- Што се сино-зелени алги?
- Др. Габриел Коузинс, за АФА алгите
- Извештај за децата и АФА алгите
- Превенција од рак и вирусни инфекции
Сино-зелените алги се едни од нутритивно најбогатите видови на природна храна на планетава. Обезбедуваат широк спектар на витамини и минерали, плус содржат протеини, ензими, хлорофил, како и есенцијални масни киселини неопходни за добро здравје. Алгите содржат 60% комплетни протеини, содржејќи ги сите 10 есенцијални амино киселини од вкупно 20, кои се во сооднос многу сличен со тој во човековото тело. Содржат амино киселини со мала молекуларна маса, кои можат да ја поминат мозочната бариера на крвта и оттука доаѓа и прекарот „храна за мозокот“. Претставуваат еден од најбогатите извори на хлорофил и се одлични прочистувачи на крвта. Минералите се неопходни ко-фактори потребни за потполно да се искористат витамините, ензимите и протеините. Имаат висок процент на бета-каротен (про витамин А) кој е значаен антиоксидант, исто така содржат и витамин Б 12 така што претставуваат одлична храна, како за вегетаријанци, така и за не-вегетаријанци. Алгите се потполно сварливи и лесно се апсорбираат во организмот, а најважно од сè е тоа што тие се потполно ПРИРОДНИ, минералите кои ги содржат се во високо апсорблива органска форма, а не се синтетички и не се произведени по вештачки пат.
Нашите сино-зелени алги се диви алги кои се собираат од неверојатно чистата и недопрена природна средина од Горното Кламатско Езеро во државата Орегон на 4200 метри надморска височина. Се сушат на ниска температура (но не се замрзнуваат) за да се зачуваат значајните нутриенти кои се осетливи на топлина. Растат со потполен потенцијал поради изобилството на минерали, нутриенти и совршените услови обезбедени од природата. Не траба да бидете лекар или да знаете многу за правилната исхрана за да ја препознаете вредноста на оваа храна.
Зошто треба да конзумираме алги?
Затоа што ни ги обезбедуваат неопходните нутриенти кои не ги добиваме со храната која ја јадеме. Најголемиот дел од храната која ја јадеме расте во почва сиромашна со нутриенти, што претставува сериозен проблем кој го загрозува денешното здравје. Кога не ги примаме потребните нутриенти со нашата исхрана, телото и умот не функционираат правилно. Кога еднаш ќе ги примиме правилните обновувачки хранливи материи кои ги има во алгите, потоа телото го прави останатото. Помагаат во воспоставувањето на ХАРМОНИЈА и РАМНОТЕЖА во организмот.
Лични придобивки
Уникатниот баланс од есенцијални нутриенти кои се содржат со сино-зелените алги им обезбедуваат на многу луѓе разновидни лични здравствени придобивки. Секоја личност реагира различно на алгите така што од нивното консумирање има толку придобивки колку што има луѓе кои досега ги пробале. Генерално, некои луѓе покажуваат општо чувство на благосостојба, зголемување на енергијата, помалку настинки и грип, помалку посети кај доктор, помала пауза на работа, подобро расположение, се разбира наброивме само неколку. Исто така, можете да прочитате во делот за истражувања за некои придобивки спомнати во студиите. Најдобар начин за да дознаете како алгите ќе ви користат, е да ги пробате. Овие лични придобивки се искуства од многу луѓе кои ги земале алгите и се само за информативни цели.
Др. Габриел Коузинс (доктор по медицина) за АФА алгите:
Многу нешта се дознаа за вистинската вредност на оваа неверојатна храна откога стана достапна како извор на хранливи материи пред 20 години. Секојдневно се откриваат сè повеќе придобивки, онака како што алгите се претставуваат во медицинските и научните кругови. Др. Габриел Коузинс, во неговата статија во Тело, Ум, Душа во април 1995 година рече: „Најголемата вредноста на АФА алгите не е само нивната нутритивна концентрираност или дури високата количина на невропептидни претходници, туку во нивниот неверојатен позитивен ефект на нервниот систем. ...Луѓето кои земаат АФА алги постојано покажуваат: севкупно зголемување на менталната будност, зголемување на менталната кондиција, подобрување на краткотрајната и долготрајната меморија, подобрена креативност за решавање на проблеми, сеќавање на соновите, поголемо чувство на благосостојба. Тој исто така изјавува дека алгите помогнале кај неговите пациенти со болести како: депресија, дијабетес, аутизам, хипогликемија, синдром на хроничен умор, анемија, чиреви, хепатитис, алцхајмерова болест, карциноми, улцерозен колитис и многу други заболувања. Луѓето со автоимуни системски нарушувања (како што се лупус, синдром на хроничен умор, заболување на сврзивните ткива, СИДА итн.) можат да почувстуваат значително подобрување на нивните животи. Постарите луѓе можат да си ја повратат менталната будност како резултат од консумирањето АФА алги (Aphanizomenon Flos Aquae). Кога се нанесуваат на рани, алгите покажаа дека го поттикнуваат брзото исцелување и зараснување на раните.
Сино-зелените алги се конзумираат за здравствени придобивки од милиони луѓе со илјадници години. Во Африка, Мексико, Кина, Јапонија и Европа, исцелителните моќи на алгите се познати долго време. Неодамна, во Соединетите Држави, еден вид на сино-зелени алги го привлече вниманието на научниците: Aphanizomenon Flos Aquae (АФА), слатководен вид на алги кои се особено богати со нутриенти. Овие алги содржат невообичаено голем дел на висококвалитетни протеини (приближно 55-65%), со сите осум есенцијални амино киселини присутни во идеален баланс. Исто така, содржат моќни антиоксиданти, изобилство од олигоминерали, витамини (посебно Б витамини), ретки и есенцијални масни киселини, уникатни форми на сулфолипиди и разноликост од фитохемикалии како фикоцијанин, фикоеритрин и хлорофил.
Клинички студии
Првиот научен извештај за АФА алгите беше објавен од страна на Габриел Коузенс, доктор по медицина (1985), во Дневникот за Ортомедицина за терапија на Алцхајмерова болест1. Неколку случаеви беа презентирани каде што се покажало дека АФА алгите забележително го спречуваат напредувањето на оваа дегенеративна состојба. Според тоа, Др. Коузенс продолжил да се залага за користењето на АФА посебно за состојбите поврзани со менталното и емоционалното функционирање. По оваа студија, илијадници сениори известиле за успешноста од секојдневното користење на АФА алгите.
Следуваат резултатите од три студии за деца и употребата на АФА алгите:
Никарагва- Универзитет на Централна Америка
Севила и Агир (1995)2, во нивното докторатско истражување проучувале 1,567 деца на училишна возраст на кои секој ден им било давано по 1 грам (4 капсули) на АФА алги во време од 6 месеци.
- Од страна на учителите, било забележано зголемување на учеството во училницата за 56%.
- Извештаите од присуство во училницата покажале зголемување за 21%.
- Севкупно, физичко подобрување на косата, кожата и општото здравје.
- Училишните рангирања на стандардизираните академски тестови од најниските се искачиле на највисоките позиции во нацијата.
Клучен пронајдок: Било забележано драстично подобрување на детските академски резултати за 81%.
Клаудија Џарат и нејзиниот тим (1997)3 спровеле значајно истражување на 142 деца кои конзумирале помеѓу 1 и 5 гр на АФА алги секој ден во време од 10 недели.
- Подобрени социјални вештини со врсниците.
- Намалена вознемиреност и депресија.
- Без полемично, контролирачко и напорно однесување.
- Зголемена способност за следење упатства и фокусирање на задачите.
Клучен пронајдок: Родителите и учителите забележале значително подобрување во проблематичното однесување кај 10 од 11 категории според Акенбаховата скала.
Сиера Виста, Аризона – Stillwel l- Центар за учење
Џефри Бруно, доктор на наука, Џои-Џо Гителман и Бери Тачфелд, доктор на наука (1998)4 спровеле студија со 31 дете во специјална програма за читање кои конзумирале или 1.5 гр, 3 гр или воопшто не конзумирале во време од 3 месеци.
- Значителни подобрувања во однесувањето според Конерс-родителска и учителска скала (Conners Parent and Teacher Rating Scales).
- Подобрување за 40% на просечниот детски резултат за меморија
- Подобрување за 20% на просечниот детски резултат за концентрација
- Драстично зголемување на присуство кај туторските часови.
- Општо намалување на физички симптоми и поплаки.
Клучен пронајдок: Групите кои консумирале АФА алги покажале значително намалување на токсичните ниво на алуминум. Токсичните нивоа на алуминум се поврзани со проблеми во учењето
Референца:
1 - Cousens, G. Report of Treatment of Alzheimer's Disease with Aphanizomenon flos-aquae, Orthomedicine, (Winter/Spring), Vol. 8, No. 1-2, 1985 (Editor's note: AFA was the algae used in this study.)
2 - Sevulla I., and Aguiree, N. Study On The Effects Of Super Blue Green® Algae, Universidad Centro Americana, Nicaragua, 1995
3 - Jarratt, C., et al, The Children and Algae Report, The Center for Family Wellness, Harvard, MA, 1997
4 - Bruno, J., Gittelman, J., and Tucheld, B. Improved Cognition, Behavior and Health in Children Eating Blue Green Algae. Submitted for publication, 1998
Извештај за децата и АФА алгите
Објавено од Центарот за семејна благосостојба
„Извештај за децата и АФА алгите“ е елаборат од информациите на Центарот за семејна благосостојба собрани за време на нивната истражувачка студија на 140 деца. Оваа студија беше спроведена за да ги испита ефектите од консумирањето на супер сино-зелени алги кај деца кои имаат проблеми со учењето, однесувањето и социјалната вклопеност.
Истражувачкиот тим се прашувал дали додавањето на алги во детската исхрана ќе помогне во ублажувањето на овие предизвици. Статистичката анализа на податоците собрани за време на студијата покажа дека јадењето на алги има забележителен позитивен резултат кај овие области за поголемиот дел од испитаниците во оваа студија.
Овој извештај, исто така, спомнува друга студија во која биле вклучени 1,482 студенти од Никарагва, земја каде неухранетоста влијае на околи две третини од популацијата. Додавањето на супер сино-зелени алги во детската исхрана биле забележани и одредени позитивни резултати во подобрување на детското учество на часот, училишните оцени и општото здравје.
Во оваа студија – Децата и Алгите, родителите забележале значајни промени во однесувањето кај своите деца, вклучувајќи:
- Значително подобрување во способноста да се фокусираат, да следат упатства и да се концентрираат
- Намалување на полемичното, контролирачкото и борбено однесување
- Помалку симптоми на вознемиреност и депресија
- Подобрување на социјалните вештини
- Помалку знаци на емотивно повлекување
- Намалено проблематично однесување
- Намалено однесување кое е окарактеризирано како „чудно“
- Помалку физички симптоми, како главоболки и стомачни болки, за кои нема јасни медицински причини
- Зголемена енергија, виталност и издржливост
- Поголема способност за справување со стресот
- Зајакнување на имунолошкиот систем, резултирајќи со помалку храна и побрзо закрепнување од болести
- Ослободување од непријатните симптоми на хипогликемија, умор, промени во расположението, алергии итн.
- Подобрена дигестија и ослободување од констипација
- Подобрена ментална будност и јасност
- Подобрена меморија
- Ослободување од вознемиреност и депресија
- Посилно чувство за позитивен поглед на животот
Како што напредувала студијата, многу деца имале подобрувања во изучување на јазик и во вештините за читање. Родителите и учителите, исто така, започнале да известуваат дека децата имале подобри социјални и интерактивни вештини, а биле и посамостојни.
Со овој извештај, исто така, се вклучени:
- Практични упатства за како да ги храните децата со АФА алги и соодветната количина
- Омилените рецепти со алги на неколку родители
- Одговори на многу прашања и грижи во врска со детското здравје и АФА алгите
- Многу корисни контакти и понатамошни препораки
Напишано од Џон Тејлор, доктор по наука, лиценциран психолог
и врвен стручњак за нарушување со недостиг на внимание и хиперактивно однесување.
Др. Тејлор е пионер за хемиските аспекти на мозокот за нарушувањето со недостиг на внимание. Татко на три деца со овие нарушувања (недостиг на внимание и хиперактивно однесување) тој е автор на првата книга на оваа тема обезбедувајќи опсежни детали за проблемите во семејните врски, „Хиперактивното дете и Семејството“. Тој е автор на единаесет книги, преку 60 статии во весници и професионални билтени и на преку 250 креативни едукативни ресурси.
Извештајот за врската меѓу алгите и нарушувањето со недостиг на внимание и хиперактивно однесување го нагласува честиот недостаток на нутритивни фактори поврзани со ова нарушување и опишува како АФА (сино-зелените алги) ги обезбедуваат овие критични компоненти. Исто така, се спомнати потенцијално невротоксичните супстанци кои треба да се избегнуваат кај децата со посебни потреби. Над триесет и шест научни препораки се наведени во овој извонреден извештај.
Превенција на рак и вирусни инфекции
Ова писмо можеби е најважното кое било кога сте го примиле, па затоа одвојте време за да го прочитате целото. Ќе ви биде мило што сте го направиле тоа. Неодамна, во првата фаза на опсежниот истражувачки проект извршен во болницата Ројал Викторија во Монтреал, Канада се добиле забележителни резултати. Целиот проект ги проучува ефектите на Aphanizomenon Flos Aquae (АФА) алгите врз имунолошкиот и ендокриниот систем, како и општата физиологија на крвта. Со извршувањето на овој проект се открило дека консумирањето на АФА алги има силен и уникатен ефект на природните клетки-убијци. Овие резултати неодамна беа објавени под наслов: Ефектите на сино-зелените АФА алги врз човековите природни клетки-убијци. Се јавува во глава 3.1 од IBC Библиотека, том 1911, „Фитоцеутикали: Испитување на здравствените придобивки и фармацевтските својства на природните антиоксиданти и фитохемикалии.“
Пред да ги добиете резултатите од истражувањето ќе ви кажам дека природните клетки-убијци се дел од нашиот имунолошки систем, создадени за да ги бараат и уништат абнормалните клетки, вклучувајќи ги канцерогените клетки и вирусно инфицираните клетки.
Важно е да се знае големината на проблемот за да ја цените големината на решението.
Ракот е втора водечка причина за смрт во САД. На светско ниво, десетици милиони луѓе умираат од рак, секоја година. Во земјите од третиот свет, вирусните инфекции, исто така се значајна причина за смрт. Во Соеднитетите Држави, секој трета личност ќе има рак некогаш во нивниот живот. Ракот е една од најзаканувачките и најзастрашувачките работи во светот денес.
Важно е да се знае како и зошто некоја личност добива рак. Ве молиме на разбирање бидејќи комплетното објаснување може да пополни огромен број на книги. Целта на ова писмо не е да биде сложено, па објаснувањето ќе биде едноставно.
Што претставува ракот?
Ракот е состојба во која клетките се подложени на абнормално келточно делење. Просечното човечко тело има повеќе од 54 трилиони клетки. Милиони од нив умираат секојдневно и мора да се заменат. Просецот на замена се нарекува клеточно делење. Една клетка се дели и се добиваат две. Нормалното клеточно делење резултира со добивање на две нормални клетки. Понекогаш, како последица од разновидни фактори, клетката се дегенерира и започнува да се дели на несистематски начин. Тогаш за таа клетка се вели дека е канцерогена. Малигнитетот или сериозноста на ракот зависи од стапката на раст, погодениот орган или ткиво, состојбата на имунолошкиот систем и многу други фактори.
Од што е предизвикано ненормалното клеточно делење?
На едноставен начин, за супстанците кои го попречуваат нормалното клеточно делење се вели дека се супстанци кои предизвикуваат рак или канцерогени. Секојдневно сме изложени на илјадници хемикалии во нашата храна, вода и воздух кои се канцерогени. Зачестеноста од рак се зголемува поради зголемениот број на индустриски и домашни канцерогени. Продолжената изложеност на сончева светлина, исто така, може да предизвика рак. Ако 99.9999% од клетките се делат нормално, ние сепак имаме приближно 5,000,000 потенцијални малигни клетки кои се произведуваат секој ден. Можете да заклучите дека во било кој момент од времето, вашето тело содржи клетки кои потенцијално предизвикуваат рак. Дали ќе имате рак или не, зависи од бројот на канцерогени на кои сте изложени, вашата способност да ги отстраните и од силата на вашиот имунолошки систем да ги елиминира новоформираните малигни клетки. Пред да ви кажам за имунолошкиот систем и како тој го контролира ракот, сакам да ви кажам за другата закана која природните клетки-убијци ја контролираат - вирусите.
Што е тоа вирус и како тој предизвикува болест?
Вирусот е суб-микроскопски организам кој предизвикува болести, кој се состои од парчиња РНК со протеинска обвивка, имајќи способност да ја напаѓа клетката и да го искористи нејзиниот механизам за да се замени. Некои од најпознатите вирусни болести се:
- Херпес
- Рубеола
- Грип
- Жолта треска
- Беснило
- Детска парализа
- Хепатитис
- Заушки
- Мали сипаници
- Обична настинка
Вирусот патува преку крвта и лимфниот систем додека не пронајде чувствителна клетка-домаќин. Тогаш таа се закачува за клеточната мембрана и формира канал преку кој го испраќа својот генетички материјал за дуплирање. Клетката-домаќин потоа е принудена да произведува дупликат вируси додека не стане толку полна што се распрснува, расфрлајќи илјадници новопроизведени вируси. Тогаш тие бараат свои клетки-домаќни и вирусната инфекција е во полн ек. Вирусите се пренесуваат во контакт со заразени комарци, глувци, миленичиња, пријатели, воздух, вода, храна, лилјаци, птици и инсекти. Без разлика дали имате вирусна инфекција или рак во најголем дел зависи од јачината на вашиот имунолошки систем.
Што претставува имунолошкиот систем?
Тоа е група на ткива или органи чија улога е да ги заштитат нашите тела од супстанците или организмите кои потенцијално можат да предизвикат болест. Целиот имунолошки систем е доста комплексен. Се состои од многу органи и ткива (коскената срж, слезината, лимфните јазли, тимусната жлезда...) кои произведуваат различни видови на клетки кои имаат специфични имунолошки функции, како и хемикалии кои ги модулираат овие различни имунолошки функции. Еден тип од овие клетки се наречени природни клетки-убијци. Тие се подгрупа на Т-клетките. Тие, исто така, се нарекуваат и цитотоксични Т-клетки што значи „токсични за другите клетки“. Една од нивната главна функција во телото е да бараат малигни и клетки инфицирани со вирус за да ги убијат.
Како дејствуваат клетките-убијци?
Клетките-убијци имаат способност да ги препознаваат клетките кои се малигни или се инфицирани од вирус. Стратегијата која ја користат клетките-убијци е драстична – тие директно приоѓаат на малигните и вирусно инфицираните клетки и ослободуваат слободни радикали во нивната непосредна околина. Слободните радикали прават дупка во клетката, и клетката потоа умира. Мртвата клетка подоцна е изедена од друг вид на имунолошки клетки – макрофаги – чистачите на телото. За да го напуштат крвотекот и да стигнат до ткивата каде што бараат абнормални клетки, природните клетки-убијци имаат молекули на нивните површини за да им помогнат да ги детектираат клетките и тие ги користат големите молекули наречени споени молекули кои им овозможуваат да се одделат од крвта и преку капиларниот ѕид да навлезат во ткивата.
Линија на одбрана
Тим на истражувачи во болницата Ројал Викторија, предводени од Др. Гит С. Џенсен, откриле дека:
По два часа од јадењето на 1.5 грама на Aphanizomenon Flos Aquae, во просек 40% од природните клетки-убијци во крвта го напуштаат крвотекот и мигрираат во ткивата. Тие, исто така, откриле дека во некои случаеви природните клетки-убијци кои остануваат во крвотекот имаа 2-3 пати повеќе споени молекули отколку што имале пред јадењето на Aphanizomenon Flos Aquae (АФА). По неколку часа, природните клетки-убијци се вратиле во крвотoкот.
Заклучок
Јадењето на Aphanizomenon Flos Aquae го активира движењето на 40% од циркулирачките природни клетки-убијци од крвта до ткивата каде нивната главна функција е да вршат имунолошки надзор и да ги елиминираат канцерогените и вирусно-инфицираните клетки. Понатамошните истражувања можат да докажат дека јадењето мала количина на АФА секој ден може да помогне во превенцијата од рак и вирусни инфекции. Не е позната ниту една друга супстанца која толку го поттикнува движењето на природните клетки-убијци во телото. Тоа се многу возбудливи вести! Се надеваме дека ќе ги поделите со сите што ги знаете. Не заборавајте да прославите!