Сега ќе зборуваме за типичното пиење на вода од страна на милиони луѓе секој ден и дали пиењето на таквата вода има влијание и придобивки како што тоа е ветено на етикетите. Потоа ќе разјасниме што навистина значи за водата да биде само алкална, како и што значи таа да биде само јонизирана? Каква треба да биде водата која ја пиеме за да таа вода има лековити својства? Имате можност да прочитате еден многу просветлувачки текст и да сфатите што всушност нудат водечки брендови на вода за пиење.
Најпрво да видиме, што точно претставува водата?
Чистата вода по својот состав претставува Н2О (водород и кислород). Таа е најзастапената супстанца во природата, а исто така и во нашето тело. Всушност, 70% од нашето тело е составено од вода... а истото важи и за планетата, така што водата претставува многу битна работа, каде што има вода има и живот, а без неа едноставно НЕМА живот.
Водата што ја пиеме треба да биде ПОВЕЌЕ од „само вода“. Чистата Н2О (дестилирана вода) нема ништо во неа, добро или лошо. Нема минерали, јони, електролити, нечистотии, хемикалии... ништо. Кога станува збор за пиењето вода, таа има толку придобивки колку што има добри работи во неа.
Во својата совршена природна состојба, водата е природно чиста, природно алкална, природно јонизирана и природно оксигенизирана, односно богата со кислород. Исто така, таа е основен носител на хранливи материи, минерали и кислород ДО секоја клетка од вашето тело, а истовремено и носител на отпад и кисели токсини ОД секоја ваша клетка. Тие токсини се создаваат при нормалниот метаболизам на секоја клетка, кои после тоа се исфрлаат од телото преку органите за детоксификација.
Но, живеејќи во денешниов неприроден, загаден свет, лесно може да се види зошто водата не е тоа што би требало да биде. Ние веруваме дека вие всушност можете да ја пиете правилната вода која одговара на вашето тело и како тоа да го постигнете.
Само запомнете како што читате понатаму, продолжете да се прашувате... „Што навистина има во водата која ја пиеме?“
Како да добијам чиста и здрава вода за пиење?
Ајде сега да ја разгледаме денешната вода од нејзината најчиста состојба до најмалку чиста.
Најчистиот вид на вода е дестилираната вода. Зошто? Бидејќи таа едноставно содржи само Н2О (водород и кислород) и ништо друго.
Следниот најдобар вид на вода би била филтрираната вода, но квалитетот на вода кој го добивате по филтрирањето во голема мера зависи од типот на филтерот. Генерално обичните филтри ги намалуваат нечистотиите, но не сите (особено елементите растворливи во вода како што се лекарствата). Затоа треба да се внимава при изборот на филтерот, тој да може да ги филтрира сите тие нечистотии кои се штетни за организмот. А пак популарната реверзна осмоза ги отстранува скоро сите нечистотии, но за жал, исто така таа ги филтрира и благодетните корисни минерали, кои можат да бидат дури и од животно значење за здравјето. Заради ваквите карактеристики на реверзната осмоза, како и заради потребата од резервоарче за чување вода, која постојано ја пиеме како отстоена бајата вода, овој тип на филтри веќе заминува во историјата.
Истото важи и за „флашираната вода“. Некои од нив се филтрирани само со реверзна осмоза, а потоа само се додадени колоидни минерали во неа. Изворските води варираат во чистината од извор до извор. Генерално, ако пиете „флаширана вода“, плаќате само за нејзината чистина. На крај, повеќето видови од флашираната вода се прилично исти... почисти од таа од чешма, но полоши на многу други начини.
И на крај е водата која ја имаме директно од чешма. Таа е вообичаено одвратна и обидете се да не пиете воопшто таква вода.
Па така, накратко можеме да кажеме дека дестилираната вода е најчиста (но не и најкорисна), а филтрираната/флашираната вода би била доволно чиста и корисна во зависнот од избраниот филтер, додека изворската вода ќе биде некаде помеѓу претходните две.
Значи доколку избереме правилен филтер, кој ќе ги отстрани сите нечистотии, загадувачи и седимент кои се содржат во водата во чешма, ќе ги отстрани сите несакани јонски компоненти како што е хлорот, тешките метали и слично, а ќе ги остави сите минерали како што се Ca+, K+, Mg+, Na+ и слично, тогаш сме направиле вистински избор за филтер кој е идеален за секој дом. Ваква вода, со вакви карактеристики се добива со помош на ултра филтерот, кој претставува револуција во филтрирањето на водата од чешма и добивање чиста, безбедна и здрава вода за пиење.
Сега кога ја поминавме чистината на водата, може да минеме на својствата кои таа треба да ги содржи за да биде лековита. Запомнете дека чистината е основната линија од која треба да се започне. Кога водата е алкална и јонизирана... овие две својства и’ даваат вистински благотворни односно лековити својства на водата.
Што е разликата помеѓу алкална и јонизирана вода?
Алкална вода е онаа која има рН ниво повисоко од 7.0. Во природата, водата е природно алкална како резултат на присуството на алкалните минерали како калциум, магнезиум, калиум, па дури и натриум (да... натриумот е алкален, но треба да бидеме внимателни со натриумот затоа што преголема количина може да доведе до јонски дисбаланс во нашето тело).
Алкалните елементи во природно алкалната вода му помагаат на вашето тело да ги неутрализира киселините кои се создаваат како производ од животот. Ве молиме имајте на ум дека киселините не се лоши, тие се само отпаден нуспродукт на метаболизмот. Тие се „лоши“ само кога остануваат ненеутрализирани и се натрупуваат во вашето тело.
Друга огромна придобивка од пиење алкална вода е тоа што кога ја пиете, вашиот желудник лачи киселина или HCL со цел да се доведе рН нивото на вашиот желудник во неутрална состојба. Во исто време создава еден дел HCL, а еден дел бикарбонатен неутрализатор. Тоа е алкален неутрализатор и помага во неутрализирањето на киселините во целото тело, односно ПРИМАРЕН систем за неутрализирање на киселините во вашето тело.
Од друга страна, јонизираната вода е вода која содржи доволно негативни јони за да спроведува електрицитет. Исто така, можете да ја нарекувате јонизирана вода или електролитна вода. Овие негативни јони помагаат да се спроведува енергија и да се преместува од клетка до клетка. На тој начин протокот на енергијата во вашето тело е многу подобро, а вие го ЧУВСТВУВАТЕ тоа.
Алкалната вода не е секогаш јонизирана, а јонизираната вода не е секогаш алкална.
Зборовите алкална и јонизирана се поврзани, но не се исти. Постојат некои водени пијалаци како Gatorade и Vitamin Water кои се јонизирани... тие спроведуваат енергија и ја пренесуваат преку водата, но исто така тие се кисели и содржат обработен шеќер од кој се создаваат киселини кои го закиселуваат организмот. Исто така постојат одредени алкални води кои навистина имаат високо рН ниво од 9.5, но тие не можат да спроведуваат струја поради недостигот од негативни јони.
Да повториме, алкалната вода помага да се алкализира вашето тело и да се неутрализираат киселините (плус го засилува вашиот систем на неутрализирање), а јонизираната вода помага да се енергизирате, односно да се овозможи слободен проток на енергија која веќе е во вашето тело. Вам ви се потребни и двете!
Да резимираме...
Сега која ја анализиравме разликата помеѓу алкалните и јонизираните елементи во водните пијалаци, време е тоа да го соединиме за да видиме што значи тоа за севкупното здравје и благосостојба?
Најпрво да започнеме со прашањето што го енергизира вашето тело и што создава природна, витална енергија во телото? Без двоумење, тоа се здравите крвни клетки!
Здравите крвни клетки се одделени меѓѕ себе со негативниот полнеж кој се наоѓа надвор од нив. Зголемената киселост во организмот го намалува овој негативен полнеж и со тоа овозможува да се создадат нездрави формации на слепени крвни клетки. Овој абнормален процес исто така се случува кога зголемената количина на плазма протеини ја обложуваат нивната површина, предизвикувајќи клетките заедно да се прилепуваат во редици. Резултатот е помалку кислород во вашата крв, помалку енергија во вашето тело, како и летаргично чувство, умор и тромавост. Кога се чувствувате уморно, а не е време за спиење, тоа вообичаено претставува резултат на сето ова што го набројавме...
Имајте на ум дека клучот за витална енергија не е во лименка енергетски пијалок, туку во секојдневното снабдување на вашето тело со здрава алкална јонизирана вода, и тоа во доволни количини според потребите на организмот. За да бидеме сигурни дека оптимално ќе го хидрираме организмот, потребно е да пиеме по 8 чаши вода во текот на денот.
Можеби, исто така сте слушнале дека јонизираната алкална вода може да го прочисти вашиот организам. Тоа е вистина. Го снабдува телото со вода, со што се овозможува детоксификацискиот систем да работи оптимално. Запомнете... човековиот организам по состав 70% е вода. Таа е насекаде, од крвта до лимфата и е присутна во секоја клетка. Кога течностите, ткивата и клетките на вашето тело се правилно алкализирани и јонизирани, процесот на снабдување на клетките со кислород и хранливи материи се одвива оптимално, а исто така и непречено се одвива елиминирањето на токсините од вашето тело, преку нормалното секојдневно празнење на дебелото црево кое се случува сосема природно. Вистинската вода е основа за вашиот лимфен систем, вашиот црн дроб, вашите бубрези и дебело црево да ја вршат својата функција оптимално.
Навистина сум ипресиониран, кој е следниот чекор?
Сега, откако дознавте повеќе за јонизираната алкална вода, време е да започнете да го снабдувате вашето тело со правилна вода. Пиењето чиста, алкална и јонизирана вода ќе придонесе за прекрасно чувство на благосостојба и енергетски баланс во вашето тело.
За да добиете здрава, јонизирана алкална вода за секојдневна употреба, тоа можете да го сторите со вградување на Алкализаторот Chanson VS-70 во вашиот дом. Со тоа секојдневно за Вас и Вашето семејство на располагање ќе имате ваква вода, како за пиење, готвење, правење чај и слично, така и за потребите на вашето домашно милениче.
Ваквата вода е питка, а со тоа ќе ви обезбеди пиење вода дури и кога не сте жедни, со што вашето тело ќе биде хидрирано, алкализирано, енергизирано и детоксицирано, со еден збор, ќе ви обезбеди нормален и здрав животен стил, како и непречена секојдневна реализација на сите ваши работни и други обврски.
Доколку спортувате, имате можност да си носите шише со вода постојано со вас, што ќе ви овозможи да останете хидрирани и покрај напорните вежби, а истовремено и ќе бидете врвен спортист, особено во финишот, кога всушност е најпотребно, бидејќи пиењето јонизирана алкална вода ќе овозможи одлична детоксикација на токсините кои се ослободуваат при силниот напор за време на спортските натпревари. Со тоа вашите перформанси значително ќе ги подобрите и покрај тоа што ништо друго не сте промениле освен секојдневното консумирање алкална вода.
Ако сте љубител на чаеви, значително ќе им го подобрите вкусот ако ги приготвувате со јонизирана алкална вода. Истовремено ќе им ја зголемите антиоксидантната карактеристика бидејќи самата вода делува како силен антиоксидант.
Претпоставувајќи дека вие сте еколошки свесна личност, и сме сигурни дека би сакале да ја зачувате животната средина незагадена. Тоа едноставно можете да го направите со намалена употреба на флаширана вода. Пластичните шишиња претставуваат сериозно загадување на животната средина, а сето тоа можето да го спречите со користењето на филтрирана здрава вода во вашиот дом, а за уште поголеми здравствени придобивки со користењето на јонизирана алкална вода. Исто така се повеќе популарни се и шишињата за повеќекратна употреба, па филтрираната и евентуално јонизирана алкална вода од вашиот дом, би можеле да ја носите насекаде со себе, со што ќе заштедите пари, а истовремено ќе ја заштитите и животната средина.
Живејте поздраво, Живејте посреќно, Живејте подолго...
Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.