Филтер за туширање

bf-white

Производ SPA Филтер за туширање
Модел BF-007P/W (вклучен е не’рѓосувачки приклучок)
Димензии 132×105mm
Тежина 320-350g
Рок на траење на филтерот 25000L (приближно 12 месеци употреба)
Материјали ABS
Материјали за филтрирање Калциум сулфит, енергетски камен

 

shower„Долгото, топло туширање може да биде опасно. Токсичните хемикалии коишто се вдишуваат во високи концентрации за време на туширањето, можат да бидат опасни.“
Др. Џон Анделман, извадок од Bottom Line, 8/87

Негувајте ја вашата кожа и заштитете го вашето здравје со чиста, енергизирана вода.

showerКога се тушираме со хлорирана вода, всушност ја изложуваме нашата кожа на релативно голема количина на разреден раствор со хлор. Испитувањата покажаа дека за време на туширање од 20 минути, во нашето тело преку кожата навлегува хлор во иста количина како да сме испиле 2 литри од истата вода со која сме се туширале. Високите концентрации на нус продуктите од дезинфекцијата со хлор се поврзуваат со рак и други репродуктивни проблеми по долгорочна употреба. Посебно топлиот туш, хлорот (природно во гасовита состојба) ќе испари од водата и пареата од хлор навлегува во нашето тело преку отворените пори на кожата. Хлорот, исто така ја оштетува кожата и маслата на кожата, создавјќи дермален ефект на сушење. Chanson Spa филтерот за туширање лесно го отстранува непријатниот вкус, мирисот, загадувачите и ’рѓата. Слободниот хлор и хлорамините се користат за дезинфекција на водата во градскиот водовод, Chanson филтерот за туширање гарантира 100% нивна неутрализација.

Состав

Состав:

calcium_sulfiteВисоко ефикасните материјали како CaSO3 (калциум сулфит) се одлични за моментално отстранување на хлорот од топлата вода. Има разни видови на калциум сулфит во светот. Ние го избравме CaSO3 - калциум сулфит со најдобар квалитет на пазарот. Високо квалитетниот CaSO3 има силна де-хлорирачка способност и оваа стапка на де-хлорирање е во можност да трае долго време.

Повеќето средства имаат проблем со де-хлорирањето на жешка вода (на пример-активниот јаглен) и отстранувањето на хлорот за неколку секунди. Единствено CaSO3 ја има способноста да го отстрани хлорот и во жешка вода за неколку секунди.

Табела за споредба за ефикасноста на отстранување на хлор за неколку секунди:

chanson-chart1

Митот за активниот јаглен и KDF(формула со бакар-цинк):

CaSO3 е многу поефикасен од активниот јаглен. Волуменот на водата за секојдневна употреба е голем. Ако анализираме количина (100 гр) од активен јаглен, KDF и CaSO3 го имаме следното:

  • активниот јаглен и KDF можат да се користат 2~4 месеци;
  • CaSo3 може да се употребува ~12 месеци.

Активниот јаглен може да ги отстрани хемикалиите. KDF може да ги отстрани тешките метали, неорганските материјали и е ефективен во спречувањето на растот на бактерии и алги. Сепак, материјалите кои KDF и активниот јаглен ги отстрануваат не можат да ја оштетат нашата кожа и здравје додека се тушираме. Многу фабрики го користат активниот јаглен и KDF поради ниската цена. ( Калциум сулфитот со добар квалитет е поскап од активниот јаглен и KDF.)
Постојат многу производители кои имаат сертификат за стапката на де-хлорирање. Трикот е тоа што користат вода со ниска содржина на хлор и слаб проток за да ја тестираат стапката на де-хлорирање. Лабораторијата или организацијата нема да ги побара условите - хлор во нормална количина во водата од водовод и одреден проток за семејна употреба.

Табела за споредба за ефикасноста во отстранување на хлор на нормална температура:

chanson-chart2

Chanson Spa филтерот за туширање е специјално направен за ефективно отстранување на најмалку 95% од штетниот хлор во водата за туширање и тоа за целото времетраење на филтерот. Тој е единствениот филтер за туширање кој вклучува дефлектор на анјони во вид на вртлог.

Прашања

Која е предноста од Дефлекторот на Анјони?

anionsИновативниот Струтурен Дефлектор има двоен ефект за отстранувањето на хлорот. Дефлекторот создава вртлог во водата и генерира негативни јони.
Анјон е негативно наелектризиран јон, или атом кој станал негативно наелектризиран со ослободување на еден или повеќе дополнителни електрони. Специјално исцелителните кристали во Chanson Spa филтерот за туширање дејствуваат на водата за да создаде попријатно и поенергетско чувство, а ја зголемува пената и сапуницата.

Иновативниот дефлектор генерира негативни јони со виорењето на водата при нормалниот проток низ филтерот. Местата близу водопади или шуми се полни со негативни јони. Судирот помеѓу честичките од водата и околината создава електростатичко поле, кое понатаму создава негативни јони кои го пополнуваат воздухот. Истовремено, растенијата ослободуваат водени честички и заедно со електростатичкото поле исто така ја полнат шумата со негативни јони. Ова е причината поради која луѓето се чувствуваат енергично додека се во тие области.

Главните придобивки од негативните јони за човечкото тело вклучуваат:

Испечатено од "Economy Daily News"- 30 јануари 2002:

  • Ја засилуваат функцијата на автономниот нервен систем;
  • Овозможуваат видно намалување на стресот и уморот
  • Го зацврстуваат колагенот (ткивата кои се отпорни и поврзани со напрегнатост);
  • Ја подобруваат пропустливоста на клеточните прототип плазма мембрани (го подобруваат метаболизмот);
  • Ги помагаат активностите на клетките;
  • Овозможуваат ефикасно прочистување на крвта;
  • Ја подобруваат на циркулацијата на крвта;
  • Влијаат на подобрување на квалитетот на сонот;
  • Го засилуваат имунолошкиот систем на телото;

Интеракцијата помеѓу негативните јони и човечкото тело е дел од науката електро-медицина, електромагнетско исцелување или био-електромагнетско исцелување.
За разлика од другите филтри за туширање, Chanson Spa филтерот за туширање е специјално дизајниран за ефикасност и перформанси. Неговиот уникатен дизајн ја ослободува водата на природен начин, со што ви овозможува да го претвори вашето туширање во фантастично спа доживување.
Вие заслужувте поздрава вода во секој аспект од вашиот живот, и тоа не само за водата за пиење. Chanson Spa филтерот за дехлорирање обезбедува долгорочно решение за проблемите поврзани со изложеноста на прекумерна количина на хлор. Chanson Spa филтерот за туширање користи високо ефективен материјал за отстранување на хлорот - Калциум сулфит. Поради ова супериорно отстранување на хлор, ќе забележите промени во начинот на кој изгледа вашата кожа и коса.

Која е предноста од Керамичките Топчиња?

Керамичките топчиња на Chanson Spa филтерот за туширање со ДИЗ (далечни инфрацрвени зраци) помагаат во „енергизирање“ на водата со намалување на нејзиниот површинскиот напон.

Ова овозможува зголемување на пената и сапуницата кај сапуните и шампоните. Водата „полесно“ се чувствува, слично со чувството на мека вода. Создава голема влажност и оштетената и сува коса ја прави да биде мека и свиленкаста.

Дали некои од состојките на производот се штетни или токсични?

Не, сите состојки се 100% еколошки безбедни и природни.

Колку хлор филтерот ќе отстрани?

Chanson Spa филтерот за туширање, вообичаено неутрализира 99% од хлорот и хлорамините кои се хемикалии за кои е докажано дека се штетни за здравјето, а се поврзуваат и со предизвикувањето на некои видови рак. За време на целиот период на употребата на филтерот, тој ќе отстрани не помалку од 95% од хлорот и хлорамините кои се присутни во водата (за разлика од другите типови филтри како на пример KDF, кај кои драстично се намалува отстранувањето на хлорот со текот на користењето).

Како го одредувате квалитетот на водата?

Колку е почиста водата, толку поефикасен и подолготраен ќе биде филтерот. Ако во водата се присутни високи количини на седимент и честички, може да дојде до затнување со што многу потешко ќе се создаде електролитичка реакција потребна за дехлорирање.

Дали има потреба од дополнителен проток на филтерот?

Не. Chanson Spa филтерот за туширање е така дизајниран што нема потребата од дополнителен проток.

Колку ќе трае Chanson Spa филтерот за туширање и колку литри вода ќе исфилтрира?

Способноста на било кој филтер за намалување на хлорот е функција која зависи од квалитетот на водата (на пр. седимент и нивото на матност). Како резултат на тоа, тешко е точно да се измери во литри вода. Секој филтер за туширање ќе дехлорира подолго ако е чиста водата. Иако е тешко прецизно да се измери, сепка можеме да ја процениме просечната употребливост. Ние очекуваме дека Chanson Spa филтерот ќе има ефективен рок од 12 до 18 месеци за четиричлено семејство, или приближно 20,000 литри за употреба. Chanson Spa филтерот за туширање може да трае неколку години со правилно чување.

Колку литри на вода ќе се исфилтрираат за една минута?

Тоа зависи од главата на тушот за кој е прикачен. Chanson Spa филтерот е дизајниран и конструиран да работи најефективно со квалитетен туш со слаб проток кој одговара со потребните 10 литри млаз во минута одредени со Актот за Енергетска Стратегија од 1992 година. Ако стапката на проток надминува 10 литри на минута, времето за максимално отстранување на хлор ќе биде намалено. Поради оваа причина препорачуваме само квалитетни тушеви со слаб проток за било кој филтер за туширање.

Дали можам да го користам мојот туш со Chanson Spa филтерот?

Да, можете да го користите Вашиот туш. Употребувајте само туш со добар квалитет и со слаб проток кој е купен по 1995 година. Тоа ја гарантира согласноста со Актот за Енергетска Стратегија и дека ќе немате проток поголем од 10 литри на минута на воден притисок од 5 bar односно 80 psi.

Дали Chanson Spa филтерот лесно се поставува?

Да, само завинтајте го филтерот на цевката од тушот. Не е потребна употреба на лента за понатамошно запечатување. Може да се прицврсти само со рака.

Дали Chanson Spa патронот за филтерот лесно се заменува?

Да, само одвинтајте го страничниот капак, извадете го постоечкиот филтер, ставете го новиот патрон и завртете го страничниот капак.

Карактеристики

Карактеристики на спа филтерот за туширање:

  • 100% еколошки безбеден и природен;
  • Комплетно го неутрализира хлорот и хлорамините, супстанци кои се поврзани со предизвикувањето рак, кои се присутни во градската вода, а со тоа и во водата за туширање;
  • Обоен и убав дизајн, лесно се монтира на секоја опрема за туширање;
  • Менливи филтер патрони со капацитет на употреба до 20,000 литри;
  • Пристапен е и со мали трошоци за одржување;
  • Едноставен за инсталација и за промена на патронот.
Производ SPA Филтер за туширање
Модел BF-007P/W (вклучен е не’рѓосувачки приклучок)
Димензии 132×105mm
Тежина 320-350g
Рок на траење на филтерот 25000L (приближно 12 месеци употреба)
Температура 10-50°C
Притисок на вода
4 - 5 kg/cm²
Проток на вода 10L/min
Материјали ABS
Материјали за филтрирање Калциум сулфит, енергетски камен

Придобивки

Придобивки од користењето на спа филтерот за туширање:

  • Видливо ја подобрува состојбата на кожата, особено ако е сува или иритирана;
  • Прави кожата да биде хидрирана, мека, здрава и со младешки изглед;
  • Одличен е за осетлива и оштетена кожа, дури и бебињата можат да го користат;
  • Го спречува првутот предизвикан од хлорот, и ве ослободува од сувата кожа на телото и скалпот;
  • Ја штити косата од последиците од фарбање, а овозможува и подолготрајна боја;
  • Ја прави косата поздрава, помека и лесна за правење фризура;
  • Погоден е за аквариуми, нема можност водата од чешмата да им наштети на аквариумските миленичиња. Ја штити кожата и крзното на вашите домашни миленичиња од хлорот и хлорамините кои се присутни во водата од чешма.

bf-montiran

Чансон BF-007W Филтер за туширање Чансон BF-007W Филтер за туширање 2.250 ден.
Чансон BF-C270 Рефил за филтер за туширање Чансон BF-C270 Рефил за филтер за туширање 720 ден.

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator