Сумирање на научните истражувања за АФА
(Aphanizomenon flos-aquae: невидлив жив воден цвет)
Научните истражувата во средината на 90-тите години, спроведени во соработка со различни универзитети и истражувачки центри, овозможија значителен обем податоци кои ја поткрепуваат и објаснуваат користа за здравјето што ја покажуваат милионите консуматори на АФА. Научно-истражувачката работа, извршена врз АФА беше организирана со детална програма, која ги разгледуваше множеството аспекти на делувањето на АФА врз човечкото здравје.
Исцрпен преглед на емпириски разменетата корист од АФА беше направен од екипа истражувачи од Универзитетот во Илиноис. Во таа екипа учествуваа еден правосудски лекар (вешто лице) и микробиолог, еден хирург и тројца доктори од општа пракса (Krylov et al. 2002 Retrospective epidemiological study using medical records to determine which diseases are improved by Aphanizomenon flos-aquae, submitted). Критериумите за вклучување во истражувањето беа:
- присуство на болест чија дијагноза е потврдена од лекар со помош на традиционални средства за дијагностицирање;
- документација во медицинското досие за неуспехот на традиционалното лечење;
- забелешка за почетоткот на примањето на АФА во медицинското досие;
- документирано подобрување на состојбата со помошта на АФА.
Повеќе од 200 случаи одговараа на поставените критериуми и беа вклучени во тоа ретроспективно истражување. Истражувањето заклучи дека АФА е ефикасна при лечењето на различни вирусни инфекции, хроничен замор, нарушување на вниманието, депресии, воспалителни болести и фибромијалгија. Исто така, истражувањето зборува за корисното влијание на АФА врз имуниот и нервниот систем и за тоа дека го спречува процесот на воспалението.
Тој преглед ја втемели серијата проучувања чија цел е изучувањето на дејството на АФА врз човековото здравје. Оттогаш најразличните истражувања покажаа дека АФА ги стимулира мобилизирањето и движењето на имуните клетки, ја стимулира дејноста на макрофагите, ги спречува воспаленијата и болките со помош на блокирање на дејството на циклооксигеназата (COX-2), ја стимулира дејноста на мозокот и го подобрува расположението, ги засилува сопствените механизми на телото за регенерација и е исклучителен извор на масните киселини Омега-3.
Стимулирачкото дејство на АФА врз природните клетки-убијци
Природните клетки-убијци, еден вид лимфоцити, се дел од одбранбениот систем. Тие главно одговараат за пронаоѓањето и уништувањето на инфицираните клетки на рак и вирус во телото. Ги уништуваат клетките кои се сменети или поради вирусна инфекција или поради малигна трансформација. Тоа го постигнуваат кога ги принудуваат засегнатите клетки да претрпат програмирана смрт на ќелијата.
Кога се зборува за природните ќелии-убијци, треба да се имаат предвид два аспекта: нивната способност да убиваат и да мигрираат. И покрај тоа што клетките-убијци нормално присуствуваат во крвта, каде што обично можат да се измерат, ткивата се местото каде што тие го извршуваат имуниот надзор и ги елиминираат инфицираните од рак и вируси клетки. Ете зошто тие треба да се способни да се движат, а кога веќе ги достигнале засегнатите ткива, треба да поседуваат добра способност да убиваат.
Стимулирање на доближувањето
За многу супстанци се знае дека ја подобруваат дејноста на клетките-убијци, нпр. зелениот чај и гинко билобата, но до неодамна не беше позната ниту една природна супстанца што ги стимулира клетките-убијци да преминуваат во ткивата и да ги пронаоѓаат и уништуваат „болните“ клетки.
Непосредното дејство на АФА врз природните клетки-убијци беше набљудувано врз 21 нормални, здрави доброволци со помош на двојно „слепо“ истражување со префрлање. Два часа по примањето АФА предизвикува значително намалување (40%) природни клетки-убијци во крвта. Овие податоци беа интерпретирани како преминување на клетките-убијци од крвта кон ткивата, со кое се засилува имуното патролирање во ткивата (Jensen et al.2000 Consumption of Aphanizomenon flos'aquae has rapid effects on the circulation and function of immune cells in humans. JANA 2(3):50-58). Попрецизната анализа на податоците заклучи дека овој резултат е помалку видлив при првото примање алги. По неколку седмици секојдневен прием алги, доближувањето се зголемува и го достигнува максималниот ефект. Истражувањето покажа дека користа за имуниот систем не се натрупува, туку доаѓа со секојдневната консумација.
Стимулирање на дејството
Дејството на природните клетки-убијци се дефинира како способност да ги убиваат заразените со вирус и со рак клетки. Како правило, природните клетки-убијци го идентификуваат местото на една инфекција или местото каде што растат клетките на ракот на начин што им се приближуваат на хемикалиите произведени од тие клетки. Со нивното приближување, определените хемикалии ослободувани од инфицираните или повредените клетки ги активираат природните клетки-убијци. Во тој момент клетките-убијци се залепуваат за засегнатите клетки и ја иницираат појавата наречена апоптоза, или програмирана смрт на клетката.
За многу материи се знае дека го стимулираат дејството на клетките-убијци, а како најсилни се сметаат полисахаридите што се извлекуваат од оризот и печурките. Во неодамнешното истржување беа споредувани полисахаридната фракција на АФА и извлечените од оризот полисахариди, познати под името арабиноксилан, еден од најсилните присутни активатори на природните клетки-убијци. Полисахаридот од АФА-та се покажа многу посилен од арабиноксиланот.
Истражувањата покажаа дека секојденвното примање АФА може да го стимулира одбранбениот систем и да помогне при превентива од рак и од болестите сврзани со вирусните инфекции. Антиканцерогените особини на АФА веќе се потврдени од нејзината способност да го спречат ракот при тестот на Ames(Lahitova et al. 1994 Antimutagenic properties of freshwater blue-green algae.Folia Microbiol 39(4):301-303).
АФА, еден исклучителен извор на полинезаситени масни киселини, односно Омега-3
При неодамнешно истражување беше заклучено дека АФА е многупати поефективна од маслото на соја и дека ги осигурува полинезаситените масни киселини (ПНМК Kushak et al. 2000 Blue'green alga Aphanizomenon flos-aquae as a source of dietary polyunsaturated fatty acids and a hypocholesterolemic agent. JANA 2(3):59-65) како храна. Накратко, во крвта на глувците ставени на сиромашна ПНМК диета (кокосово масло) дополнета со АФА (која содржи главно алфа-линолинова киселина) беа потврдени повисоки нивоа на алфа-линолинова киселина (а-ЛНК; 18:3ω3), ејкозапентенова киселина (ЕПК;20:5ω3) и декозахексенова киселина (ДХК; 22:6ω3) отколку кај глувците хранети со контролна диета, што содржеше масло од соја, и покрај фактот што количината на ПНМК во експерименталната диета беше само една четвртина од количината во контрлоната диета.
Зголемените нивоа плазма на ЕПК и ДХК се сврзуваат со стабилноста на мембраната на нервната клетка и здравите крвни садови, додека намалените нивоа се сврзуваат со нарушеното внимание, депресијата и болестите на крвните садови.
Внимателното разгледување на липидниот профил на крвта во ова истражување откри во понатамошниот тек дека концентрацијата на воспалителниот липид, арахидоновата киселина (АК) се смалува од АФА во директна зависноста од даваната количина што делумно може да ги објасни противвоспалителните својства на АФА.
При истото истражување беше востановено дека примањето АФА значително ги смалува нивоата на крвниот холестерол и триглицеридите. За другите видови микро-алги исто е докажано дека влијаат врз нивото на холестеролот (de Caire et l. 1955 Effect of Spirulina platensis on glucose, uric acid and cholesterol levels in the blood of rodents. Int'l J of Experimental Botany 57(1):93-96). Oвој резултат може да се објасни со линоленовата киселина содржана во АФА за која е докажано дека го намалува холестеролот (Sugano M, Ide T,Ishida T,Yoshida K(1986) Hypocholesterolemic effects of gamma-linolenic acid as evening primrose oil in rats. Ann Nutr Metab 30(5):289-99; Ramesha et al. 1980 Effect of dietary unsaturated oils on the biosynthesis of cholesterol and on biliary and fecal excretion of cholesterol and bile acids in rats. J Nutr 110(11) 2149-58; Chanet al. 1991 Dietary alpha linolenic acid is as effective as oleic acid and linoleic acid in lowering blood cholesterol in normolipidemic men,Am J Clin Nutr 53(5) 1230-4) иако на прв поглед ефектот се должи на високиот процент хлорофил во АФА (Kushak et al. 2000 Blue-green algaе Aphanizomenon flos-aquae as a source of dietry polyunsatured fatty acid and a hypocholesterolemic agent. JANA 2(3):59-65).
Противвоспалителните својства на фикоцијанинот
Фикоцијанинот е синиот пигмент што се среќава во сите модро-зелени алги. Во живата АФА клетка фикоцијанинот служи за складирање белковини и како антиоксидант што ја заштитува клетката од одредени бранови должини.
За фикоцијанинот беше докажано дека има силни антиоксидантни и противвоспалителни својства. При различни модели воспаленија кај животните беше заклучено дека фикоцијанинот ги намалува или спречува воспаленијата (Romay et al. 1998 Antioxidant and anti-inflammatory propertie of C-phylocyanin from blue-green algae.Inflamm Res 47(1):36-41;Romay et al. 1998 Further studies on anti-inflammatory activity of phycocyanin in some animal models of inflammation. Inflam Res 47(8) 334-8).
Беше докажано дека фикоцијанинот спречува одредени видови колитис. Механизмот на дејствувањето беше идентифициран како способност да се блокира производството на воспалителнниот ејкозаноид лефкотриен Б4. На крајот беше заклучено дека фикоцијанинот е еден од најсилните природни инхибитори на СОХ-2(циклооксигеназа).
Ејкозаноидната патека
Ејкозаноидите се група окислородени масни киселини што содржат 20 ејкози јагленородни атоми, произведувани од телото за да одржуваат ред телесни функции. Тие се широко распространети супстанци, сметани за локални хормони, зашто нивната дејност е ограничена до местото каде се одделени. Со кус живот, синтетизирани при неопходност, тие не се складираат во ткивата. Нивната улога за хомеостазата (рамнотежата) е таква што нивните два основни прокурсори Омега-6, линолеиновата киселина (ЛК; 18:2ω6) и Омега-3, линолиновата киселина (ЛНК; 18:2ω3) се нарекуваат есенцијални масни или незаменливи масни киселини и дури се сметаа за витамини пред неколку децении( Витамин F).
Дејствувањето на конкретни ензими води до трансформација и на ЛК и на ЛНК во семствата ејкозаноиди што имаат најразлични улоги во поддржувањето на имуните и клеточните функции. Најопшто кажано, метаболитите на ЛК (Омега 6) одговараат за поддржувањето на имуните реакции со посредство на предизвикување на воспаление, треска и тромбоцитна агрегација. Од друга страна, метаболитите на линолиновата киселина (Омега 3) одговараат за поддржувањето на имуните реакции со посредство на привлекување на имуни клетки на местото на повредата и потоа за потиснување на воспалението по поминувањето на имуната реакција.
Во текот на последната деценија, исхраната на Американците се разви кон зголемувањето на соодносите Омега-6 и Омега-3 со кои се засилуваат воспалителните процеси во телото. Повисоките соодноси Омега-6 и Омега-3 се врзуваат со болестите на срцевите садови, имуносупресијата, артритис, психички и кожни проблеми. За да се надмине оваа положба, различни здравствени организации направија сериозни напори за поттикнување на консумацијата на масните киселини Омега-3: ленено масло, риба и др. И покрај извесните позитивни ефекти, резултатите се незначителни. Воспалителните болести сè уште се во голем пораст во западните земји.
Истовремено беа направени и други истражувања - да се најдат соединенија кои би ја модулирале или блокирале трансформацијата на масните киселини Омега-6 во воспалителните соединенија. Тие истражувачки напори доведоа до два основни вида соединенија: инхибитори на СОХ-2 и инхибитори на липоксигеназата. И СОХ-2 и липоксигеназата се сметаат за воспалителни ензими и нивното потискување ги намалува воспаленијата. Последните откритија констатираат дека фикоцијанинот, единствениот син пигмент во АФА, ги блокира и двата ензима.
Беше демонстрирано дека во различни случаи фикоцијанинот значително го намалува воспалението кај животните. Тоа противвоспалително својство се должи на способноста на фикоцијанинот да го блокира СОХ-2. Тој пречи и на создавањето на лефкотриен В4-соединението што учествува во патофизиологијата на астмата. Најновите лекови за лечење астма се инхибитори на дејствувањето на лефкотриен В4.
Превод
д-р Кристијан Драпо
Првата храна
Christian Drapeau, MSc.
Primordial Food
Unity International
First Edition: October 2003
Second Edition: January 2005
Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.