Хималајски лампи - зошто ни се потребни

1. Го прочистуваат воздухот
Веројатно, најдобро познатата придобивка и причина зошто мнозинството луѓе ги користат е поради нивната неверојатна моќ да отстрануваат прашина, полен, чад од цигари и други загадувачи од воздухот. Се прашувате: „Но, како го прават ова?” „Тоа е само големо парче сол со светилка внатре, така?“
Па да, но не само тоа, тие се многу повеќе од тоа.
Лампите од хималајска розева сол го прочистуваат воздухот преку моќта на хигроскопија што значи дека тие ги привлекуваат молекулите од околината, потоа ги апсорбираат тие молекули, како и други непознати честички кои можат да ги содржат, во кристалот од сол. Како што лампата од хималајска сол се загрева од топлината од светилката внатре, истата вода испарува во воздухот, а заробените честички од прав, полен, чад итн. остануваат во солта.

2. Ги намалуваат симптомите на алергија и астма
Бидејќи лампите од хималајска сол ги отстрануваат микроскопските честички од прашина, првут од животни, мувла и слично од околниот воздух, ставањето лапма или две во собите каде што го поминувате најголемиот дел од времето може сериозно да ги намали симптомите на алергија. Дури и луѓето кои имаат астма треба да забележат голема разлика по недела или две.

3. Го олеснуваат кашлањето
Кога лампата од хималајска сол се загрева и го започнува својот хигроскопен циклус со воздушните честички, истовремено го менува и полнежот на молекулите кои се ослободени. Поголемиот дел од домовите се исполнети со позитивно наелектризирани јони кои не се особено добри за човековото здравје. Позитивните јони се создаваат од бројни нешта, но прв извор се електронските уреди.
Една од здравствените потешкотии од вдишување голем број позитивни јони од воздухот е тоа што микроскопските влакненца кои се распоредени во дишникот стануваат млитави и не работат добро за да ги задржуваат загадувачите од воздухот. Бидејќи лампите од хималајска сол апсорбираат вода и честички од воздухот, исто така ги земаат и позитивните јони со нив. Потоа, кога загреаната сол ја ослободува прочистената водена пареа назад во воздухот, исто така испушта негативни јони кои го имаат спротивниот ефект врз нашите дишни патишта - ја зголемуваат активноста на влакненцата за да ги одржат чисти белите дробови.
Што значи сето ова накратко: Освен тоа што ги отстрануваат загадувачите од воздухот, лампите од хималајска сол, исто така, му помагаат на вашето тело да го филтрира воздухот поефикасно така што и ако вдишете какви било надворешни честички тие нема да стигнат до белите дробови.

4. Ја зголемуваат енергијата
Возење во природа со отворени прозорци, поминување време на плажа или кампување на планина, или едноставно туширање наутро се нешта кои многу луѓе ги сметаат за закрепнувачки. Не е случајност што сите овие активности кои нè изложуваат на зголемени концентрации на негативни јони имаат слични ефекти како оние кои ги испуштаат лампите од хималајска сол. Факт е дека позитивните јони ја исцрпуваат енергијата од нашите тела. За жал, често се обидуваме да го дијагностицираме проблемот како нешто сосема поразлично.
Ако постојано се чувствувате уморно и не знаете зошто, обидете се да ставите лампа од хималајска сол во собата или собите каде што поминувате најголем дел од времето, по една недела треба да забележите разлика.

5. Го неутрализираат електромагнетното зрачење
Во денешно време, повеќето од нас живеат во метафорички океан од електромагнетно зрачење кој надоаѓа од електронските уреди – телевизија, компјутери, мобилни телефони, таблети итн. Иако е невидливо, долготрајните ефекти од изложеноста на електромагнетно зрачење можат да бидат доста сериозни. Познато е дека постојаната изложеност на електромагнетно зрачење, меѓу другото го зголемува нивото на стрес, предизвикува хроничен умор и го намалува имунолошкиот одговор на телото.
Додека емитираат негативни јони во воздухот, лапите од хималајска сол го неутрализираат електромагнетното зрачење. Ставете една до вашиот компјутер, телевизор или кој било друг електричен уред кој го користите често за да се намали потенцијалната штета за вас и вашето семејство.

6. Подобар сон
Друг негативен ефект од изложеноста на позитивни јони во воздухот е тоа што ве лишува од квалитетен сон. Ова се случува бидејќи тие позитивно наелектризирани честички можат всушност да ја намалат снабденоста на крв и кислород во мозокот што резултира со нередовен сон. Лампите од хималајска сол се природни генератори на негативни јони и оттука можат да помогнат во решавањето на овој проблем.
Ставете една или две во вашата спална соба за да се зголеми квалитетот на воздухот и да имате подобар сон навечер.
Запамтете, дури и ако не можете да спиете освен ако собата не е потполно темна, секогаш може да ја исклучите лампата пред спиење. Само оставете ја да работи во остатокот од денот додека сте будни. Луѓето кои живеат во влажна клима треба да знаат дека лампите од хималајска сол почнуваат да кондензираат влага на нив кога солта се оладува. Заштитете ја површината така што ќе ставите подлога под лампата и придржувајте се до упатствата за користење кои ги добивате со хималајската лампа.

7. Го подобруваат расположението и концентрацијата
Лампите од хималајска сол се одличен начин да го подобрите вашето расположение или да ви помогнат да се релаксирате и опуштите на крајот од денот. Во исто време, лампите од хималајска сол се одлични за подобрување на концентрацијата. Повторно, ова е поради ефектот на негативните јони врз вашето тело, подобрување на снабденоста на крв и кислород во мозокот и другите органи, како и зголемување на серотонинот - невротрансмитер кој прави (буквално) да се чувствуваме среќни.

8. Го лекуваат сезонското афективно нарушување
Освен тоа што генерираат негативни јони кои го подобруваат расположението и енергетските нивоа, нежната природна светлина од хималајската лампа е доволно блиска до топлиот сјај од сончевата светлина што дури може да се користи за подобрување на симптомите од сезонско афективно нарушување. Во периодот од годината кога деновите се скратуваат, изборете се со летаргијата со помош на лампите од хималајска сол.

9. Го намалуваат статичкиот електрицитет во воздухот
Иако на прв поглед не е „здравствена придобивка“, статичкиот електрицитет може да биде незгодна работа. Предизвикува стрес, срам и фрустрација. Тој се јавува кога најмалку го очекувате, кога ја допирате кваката, кога го бакнувате вашиот партнер пред спиење или кога се обидувате да го погалите вашето куче или маче. Статичкиот електрицитет може да предизвика да имате лоша фризура, да оневозоможи да ги исчистите трошките од кафе од работната површина или дури да предизвика не сакајќи да отидете на работа со чорап прилепен на позадината од вашата маица.
Поентата е, статичкиот електрицитет може да биде незгодна работа и лампите од хималајска сол се природен начин да ги неутрализирате јонизираните честички кои го предизвикуваат.

10. Светлински извор кој е еколошки
Последно, но не и најмалку важно: Лампите од хималајска сол се еколошки. Иако е само проценка, резервите каде хималајската розева сол се ископува изнесува меѓу 80 и 600 милиони тони и се проценува дека ќе трае најмалку 350 години со сегашната стапка на ископување. Основата на лампите од хималајска сол се длаби од одржливо дрво. Хималајските лампи користат светилки со ниска моќност кои трошат многу малку енергија, а исто така постојат и хималајски свеќници кои функционираат со едноставно поставување на свеќа во нив.

Одбирање и сместување на вашата хималајска лампа

Кога станува збор за купување на лампа од хималајска сол, покриеноста се одредува од големината на кристалот. Помалите лампи се добри за една просечна спална соба, додека две лампи може да се потребни за простор како дневна соба или трпезарија. Просечно, 1 кг кристал ќе исчисти простор од приближно 3 м2.
Ако не можете да најдете една доволно голема лампа за една соба, имајте во предвид дека можете да користите повеќе лампи кои ќе ги распоредите наоколу и ќе го имаат истиот ефект.
Препорачливо е да имате домашна колекција од овие убави светилки. Почнете со купување на лампа во соодветна големина за оној простор каде поминувате најголем дел од времето, потоа продолжете со собите каде има многу електрични уреди и завршете ја вашата колекција со лампи за простор кој не е толку користен.
За разновидност, можете да размислите и за додавање на свеќници направени од хималајска сол во вашата колекција како преносни прочистувачи на воздухот кои може да ги пренесувате насекаде во вашиот дом.
Запамтете, кристалите од хималајска сол ќе започнат да кондензираат влага доколку подолго време се изложени на висока влажност или ниска температура. Поради оваа причина, внимавајте на лампи кои се сместени во близина на извор на пареа како машини за садови, машини за алишта или тушеви, како и на лампи поставени во простории во кои температурите паѓаат многу ниско. Едноставно, поставете крпа или сад под нив, за да ја заштите подлогата од мокрење.
Исто така, како што беше претходно спомнато, почувствувањето на резултатите од генерирањето на негативни јони може да потрае цела недела, па не се откажувајте ако веднаш не почувствувате подобрување.

Лампа од хималајска сол, Мала ≈4 кг. Лампа од хималајска сол, Мала ≈4 кг. 1.350 ден.
Лампа од хималајска сол, Средна ≈7 кг. Лампа од хималајска сол, Средна ≈7 кг. 1.700 ден.
1.530 ден.
Заштеда: 10%
Лампа од хималајска сол, Голема ≈10 кг. Лампа од хималајска сол, Голема ≈10 кг. 2.200 ден.
1.980 ден.
Заштеда: 10%
Лампа од хималајска сол, Гигант ≈25кг. Лампа од хималајска сол, Гигант ≈25кг. 3.400 ден.
Лампа од хималајска сол, Пирамида, ≈2 кг. Лампа од хималајска сол, Пирамида, ≈2 кг. 1.950 ден.
1.750 ден.
Заштеда: 10%
Лампа од хималајска сол, Топка, ≈4 кг. Лампа од хималајска сол, Топка, ≈4 кг. 1.950 ден.
Лампа од хималајска сол, Коцка, ≈3 кг. Лампа од хималајска сол, Коцка, ≈3 кг. 1.950 ден.
1.750 ден.
Заштеда: 10%
Лампа од хималајска сол, USB, Пирамида, ≈500 гр. Лампа од хималајска сол, USB, Пирамида, ≈500 гр. 850 ден.
Лампа од хималајска сол, USB, Коцка, ≈1 кг. Лампа од хималајска сол, USB, Коцка, ≈1 кг. 850 ден.
Лампа од хималајска сол, USB, Квадар, ≈1 кг. Лампа од хималајска сол, USB, Квадар, ≈1 кг. 850 ден.
Свеќник од хималајска сол, Природна форма, ≈500 г. Свеќник од хималајска сол, Природна форма, ≈500 г. 240 ден.
190 ден.
Заштеда: 21%
Свеќник од хималајска сол, Природна форма, ≈800 г. Свеќник од хималајска сол, Природна форма, ≈800 г. 280 ден.
220 ден.
Заштеда: 22%
Свеќник од хималајска сол, Природна форма, ≈1 кг. Свеќник од хималајска сол, Природна форма, ≈1 кг. 320 ден.
250 ден.
Заштеда: 22%
Свеќник од хималајска сол, Конус, ≈1 кг. Свеќник од хималајска сол, Конус, ≈1 кг. 240 ден.
Свеќник од хималајска сол, Цилиндер, ≈1 кг. Свеќник од хималајска сол, Цилиндер, ≈1 кг. 420 ден.
Свеќник од хималајска сол, Јаболко, ≈1 кг. Свеќник од хималајска сол, Јаболко, ≈1 кг. 310 ден.

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator