Ултратон еко перална МС-2000М

Цена: 1.790 ден.
1.250 ден.
Заштеда: 540 ден.


Прашајте нè за овој производ

Во магацин: Обично стигнува за:   24h.gif

Ултратон МС-2000М претставува една од најмоќните и најсигурни современи висококвалитетни ултразвучни направи за перење.
Ултразвукот широко се применува во индустријата за чистење на различни предмети, од крупни делови до јувелирни украси.
Со ултразвук се чистат медицински инструменти дури и контактни леќи.
Сега, заедно со Ултратон, ултразвукот доаѓа и во вашиот дом.
Перењето е сериозна работа. Следете ги советите подолу за да постигнете добри резултати при перењето.

1. Намена
Ултразвучните бранови го раситнуваат прашокот за перење до најмали честички, зголемувајќи ја неговата способност за перење. Честичките ја оттргнуваат нечистотијата од површината на облеката, но и ја перат одвнатре, навлегувајќи помеѓу влакната на ткаенината. Токму оваа карактеристика го прави перењето со ултразвук поефикасно од механичкото триење со раце или од перење во автоматска машина за перење. Освен тоа, ултразвукот има и дезинфицирачко дејство и ги отстранува непријатните миризби. Поради таа причина, после перење со Ултратон нашата облека е чиста и миризлива.
Со помош на Ултратон вие можете да перете не само облека, туку и прекривки, завеси, чаршафи, обувки, да чистите загорени садови, талог, детски играчки, ташни, ранци и јувелирни украси.
Секој ден овој список се зголемува, луѓе се обидуваат да перат и да чистат различни предмети - вклучете се и вие во овој процес.

2. Употреба и начин на работа

2.1. Принцип на работа
Ултратон МС-2000М (во понатамошниот текст Ултратон или направа) претставува ултразвучна направа за перење од економична класа. Според меѓународна класификација на енергопотрошувачка на машините за перење (EN 60 456) Ултратон спаѓа во класата „А плус“.
Делот за зрачење на Ултратон при перењето со ултразвук непосредно делува врз средството за перење и ткаенината.
Ултразвукот лесно навлегува меѓу влакната на ткаенината, отстранувајќи ги честичките нечистотија не само од површина на материјалот, туку и од неговата внатрешна структура.
Освен тоа, ултразвукот активира СМС со што перењето станува поефикасно дури и без механичко мешање на растворот како и без зголемување на неговата температура.
Внимание: процесот на перење со ултразвук е ефикасен само со раствор на прашок за перење. Колку е подобар квалитетот на прашокот, толку подобро пере и ултразвучната направа за перење и електромеханичките машини за перење.
Во процесот на перење со Ултратон е отсутно механичко триење, не доаѓа до мешање на ткаенините, а со тоа значајно се зголемува и животен век на облеката. Оваа особина е најважна за памучни ткаенини, за ткаенини од чипка и за облека од волна.

2.2. Подготовка и сортирање на облеката

2.2.1. Подготвка на облеката
Исчистете ги џебовите на вашата гардероба. Со помош на четка исчистете ги џебовите и свитканите делови на облеката од песок и тврди честички

2.2.2. Сортирање на облеката

  • според боја

шарената облека може да пушти боја, заради тоа облеката во боја мора да се пере посебно.

  • според степенот на нечистотија

*лесна нечистотија
На облеката нема ниту флеки, ниту видлива нечистотија.Облеката има само непријатен мирис.

  • лесна летна и спортска облека, која била во употреба неколку часа
  • маици, кошули, блузи кои биле во употреба еден ден
  • постелнина, крпи, кои биле во употреба еден ден

**средна нечистотија и/или мала исфлеканост

  • испотени маици, кошули, блузи кои биле во употреба неколку пати
  • машка и женска долна облека која била во употреба еден ден
  • пешкири за раце, постелнина кои биле во употреба во тек на една недела
  • завеси (без траги на никотин), кои биле во употреба половина година

силна нечистотија
видлива нечистотија и/или флеки

  • кујнски крпи кои биле во употреба една недела
  • платнени салфети
  • детска гардероба
  • детска горна гардероба или тренерки извалкани со трева или земја
  • работничко одело или специјална облека

типични флеки

  • кожно мрсење, прехранбени масла и масти, сосови, минерални масла, восок (флеки со содржина на масти/масла).
  • Чај, кафе, црвено вино, овошни и зеленчукови сокови (флеки кои се одбелуваат)
  • Крв, јајца, млеко, густин (флеки со содржина на белковини/јаглехидрати)
  • Земја, песок, пепел (пигментни флеки)

Пожелно е флеките да се отстрануваат со специјални средства за флеки или претходно да се обработуваат на друг начин додека се свежи.

  • Прво флеките треба да се пребришат со салфета, покисната во раствор за перење.

НЕ ТРИЈТЕ

  • Потоа морате да ја исперете облеката
  • Флеките кои тешко се тргаат или кои се засушени понекогаш се отстрануваат дури после неколку перења
  • Облека со белковински флеки не треба да се пере со топла вода, бидејќи такви флеки „се варат“ и остануваат на облеката засекогаш!

2.2.3. Сортирање на облека според упатствата прикажани на етикетите со препораки нашиени на облеката
- Со помош на Ултратон можете да ги перете ткаенините кои можат да се перат и на рака и со машина.
- Обоени ткаенини од памук се перат при почетна температура од 50 степени.
- Тенки обоени ткаенини од памук се перат при почетна температура од 40 степени.
- Волнени ткаенини подобро е да се перат во млака вода – 30 степени.
- Ленени ткаенини издржуваат високи температури, тие можат да се перат при почетната температура на перење од 50 степени.
- Свила, вискоза и трикотажа се пере во млака вода со почетната температура 40 степени.
- Синтепон може да се пере во вода со температура не повисока од 30 степени.

2.2.4. Перење
При перење со Ултратон се препорачуваат следните количини:
- суви алишта – до 1 кг.
- раствор за перење (вода + прашок за перење) – 10 л.

2.3. Средства за перење и други средства за хигиена на облека

  • При перење со Ултратон можат да се применуваат обични евтини прашоци за перење и скапи прашоци со висок квалитет. Ако облеката не е долго носена и нема голема нечистотија – доволно е да користите обичен прашок за перење. За перење на многу нечиста облека подобро е да се применуваат квалитетните прашоци за перење. Потрошувачка на квалитетен прашок за перење за 1 кг на облека, по правило е помала, отколку на поефтин прашок.
  • Во зависност од вид на ткаенина (свила, волна и др.) и нејзината боја треба да одбирате соодветни прашоци за перење. За перење со Ултратон можете да ги користите и прашоците за рачно перење, како и прашоците за машинско перење.
  • При перење на шарена облека и облека од волна, ангора и слични не смее да се применуваат прашоци за перење кои содржат белило. За перење на волнена ткаенина не се препорачуваат БИО прашоци.
  • За отстранување на трагите од чај, кафе, овошје и зеленчук неопходни се прашоци со белило.
  • За отстранување на трагите од чоколадо, сосови, кармини, крв и жолчка од јајце  неопходни се висококвалитетни прашоци за перење кои содржат биолошки активни состојки – ензими. Применувајќи ги БИО-прашоците, не загревајте ја водата за перење повеќе од 40 степени. Овие прашоци се предвидени за перење во ладна вода.

2.3.1. Дозирање на средство за перење

Правилно дозирање ќе го  подобри резултатот на перење
Дозирање на средства за перење мораат да бидат соодветни со:
- тврдоста на вода
- количината на облека
- степен на нечистотија
- информации за прашокот
Доколку користите малку прашок за перење облеката не се пере добро и со тек на време станува сива и тврда.
Доколку користете многу прашок за перење облеката тешко се плакне и средството за перење после сушење може да се појави на ткаенината.

2.4. Редослед на работа

2.4.1. Покиснување

  • Пред перење облеката задолжително мора да се покисне (освен облека од волна и трикотажа).
  • Земете кој било сад за перење (леген, кофа, па дури и мијалник, затворен со тапа).
  • Турете во садот вода со температура која одговара за облеката која ќе ја перете. Температурата не смее да биде повисока од 65 степени.
  • Ставете одбран прашок за перење и добро растворете го.
  • Ставете ја сортираната облека во растворот за перење. Облеката мора слободно да се распределува во садот за перење и да биде целосно потопена со вода.
  • После 40 минути растворот во кој ја покиснавте облеката морате да го истурите.

2.4.2. Перење

  • Ставете во сад за перење нов раствор за перење. Температурата и прашок треба да бидат исти како и при покиснување. По потреба додајте го белилото.
  • Ставете ги мокрите ткаенини во сад за перење. Облеката мора целосно да се наоѓа во вода. За таа цел стиснете ја облеката под вода, отстранувајќи го на таков начин вишокот воздух.
  • Наместете го делот за зрачење на направата за перење помеѓу облеката. Тој, по можност, треба да лежи хоризонтално, во центар на садот и свртен со решетка нагоре.
  • Вклучете ја направата, ставајќи ја во штекер во електрична мрежа. Процесот на перење започна.

За време на перењето не препорачуваме да ги мешате ткаенините со раце и да го допирате делот за зрачење.
За време на перењето нема видливи ефекти (мешање на ткаенината со растворот за перење, вибрации и сл.)
Работата на Ултратон се гледа од светењето на индикаторот.

Време на перење за 1 кг. облека:
Лесна нечистотија – не помалку од 40 минути
Средна нечистотија – не помалку од 2 часа
Силна нечистотија – не помалку од 2,5 часа
Флеки – до 3 часа
(Јаки флеки и  засушени флеки понекогаш се отстрануваат после неколку перења). За подобро перење – флеките претходно треба да се протријат рачно.

Ултратон може да работи 24 часа и тој:

  • не ги уништува ткаенините (ткаенината не остарува, не се растегнува и не губи боја)
  • троши електрична енергија помалку од сијалица од 20 W
  • апсолутно безбеден. Можете да го оставите да работи цела ноќ.

По завршување на перењето:

  • Исклучете ја направата од електричната мрежа
  • Извадете го делот за зрачење од растворот за перење, измијте го под вода и избришете.

2.4.3 Плакнење и сушење

  • После добро плакнење облеката мора да се исцеди и да се исуши. Не треба да ја цедите (рачно стискате) ткаенината од волна, свила и трикотажа.
  • При примена на Ултратон можете да ја плакнете облеката со ултразвук. Прв пат ќе ја исплакнете облеката рачно, а потоа ќе ја оставите со вклучениот Ултратон неколку минути во проточна вода.
  • Ултратон овозможува реализација на режим, кој во скапите машини за перење од последната генерација се нарекува „лесно пеглање“. После перење со Ултратон и плакнење, облеката можете да не ја цедите и веднаш да ги ставите да се сушат. Најдобро тоа да го направите над кадата, за водата да не тече на под. После такво сушење алиштата лесно се пеглат. А кошули, блузи и слично, т.е. облека исушена на закачалка може воопшто да не се пегла.
  • Облека од волна и трикотажа треба да се суши ставена на крпа, која упива вода. При такво сушење облеката не се деформира.
  • Свилена облека не смее да се суши на сонце.

2.4.4. Квалитет на перење
Ултратон прекрасно ја пере облеката дури и со евтин прашок за перење од домашно производство.
Ултратон ги активира одбелувачки својства на прашоците со активен кислород („Ariel”, “Persil”) и дава прекрасен резултат при перење. Овие прашоци се препорачуваат при перење на бела облека или многу извалкана облека. За перење на волнена облека ефикасна е примена на прашоци предвидени за перење на волна.

2.5. Практични совети од нашите купувачи

  • Ако случајно вашата облека пуштила боја Ултратон ќе ви помогне во решавање на овој проблем. Исперете ја облеката која примила боја уште еднаш со Ултратон посебно од другата облека. Веројатноста од добар резултат директно зависи од тоа колку време ќе помине меѓу првото и второто перење.
  • Сите знаат колку тешко се перат трагите од козметика, особено од кармин. Ултратон лесно ги пере таквите траги. Но чудата се случуваат ретко и доколку се работи за ултратраен кармин, неопходно е специјално средство за флеки.
  • За облеката од трикотажа перењето со Ултратон е најсовршено.  При перење со Ултратон таквата облека не се растегнува и станува помека и попријатна. Долната облека трае многу подолго, не се растегнуваат ластиците, не се кинат чипките. Со Ултратон можете да ја перете најделикатната долна облека.
  • Чорапите секогаш се мислиме заедно со што да ги переме. Ултратон не мора да пере 5 кг облека и затоа чорапите можете да ги перете посебно. Такво перење е посебно важно за луѓе кои имаат габични инфекции на нозете. Ултразвукот има дезинфицирачко дејство и го отстранува непријатниот мирис.
  • Детските играчки, посебно играчки од крзно, можете да ги исперете лесно и брзо. Пред да ги перете проверете играчката да нема лепени и обоени делови, бидејќи лепакот и бојата можат да се растворат во вода.
  • Домашните влечки, исто така, имат потреба од периодично перење и дезодорирање. После перење со Ултратон тие стануваат чисти и добиваат пријатен мирис на свежина. Со рачно перење многу е тешко толку добро внатрешно да ги исчистите затворените влечки.
  • Завеси и постелнина. Обично перење предвидува перење на 1 кг. сува облека. Но завесите, по правило, тежат многу повеќе. За да ги исперете квалитетно, треба да ја зголемите количината на вода пропорционално со нивната тежина. Истото се однесува и на прашокот за перење и на времето за перење. Можете да ги покиснете завесите во када. Не ја полнете кадата до врв со вода. Водата мора 1 до 2 см. да ја покрива ткаенината. Делот за зрачење на Ултратон ќе морате неколку пати да го преместите во различни делови на кадата. Освен тоа ќе морате неколку пати да ја превртите и ткаенината за перењето да биде рамномерно и ефикасно. Важно е и правилно да го одберете прашокот за перење.
  • Чистење на јувелирни украси. За тоа ви се потребни половина литар вода и 1 голема лажица прашок за перење. Во овој раствор ги ставате јувелирни украси (не бижутерија) и Ултратон. После 20 минути вашите украси ќе изгледаат како нови. Морате само да ги исплакнете со чиста вода.

Користете ги овие препораки и ќе добиете прекрасни резултати.

3. За ултразвукот
Интересен начин како во домашните услови да го „видите“ ултразвукот.

  • Ставете го делот за зрачење во вода свртен со решетката нагоре. Слојот на вода над решетката треба да биде од 1 до 3 мм.
  • Вклучете го штекерот на направата во електрична мрежа.
  • Доколку направата работи како што треба вие ќе видите над делот за зрачење малите измени на површината на вода.

Звук и ултразвук

  • При вклучување на направа во електрична мрежа без вода може да се појави звук со различен интензитет. Тоа, секако, не е ултразвук. Ултразвукот човекот не може да го слушне со своите сетила за слух.
  • Врз квалитетот на перење не влијае звукот или отсуство на звукот во направата која работи во воздух.
  • За време на перење во вода, овој звук исчезнува.

4. Технички карактеристики
Направата за перење е дизајнирана во вид на затворен диск за зрачење, чии што надворешни мембрани служат за пренесување на ултразвучни бранови во околната средина. Дискот е соединет со штекер со електричен кабел.
Електрична мрежа - 220V
Максимална потрошувачка - 15 W
Фреквенција на ултразвучни колебања - 22 kHz
Тежина - 300 g
Минимален звучен притисок во воздух со фреквенцијата од 22 kHz на растојание 200 mm. од делот за зрачење - 90 dB

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator