Зошто ни е потребен јонизатор за вода?

Објаснување за Алкална Антиоксидантна Вода – Јонизирана Вода

Од Хидемитсу Хајаши, M.D., хирург за срце и директор на Институтот за вода на Јапонија

Телата на живите организми се составени, во најголем дел, од вода. Околу 80 до 90 проценти од целата органска материја е вода.
Хемиските реакции во сите растенија и животни кои го поддржуваат животот, се одвиваат во водена средина. Водата не само што обезбедува медиум за да ги направи возможни сите овие реакции за одржување на животот, но и самата вода, честопати е важен реактант или продукт на тие реакции. Накратко, хемијата на животот е хемија на водата.

Водата, универзален растворувач

Водата е универзален растворувач поради означениот молекул и неговата тенденција да создава водородни врски со другите молекули. Еден молекул на водата, означен со хемискиот симбол H2О, се состои од 2 атоми на водород и 1 атом на кислород.

Молекул на вода
Молекул на вода

Самиот атом на водородот се состои од еден позитивен протон во неговото јадро со еден негативен електрон кој се врти околу него во тродимензионална школка. Кислородот, од друга страна, содржи 8 протони во јадрото со 8 електрони кои се вртат околу него. Во хемиското обележување, тоа често се прикажува како буквата „О“ опкружена со осум точки кои ги претрставуваат 4 комплети на парни електрони.

Атом на кислород и неговите електрони
Атом на кислород и неговите електрони

Единствениот електрон на вододродот и осумте електрони на кислородот се клучот за хемијата на водата затоа што овде водородните и кислородните атоми се комбинираат за да го формираат молекулот на водата или се разделуваат за да формираат јони.

Поларно привлекување помеѓу водените молекули
Поларно привлекување помеѓу водените молекули

Водородот има тенденција да јонизира со губење на неговиот електрон и формирање на еден Н+ јон кој едноставно е изолиран протон бидејќи водородниот атом не содржи неутрони. Водородна врска се случува кога електронот од единствениот водороден атом се дели со друг електронегативен атом како кислородот на кој му недостасува еден електрон.
Во водениот молекул, двата водородни атоми се ковалентно сврзани со атомот на кислород. Но, бидејќи атомот на кислород е поголем од водородниот, оттука неговото привлекување на водородните електрони е поголемо, па електроните се приближени поблизу до обвивката на поголемиот кислороден атом ,а подалеку од водородниот атом. Ова значи дека иако молекулот на водата како целина е стабилен, поголемата маса на јадрото од кислородот настојува да ги прилече сите електрони во молекулот вклучувајќи ги и поделените водородни електрони давајќи му на делот со кислород од молекулот благ електронегативен полнеж.
Обвивките на водородните атоми, поради тоа што се поблизу до кислородот, имаат мал електропозитивен полнеж. Тоа значи дека молекулите на водата имаат тенденција да формираат слаби врски со други молекули на водата затоа што крајот со кислород од молекулот е негативен, а крајот со водородот е позитивен.
Еден водороден атом, додека е ковалентно поврзан со кислородот од истиот молекул, може да формира и слаба врска со кислород од друг молкеул. Слично на ова, крајот со кислород од молекулот може да формира слаба врска со водородот од другите молекули. Овие слаби врски играат клучна улога во стабилизирањето на обликот на многу од големите молекули кои се наоѓаат во живата материја. Бидејќи овие врски се слаби, тие лесно се раскинуваат и повторно се формираат за време на нормалните физиолошки реакции. Раскинувањето и повторното воспоставување на овие слаби врски е суштината на хемијата на животот.

Сува сол
Сува сол

За да ја илустрираме способноста на водата да ги ослаби другитe супстанци, сетете се на едноставниот пример за ставање мала количина на сол во чаша со вода. Со сувата сол (NaCI) привлекувањето помеѓу електропозитивниот натриумови (Na+) и електронегативните хлорни (Cl- ) атоми на сол е многу силно додека не се стави во вода. Откога солта ќе се стави во вода, привлекувањето помеѓу електронегативниот кислород од молекулот на водата и позитивно наелектризираните јони од хлорот, и сличното привлекување на на елктропозитивните водородни јони од молекулот на водата за негативно наелектризираните јони од хлорот, се поголеми од замното привлекување помеѓу многубројните натриумови Na+ и хлорни Cl- јони. Во водата јонските врски на молекулот натриум хлорид лесно се раскинуваат поради натпреварувачката акција на бројните молекули на водата.
Како што можеме да видиме од овој едноставен пример, дури и деликатната конфигурација на индивидуалните молекули од водата им овозможува да ги раскинат реалтивно силните врски. Токму поради ова, водата ја нарекуваме универзален растворувач. Таа е природен растворувач кој ги раскинува врските на поголемите, покомплексни молекули. Ова е хемијата на животот на земјата во вода и на копно.

Реакции на оксидација-редукција

Основно, редукција значи додавње на еден електрон (e-), и негоав преобразба, оксидацијата значи отстранување на еден електрон. Додавањето на еден електрон, редукција, ја складира енергијата во редуцираното соединение. Отстранувањето на еден електрон, оксидација, ја ослободува енергијата од оксидираното соединение. Кога некоја супстанца е редуцирана, друга е оксидирана. За да ги разјасниме овие термини замислете си било кои два молекули, А и Б, на пример:

Ае- Б А Бе-
Електрон + Електрон - Оксидиран Редуциран + Редуциран
Донатор Рецептор (загубил еден електрон) (добил еден електрон)

Кога молекулите А и Б доаѓаат во контект, еве што се случува:

  • Б зема еден електрон од молекулот А.
  • Молекулот А е оксидиран затоа што загубил еден електрон
  • Полнежот од Б е редуциран затоа што добил еден негативен електрон (e-).

Во билошките системи, додавањето или одземањето на еден електрон го сочинува најфреквентниот механизам на реакциите оксидација-редукција.

Киселини и бази

Киселина е супстанца која ја зголемува концентрацијата на водородни јони (Н+) во водата. База е супстанца која ја намалува концентрацијата на водородни јони, со други зборови, ја зголемува концентрацијата на хидроксидни јони ОН-. Степенот на киселост или алкалност на некој раствор се мери во однос на вредноста позната како рН, која е негативен логаритам на концентрација на водородни јони:

pH=1/log[H+] =-Iog[H+]

Што е рН?

На рН скалата, која има опсег од 0 за киселата граница до 14 за алкалната граница, еден раствор е неутрален ако неговата рН вредност е 7. Со рН вредност 7, водата има еднакви концентрации на Н+ и ОН- јони.
Супстанците со рН помалку од 7 се кисели затоа што содржат повисока концентрација на Н+ јони. Супстанците со рН повисока од 7 се алкални затоа што содржат повисока концентрација на ОН- јони од Н+. РН скалата е логаритамска скала, па така промената за една рН единица значи десеткратно зголемување на концентрацијата на водородни јони.

Важноста за балансирање на рН

Живите суштества се екстремно чувствителни на рН вредноста и функционираат најдобро (со одредени исклучоци, како што се одредени делови од дигестивниот тракт) кога растворите се скоро неутрални. Внатрешната жива материја (исклучувајќи ги клеточните јадра) има рН вредност од околу 6.8. Крвната плазма и другите течности кои ги опкружуваат клетките во телото имаат рН од 7.2 до 7.3. бројни специјални механизми помагаат во стабилизирањето на овие течности за клетките на не бидат изложени на значителни флуктуирања во РН.
Сустанците кои служат како механизми за стабилизирање на рН се наречени амортизери. Тие имаат капацитети да ги сврзат јоните и да ги отстранат од растворот секогаш кога концентрацијата почнува да се зголемува. И обратно, тие можат да ослободуваат јони секогаш кога концентрацијата почнува да опаѓа. Амортизерите, оттука, помагаат во минимизирањето на флуктуациите на рН. Ова е значајна функција затоа што многу биохемиски реакции кои нормално се случуваат во живите организми, или ослободуваат или трошат јони.

 

Теорија на микровода

Зошто се разболуваме? – Кислород: Дали може да биде премногу?

Кислородот е неопходен за живот. Тој е релативно стабилен во воздухот, но кога премногу се апсорбира во телото, може да стане активен и нестабилен и има тенденција да се закачи до било кој биолошки молекул, вклучувајќи ги молекулите на здравите клетки. Хемиската активност на овие слободни радикали е последица од еден или повеќе парови на неспарени електрони. Околу 2% од кислородот кои нормално го дишиме станува активен кислород, и оваа количина се зголемува приближно за 20% со аеробична вежба.

Јонски радикал супероксид
Јонски радикал супероксид

Таквите радикали со неспарените електрони се нестабилни и имаат висок потенцијал на оксидација, што значи дека имаат спосбноста за крадење на електрони од другите клетки. Овој хемиски механизам е многу корисен кај дезинфекциските средства како хидроген пероксид и озон кои можат да се користат за стерилизирање на рани и медицински инструменти. Внатре во телото овие слободни радикали се од голема важност благодарение на нивната способност да ги напаѓаат и елиминираат бактериите, вирусите и другите отпадни продукти.

Активниот кислород во телото

Сепак, проблеми се јавуваат кога премногу од овие слободни радикали се на слобода во телото каде што, исто така, можат да ги оштетат здравите ткива. Распаѓањето се јавува кога микробите во воздухот ги напаѓаат протеините, пептидите и аминокиселините од јајцата, рибата и месото. Резултетот е низа на непријатни супстанци како:

  • Водород сулфид
  • Амонијак
  • Хистамини
  • Индоли
  • Феноли
  • Скатоли

Овие супстанци, исто така, природно се создаваат во дигестивниот тракт кога се вари храната, резултирајќи со непријатен мирис присутен во фекалиите. Распаѓањето на расипаната храна е предизвикано од микробите во воздухот, овој природен процес се дуплира во дигестивниот тракт од цревните микроби. Сите овие отпадни продукти од дигестијата се патогени, што знали, дека можат да предизвикат заболување во нашето тело.
Водород сулфидот и амонијакот се ткивни токсини кои можат да го оштетат црниот дроб. Хистамините, придонесуваат во алергиските нарушувања како атопичен дерматитис, уртикарија и астма. Индолите и фенолите се сметаат за канцерогени.
Бидејќи отпадните продукти како водород сулфид, амонијак, хистамини, феноли и индоли се токсични, одбранбените механизми на телото се обидуваат да ги елиминираат со ослободување на неутрофили (тип офлеукоцит, или бели крвни зрнца) Тие неутрофили произведуваат активен кислород, чудни кислородни милекули кои се способни да ги исчистат оштетените ткивата со земање на електрони од молекулите на токсичните клетки.
Сепак, проблемите се јавуваат, кога премногу од овие молекули на активен кислород, или слободни радикали, се произведуваат во телото. Тие се екстремно реактивни и можат, исто така, да се закачат за нормалните, здрави клетки и да ги оштетат генетички. Овие радикали на активен кислород крадат електрон од нормалните, здрави биолошки молекули. Овој украден електрон го оксидира ткивото и може да предизвика болест.

Ефектите од оксидација на виталните органи
Оксидирано ткиво: Води кон:
Црн дроб Хепатит, цироза, рак
Панкреас Панкреатитис, дијабетес, рак
Бубрег Нефритис, нефроза, рак

Поради тоа што активниот кислород може да ги оштети здравите ткива, многу е важно тој да се исчисти од телото пред да предизвика распаѓање на здравите ткива. Ако можеме да најдеме ефективен метод за да ја блокираме оксидацијата на здравите ткива од страна на активниот кислород, тогаш можеме да ја спречиме болеста.

  • Водорд сулфид, амонијак, хистамини, индоли, феноли и скатоли се присутни во дигестивниот тракт на човековото тело.
  • Сè со цел да го заштитиме телото од оштетување ос страна на водород сулфид, амонијак, хистамини, индоли, феноли и скатоли, неутрофилите (леукоцитите) произведуваат активен кислород за да ги оксидираат овие нуспроизводи.
  • Се случува прекумерно производство на активен кислород.
  • Прекумерниот активен кислород може да ги оштети нормалните, здрави биолошко клеточни молекули и нивните генетски кодови.

Антиоксидантите ја блокираат опасната оксидација

Еден начин за да се заштитат здравите ткива од пустошот на оксидација од активниот кислрод, е да се обезбедат слободни електрони за активните радикали на кислородот, оттука да се неутрализира нивниот висок потенцијал на оксидација и да се спречат да реагираат на здравите ткива.
Истражувањата за врската помеѓу ракот и исхраната сеуште се завршени, но некои докази укажуваат дека тоа што го јадеме може да влијае на нашата чувствителност на ракот. Се чини дека некои видови на храна помагаат во борбата против ракот, додека други го поттикнуваат.
Голем дел од штетата предизвикана од канцерогените супстанци во хрната може да се случи поради реакцијата на оксидација во клетките. Со овј процес, чудните молекули на кислород можат да го оштетат клеточниот генетски код. Некои истражувачи веруваат дека супстанците кои ја спречуваат оксидацијата – наречени АНТИОКСИДАНТИ – можат да го блокираат оштетувањето. Ова нормално води кон до теоријата дека внесувањето на природни антиоксиданти може да биде важен аспект од борбата на телото против ракот.
Супстанците за кои некои веруваат дека го забавуваат ракот се витамин Ц, витамин Е, бета-каротен, селен и глутатион (вид на аминокиселина). Овие супстанци се редуцирачки агенси. Тие ги снабдуваат слободните радикали со електрони и ја блокираат интеракцијата на слободните радикали со здравите ткива.

Како можеме да ја избегнеме болеста?

Како што спомнавме порано, присуството на токсични нуспроизводи како водород сулфид, амонијак, хистамини, индоли, феноли и скатоли придонесуваат за непријатниот мирис во човековите фекалии. Во медицинската професија, добро е познато дека пациентите заболени од хепатит и цироза имаат столица со особено непријатен мирис.
Столиците со особено непријатен мирис предизвикани од присуството на токсини се индикатор на одредени болести, и телото реагира на присуството на овие токсини со производство на неутрофил леукоцити за да ослободат активен кислород кој ќе ја неутрализира штетата на органите кои можат да бидат предизвикани од овие нуспроизводи. Но, кога е произведена прекумерна количина на таков активен кислород, освен што ги неутрализира токсините, може да ги оштети и здравите клетки. Со тоа доаѓаме до заклучок дека можеме да ги минимизираме штетните ефекти од овие радикали на активен кислород со доволна снабденост на електрони.

Водата – природен раствор

Нема замена за балансираната здрава исхрана, посебно богата со антиоксиданти како витамин Ц, витамин Е, бета-каротен и други видови на храна кои се добри за нас. Меѓутоа, овие супстанци не се најдобар извор на слободни електрони кои можат да ја блокираат оксидацијата на здравите ткива предизвикана од активиниот кислород.
Водата третирана со електролиза за да се зголеми потенцијалот за редукција е најдоброто решение на проблемот за најбезбеден извор на слободни електрони за блокирање на оксидацијата на здравите ткива. Ние веруваме дека редуцираната водата, вода со вишок на слободни електрони за да ги донира на активниот кислород, е најдоброто решение затоа што:

  • Потенцијалот на редукција на водата може драстично да се зголеми со други антиоксиданти во храната или витамини
  • Молекуларната тежина на редуцираната вода е ниска, правејќи брзо да дејствува и да ги стигне до сите ткива на телото за многу кратко време.

Микроводата е производ на блага електролиза која се одвива во единица за Микровода. Производството на Микровода, нејзините својства, и како дејствува ви човековото тело се опишани во наредниот дел. Микроводата е третирана вода од чешма која не само што е филтрирана, но, исто така е подобрена во смисла дека е редуцирана вода со голема маса на електрони кои можат да бидат донирани на активниот кислород во телото за да ја блокира оксидацијата на здравите клетки.

 

Апарат за правење микровода (Јонизатор за вода)

Вода од чешма – Што претставува таа?

Нормалната вода од чешма, на пример, со рН вредност 7 е приближно неутрална на рН скалата од 0 до 14. Кога се мери со ORP метар нејзиниот оксидо-редукциски потенцијал е приближно +400 до +500 mV. Бидејќи има позитивен оксидо-редукциски потенцијал, таа е погодна да прима електрони и да ги оксидира другите молекули. Редуцираната (јонизирана и алкална) микровода (од јонизаторот на вода), од друга страна има негативен потенцијал на редукција-оксидација од приближно -250 до -350 mV (истовремено е алкална со pH 9.5). Тоа значи дека има голема маса на електрони кои можат да донираат електрони на активниот кислород.
Пред да продолжиме да дискутираме за својствата на микроводата (од јонизатор на вода), да видиме што се случува внатре во Апаратот за Микровода (јонизатор за вода).

Како работи Апаратот за Микровода (јонизатор за вода)

Јонизаторот за вода , нешто повисок и подебел од голем речник, е елктричен уред поврзан со водата од кујнскиот довод за да изврши електролиза на водата пред да ја употребите за пиење, готвење или чистење.

Како работи јонизатор
Како работи јонизатор

Специјалниот додаток ја пренасочува водата од славината преку пластична цевка во јонизаторот за вода. Внатре во јонизаторот, водата најпрво се филтрира со активен јаглен. Понатаму, филтрираната вода поминува комора за електролиза опремена со титаниумска електрода обложена со платинум каде што се одвива електролизата.
Катјоните, позитивните јони, се собираат кај негативната електрода за да создадат катодска вода (редуцирана вода). Анјоните, негативно наелектризираните јони се собираат кај позитивната електрода за да направат анодска вода (оксидирана вода).
Преку електролиза, редуцираната вода не само што добива прекумерна количина на електрони (e-), но и гроздовите Н2О се намалени во големина од околу 10 до 13 молекули од грозд до 5 до 6 молекули од грозд.
Редуцираната вода излегува од славината, а оксидираната вода излегува од одделно цевче кон мијалникот. Можете да ја кориситите редуцираната вода за пиење или готвење. Потенцијалот на оксидација на оксидираната вода ја прави добро средство за стерилизација, идеална за миење раце, чистење на храната или кујнскиот прибор и за лекување на помали рани.

Оксидација
Оксидација

Што произведува јонизаторот за вода – Споредба на потенцијалот за редукција-оксидација

По електролиза на водата внатре во јонизаторот, редуцираната вода излегува од катодската страна, а оксидираната вода излегува од анодската страна. Споредете ги овие мерки на овие три типа на вода: вода од чешма пред електролиза, редуцирана вода и оксидирана вода.

Оксидо-редукциски потенцијал (ORP)
Тип на вода Редокс потенцијал рН Што значи тоа?
Вода од чешма +400 до + 500 mV 7 Мал потенцијал на оксидација
Редуцирана вода -250 до -350 mV 8 Силен потенцијал на редукција, содржи маса од електрони кои можат да бидат донирани на слободните радикали.
Оксидирана вода + 700 до + 800mV 4 Силен потенцијал на оксидација, има недостаток на електрони давајќи и ја способноста да оксидира и стерилизира.

Оксидо-редукцискиот потенцијал во голема мера е значаен фактор, а не рН факторот

Традиционално ги оценуваме својствата на водата од вредност на рН, со други зборови дали водата е кисела или алкална. Според Др. Јошиаки Мацуо, доктор на наука, изумител на единицата за Микровода, „според моето мислење, оксидо-редукцискиот потенцијал е позначаен од рН. Важноста на рН е пренагласена. На пример, просечната рН вредност на крвта е 7.4 и ацидозата или алкалозата се дефинирани според отстапките во рангот од 7.4 +- 0.05. Но ништо не се дискутира за ORP или потенцијалот на редукција-оксидација.“
pН вредноста на водата од чешма е околу рН 7 или неутрлана. Кога оваа вода се електролизира во микровода, редуцираната вода има рН вредност од околу 9 , а оксидираната вода рН околу 4. Дури и ако правите алкална вода со рН 9 со додавање на натриум хидроксид или правите кисела вода со рН 3 со додавање на вовдород хлорид, ќе има многу мала промена во ORP вредностите на овие два вида на вода. Од друга страна, кога ја делите водата од чешма со електролиза може да видите дека ORP варира дури и +- 1,000 mV. Со електролиза можеме да добиеме редуцирана вода со негативен потенцијал која е добра за телото.

Користење на микровода (јонизатор за вода) - Која Микровода (јонизатор за вода)

Апаратот за микровода (јонизатор за вода) произведува два вида на вода со различни ORP потенцијали, една со висок потенцијал на редукција и друга со висок потенцијал на оксидација.

Корист од алкална вода
Корист од алкална вода

Редуцирана (јонизирана и алкална) вода

Кога се зема внатрешно, редуцираната микровода (јонизатор за вода) со нејзиниот ORP потенцијал од -250 до -350 mV веднаш ги донира своите електрони на кислородните радикали и ја блокира интеракцијата на активниот кислород со нормалните молекули.
Биолошкиот молекул (БМ) останува неподопрен и неоштетен.

BM-e || MW-e + AO —> MW + AO-e

Неоштетените биолошки молекули помалку се чувствителни на инфекција и болест. Микроводата (јонизатор за вода) дава екстра електрон и го редуцира активниот кислород (АК), оттука правејќи ги безопасен. Активниот кислород е редуциран без оштетување на околните биолошки молекули. Супстанците кои имаат способност да го неутрализираат активниот кислород со снабдување на електрони се наречени прочистувачи. Според тоа, редуцираната вода може да се нарече прочистителна вода.
Кога се зема внатрешно, ефектите од редуцираната вода се јавуваат моментално. Микроводата (јонизатор за вода) ја спречува прекумерната ферментација во дигестивниот тракт со индиректно намалување на метаболитите како водород сулфид, амонијак, хистамини, индоли, феноли и скатоли, резултирајќи со прочистување на столицата за неколку дена откако редуцираната вода се консумира редовно. Во 1965 година Министерството за социјална заштита во Јапонија објавило дека редуцираната вода добиена со електролиза може да ја спречи абнормалната ферментација на цревните микроби.

Оксидирана вода

Оксидираната вода со ORP потенцијал од +700 до +800 mV е оксидирачки агенс која може да зема електрони од бактериите и да ги убие. Оксидираната вода од единицата за Микровода (јонизатор за вода) може да се користи за чистење на раце, кујнски прибор, свежо овошје и зеленчук и за стелизирање на даски за сечење и помали рани. Тестовите покажаа дека оксисдираната вода може да се користи за ефективно лекување на атлетско стапало, помали изгореници, убоди од инсекти итн.
Др. Јошиаки Мацуо, потпретседател на Институтот за вода во Јапонија, усовршил друг апарат способен за производство на хипер-оксидирана вода со ORP потенцијал од +1,050 mV и повеќе и за рН вредност пониска од 2.7. Тестовите покажаа дека хипер-оксидираната вода може брзо да ги уништи бактериите (Staphylococcus Aureus) кои се отпорни на антибиотиците со бета-лактам како пеницилините (метицилин, диклоксацилин, нфцилин, оксацилин итн. и цефалоспорините.
Иако хипер-оксидираната вода е моќно средство за стерилизирање, нема да и штети на кожата, всушност, може да се корисисти за лекување. Хипер-оксидираната вода се докажа дека е ефективна во јапонските болници во лекувањето на декубитус и оперативни рани со тешки инфекции.
Но, можеби највозбудливото идно користење на хипер-оксидирана вода е во полето на земјоделството каде ефективно се користи на растенијата за се уништат фунги и другите растителни заболувања. Хипер-оксидираната вода е нетоксична, па земјоделските работници можат да ја користат без носење на специјална заштитна опрема затоа што нема опасност за кожата или респираторно оштетување. Дополнителната придобивка од користење на хипер-оксидирана вода за прскање на растенијатае е тоа што нема опасност за околината предизвикана од насобраните токсични хемикалии во земјата.

Микровода (јонизатор за вода) супериорна за антиоксидантна исхрана

Во денешно време читаме многу за правилните принципи за исхрана и внимаваме на тоа што го јадеме со цел да останеме здрави. Тоа е паметна одлука, но чудно е тоа што многу од нас не сфаќаат дека најголемиот дел од тоа што го јадеме е составено од вода. Овошјето и зеленчукот се 90% вода, рибата и месото се составени од 70% вода, исто така.
Дури и застапниците на витаминот Ц во исхраната мораат да признаат дека неговата сила, имено, ORP потенцијалот на овој важен витамин, рапидно се намалува со годините и со готвењето на храната. Јагленохидратите, главен составен дел од овошјето и зеленчукот, има молекуларна тежина од 180 додека водата има многу пониска молекуларна тежина од 18.

Споредба на молекуларната тежина
Супстанци Молекуларна тежина
Микровода 18
Бета-каротен 150
Витамин Е 153
Витамин Ц 176

Микроводата, со нејзината мала молекуларна тежина и висок потенцијал на редукција, ја прават супериорен прочистителен агенс на активниот кислород. Но, електролизата внатре во единицата за Микроводата (јонизатор за вода) не само што ја снабдува редуцираната вода со електрони, исто така ја намалува големината на нолекуларните гроздови од редуцираната вода.
Со НМР (нуклеарна магнетна резонанца) анализата се откри дека водата од чешма и бунарската вода се сосотојат од гроздови со 10 до 13 Н2О молекули. Електролизата на водата во јонизаторот за вода ги намалува тие гроздови на половина од нивната нормална голмемина- 5 до 6 молекули на вода од еден грозд.

НМР на вода
НМР на вода

Како што покажува графиконот, сигналот НМР кој ја мери големината на гроздовите по ширината на линиите на половина амплитуда, покажува 65 Hz за редуцираната вода и 133 Hz за вода од чешма, со што се гледа дека гроздовите на редуцираната вода се приближно на половина од големината на гроздовите од водата од чешма.

Кластери
Кластери

Еве зошто микроводата полесно се апсорбира во телото од нетретираната вода од чешма. Микроводата брзо навлегува во телото и ја блокира оксидацијата на биолошките молекули донирајќи ги своите електрони кои ги има во изобилство на активниот кислород, овозможувајќи биолошките молекули природно да се обноват без оштетувањата предизвикани од оксидацијата која може да предизвика болести.

Заклучок

Теории - за и против - Спречување на изворот на болеста

Според Др. Хидемитсу Хајаши, дирекотор на Институтот за вода во Јапонија, „Да се елиминираат загадувачите во големите реки кои се загадени од изворот, мораме да работиме на горниот тек на реката – извор на загадувањето- а не во долниот тек каде можеме само да се обидеме ги лечиме доказите од оштетувањата предизвикани од загадувањето. Придонесот на Микроводата за превентивната медицина во суштина е правилен третман.“
Ние го сметаме дигестивниот тракт како горен тек на река каде што ги внесуваме водата и храната. Иако многу луѓе денес во развиените земји се се повеќе скептични за тоа што го јадат, тие повеќе се концентрираат повеќе на тоа што содржи храната отколку на метаболизираните продукти од храната во дигестивниот тракт.

  • Редуцираната вода индиректно го намалува водород сулфидот, амонијакот, хистамините, индолите, фенолите и скатолите и ги преобразува во безопасни супстанци.
  • Празнење на столица.

На пример, да видиме за типична балансирана исхрана со месо и зеленчук. Протеините од месото се метаболизираат во амини додека нитратите од вештачките ѓубрива кои се користат за раст на зеленчукот се метаболизираат во нитрити во дигестивниот тракт. Овие амини и нитрити се соединуваат и формираат нитросамин, познат карциноген.

  • Зеленчук – Месо
  • Нитрати - Протеини
  • Нитрити - Амини
  • Нитросамин (карциноген)

Веќе дискутиравме дека фекалиите со непријатен мирис се доказ за прекумерната ферментација во дигестивниот тракт, така што редуцираната вода игра многу значајна улога во дигестивниот тракт со намалување на прекумерната ферментација што се докажува со почиста столица за неколку дена од започнувањето на постојан режим со редуцирана вода.

  • Редуцираната вода ги снабдува електрони слободните радикали на активниот кислород произведени како резултат од аеробниот метаболизам и ги намалува, правејќи ги безопасни.
  • Оксидацијата на здравите клеточни молекули од страна на активниот кислород е блокирана. Биолошките молекули остануваат недопрени.
  • Болестите поврзани со прекумерната оксидација на здравите биолошки молекули се спречуваат.


Надолу од дигестивниот тракт, започнувајќи со црниот дроб, редуцираната вода бргу навлегува во црниот дроб и другите органи, благодарејќи, прво, на нејзината мала молекуларна маса, и второ, на големината на нејзините гроздови.
Во ткивата насекаде во телото, редуцираната вода со нејзиниот безбеден, но моќен потенцијал на редукција бргу ги донира електроните на активниот кислород и ги неутрализира така што тие не можат да ги оштетат молекулите на здравите клетки. Здравите клетки се заштитени од „крадењето“ на електрони од активниот кислород и им е овозможено да растат, да се развиваат, да функционираат и да се регенерираат без попречување слободните радикали на кислородот кои имаат тенденција да крадат електрони од молекулите на нормалните, здрави биолошки молекули.

Експанзија на флаширана вода

Денес е време на експанзија на водата. Во Јапонија и другите земји потрошувачите купуваат разновидни видови на флаширана вода иако водата е еден од најизобилните природни ресурси. Податоците од истражувањата откриваат дека минералните води имаат ORP (оксидо-редукциски потенцијал) од +200 mV, малку понизок од ORP потенцијалот на обичната вода директно од чешма кој изнесува дури +400 mV. Можеме да кажеме дека, барем, минералната вода е малку подобра од водата од чешма од гледна точка на ORP (оксидоредукциски потенцијал). Споредено со било која друга обработена вода која се продава, сепак, микроводата со својот потенцијал на редукција од -250 до -600 mV е над сите други, а сето тоа заради нејзината способност да ги прочисти и неутрализира радикалите на активниот кислород.

Напомена: Текстовите од рубриката „Стручни написи“ служат како водич за стручни лица: лекари, фармацевти, нутриционисти и др. и не се наменети за други лица кои самостојно би одредувале одредена терапија или би вршеле замена на класични лекарства и медицински третмани.

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator