16-ти век: Шпанските освојувачи во Парагвај дознале за стевиата од Гуарани Индијанците кои ги користеле нејзините листови за засладување на чај и лекови.
stevia_plant 1887: Природно благото растение стевиа, официјално е опишано од страна на Антонио Бертони.
Првите години на 20-от век: Др. Оридо Ребауди ја прави првата комплетна студија за стевиа листовите, а со тоа и плантажите со стевиа се шират и во соседните земји.
glycolaldehyde 1931: Француските хемичари Бридел и Лавиел спроведуваат истражување со екстракција на листовите од стевиа и го откриваат кристалното соединение кое го нарекле „стевиозид“. Оваа супстанца се покажала дека е 250 до 300 пати поблага од шеќерот.
1941: За време на Втората светска војна, Англија ја испитувала стевиата кога снабдувањето со шеќерна трска од Карибите било прекинато.
soda_can 1970: Јапонија ја одобрува стевиата како засладувач и како производ за подобрување на вкусот на храната.
1982: Џим Меј за прв пат дознава за стевиата во Парагвај, и ја инвестира својата животна заштеда за да ја донесе стевиата во САД.
jimmay 1983: Меј ја менува насоката на својата кариера, нарачува повеќе листови стевиа и започнува со продавање на билни чаеви засладени со стевиа од својата гаража.
1994: Конгресот го одобрува Актот за Додатоци во исхраната, Здравје и Едукација (DSHEA).
fdalogo 1995: Администрацијата за Храна и Лекови ги одобрува стевиа и стевиозидите за употреба како додатоци во исхраната.
1996: Брендот SweetLeaf® е претставен насекаде во САД. Toa e потполно природен производ со нула-јаглехидрати, нула-калории и нула-гликемиски индекс. Тој е прв и единствен стевиа бренд кој содржи инулин - корисни растворливи растителни влакна, наместо високо гликемиски полначи малтодекстрин или декстроза кои се користат во другите брендови.
miracle_of_stevia_cover 2003: Меј ја издава Чудото од Стевиа. Книгата ги информира читателите за исцелителните придобивки од стевиата, нејзината благост споредена со шеќерот и нејзината безбедност споредена со аспартамот.
2005: SweetLeaf® го задржува првото место како водечки бренд за стевиа во земјата, а со тоа и во светот.
swl_logo Март 2008: SweetLeaf Stevia® Sweetener добива GRAS статус (Општо прифатена како Безбедна) од страна на две независни групи составени од професионални научници - кои претходно биле вработени во FDA (Администрацијата за Храна и Лекови во САД).
Мај 2008: SweetLeaf Stevia® Sweetener официјално е пласиран во САД.
Август 2009: Wisdom Natural Brands™ примаат писмо од FDA со кое и официјално ја поддржале безбедноста за консумирање SweetLeaf Stevia® Sweetener.