Пред неколку десетици години специјалистите започнаа да го осознаваат проблемот на „клеточно гладување“ и неговото погубно влијание врз човековото здравје. „Клеточно гладување“ значи примање на доволно, па дури и преобемно количество храна, која е полна со празни калории, но истата таа храна не ги обезбедува неопходните хранливи состојки кои му се потребни и неопходни на ниво на клетка на секој организам. Се создаде нов клон на медицинската наука за исхраната - наука за клеточната исхрана. Многу лаборатории ја разработија стратегијата на „хранливите состојки“ - протеини, витамини, минерали и ензими, пробиотици и лековити растенија, кои хранејќи ги клетките, ја подобруваат општата здравствена состојба на организмот и спречуваат разни заболувања.
Изреката „човекот е она што го јаде“ доби широка популарност, и тоа не само помеѓу експертите за исхрана, но во пракса, човекот е само она што го апсорбира од внесената храна. Во повеќето случаи станува збор за еден многу мал дел од огромното количество индустриски произведена и преработена „балсамирана“ храна, која секојдневно ја консумираме.
Што се однесува до разнообразните, лабораториски создадени минерали, витамини и други состојки, кои иако се новост, сè почесто се купуваат и консумираат секојдневно. Во сето ова, неопходно е да се знае следното: Повеќето од тие состојки претставуваат синтетички комбинации од изолирани минерали и витамини, кои немаат биолошки идентична структура со истите состојки во квалитетната природна храна. Лабораториските витамини и минерали не се врзани со никаков носач и немаат адекватна стереохемиска ориентација. Затоа, човековите клетки не успеваат да ги распознаат како храна, трошат големо количество енергија за нивно разградување и апсорбирање, а притоа и не ги апсорбираат во целост. Во фармацевтските формули често се појавуваат и антагонистички и синергични ефекти на витамините и минералите, како во процесот на апсорбција, така и при нивната метаболична активност. Комплексните фактори во храната, кои ја помагаат нејзината апсорпција, како на пример хелатните агенти, задолжително недостасуваат во лабораториските форми. Добро познат факт е дека калциумот и железото воопшто не се апсорбираат добро кога се во синтетичка варијанта. Затоа, беше воведена концепцијата на „мега дозите“ - примање на огромни дози витамини и минерали, за да се избегне проблемот со минималната апсорбција. Но поради дозволениот праг на цревната апсорпција, големите дози витамини и минерали се исфрлаат од телото непроменети во приближно истото количество во кое се примени. Но, предозирањето не е само трошење на пари, туку има и неблагопријатно „однесување“ кон консумирањето природна храна бидејќи докажано е дека притоа ја влошува нејзината апсорбција. Потоа се појавија „природни препарати“ кои претставуваат екстракти на витамини и минерали од природни извори. Но тие концентрати често содржат токсични остатоци од хемиските растворувачи, со помош на кои се одвива екстракцијата. Тие препарати се пакуваат во големи кутии и на етикетата на препаратите задолжително е назначено дека таа храна е „природна, без хемиски примеси, конзерванси, засладувачи и сл.“. Затоа е потребно многу да се внимава при изборот на храната и додатоците во исхрана, тие треба да бидат комплетна храна, со целосен нутритивен профил кој ќе ги задоволи нутритивните потреби на нашиот организам.
Во квалитетната храна, навистина добиена од природните извори, витамините и минералите се сврзани во комплекси со протеини, јаглехидрати и липиди. Човечкото тело го распознава целиот тој комплекс како храна за своите клетки, кој притоа лесно го разложува и апсорбира. Како можете да видите, во овој пример се одразува максимата, така што обидите да ја имитираме природата се однапред осудени на неуспех.
Во процесот на своето развивање, современата медицинска наука за клеточната исхрана помина низ различни етапи - од следење на однесувањето меѓу макро и микро-состојките во храната и определување на основните потреби на клетките за квалитетна храна, до осмислување на фините, енергетски, информациони и други аспекти на исхраната, како и раѓање на холистички поглед кон таа особено важна област за човековото здравје. Практичните резултати од систематското користење на квалитетната клеточна храна, повторно го докажаа подзаборавениот факт, дека храната може и треба да ни биде основниот лек. Најсигурниот потенцијал за овозможување на посакуваното ниво на енергија, здравје и благосостојба се суштествените регенеративни механизми кај човекот, кои се потиснати и често наполно блокирани од современиот неквалитетен начин на живот. Не постои лек - панацеја. Панацејата е во секој од нас, во чудото наречено човек, со неговата единствена способност за оздравување, за чие реализирање е неопходно и секојдневно квалитетно клеточно хранење.
И покрај актуелноста и популарноста на темата, сè уште многу луѓе кај нас, вклучувајќи и голем број лекари, не се запознаени подетално со проблемот на „клеточно гладување“ - т.е. недостаток на редица важни состојки за клетката кои не се вклучени во секојдневното мени, и тоа при доволно консумирана храна гледано по калории и количина. Споменатите многубројни и често противречни теории за природната исхрана, како и големиот број на сè понови и „најздрави“ хранливи состојки, сè повеќе нè зашеметуваат и збунуваат. Во моментов на пазарот можат да се набават неколку десетици различни додатоци во исхраната. Секоја фирма тврди дека нејзините производи се најкорисни. Како да се ориентираме во тоа изобилство од понуди и да го избереме најдоброто за себеси?
Предлагам да ви ги предочам подетално основните критериуми, кои ќе послужат за ваша ориентација кон вистинскиот избор.
Од научна гледна точка, храната се класифицира во три основни групи: биогена, биоактивна и биостатична.
Како што беше истакнато во светлината на Универзалниот Закон на Вселената, биогената храна содржи најмногу ефективна енергија, во смисла на широк спектар растителни хормони, ензими, минерали, витамини и био активни материи. Благодарение на таа своја специфична карактеристика, таа е исклучително полезни за здравјето, затоа што ја олеснуваат регенерацијата на сериозно повредените клетки и ткива. Да се потсетиме која храна ја нарекувамебиогена, односно „творец на животот“: тоа се мајчиното млеко, јадливите видови на сино-зелени микроалги, никулците, медот и пчелните продукти. Од нив, единствено микроалгите немаат допир со почвата која е осиромашена од хранливите состојки, а истовремено пребогата со стотици отрови. Синозелените микроалги се целосно оформена концентрирана клеточна храна, еден навистина необичен дар од природата, кој не бара особена умешност на човечката рака за да стигне на нашата трпеза.
Микроалгите, како што се АФА, Спирулина и Хлорела се наоѓаат на самиот почеток од синџирот на исхрана, поради што акумулираната сончева, водна и воздушна енергија во нив е најконцентрирана. Влијанието на оваа храна е комплексно и благотворно на секое ниво на реализација на човекот (физичко, енергетско, емоционално, умствено и духовно).
Колострумот, кој се содржи во мајчиното млеко кое го добиваме веднаш по самото раѓање, претставува биогена храна од највисока класа, неопходна за здрав почеток на животот, од која зависи како и колку здраво ќе се развиваме и живееме во текот на целиот живот.
Би сакала да нагласам дека за одржување на здравјето е неопходно секојдневно присуство на биогената храна во нашето мени.
Биоактивна храна се свежите сурови плодови и зеленчуци. И покрај ниската хранлива состојба на денешните почви и недостатокот на органски-сврзани минерали во неа, оваа храна е во состојба да ја активира размената на материите на клеточно ниво, но поради недоволната содржина на ефективна енергија, не може да помогне за обновување на сериозно повредените клетки.
Првите две групи храни се нарекуваат „живи“, поради енергетскиот потенцијал и богатата содржина на активни ензими, органски минерали, витамини, незаменливи аминокиселини и есенцијални масни киселини, како и други физиолошко-активни, биостимулирачки дејства.
Конзервираната, термички обработена, замрзната и преработена, „балсамирана“ храна, каква што современиот човек најчесто ја консумира, спаѓа во биостатична храна. Како што покажува и самото име, таа го стопира животниот циклус на клетките, па со право секоја таква храна може да се нарече храна-убиец.
Од сето ова што е произнесено следува заклучокот:
- Секојдневно треба да консумираме биогена и биоактивна храна. Според Д-р Габриел Казанс, еден од водечките американски холистични експерти за исхрана, живата храна треба да претставува 60% до 80% од општата дневна количина на храна која ја конзумираме кога сме во состојба на здравје. При хронични и тешки заболувања таа е единствената која може да го оздрави човечкиот организам.
- За одржување на хомеостазата од особено значење е одржувањето на оптимален алкално-кисел баланс, кој силно зависи од видот на консумираната храна. Тој баланс е од критично значење, како за активноста на сите хранопроводни и метаболички ензими, така и за доброто функционирање на имунолошкиот систем. Во врска со тоа, важно е да се забележи дека веќе неколку десетици години се наметнува општа неблагопријатна тенденција за изместување на pH-балансот во човечкиот организам во кисела насока. Како одговор на тоа, науката излезе со предлог секојдневно да консумираме свежа зелена храна, богата со хлорофил и алкални микроелементи (како што се на пример микроалгите), за кои е утврдено дека се најдобрите природни алкализатори.
- Задолжителен елемент на современата исхрана е редовното консумирање на храна богата со квалитетни синергични комбинации од антиоксиданти. Таа треба да се консумира во мали дози, и тоа онолку месеци во годината колку што е нашата возраст, поделена со десет.
Извадок од книгата „Хак-рост! - Да биде вистината!“ од Д-р Марија Папазова,
холистичен лекар, ендокринолог, научник од Бугарија, член на Академијата на науки во Њујорк.
Препорака за читање:
Имам пиено лекарства кои ги даваат стандард на секој асматичар - вентолин и бецотиде...
...Состојбата со здравјето се подобри уште првиот месец кога ги пиев АФА алгите...
...дишењето ми е олеснето, со оглед на тоа што не носам пумпици со мене, не сум се напила антибиотик, т.е од настинка нема ни трага ни глас...
Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.