Што е SweetLeaf Sweetener®?

SweetLeaf® е името на брендот за првиот и единствен засладувач со одличен вкус, направен од најквалитетна стевиа, потполно природен и со нула калории. За прв пат беше воведен во Америка во 1996 година како додаток во исхраната. Потоа, откога беа направени некои од најстрогите научни истражувања за неговата безбедност и неговата уникатна, ултра чиста формула, SweetLeaf Sweetener® стана првиот производ направен од стевиа кој доби GRAS статус (Општо Прифатен како Безбеден). Овој производ кој не содржи хемикалии, сè уште останува единствениот производ од стевиа со нула калории, нула јаглехидрати и нула гликемиски индекс.

 

Што е тоа што го прави SweetLeaf Sweetener® засладувачот подобар од другите засладувачи достапни на пазарот денес?

Засладувачот SweetLeaf Sweetener® се произведува со земање само на најквалитетните, најблагите делови од растението стевиа, кои потоа се обработуваат со технолошки процес во кој екстракцијата на стевозоидите се прави само со користење на пречистена обична ладна вода. Другите компании користат хемикалии, алкохол или дури и ензими кои всушност го менуваат составот на природните супстанци. SweetLeaf Sweetener® засладувачот има одличен и свеж, чист благ вкус кој не остава горчлив вкус по користењето, како што е случајот со другите брендови. Најпосле, креаторите на SweetLeaf Sweetener® работеле на растението стевиа цели 25 години, па така имаат децении искуство и бренд на кој можете да му верувате.

 

Кои се придобивките од SweetLeaf Sweetener® засладувачот?

SweetLeaf Sweetener® засладувачот има пријатен благ вкус и е единствениот засладувач во светот кој е 100% природен, со нула калории, нула јаглехидрати и нула гликемиски индекс.


Што е стевиа?

Stevia Rebaudiana е билка од фамилијата Compositae која расте како мала грмушка во некои делови од Прагвај и Бразил. Гликозидите во нејзините листови ја прават неверојатно блага, својство кое ја прави уникатна помеѓу скоро 300 видови растенија стевиа. Стевиата се употребувала за засладување на пијалоци и лекови уште од времето пред откривањето на Америка. Научникот Антонио Бертони прв ја евидентирал употребата од страна на домородните племиња во 1887 година.

 

Која е позицијата на FDA (Администрацијата за Храна и Лекови) во врска со SweetLeaf Stevia®?

Во Август 2009, SweetLeaf™ прими писмо од Администрацијата за Храна и Лекови на САД во врска со пронајдоците на тим научници од FDA, кои дошле до заклучок дека гликозидите од целиот лист на стевиа како и ребаудиозидите А и стевиозидите, кои се користени за да се добие екстрактот на компанијата SweetLeaf Sweetener®, се прогласени за безбедни и се здобија со GRAS статус (Општо Прифатени како Безбедни).

 

Каде се одгледува стевиа?

Денес, стевиата првенствено се одгледува во Кина, но листовите на SweetLeaf Sweetener® доаѓаат исклучиво од Јужна Америка. Постојат и други одгледувачи насекаде по Пацифичкиот регион. Стевиата, исто така се одгледува во Канада, Израел, Африка, Јапонија и Кина.

 

Дали постојат разлики помеѓу брендовите на стевиа?

Апсолутно. Засладувачот SweetLeaf Sweetener® ги користи единствено најквалитетните растенија стевиа со високи концентрации на највкусните благи соединенија. Листовите на овие растенија потоа се сушат и гликозидите се екстрахираат во технолошки процес во кој се користи само прочистена ладна вода и ништо повеќе. Резултатот е свеж, чист благ вкус без горчливост кој го има во производите од другите брендови. Креаторите на засладувачот SweetLeaf Sweetener® имаат работено со стевиа подолго од било кој друг во Америка, па затоа вистински ја разбираат билката и нејзините засладувачки својства.

 

Како се користи Стевиа во прехранбените производи?

Стевиата главно се користи во пијалоци, но се проширува нејзината употреба и во други прехранбени производи. Прво, се користи како замена за шеќерот и вештачките засладувачи. Второ, се користи во различни прехранбени производи, како што се гуми за џвакање без шеќер, овошни јогурти, па дури и диетални сокови. Исто така, се користи и со кисели краставички, сушена морска храна, рибни и месни продукти, зеленчук, зачини, замрзната храна, слатки, пијалоци од сите видови и цела низа други производи.

 

Дали е безбедна стевиата?

Да. Научните истражувања насекаде од светот исцрпно беа прегледани кога креаторите на засладувачот SweetLeaf Sweetener® го претставиле својот случај за GRAS статус (ригорозна ознака на FDA за безбедност на храната). Една независна група на надворешни научници заклучиле дека засладувачот SweetLeaf Sweetener® ги исполнува стандардите на FDA за безбедност. За да се осигура безбедноста на производот, креаторите на засладувачот SweetLeaf Sweetener® се консултирале со друга група на независни експерти. Овие научници исто така потврдија дека SweetLeaf Sweetener® засладувачот ги исполнува стандардите на FDA за безбедност. Сеопфатниот преглед вклучил студии за токсичност, рак, здравјето на репродуктивните органи, долгорочна употреба, употреба на голема количина, ефектите на нивото на шеќер во крвта и многу повеќе од тоа. Понатаму, по повеќе од 30 години употреба во Јапонија и други земји, како и повеќе од една деценија употреба во Америка како додаток во исхраната, нема никакви забележани случаеви на несакани ефекти. Неодамнешните научни испитувања од страна на Светската Здравствена Организација (2003 и 2007) ги потврдија овие анализи и резултати.

 

Колку е блага Стевиата?

Квалитетните листови на стевиа се и до 30 пати поблаги од шеќерот. Прочистените екстракти од стевиа (наречени гликозиди) можат да бидат 250-300 пати поблаги од шеќерот.

 

Дали може Стевиа да ги замени вештачките засладувачи за време на диета?

Да! Во изминативе 30 години многу други земји ја одобрија употребата на Стевиа како природен и безбеден засладувач и нивниот народ ја вметна стевиата во нивната исхрана. Засладувачите направени од стевиа имаат скоро 40% пазарен удел во некои од овие земји. Како што се подига свеста за здравјето кај луѓето, така и стевиата зема сè поголем удел во употребата како засладувач.

 

Колку калории има во засладувачот SweetLeaf Sweetener®?

Нула калории. А во исто време е и едниствениот засладувач направен од стевиа кој не содржи хемикалии, не содржи јаглехидрати и истовремено е со нула гликемиски индекс. Тоа го прави бренд број еден и тоа помеѓу сите засладувачи кои се користат во светот.

 

Дали стевиата ќе го подигне нивото на шеќер во крвта?

Ни најмалку. Идеална е за дијабетичари, за оние кои внимаат на телесната тежина и за сите останати кои внимаваат на своето здравје!

 

Дали Стевиата е безбедна за дијабетичари?

Да, апсолутно! Засладувачот SweetLeaf Sweetener® може да биде дел од здравата исхрана на секој, независно дали е во одлична здравствена состојба или има проблеми со шеќерот во крвта затоа што има нула гликемиски индекс и воопшто не го подига нивото на шеќер во крвта. Ако се сомневате, прашајте го вашиот доктор.

 

Дали може Стевиата да се користи за готвење и печење?

Апсолутно! Истражувањата покажаа дека екстрактот од стевиа е екстремно стабилен на топлина во секојдневното готвење или во разновидни рецепти со печење. Побарајте го SweetLeaf Sweetener® засладувачот за подготвување на вашите омилени рецепти!

 

Како се добива екстрактот од Стевиа?

Екстракт од стевиа може да се добие со различни методи, од кои некои се патентирани. Повеќето компании користат алкохоли или други хемиски средства за да се постигне екстракт со благ вкус, како и за да се добие поголем процент на екстракт од листовите на стевиата. Но за жал резултатот е горчлив вкус и други недостатоци. Креаторите на SweetLeaf Sweetener® засладувачот користат само прочистена ладна вода за да ги естрахираат благите делови од растението кои се со прекрасен вкус. Чисто, од почетокот па сè до вашата маса.


Каде може да се купи SweetLeaf Sweetener® засладувачот?

SweetLeaf Sweetener® засладувачот е достапен во многу продажни места, а исто така заради сè поголемата побарувачка, сè повеќе продавници и аптеки го набавуваат. Побарајте го во аптеките на Zegin, дрогериите Cosmo, маркетите на Tinex како и други поснабдени аптеки и продавници за здрава храна.