Начини на плаќање

1. Во просториите на Нутри Вита можете да платите на следниве начини:

  • Плаќање во готово кое можете да го извршите само со денари.
  • Плаќање со картичка можете да извршите со дебитните и кредитните картички Visa, Master, Maestro, Discover и Diners од сите домашни и странски банки.
  • Плаќање на рати со картичка можете да извршите до 36 рати (до 6 рати без камата) со Visa и Master картичките на НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка и Халк банка, а до 12 рати со Diners картичките.
  • Плаќање на рати со договор е дополнителна можност за плаќање на 6 рати без камата само со купопродажен договор кој ќе го склучите со нас, приложувајќи потврда за редовни примања и лична карта.

2. Преку Веб продавницата плаќање можете да извршите на следниве начини:

  • Плаќање со картичка - можете да извршите со дебитните и кредитните картички Visa, Master и Maestro од сите домашни и странски банки. Откако ќе ја изготвите нарачката, веб продавницата безбедно Ве пренасочува кон страницата на банката за плаќање со платежна картичка, каде треба да го внесете бројот на картичката и да го потврдите плаќањето. По успешната трансакција, производите Ви ги доставуваме на адресата посочена во нарачката.
  • Плаќање при преземање - можете да одберете доколку сакате производите да Ви бидат испратени на Вашата адреса, а Вие да му ги платите на курирот кој ќе Ви ја достави нарачката.
  • Плаќање со уплатница - на уплатница ПП10 ги пополнувате потребните податоци и го уплаќате вкупниот износ во Вашата најблиска банка или пошта, на жиро сметка на Нутри Вита. По извршената уплата Ве молиме известете нè за побрзо процесирање на нарачката. Откако уплатата ќе се реализира на нашата сметка, производите Ви ги доставуваме на адресата посочена во нарачката.
    Пример за пополнета уплатница:

    Пример за пополнета уплатница

За сите нарачки со вредност од 1000 денари или повеќе, испораката до Вашата адреса е БЕСПЛАТНА.
За нарачки со вредност пониска од 1000 денари, автоматски ќе Ви бидат пресметани 100 денари за испорака при креирањето на самата нарачка.

Ако имате прашања, забелешки, идеи или предлози, слободно обратете ни се на телефон (02) 3230 777 или на е-пошта info@nutrivita.mk.

Поддржани се следниве типови на дебитни и кредитни платежни картички:

Платежни картички

Плаќањето со картичка преку веб продавницата се реализира преку Халк банка АД Скопје, а безбедноста и верификацијата на податоците ја гарантираат:

Verified by Visa Master card secure code

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator