Од 2004 Symbiotics® започна со продажба на колострум кој целосно се произведува и произлегува од САД, што беше и главна причина за подобрување на веќе високиот квалитет на нашите производи.

Еве неколку интересни факти кои кажуваат многу за нашиот производ:

Независните клинички тестирања спроведени во Универзитетот Отаго во Нов Зеланд покажаа дека нашиот колострум Symbiotics®, кој е процесиран во САД со неговиот патентиран систем BIO-lipid™ за подобрување на апсорбцијата и биодостапноста на состојките од колострумот, е поефикасен за 100% до 250% во уништувањето и спречувањето на развојот на оргомен број штетни патогени, за разлика од конкурентниот водечки колострум на пазарот во Нов Зеланд.

Независните тестирања исто така покажаа дека нашиот патентиран BIO-lipid™ систем е поефикасен дури и за 8 пати кога е во прашање растворливоста која е неопходна за супериорниот степен на биолошката достапност на колострумот за човечкиот организам.

Колострумот Symbiotics® е произведен исклучиво од крави кои ЕДИНСТВЕНО се хранат со растенија специјално одгледани за производство на колострум, а НЕ со растенија кои се користат за добивање на огромно количество на млеко за време на сезоната за парење.

Колострумот Symbiotics® се добива од млекодајни крави кои храната ја добиваат исклучиво од растенија кои не се третираат со пестицидни, а кравите не се третираат со антибиотици, не се третираат со говедски соматотропин (рБСТ), рекомбиниран говедски хормон за растење (рБГХ), а исто така кај кравите апсолутно нема присуство на БСЕ (болест кај кравите која го напаѓа нервниот систем). Тие никогаш не се хранети по вештачки пат или пак со храна која потекнува од животинско потекло. Природниот пат на исхрана е исклучително важен за да се задржат корисните ензими како и важните нутриенти како што е Коњугираната Лонолна Киселина (ЦЛА) која не би била присутна доколку кравите се хранат со (термички) процесирана храна.

Производите од колострумот Symbiotics® се добиени единствено од раниот колострум кој се добива со првите 1-2 молзења во првите 6 часа од породувањето. Овој колострум е и најбогатиот колострум со највисока концентрација на имуноглобини (Ig) како и со висок степен и концентрација на имунолошки фактори. Концентрацијатана имуноглобулини се тестира со случаен избор на Symbiotics® колострум, при што секогаш се утврдува присуство со минимален гарантиран 25% процент на имуноглобулини. Останатите типови на колоструми (вклучувајќи го и колострумот од Нов Зеланд) содржат колострум кој се добива во првите ЧЕТИРИ денови од породувањето (отелувањето на кравата). После првиот ден, кравата започнува со производство на млеко, и колострумот има значително помала концентрација на имуноглобулини, односно тој процент изнесува од 3% до 14% имуноглобулини, ШТО ВСУШНОСТ ЗНАЧИ 50-75% ПОМАЛА ЕФИКАСНОСТ отколку колострумот на Symbiotics®!

Колострумот Symbiotics® се произведува на патентиран начин, т.е. по пат на низок степен на топлина и притисок и е процесиран единствено со индиректен начин на процесирање со топлина (или ветреење).

Процесот на патентираното производство на колострумот резултира со висок степен на ПРП (полипептиди богати со пролин), кои се неопходни и потребни при балансот на имунитетот. ПРП се и најважниот дел од колострумот, тие всушност го модулираат имунолошкиот систем. Брендот Symbiotics® е ЕДИНСТВЕН кој ви гарантира 3% на ПРП.

Колострумот Symbiotics® се добива единствено преку високо оценети А-млекодајни крави во период од една година, што ја гарантира неговата свежина. Останатите производители на колострум го добиваат својот производ еднаш годишно, вообичаено напролет, што всушност подразбира постар производ пред да се пушти во промет.

 

Факти: Колострумот од Нов Зеланд наспроти Колострумот од САД

Клима:

Колострум од Н.Зеланд: -4 ºC до 38 ºC.

Колострум од САД: 15.5 ºC до 26.6 ºC (употребувајќи контролирани методи на ветреење).

Правилник/Ситем за квалитет на храната:

Колострум од Н.Зеланд: Контролиран од МАФ

Колострум од САД: Одделот за Земјоделие на САД го оцени со оценка А, сертифициран со ГМП стандард, следствено со правилникот 21CFR110.

 

Сертификат:

Колострум од Н.Зеланд: Оддел за Земјоделие и Шумарство

Колострум од САД: Сертифициран од Одделот за Земјоделие на САД како и од Администрацијата на Храна и Фармакологија на САД (US FDA).

 

Отелување на кравите:

Колострум од Н.Зеланд: Најмногу еднаш годишно (јули-септември)

Колострум од САД: Отелувањето е секојдневно, во било кој период од годината.

 

Складирање:

Колострум од Н.Зеланд: Цистерни за замрзнување на млеко.

Колострум од САД: Се процесира свеж.

 

Пастеризација:

Колострум од Н.Зеланд: Брзо пастеризирање (71.7 °С за 15 секунди)

Колострум од САД: Брзо пастеризирање со помош на HTST - висока температура за кратко време (71.7 °С за 15 секунди)

 

Употреба на антибиотици:

Колострум од Н.Зеланд: Рутинска употреба

Колострум од САД: Суровиот колострум во сите производи на Symbiotics® се тестира и гарантирано не е утврдено никакво просуство на антибиотици.

 

Хормони:

Колострум од Н.Зеланд: Праксата покажува дека незаконски се употребуваат во Н.Зеланд

Колострум од САД: Нашите добавувачи на млеко гарантирано не употребуваат хормони за раст rBST (говедски соматотропин).

Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.