Lansinoh цуцла во природна форма со бавен проток (2 парчиња)
Цена:
340 ден.
|
||
Прашајте нè за овој производ |
|
Подобар избор за доени бебиња.
Поддржана од над 50 години истражување, силиконската цуцла во природна форма NaturalWave® му овозможува на бебето да се вклучи во природното цицање, познато како перисталтичко движење. Токму затоа нашата за цуцла е клинички докажано дека ја намалува склоноста кон цуцлата кај доените бебиња олеснувајќи му на бебето да се префрли од дојка на шише и повторно на дојка. Достапни се во три вида, со бавен, среден и брз проток.
Карактеристики за производот:
- Клинички е докажано дека ја намалува склоноста кон цуцла кај доените бебиња
- Го поттикнува природниот орален развој
- Овозможува бебето да ги користи движењата научени при доењето
- Системот за вентилација на воздух Air Ventilation System (AVS™) го намалува внесот на воздух, потенцијална причина за колика (грчеви) или повраќање
- Цуцлата во природна форма е 100% силиконска, мека, флксибилна и дизајнирана за оптимален притисок
- Направена врз основа на 50-годишно истражување
Што значи знакот „Без БПА и БПС“ на пакувањето?
Хемикалијата бисфенол-А (БПА) е општо позната по нарушувањето на хормоните. Однесувајќи се како натрпник наместо естрогенот, БПА се поврзува со рак, дијабетес тип 2, депресија, срцеви заболувања и многу други. БПА може посебно да биде опасен за време на бременост, во раното и подоцнежното детство – дотолку што многу влади во светот го забранија БПА во производство на бебешки шишиња (како и на други производи).
Хемикалијата бисфенол-С некои производители ја користат како пластификатор, во многу случаи се користи како замена за бисфенол-А. Бисфенолот-С е, исто така, нарушувач на хормоните, но е дозволен за производство на бебешки шишиња и слични производи.
Бидејќи безбедноста е врвен приоритет за Lansinoh, презедовме содветни мерки за да се осигураме дека нашите шишиња Lansinoh® mOmma® и цуцлите NaturalWave® се без БПА и БПС.
Дополнително, сите наши производи кои можат да дојдат во контакт со мајчиното млеко се без бисфенол-А и бисфенол-С.
Lansinoh® е посветен на обезбедување решенија за доење така што секоја мајка може да дои толку долго колку што ќе избере. Мајките кои користа Lansinoh® производи треба да се чувствуваат сигурни знаејќи дека користат безбедни и ефективни производи за какви било потреби кои можат да ги имат за време на доењето.