производи. Млечните производи (за човечка употреба) мора да се пастеризирани за да се уништат овие патогени бактерии. Постојат два начина за пастеризирање на колострумот: брза пастеризација (15 секунди) и бавен 30-минутен ват процес. За брза пастеризација се користи скапа високо-технолошка опрема која може да се најде во модерните млекари и таа не го денатурира колострумот. Со поефтиниот, 30-минутен процес на пастеризација, огромен котел со колострум се загрева однадвор. Потребно е долго време за да се загрее тој котел до потребната температура. За време на овој процес, бактериите растат во колострумот. Бидејќи бактериите се хранат од колострумот, тоа го денатурира и ја уништува неговата ефективност. Поголемиот дел од колостумот кој се продава на народот денес, е подготвен за пазарот на сточна храна и не е пастеризиран.
Високото ниво на IgG (имуноглобулин) најважното нешто за новороденото теле затоа што му е единствениот извор на имунолошка заштита со раѓањето; сепак, за луѓето земањето на колострумот како додаток, нивото на IgG во производ од колострум не е репер за квалитет. Иако првото молзење има повисоко ниво на IgG, следствено има пониска содржина на многу други значајни исцелителни компоненти, како што се лактоферин и полипептиди богати со пролин (PRP). Со цел да се добие производ од колострум кој е совршено балансиран, со значителни количини на најмалку 90 благотворни компоненти кои природно се наоѓаат во колострумот, треба да се добие во тек на првите 48 часа по раѓањето.
Има многу мала количина на говедски естроген во колостерумот. Оваа форма на естроген не е биодостапна за луѓето кога се зема орално. Ние го гледаме сегашниот доказ дека факторите на раст во колострумот ги балансираат половите и хормоните за раст во телото, и кај мажи и кај жени. Препорачливо е за жените кои се на хормонска терапија кои искусиле симптоми на прекумерен естроген да ги прилагодат лековите и додатоците што го поттикнуваат естрогенот.
Можете. Треба да стои во фрижидер и да се консумира пред да се расипе. Свежиот колострум не е пастеризиран и содржи имунолошки фактори само од една крава. По тоа се разликува од обработениот колострум, кој е концентриран и обезбедува добра основа на имунолошки фактори кои се добиени од стотици, а понекогаш и од илјадници крави.
Квалитетните млечни производи, вклучувајќи го и колострумот, никогаш не се замрзнуваат затоа што се менува составот. Тоа се забележува кај изгледот и вкусот на млекото кога прво се замрзнува па одмрзнува. Ефективноста на колострумот во голем дел се менува со овој процес на одмрзнување/замрзнување. Проверете за да се осигурате дека колострумот е обработен свеж и никогаш не е замрзнуван.