Хималајска кристална сол, ситна, 500 гр.
Цена:
130 ден.
|
||
Прашајте нè за овој производ |
|
Солта е есенцијална за животот – не можете да живеете без неа. Ако сакате вашето тело да функционира правилно треба да користите сол со сите природни елементи.
Хималајската сол е најчиста и најкорисна сол од сите соли кои се на располагање на нашата планета. Чистите кристали од хималајска сол содржат 84 минерали во траги и елементи неопходни за оптимално здравје, а не содржи токсини.
Придобивки од користењето природна хималајска кристална сол:
- Регулирање на содржината на вода во телото.
- Балансирање на вишокот киселост од вашите клетки, посебно од мозочните клетки.
- Помага во генерирањето на хидроелектричната енергија во клетките од вашето тело.
- Апсорпција на парчињата храна во вашиот интестинален тракт.
- Помага во чистењето на слузните наслаги од вашите бели дробови – посебно корисно кај астмата и цистичната фиброза.
- Дејствува како силен антихистамин и помага во чистењето на наслагите во вашите синуси.
- Превенција на грчеви во мускулите.
- Ја прави цврста структурата на вашите коски – остеопорозата може да се појави кога на вашето тело му е потребно повеќе сол која ја зема од вашите коски.
- Регулирање на вашиот сон – таа е природен хипнотик.
- Одржување на вашето либидо.
- Спречување на проширени вени и испукани капилари на вашите нозе и бедра.
- Врамнотежување на неправилно срцебиење – во комбинација со водата, таа всушност е есенцијална за регулација на вашиот крвен притисок.
Широкиот спектар на елементи во хималајската сол формираат соединеие во кое секој молекул е поврзан меѓу себе. Поврзаноста овозможува вибрационата компонента на 84-те минерали во траги и елементите присутни во солта да бидат во хармонија меѓусебе и да го засилат балансирачкиот ефект на солта. Кога станува збор за холистичката моќ на природната сол, никоја друга сол не може да се споредува со хималајската кристална сол зашто:
- Таа е од највисокиот степен на природна сол.
- Под електронски микроскоп, кристалната сол има совршена кристална структура.
- Се вади и мие рачно.
- Кристалната сол е имуна на електромагнетното поле.
- Кристалната сол не содржи околински загадувачи.
- Нема ограничен рок на употреба.