Ве молиме наведете неколку или сите причини зошто се обративте кај нас, односно зошто се одлучивте да ги користите производите од НУТРИ ВИТА?

Прво морам да ви ја пофалам интернет страница. Искрено не познавам друга фирма, барем не во Македонија, која на својата веб страна има толку детални објаснувања за своите производи, од причина па сè до последица, и сето тоа научно потврдено и докажано. При една од посетите на страницата прочитав за АФА Алгите и многу ме заинтересира нивното дејство. Бидејќи досега имам пиено многу, ама стварно многу лекарства (и медицински и не медицински докажани), кога прочитав за АФА алгите си реков ништо не губам ако ги пробам, искрено сакав да видам дали ќе имаат некакво дејство од сите оние придобивки што се напишани на сајтот.

Што се обидовте и кои производи ги пробавте пред да се обратите кај нас и дали дејствуваше?

Имам пиено лекарства кои ги даваат стандард на секој асматичар - вентолин и бецотиде (меѓутоа немав некоја голема потреба и не ги ни користев многу). Пет години наназад секогаш пиев антибиотици (цитерал или сл.) затоа што настинките ми беа многу чести и морав да земам антибиотици и аминофилин (повремено за да ми го олесни дишењето). Исто имам пиено и хормонска терапија (ендометрил, примолут нор - на овие се сеќавам затоа што ми беа многу ефикасни) затоа што имав проблеми со хормоните. Докторот се изјасни дека како последица на тоа што сум била многу болна како мала и стресот што сум го доживеала... дошло и до хормонално пореметување од самиот почеток на менструален циклус (на 12 години) па сè до пред 3 месеци (сега имам 26 год).

Кои производи од нашата палета одбравте да ги користите и зошто?
(Кламатски АФА алги, Алги Power3, Колострум Symbiotics, Стевиа SweetLeaf, Активен органски германиум Ge132, Природна козметика Olivella и Sex&Olive, Ланолин и производи за доилки Lansinoh, Апарат за сребрена вода NEVOTON, Блендер Vitamix?)

Кламатски АФА алги, Алги Power3, Колострум Symbiotics, Стевиа SweetLeaf и Complete Cleanse – каспулите за комплетно прочистување.

Како корисник на овие производи, дали и како се смени состојбата на вашето здравје и дали ги добивте очекуваните резултати?

Состојбата со здравјето се подобри уште првиот месец кога ги пиев АФА алгите. Сега веќе два месеци ги пијам Алги Power3, колострум Symbiotics и резултатите се следни:

  • после 14 години три месеци по ред имам редовен менструален циклус,
  • дишењето ми е олеснето, со оглед на тоа што не носам пумпици со мене,
  • не сум се напила антибиотик, т.е од настинка нема ни трага ни глас,
  • многу, навистина многу енергија,

Дали добивте повеќе од очекуваното? Ако е така, кои други придобивки ги забележавте?

Многу повеќе од очекуваното, навистина сум воодушевена дека излезот ќе го пронајдам со овие едноставни но природни производи.

Колку долго сте корисник на производите од НУТРИ ВИТА?

4 месеци ги пијам алгите. Првиот месец ги пиев АФА алгите, а после тоа за промена пијам Power 3, a Stevia користам повеќе од 6 месеци.

Пред да се обратите овде, дали претходно сте слушнале за нашите производи и дали имавте каков било сомнеж во врска со нив?

Имав слушнато за сребрената вода а ја имам и пиено мислам дека беше тоа пред повеќе од една година. И за Невотон мислам дека имам читано во некој странски каталог колку што се сеќавам, зашто тоа беше пред можеби 2 години.

Искрено ги немам пробано сите производи, а планирам да ги пробам зависно од потребите, па после тоа ќе ви го пренесам и искуството. Од тоа што го видов досега, сега засега не се сомневам во дејството на ниту еден производ.

Ако сте се сомневале, што е тоа што придонесе да го смените мислењето?

Не сум се сомневала.

Дали мислите дека вашиот живот ќе беше поразличен без користење на нашите производи?

Да, меѓутоа во негативна смисла поразличен. Сè уште ќе бев со пумпици, а за хормоналното пореметување да не зборам... за секоја жена менструалниот циклус е многу битна работа.

Што најмногу ви се допаѓа во нашата канцеларија односно советувалиште?

Како што кажав и претходно веб страната ви е темелна и тоа ми се допаѓа затоа што се работи пред сè за производи кои имаат одлични лековити својства, и секој може убаво да си прочита за што се работи. Канцаларијата ви е супер, зелено одговара на природата. Одлично што работите и со други аптеки, како што се Cosmo Tinex и Зегин … па производите се достапни секаде. Друго што многу ми се допага е тоа што сопствениците на Нутри Вита се достапни за контакт во било кое време за совет.

Дали другите членови од вашето семејство ги користат производите од НУТРИ ВИТА? Зошто/зошто не?

Брат ми ги користи Power 3 алгите и стевиата, со интенција и мајка ми да се одлучи да стане корисник на овие производи.

Дали и зошто во иднина би ги препорачале производите од НУТРИ ВИТА на вашите најблиски, пријателите и познаниците на кои сакате да им помогнете?

Задоволен купувач е најдобар маркетинг. На сите им ги препорачувам алгите без разлика дали имаат некаков проблем со здравјето или чисто заради превенција. До пред некое врме во ташна носев несесер со лекови за глава, аналгин, антибиотици, аминофилин ... е сега носам само алги Power 3.

М.С. Банкарски Референт за мали и средни претпријатија - Скопје
27.09.2010

Споделени искуства

Напомена: Имињата и контакт телефоните на лицата чии стории се објавени во рубриката „Искуства“, со нивна согласност, се достапни во Нутри Вита. Доколку сакате да остварите директен контакт со некој од нив Ве молиме контактирајте нè.