1.П. Каков тип се Кламатските Сино-зелени алги?
О. Афанизоменон Флос Аквае (АФА).
2.П. Каде се собираат алгите?
О. Директно од Горното Кламатско Езеро, во државата Орегон, каде што е нивното единствено живеалиште во светот. Таму тие растат како диви алги, без какви било додатоци за поголеми приноси и слично.
3. П. Кога се собираат алгите?
О. Во лето, кога алгите се во полн цвет, генерално од јуни до ноември.
4.П. Како се собираат алгите?
О. Алгите се собираат со товарен брод кој ги црпи алгите од езерото. Потоа алгите продолжуваат во резервоар за собирање каде се врши филтрација и отстранување на водата. Тогаш алгите се ставаат во изолиран ладилник кој ги лади алгите на 1°С. Потоа тие се ставаат во ладилник од не’рѓосувачки челик сè додека не се пренесат во резервоар за храна за да се транспортираат до брегот. Во тој период алгите се подложени на процес на микро-филтрација и прочистување.
5. П. Како се обработуваат алгите?
О. Алгите се сушат на ниска температура, користејќи го процесот BioActive Dehidration. Температурата се одржува под 40°С, зачувувајќи ги виталните ензими и нутриенти во нивната природна состојба.
6. П. Која е препорачаната доза за земање на алги?
О. Препрачаната доза за возрасни е да се почне со земање еден грам (2 капсули/таблети) на ден во првата недела. Се продолжува со два грама (четири капсули/таблети) на ден во втората недела. Не претставува никаков проблем да веднаш почнете со консумирање два грама алги уште од првиот ден. Потоа можете да останете со употреба на два грама дневно, а по потреба можете да ја зголемите дозата до пет грама дневно, со што го поттикнувате производството на матични клетки во сопствената коскена срж. Можете да ја прилагодите дозата врз основа на тоа како вашето тело реагира на алгите.
7. П. Можам ли да земам премногу алги, односно да се предозирам?
О. Алгите се сметаат како природна храна. Благодарение на богатата нутритивна содржина на Кламатските Сино-зелени алги, повремено некој може да искуси поголем стимул или благо гастритично вознемирување. Иако тоа многу ретко се случува, ако тоа се случи, дозата треба да се намали на еден грам дневно, сè додека телото не се навикне на алгите. Откако ќе се навикнете на алгите и нивните ефекти, можете да ја зголемите или намалите дозата.
8. П. Кое е најдобро време за да се земаат алги?
О. Препорачаното време е наутро на празен стомак, дури и пред кафе. Можете да ја поделите дозата и половина да земате наутро, а половина попладне. Не се препорачува да ги земате алгите доцна навечер, освен се разбира, доколку не сакате да останете будни поради некоја причина (студенти, тие што работат ноќе, итн.)
9. П. Може ли да се земаат алги за време на бременост или доење?
О. Кламатските Сино-зелени Алги се сметаат за природна храна. Од тој аспект, можат да ги консумираат трудници и доилки. Кај трудниците овозможуваат природен внес на минерали, витамини, незаситени масни киселини, есенцијални аминокиселини и слично, односно претставуваат комплетен нутритивен профил за потребите на секоја трудница. Кај доилките, АФА алгите придонесуваат да имаат обилно и квалитетно мајчино млеко кое е потребно за доење на бебето. Сепак, ако имате некакви грижи или прашања, ве молиме консултирајте се со вашиот доктор или нутриционист.
10. П. Можам ли да им давам алги на моите деца?
О. Секако, само намалете ја нивната доза на половина од таа за возрасните.
11. П. Дали може алгите да се консумираат заедно со други витамини, лекови или билки?
О. Да, затоа што алгите се сметаат за природна храна, тоа би било како земање на која било друга храна. Тие изобилуваат со хранливи материи, така да земајќи ги алгите, се намалува потребата од земање на останати суплементи како што се витамините, минералите и слично. Едноставни истите ги внесувате преку алгите, и тоа во сосема природна и органска форма.
12. П. Кои се придобивките?
О. Како сосема природна храна, со посебна нутритивна вредност, Кламатските Сино-зелени АФА Алги се доста богати со бета-каротен, витамин Б12, хлорофил, незаситени масни киселини, есенцијални и не-есенцијални амино киселини и сите олиго-минерали кои му се потребни на вашето тело за клеточна регенерација.
Исто така, содржат нутритивен баланс за помагање и зајакнување на имунолошкиот систем и подобрување на мозочните и емоционалните функции. АФА алгите имаат уникатна способност да ги отстранат тешките метали кои се натрупале во телото со текот на времето, со што вршат длабоко прочистување на организмот. Тие исто така претставуваат одличен филтер за прочистување на крвта и со нивно редовно консумирање крвта е оптимално прочистена.
Ефикасно влијаат на растот и развојот на цревната флора како и функционирањето на природната перисталтика на интестиналниот тракт. Со тоа овозможуваат редовно и секојдневно празнење на дебелото црево, па затоа тие се идеални и за лицата кои имаат опстипација за природно да го решат тој проблем. Истовремено ги отстрануваат масните наслаги на текното и на дебелото црево кои се создавале со текот на годините, а со тоа овозможуваат оптимално искористување односно апсорбција на хранливите материи во организмот, како и одлична детоксикација.
И секако, придобивката која е единствена само за овој вид алги, тие овозможуваат да се зголеми производството на матични клетки во сопствената коскена срж, кај сите оние кои земаат 5 грама дневно од АФА алгите во период од 2-3 месеци, а потоа за да се одржи таа продукција е доволно да се продолжи со земање на 2 грама дневно.
АФА алгите овозможуваат ревитализација на организмот, здрав имунолошки систем и одлично психо-физичко здравје кај сите оние кои ги користат во секојдневната исхрана.
13. П. Кои се несаканите ефекти, ако воопшто ги има?
О. Кога се употребуваат во препорачаната количина, не се јавуваат несакани ефекти. Сепак, може да дојде до благо гастритично вознемирување, како последица на фактот што алгите дејствуваат како продукт за детоксификација. Некои луѓе можат да искусат минимална дијареа, блага мачнина или лесни тегоби во стомакот. Иако тоа многу ретко се случува, ако тоа се случи, дозата треба да се намали на еден грам дневно, сè додека телото не се навикне на алгите, односно сè до надминувањето на проблемот. Од друга страна, пак, ако некој почувствува дека ги добива полните придобивки, тој може да ја зголеми дозата до 5 грама дневно, како би постигнал зголемена продукција на сопствени матични клетки од сопствената коскена срж.
14. П. Колку од алгите ќе се апсорбираат во моето тело?
О. Кламатските Сино-зелени алги содржат и до 70% протеини, повеќе од која било друга природна храна, во форма која му е потребна на телото за да ја искористи. Бидејќи не е потребно преобразување, преку 98% од нутриентите можат директно да се апсорбираат од страна на организмот, и тоа во истата форма, сите органски соединенија кои алгите ги содржат.
15. П. Кои се придобивките од ензимите во АФА алгите?
О. Сите ензими кои се содржат во синозелените АФА алги се растителни дигестивни ензими. Овие ензими помагаат во апсорпцијата на нутриентите од алгите и од другата храна која ја внесуваме секојдневно.
16. П. Дали алгите дебелеат?
О. Алгите содржат 50мг масти (од растителни липиди, значи нема животински масти) на грам алги (две капсули/таблети). Тоа дури и го потиснува апетитот. Еден грам АФА алги содржи само 4 калории.
17. П. Дали има холестерол во АФА алгите?
О. АФА алгите не содржат холестерол.
18. П. Каква контрола на квалитет вршите имајќи ги во предвид загадувањето, токсините или сметот?
О. АФА алгите растат како диви алги, во еколошки чиста и недопрена средина, без никакви додатоци во водата (освен природните минерални соли од вулканските активности) па практично е невозможно да бидат загадени од современиот свет. Но и покрај тоа, после секое собирање алгите се контролираат и тестираат за сите вообичаени био-токсини. За секоја пратка, исто така, се проверува присуство на салмонела, ешерихија коли, колиформ, квасец, мувла и микроорганизми. Езерската вода, исто така се тестира секоја година за присуство на фекални бактерии, колиформ, микроцистин и нитрати. За секоја пратка на алги која се користи во нашите производи се издава Сертификат за Чистота.
19. П. Колкав е рокот на траење на производите?
О. Производот има рок на траење од три години.
20. П. Која е разликата помеѓу Кламатските Сино-зелени АФА Алги и спирулината?
О.
1. Спирулината се одгледува во бетонски или пластични базени со содржина на натриум хлорид, и тоа најчесто со вредности 100 пати повисоки од вредностите во Кламатските Сино-зелени Алги.
2. Кламатските Сино-зелени Алги имаат 98% апсорбливост во организмот, а Спирулината има околу 65-70% во зависност од тоа како е обработена.
3. Благодарение на фактот што во Кламатското Езеро има од 9-12 метри наталожен нутритивен седимент од вулканска активност на околните планини, Кламатските Сино-зелени Алги имаат околу 40% повеќе калциум, 100% повеќе хром, пет до десет пати поголема содржина витамин Ц, отколку содржината на истиот во Спирулината.
4. Повеќето производители на спирулина не ја сушат на ниска температура, туку со распрскување. Со овој метод се уништуваат ензимите, се губат компонентите кои се осетливи на топлина и се намалува количината на бета-каротен како последица на високата температура.
5. Кламатските Сино-зелени Алги се „најзелената позната суперхрана“ затоа што содржи хлорофил 300мг/грам, додека спирулината содржи само 115мг/грам. Хлорофилот може да биде ефективен детоксификатор од надворешните токсини.
21. П. Која е разликата помеѓу Кламатските Сино-зелени АФА Алги и хлорелата?
О.
1. Слично како и спирулината, и хлорелата се одгледува во вештачки базени.
2. Хлорелата всушност не е сино-зелена алга, туку зелена алга.
3. Апсорбцијата на хлорелата е 80% наспроти 98% на Кламатските Сино-зелени Алги.
4. Клеточниот ѕид на хлорелата не е дигестибилен со што нутритиентите потешко се апсорбираат.
22. П. Зошто Кламатските Сино-зелени Алги се најдобри?
О.
1. Селективно се собираат од Горното Кламатско Езеро.
2. Тие се диви алги и имаат Органски Сертификат.
3. Хомогено групно се тестираат при собирањето.
4. Се сушат на ниска температура до 40°C, со BioActive Dehidration, и не се замрзнуваат.
5. Тестирани се за квалитетот и составот.