Чансон SF-301 Тристепен Ултра филтер (G90+G60+G30)


Серија лесно-комбинирачки филтри за пречистување на водата за пиење

Секојдневната потреба од здрава вода за пиење и употреба на истата во вашата кујна, заслужува особено внимание и сериозен пристап. Потребно е да се реализира квалитетен и ефикасен начин за да се обезбеди здрава вода за пиење и да се задоволат секојдневните потреби. Водата во пластични шишиња се покажа како непрактична, а со употребата на рециклирана пластика за производство на тие шишиња, се покажа дека таа вода е дури и опасна.

Неменливите системи за филтирање вода повеќе не се популарни!

Зошто е потребно да го изберете Chanson?
Високиот квалитет и економичноста се секогаш наша цел, нашиот специјален дизајн овозможува флексибилна основа на филтерот и толеранција до 5 бари воден притисок, што значи дека можеме да ја прилагодиме комбинацијата на кертриџи според квалитетот на водата, со комбинација од 1, 2, 3 или повеќе степени. Сега конечно можете да го исфрлите стариот систем за пречистување вода, бидејќи Chanson ви нуди систем кој е доста флексибилен, не зафаќа многу простор и што е најважно, овој систем е сосема безбеден. Ви препорачуваме да размислите, не двоумете се, дојдете и проверете кои се вашите најдобри комбинации кои ќе ги задоволат вашите потреби за пречистена и здрава вода за пиење.

Тристепен Ултра филтер... комплетно и елегантно решение под мијалникот...

SF-302
Големина:
Внатрешна висина: 25~25.5cm/9~10”
Внатрешен дијаметар: 5.8~6.3cm,/2.3”
Надворешна висина: 30.6cm/12”
Надворешен дијаметар: 11.3cm/4.4”

 

О-прстен: Ултра филтер:
Двоен о-прстен: 21.5*3.0 mm, 57*3.0mm
Гранулиран активен јаглен: 21.5*3.0mm)*1

Вовед:

Најкарактеристичен и најпосебен е првиот степен. Ултра филтерот има сосема различен систем внатре, има еден влез и два надворешни излеза поради принципот на самопрочистување. Самопрочистувачкиот систем ќе ви заштеди долг период додека да дојде време за менување на кертриџите.
Нема потреба од честа промена на кертриџите, бидејќи кога ќе ја пуштите вашата стандардна чешма, водениот проток ќе ги испере сите загадувачи кои се натрупале на внатрешната страна од Ултра филтерот, кои не ги пропуштил да поминат низ порите. Насоката на водениот проток е многу поразлична од другите, доаѓа од внатре кон надвор и на крај отпадната вода ќе истече преку цевката.

Степен 1: Ултра филтер

  • Мембрански влакна со дијаметар од 0.1~0.01 микрони; дебелината на ѕидот од влакното е 0.35 мм. и може да ја продолжи времето за неговата употреба.
  • Ги отстранува вирусите и бактериите, како и многу други загадувачи.
  • Самопрочистувачкиот систем го продолжува времето на употреба на филтерот, со што ги намалува трошоците за одржување.
  • Употреба: приближно 3-5 години (во зависност од квалитетот на водата).

Повеќе за Ултра филтерот

Степен 2: Прецизен 3-во-1 филтер со полипропиленски влакна, KDF и активен јаглен

  • KDF компонентата (Кинетичко разградување) е високо-чиста формулација на база на бакар и цинк која го користи основниот хемиски процес познат како редокс (оксидација/редукција), во согласност со NSF стандардот. Со овој процес се отстранува хлор, олово, жива, железо и водород сулфид од водата. Овој процес, исто така има благ антибактериски, алгацитен и фунгицитен ефект и придонесува да се намали натрупувањето на бигор.
  • Активниот јаглен ги отстранува непријатниот мирис, хлорот, избелувачите, пестицидите и хемиските остатоци.
  • Употреба: приближно 9 месеци (во зависност од квалитетот на водата и фреквенцијата на употреба).

Степен 3: Блок филтер со активен јаглен

  • Одличната апсорбливост ги отстранува непријатниот мирис, хлорот, избелувачите, пестицидите и хемиските остатоци.
  • Неткаената структура може да ги блокира седиментите и јагленот.
  • Мали почетни трошоци, евтино одржување.
  • Употреба: приближно 9 месеци (во зависност од квалитетот на водата и фреквенцијата на употреба).

Споредбена табела на начини за филтрирање

Спредбена табела на филтрирање

Чансон SF-301 Тристепен Ултра филтер (G90+G60+G30) Чансон SF-301 Тристепен Ултра филтер (G90+G60+G30) 10.500 ден.

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator