Lansinoh чист ланолин (40ml)
Цена:
1.250 ден.
|
||
Прашајте нè за овој производ |
|
Ланолинот на Lansinoh не мора да се отстрани пред доењето затоа што е безбеден и чист за разлика од другите кремови за брадавици. Ние користиме уникатен процес на прочистување за селективно да се исчисти бојата и другите нечистотии кои предизвикуваат непријатен мирис, со што се гарантира отсуството на вода, хемикалии и парфем. Lansinoh е 100% чист хипоалергенски HPA® ланолин и е:
- Без непријатен мирис
- Без вкус
- Без конзерванси
- Без антиоксиданти или други адитиви
Ланолинот на Lansinoh е награден од British Allergy Foundation со Печат за одобрување. Ова значи дека е погоден за луѓе кои страдаат од алергии и научно е докажано дека го намалува изложувањето на алергените.
За друга употреба:
Со обезбедување на полузатворена влажна бариера, ланолинот на Lansinoh го забавува природниот процес на сушење на телото. Ова и овозможува на кожата да ја поврати сопствената природна влажност, однатре.
Ланолинот на Lansinoh, исто така, може да се користи за омекнување:
- испукани усни
- осип од пелени
- сува кожа на лакти, петици и колена
- стрии кои чешаат
- помали исекотини
- изгореници
- првут на кожата
Корисен за целото семејство!