Студија за хронични воспалителни болести
Доктор Пол А. Голдберг од клиниката Голдберг во Мариети, Џорџија, завршил мала студија која се темели на терапевтските ефекти на колострумот кај возрасни пациенти кои имаат хронична воспалителна болест. Хронична воспалителна болест се карактеризира со следниве нарушувања: ревматоидни болести, воспалителни цревни синдроми како што се Кронова болест или улцерозен колитис и синдром на хроничен замор. Доктор Голдберг се фокусирал на четири возрасни пациенти кои покажувале сосотојба на хронично воспалително заболување на кои стандардните методи на лекување имале мало влијание и кои трпеле поради своето заболување. Конкретно во студијата се вклучени личности кои имале цревни воспаленија, ревматоиден артритис и псоријатски артритис. Пациентите биле следени со споредба на ESR анализа (брзина на седиментација на еритроцити).
ESR е временски тест кој ја покажува брзината со која црвените крвни зрнца се таложат во незасирена крв.
Воспалителните процеси предизвикуваат абнормалности кај згрутчувањето на црвените крвни зрнца. Тоа придонесува црвените крвни зрнца брзо да паѓаат т.е. покажуваат голема брзина на седиментација. Зголемената брзина на седиментација на еритроцитите укажува на инфекции, воспалителни сосотојби, сифилис, анемија или карцином.
На крајот од студијата доктор Голдберг пронашол дека сите негови пациенти искусиле умерено или силно подобрување на својата сосотојба. Тројца од четири пациенти покажале значајно подобрување во времетраењето на студијата.
Оваа е ограничена студија со мал број на субјекти. Сепак резултатите укажуваат дека колострумот може да им користи на некои луѓе со воспалителна сосотојба. Треба да се нагласи дека никој немал никакви негативни појави од колострумот. Се препорачува на основа на овие охрабрувачки резултати од оваа ограничена студија, да се спроведе една сеопфатна студија.

Зајакнување на слузницата на цревата кај...

Воспалителни болести на цревата со користење на говедски колострум и фруктоолигосахариди
Хируршкиот оддел на Институтот за клиничка наука на Queens University во Белфаст, Северна Ирска го испитала зајакнувањето на слузницата на цревата со додавање на колострум. Оваа студија, која ја предводи др. Саманта Слоан поаѓа од претпоставката дека колострумот ќе ја намали јачината и траењето на воспалителните цревни болести кај луѓето. Таа, исто така, ги испитува ефектите кои колострумот ги има на слузницата на цревата кај пациентите подложени на операција поради воспалителните болести. На крај, др. Слоан планира да ја спореди употребата на колострумот и фруктоолигосахаридите во лечењето на колитис кај глувци.
Се смета дека цревните воспалителните болести и другите нарушувања со варењето се резултат на лошата имунолошка функција на дигестивниот тракт. Слузокожата на цревата е деликатен, но заштитен слој чија функција може лесно да се наруши. Нарушувањето на слузницата придонесува за хронично воспаление вклучувајќи и цревни воспалителни болести. Природните бактерии на слузокожата дејствуваат како штит спречувајќи го растот на патогените и помагајќи во апсорбцијата на нутриентите.
Постои документација која ја потврдува идејата дека корисните бактерии како што се бифидо бактериите и лактобацилите се редуцирани кај колитис и Кроновата болест. Говедскиот колострум го зголемува растот на овие бактерии. Фруктоолигосахаридите се пребиотици кои исто така го стимулираат растот на пријателските бактерии. Пребиотици се храна која се зема за со неа да се хранат пробиотиците или пријателските бактерии кои се наоѓаат во храната како што е јогуртот. Колострумот и фруктоолигосахаридите ќе бидат споредени за да се утврди кој е поефикасен во поттикнувањето на овој раст.

Зајакнување на слузокожата на дебелото црево пред операција од анеуризам на абдоменалната аорта
Операција од анеуризам на абдоменалната аорта се поврзува со 5% смртност и до 40% заболувања. Тоа делумно може да се објасни со следот на околности кои ја слабеат слузокожата на цревата, па нејзиното зајакнување може да придонесе за подобар исход од операцијата. Слузницата на цревата во нормални услови го штити телото од бројни потенцијално патогени бактерии кои се присутни во цревата. Кога ќе се оштети нормалната функција на слузницата, бактериите во цревата се размножуваат и можат да циркулираат низ сите други органи доведувајќи до разновидни болести и повеќекратно оштетување на органите. Др. Кен Мекјун од Универзитетот во Белфаст (Оддел за хирургија и Институт за клиничка наука), поставил хипотеза дека колострумот го спречува ширењето на бактериите и поттикнува здрав раст на епителното ткиво во цревата по повреда. Неговата студија ги истражува ефектите од предоперативно давање на говедски колострум кај воспаленијата на пациенти кои се подложуваат на операција од анеуризам на абдоменална аорта.

Студија за ефективност кај спортисти
Доктор Хозе Антонио од универзитетот во Небраска кој воедно е и помошен уредник во магазинот „Muscle and fitness“ завршил студија споредувајќи ги ефектите на колострум со плацебо ефект кај здрави, активни мажи и жени на возраст од 18-35 години. Оваа студија ги истражувала промените во вкупната телесна тежина, составот, идржливоста на мускулите и ги оценила постигнувањата на субјектите на кои им е даден колострум. Резултатите од оваа студија можат да се најдат во магазинот Nutrition, број 17, стр. 243-247.
Доктор Антонио напишал повеќе статии за корисноста на колострумот за спортски постигнувања. Неговата најнова статија може да се види во магазинот „Muscle and fitness“ од октомври 1999 и има наслов „Colostrum revisited: Дали оваа смеса е мајчино млеко за спортски достигнувања?“
Оваа статија како и другите, ги опишува клиничките студии кои ги утврдиле корисните ефекти на колострумот кај достигнувањата на спортистите.
Референца: Antonio,J., Sanders, M. and Van Gammmeren, D. The Effects of Bovine Colostrum Supplementation on Body Composition and Exercise Performance in Active Men and Women. Nutrition 17:243-247,2001

Што се био липиди?
Тоа се специјални липиди т.е. единствени масти растворливи во вода кои значително ја зголемуваат растворливоста и апсорпцијата на која било супстанца која е обложена со нив. Колострумот со прскање (постапка на агломерација) се обложува со липиден слој за полесно да се дисперзира во вода.
Клиничките тестови докажаа дека обложувањето со липиди овозможува колострумот да биде до 8 пати порастворлив. Зголемената растворливост овозможува колострумот и другите состојки лесно да се дисперзираат и подобро да се апсорбираат во дигестивниот тракт.

Компоненти

  • Sphingomyelin ( SPM )
    Се покажало дека SPM го пттикнува растот на клетките и помага при детекција на нездрави клетки.
    Исто така придонесува до потиснување на штетните клетки. SPM служи како површински рецептор за имуноглобулини и некои бактерии. Тој е активатор на рецептори за раст на епителот.
  • Phosphatidyl Ethanolamine ( PE )
    Тој е еден од специфичните фосфолипиди кои се наоѓаат во клеточните мембрани кај здравите битија. PE е ’рбетот, главна поддршка на клеточните мембрани и влијае на вискозноста и структуралното опкружување на клетката. Тој игра важна улога во миелинската структура на нервните завршетоци во мозокот.
  • Phospatidyl Choline ( PC )
    Таа е најзастапената компонента на сите клеточни мембрани и се покажало дека помага кај многу важни телесни функции. Студиите покажуваат дека PC има позитивен ефект на меморијата и дека помага во одржувањето на нивото на холестерол. PC помага на црниот дроб кај асимилацијата на хранливите материи, хормонална рамнотежа и елиминација на токсините. Ефективно му помага на црниот дроб да ги елиминира вирусите, нечистотиите и фармаколошките хемикалии од сите клетки во телото. Исто така се покажало дека PC го успорува процесот на стареење штитејќи ја клеточната мембрана од оштетување.
  • Phospatidyl Serine ( PS )
    Се наоѓа на површината од мембраната на мозочните клетки. Го стимулира создавањето на хемикалии кои ги пренесуваат пораките од мозокот и ја подобрува меморијата со зголемувањето на искористувањето на гликоза во мозокот. (Гликозата е главно гориво за метаболичките реакции во мозокот).
    PS го поттикнува создавањето на допамин и киназа на Ц протеинот, штити од нарушување на однесувањето кое е предизвикано од стрес. Се истражуваат неговите ефекти на депресијата и слабеењето на меморијата поврзано со возраста.

Референци:

  1. Amaducci, L. and the SMID Group, 1988, "Phosphatidylserine in the Treatment of Alzheimer's Disease: Results of a Multicenter Study," Psychopharmacology Bulletin, 24(1): 130-134.
  2. Caffarra, P.; Santamaria, V.; 1987, "The Effects of Phosphatidylserine in Patients with Mild Cognitive Decline: An Open Trial," Clinical Trials Journal, 24(1): 109-114.
  3. Cohen, B.M.; Babb, S.M.; Yurgelun-Todd, D.; 1997, "Brain choline uptake and cognitive function in middle age," Biol. Psych., 41:90S.
  4. Fünfgeld, E.W.; Nedwidek, P.; 1987, "Neurohomologous Phosphatidylserine in Parinsonian Patients with Associated Disorders of Cerebral Metabolism," Clinical Trials Journal, 24(1): 42-61.
  5. Kidd, Parris, M.; 1996, "Phosphatidylserine Offers Nutritional Support For Brain Function," Vitamin Retailer, January issue.
  6. Knapp, H.R.; 1996, "The Effects of Dietary Phospholipids Enriched with Phosphatidylethanolamine on Bile and Red Cell Membrane Lipids in Humans," Lipids, 31(3): 295-303.
  7. Lock, Trevor J.; MSc(Tech), 1999, General Manager, Symbiotics (NZ) Ltd, personal communication
  8. Malmsten, M.; Bergenstahl, B.; Nyberg, L.; Odham, G.; 1994, "Sphingomyelin from Milk-Characterization of Liquid Crystalline, Liposome and Emulsion Properties," JAOCS, 71(9): 1021-1026.
  9. Villardita, C.; Grioli, S.; Salmeri, G.; Nicoletti, F.; Pennisi, G.; 1987, "Multicentre Clinical Trial of Brain Phosphatidylserine in Elderly Patients with Intellectual Deterioration," Clinical Trials Journal, 24(1), 84-93.