Негативните јони најпрво биле проучувани во Русија во 50-те години на 19. век (1850). Тие се едни од најосновните, најуниверзалните градежни материјали на човековото здравје.
Русите извршиле многу прелиминарни истражувања поврзани со концептот и развојот на јонизираната вода започнувајќи од раниот период на 20-от век. Преку нивното откритие и понатамошните истражувања за негативните јони, тие утврдиле дека негативните јони се корисни за човечкото здравје, а во тој случај позитивните јони се штетни за здравјето на човекот, што и навистина се. Тие исто така постулирале дека ако можат да создадат негативни јони во водата, тогаш таа теоретски може да се здобие со одредени својства кои се доста корисни за здравјето кај човекот. Тие експериментирале со едноставна електролиза каде што една анода и катода се сместени во вода кои во исто време создаваат и позитивни и негативни јони кои се поништуваат меѓусебно. Предизвикот со кој се соочиле бил како да се одделат јоните, за да ја консумираме водата која е богата со негативни јони? Првите јонизатори за вода биле измислени во Русија во почетокот на 20. век. Јонизираната вода е едно од најголемите научни достигнувања на Русија и исклучителен подарок за светот.
Биле спроведени понатамошни експеримети за јонизираната вода во Русија (тогаш Советскиот Сојуз) во 40-те години од 20-век. Во доцните 60-ти години од 20. век, бил спроведен Проектот Челјабинск за да се одреди дали јонизираната вода може да ја отстрани радијацијата од телото, што всушност ефективно го прави. Проектот Челјабинск, воден од Владимир Егов, беше именуван по едно мало гратче под планината Урал каде што и бил спроведен. Многу луѓе од поранешниот Советски Сојуз биле изложени на радијација за време на нуклеарните истражувања и развој за време на Студената војна. Оттука се јавила потреба од методи за отстранување на радијацијата од телото. Три ефективни методи за отстранување на радијација кои биле увидени од Русите се Хлорела Пиреноидоза, Focidan и употреба на Далечни Инфрацрвени Зраци (ДИЗ). Сите овие методи ги отстрануваат тешките метали од телото, при што е утврдено дека тоа отстранување е потпомогнато и олеснето со постојаната употреба на јонизирана алкална вода, бидејќи хидрираното ткиво многу полесно се детоксифицира од дехидрираното ткиво.
Алкалната вода која е богата со негативни јони е многу ефикасна во хидрирањето на клетките од кои се изградени ткивата во човековото тело. Во состојба на интоксикација на организмот, кога всушност се создава основа за појава на разни болести, утврдено е дека секоја клетка најпрво треба да се исчисти од токсините со кои е преоптоварена, односно да се овозможи нормалниот клеточен метаболизам, за да воопшто биде возможно оптималното снабдување на истите со кислород и хранливи материи. Хидратацијата на клетките овозможува оптимално снабдување на истите со кислород и хранливи материи, а истовремено гарантира оптимална детоксификација од токсините кои се создаваат со нормалниот клеточен метаболизам. Оттука произлегува и потребата од секојдневно конзумирање на ваква вода, бидејќи истата придонесува да бидеме и да останеме здрави.
За време на 70-те и 80-те години од 20 век, истражувањето и развојот на јонизираната вода продолжило и во другите земји, првенствено во Јапонија каде што биле претставени првите станбени јонизатори за вода. Тоа бил почетокот на вдомувањето на јонизаторот за вода. Во Јапонија, Кореја и Тајван, ваквите уреди за јонизација на водата се прогласени за домашни медицински помагала.
Chanson е еден од врвните производители на филтри и јонизатори за вода. Тоа е Американска инвестиција во Тајван, која првенствено беше формирана за снабдување на америкаснкиот пазар со филтри и јонизатори за вода, а од неодамна со проширувањето на производствените капацитети, продажбата ја овозможи и за други држави, така што овие производи сега се достапни и кај нас.