Јонизатор за Сребрена Вода ИС-112
Цена:
7.500 ден.
7.125 ден. Заштеда: 5%
|
||
Прашајте нè за овој производ |
|
Јонизаторот на колоидна сребрена вода, понатаму јонизатор или апарат, е наменет за добивање на воден раствор од јони на сребро (Ag+) во домашни услови (познат како Сребрена вода). При поминување на постојана електрична струја низ двете електроди, во водата се издвојуваат јони на сребро. Може да се примети како во водата се спушта сивкаст облак кој го формираат јоните на сребро.
Јонизаторот НЕВОТОН IS-112 е управуван од страна на микропроцесор кој ја овозможува концентрацијата на растворот кој се добива како резултат на јонизацијата. Среброто што се користи во јонизаторот е Ag 999.9 со ултра висок квалитет и чистота, со содржина на сребро не помала од 99,99% кое се добива како резултат на високата руска воена технологија што ја користи производителот НЕВОТОН. Хемискиот состав на ова сребро го исполнува строгиот руски стандард ГОСТ 28595-90 со што сигурноста и безбедноста за користење на овој јонизатор и водениот раствор добиен со него е на највисоко ниво.
Јонизаторот Невотон овозможува подготвување на сребрена вода во два режима:
- DRINKING – воден раствор во кој концентрацијата сребрени јони е минимална и изнесува 0,035 мг/литар (35 микро грами/литар).
- CONCENTRATE – воден раствор во кој концентрацијата на сребрени јони е значителна и изнесува 10 мг/литар.
Доколку ви е потребно да добиете воден раствор со поголема концентрација на сребрени јони, постапката за правење концентрат се повторува 2 или 3 пати во истиот раствор за да се добие концентрат со 20 или 30 мг/литар соодветно. Со оглед на значителната концентрација на сребрени јони, ваквиот воден раствор се користи за надворешна употреба. Тој може да се користи за дезинфекција на работни и санитарни површини, за измивање на детски играчки и садови со цел да се уништат бактериите. Меѓу другото, може да се користи и во аквариуми за елиминација на патогените бактерии, а поволно делува и на благосостојбата на рибите. Исто така се употребува во козметологијата, за миење на лице, тело и коса, може да се користи за испирање на очи, уво, нос и грло, потоа за полевање на цвеќиња и растенија и слично.
Кликнете тука ако сакате да ја видите брошурата за јонизаторот НЕВОТОН.