Најчести прашања за алкалната вода

Секако дека можете, но ако сте како многумина од луѓето, односно немате навика за често пиење вода бидејќи потоа се чувствувате тешки како оловен балон и се осеќате дека стомакот ви е полн со вода, би размислиле како можете на едноставен начин да ги надминете сите овие проблеми заради кои всушност не пиете доволно вода и вашиот организам е дехидриран. Со тоа организмот ги трпи и сноси сите последици од таквата состојба во која се наоѓа.

Јонизираната вода од јонизаторот е лесна вода. Има многу мали молекулни кластери и можете да ја пиете преку целиот ден. Можете да пиете вообичаена вода и да уживате во некои од погодностите за кои зборуваме, но таа сепак нема да допре до вашите клетки како алкалната, јонизирана вода. Водата од чешма или шишиња е со молекулни кластери во кои се групирани по 15 или повеќе молекули на вода. Молекулните кластери кај алкалната јонизирана вода се составени од само 5 молекули на вода. Затоа јонизираната вода, може да продре таму каде обичната вода не може, со доброто што го прават негативните јони на кислородот, може да ве ослободи од киселоста во клетките, а исто така има способност да ги неутрализира слободните радикали кои предизвикуваат предвремено стареење, карцином, зголемено таложење на холестеролот и зголемување на наслагите во крвните садови, како и многу други болести предизвикани заради овие непожелни состојби во организмот. Тоа е и основната разлика меѓу обичната и јонизираната или таканаречена вода во шише против предвремено стареење.

Алкалната вода, е силен растворувач на хралнивите материи, па така пиењето на алкалната вода овозможува оптимална апсорпција на хидросолубилните хранливи материи во интестиналниот тракт кај секој човек. Природната храна и природните додатоци во исхраната, како што се синозелените алги и колострумот, многу полесно се апсорбираат во интестиналниот тракт, доколку притоа секојдневно консумираме алкална вода. Истовремено, алкалната вода е силен растворувач на масти, па придонесува за прочистување на интестиналниот тракт од масните наслаги кои се наталожиле со текот на годините, заради неправилната исхрана во нашето секојдневие. Чистењето на масните наслаги овозможува квалитетна апсорпција на хранливите материи од храната која ја конзумираме, а која во голема мера се апсорбира во интестиналниот тракт. Оптималната апсорпција на храната овозможува да ги апсорбираме сите потребни хранливи материи, па така на организмот да му ги овозможиме истите за неговите секојдневни потреби и оптимална функција.

Со други зборови, јонизираната вода претставува жива вода, а придобивките од таквата вода се познати уште многу одамна.

ORP е кратенка за „Оксидациски редукциски потенцијал“. Во некои делови на светот познат е и како Redox потенцијал. ORP е „потенцијалната“ енергија која е складирана и спремна за делување. Не делува секогаш, туку според потребата, но знаеме дека е тука и можеме да ја измериме.
Во поимите поврзани со електричната енергија, потенцијалната енергија може да се измери. Кога го користиме поимот „потенцијал“ спомнувајќи го ORP, всушност зборуваме за електричен потенцијал кој складира електричен напон изразен во миливолти.
Друг збор за потенцијал може да биде притисок. Надувајте балон и во него има воздушен притисок. Сè додека отворот го држите цврсто затворен, притисокот останува како потенцијална енергија (кога ќе се отпушти притисокот се претвора во кинетичка енергија).

Во случајов станува збор за ORP, а таа енергија се мери со ORP мерач. Отчитуваме незначителна волтажа во водата која обично се мери со присутноста на оксидирани и редуцирани агенси, тнр. „Оксидо - редукциски потенцијал“. Водата со повисоко pH има повеќе „намалени“ односно редуцирани агенси (-ORP), а водата со пониско pH има повеќе оксидациски агенси (+ORP). Нормалната вода од водоводот во повеќето земји во светот истекува од чешмата со +200 до +600 миливолти.

Јонизираната вода покажува најголеми придобивки за човековото здравје со ORP почнувајќи од -250 миливолти или пониско (на пример -330mV па дури и -550mV). Тоа е она што го прави антиоксидантен ефект кај водата, кој се јавува заради содржината на OH- или негативни хидроксилни јони. Колку понегативен ORP има водата, до толку делува како посилен природен антиоксиданс и може полесно да допре до ткивата на ниво на клетка за да го излекува телото отстранувајќи ги токсичните материи кои делуваат кисело во организмот. Истовремено врши оптимална хидратација на клетките во организмот, и истите можат оптимално да функционираат, да се врши размена на материи и едноставно нормално да функционираат.

Кога водата се устојува во цевките или шишињата, ORP станува многу позитивен. Со тоа водата претставува оксиданс и не ги неутрализира токсините, а истовремено придонесува и во нивното формирање.

Оксидацијата е она што го потемнува јаболкото откако ќе го пресечете или тоа што предизвикува рѓа кај металите. Оксидацијата го слабее металот и ја покажува дотрајаноста на јаболкото. Процесот оксидација „краде“ електрони од површината која оксидирала. Кога го мериме потенцијалот на оксидација на нештото, изразен е во +ORP и ја мери концентрацијата на OH+ јоните или оксидираните агенси. Со процесот на оксидација, всушност настанува разградување на ткивата и материјалите, односно предизвикува насока на распаѓање на истите. Од друга страна пак, „Намаленот“ редуциран агенс,  едноставно претставува она што го намалува или забавува процесот на оксидација. Намалениот агенс го прави тоа со „донирање“ електрони. Кога мериме ORP на нешто (оксидациски редукциски потенцијал), го изразуваме со терминот -ORP, а всушност се мери концентрација на OH- јоните или намалените редуцирани агенси. Во својот изворен облик намалниот агенс е „антиоксидант“ кој ја намалува оксидацијата. ORP во повеќето водоводи во светот е помеѓу +200 до +600 миливолти и содржи оксидациски агенси (+ORP), а тоа претставува силен оксиданс. Повеќето води во шише се многу кисели (имаат ниско pH) и имаат повисок ORP (над +400 миливолти).

pH претставува „потенцијален водород“, се прикажува во таблица со нивоа од 0-14 (Логоритамска pH скала) која овозможува индикација на присуството и содржината на водород. Оптимално pH во нашето тело е важен фактор за добро здравје. Ако било што го промени своето pH од pH 7 на pH 8, станува десетпати поалкално. Спротивно, ако од неутралните pH 7 се промени на pH 6, станува десетпати покисело.

На пример, популарната Coca Cola со pH 2.5 е скоро 50.000 пати покисела отколку неутралната вода, и потребни се дури 32 чаши неутрална (pH 7) вода за да се поништи (неутрализира) дејството на една чаша Coca Cola во нашиот организам. Можете да забележите дека промената од нормалното ниво на крвта во нашиот организам од pH 7.365 до pH 7 значи дека истата таа крв ненадејно ќе биде четирипати покисела отколку што би требало да биде. Во такви случаи буквално можете да умрете од труење со крв.

Од ова можете да заклучите дека pH на нашата крв во секое време од денот може да биде под влијание на многу нешта: храна, пијалоци, стрес, нечистотии, или пак, што е добро, вежби, медитации, пиење алкална вода, длабоко дишење, па дури и тоа што сме среќни.
pH е мерка за киселост или алкалност. Првпат презентиран од данскиот хемичар S.P.L. Sorensen во 1909 год., pH претставува „сила на водородот“.

  • Чистата вода со температура од 25 степени Целзиусови има еднаква концентрација на ослободени јони на водород (H+) и хидроксидни јони (OH-) и се смета за „неутрална“.
  • pH ја мери концентрацијата на водород и хидроксидни јони на скалата од 0 до 14, а 7.0 се смета за неутрално.
  • Течностите со ниво pH под 7.0 се киселини.
  • Течностите со ниво pH над 7 се алкални.


Здравото човеково тело содржи и кисели и алкални течности. Ограните го одржуваат pH на артериската крв меѓу 7.35 и 7.45. Во зависност од количините храна и пијалоци и слично кои делуваат кисело, а кои се внесуваат со јадењето, пиењето и дишењето, телото ќе зема соодветни количини на алкални материи од деловите на телото како што се коските, за да го неутрализира дејството на внесените храна и пијалоци кои делуваат кисело, а сè со цел да обезбеди да pH на крвта и организмот бидат благо алкални со pH 7.35 до pH 7.45.
Со пиењето алкална вода, можете да го „победите“ внесувањето киселини и да му помогнете на телото при регулација на сопственото pH на многу поздрав начин, многу побрзо и без трошење на резервите на калциум во организмот. Едноставно кажано, алкалната вода помага во неутрализација на киселините уште пред тие да предизвикаат несакани ефекти и последици.

Обичната вода од водовод, пречистена и филтрирана од непотребните состојки и загадувачи е најдобра. Дестилираната или водата филтрирана со реверзна осмоза нема никакви минерали, па затоа истата не може да биде јонизирана. Јонизаторите можат да користат и вода од бунари (извори) во која минералите кои се неопходни за организмот се содржат во нејзе. Два најчести проблеми со изворската вода се водородниот сулфат (миризбата на скапани јајца т.е. сумпор) и високото ниво на железо или калциум. Сето тоа може да биде отстрането со употреба на соодветен предфилтер (контактирајте нè). Минералите во изворот на вашата вода директно влијаат на силината на јонизираната вода која сакате да ја направите. Колку повеќе минерали, толку посилна јонизација, висока алкалност и висок антиоксидантен потенцијал. Многу високото присуство на калциум или негови соедниненија во водата создава каменец. За да се заштити јонизаторот и да се продолжи неговото времетраење и употреба, Chanson нуди решение за омекнување на водата.

Антиокцидантните својства (хидроксидните јони) ќе траат приближно 24 часа. Повисокото ниво на pH (својството на алкалност) ќе трае отприлика 1-2 недели. Малите групи на молекулни кластери ќе траат приближно 1-3 месеци. За најуспешни разултати, најдобро е водата да се пие веднаш после јонизацијата, односно директно од самиот уред.

Тоа ќе зависи од вашата физичка состојба во моментот кога ќе почнете да пиете јонизирана вода. На пример, ако сте се хранеле здраво и сте го ослободиле вашето тело од токсини, можете да почнете да пиете јонизирана вода со ниво pH 8, па дури и со pH 9. Но, ако некое време сте користеле лекови, или лошо сте се хранеле користејќи „брза храна“, преработена храна или храна која не содржи свежо овошје и зеленчук, можеби би требало да почнете да пиете јонизирана вода од прво ниво. Почнете така што полека во текот на денот ќе испиете две до три чаши алкална вода со ниво 1. Ако не почувствувате некој негативен ефект (главоболка), во текот на 2 – 3 дена, поминете на повисоко ниво (и така до ниво 3 која ќе ја пиете во поголеми количини секојдневно). Колку посилно јонизирана вода пиете, толку е подобро за вас бидејќи водата е поалкална, подетоксификациска и посилен антиоксидант кој на вашето тело му овозможува повеќе кислород, помалку токсини и забавено стареење. Др. Јанг (Young) препорачува количина од најмалку 2 литри алкална јонизирана вода со ниво 3 дневно за возрасни лица, особено оние кои не се занимаваат со некои спортски активности.

Луѓето знаат да испијат меѓу 3 и 4 литри јонизирана вода секој ден и имаат голема корист од тоа, а не претеруваат во алкалноста. Всушност спротивно, една од најчестите причини поради која луѓето денес заболуваат е тоа што се сè поизложени на киселините предизвикани од конзумирање на продукти кои делуваат кисело, како и заради дишењето на загаден воздух. pH во нашето тело просечно треба да се движи околу 7.0 (мерено во плунката или урината). Колку сме поизложени на киселини, што значи со pH 6.5 или пониско, толку е поверојатно дека болеста ќе се развива во нас. Ниската pH вредност во телото создава услови и околина погодна за развој на болести како артритис, карцином итн. Можете да забележите дека луѓето кои се многу болни секогаш имаат ниско телесно ниво на pH (не ниво на pH во крвта кое е секогаш стабилно на pH 7.3 до 7.4). Колку се поболни, толку им е пониско телесното pH. Кај болните нивото на pH неретко е околу pH 5, а кај хроничните болни од потешки болести, pH нивото во урината често се случува да биде pH 4.5). Најлошото е што самите болести, понатаму со текот на времето како што се развиваат, ќе создадат такви услови на киселост во нас што уште посилно ќе се развиваат. Накратко, тешко можеме да станеме преалкални. Би требало секогаш да пиеме алкална вода.

Апсолутно никакви, сè додека правилно се користи. Може да се пие само алкална вода. НИКОГАШ НЕМОЈТЕ ДА ПИЕТЕ КИСЕЛА (АЦИДНА) ВОДА. Никогаш не сме воочиле ниедна негативна последица од јонизираната вода, дали алкална или кисела, сè додека правилно се користи. Алкалната вода е за пиење, а киселата (ацидна) вода е за надворешна употреба. Високоалкалната вода со pH 10 или повеќе, се користи за измивање на зеленчукот и овошјето, односно за отстранување на пестицидите и хербицидите од нив.

Процесот на јонизација создава групи (кластери) на молекули кои се двојно помалку (околу 5-6 молекули во кластер) на број отколку групите на молекули во обичната вода (околу 15-16 молекули во кластер). Причината зошто јонизираната вода понекогаш ја нарекуваат „микро вода“ е тоа што групите на молекули се намалуваат од 15 на 5. Тоа водата ја прави похидрирачка бидејќи низ ткивата и клетките во нашето тело протекува многу полесно, притоа исфрлајќи ги токсините (отровите) од нашиот организам. Тој детоксификациски ефект понекогаш (во првите 2-5 дена) кај луѓето што ја конзумираат предизвикува привидни главоболки, тегоби при варењето на храната или гасови, и токму поради тоа постојат четири нивоа на алкална вода (во однос на pH вредноста) кај сите наши јонизатори на вода. После тој почетен период тегобите исчезнуваат, а притоа многу полесно и пријатно се чувствуваме.

Не. Сепак, некои луѓе треба да почнат да пијат помала количина јонизирана вода, барем во првите неколку дена по 2 – 3 чаши дневно јонизирана вода со ниско ниво на pH. Тоа пред сè се однесува на старите лица кај кои, за жал ,често во телата се таложат тешки метали и други токсини. Понекогаш нивните тела се исполнети и со лекарствата и нивните остатоци кои со години ги земале. Токсините и тешките метали кои се таложат во луѓето со десетици години можат да предизвикаат болести како Алцхајмерова болест, деменција со Lewy телца и други невролошки пореметувања и психолошки заболувања. Истотака, при земањето лекови или други синтетски додатоци потребно е да се конзумира прочистена (purified) вода со ниво на pH 7. Тоа се препорачува заради силните прочистувачки и детоксификациски својства на алкалната вода, заради кои таа го неутрализира токсичното дејство на лековите и синтетичките додатоци произведени во лабораторија, а со тоа всушност ги неутрализира дејствата од земањето лекови. Општо познато е дека лекарствата немаат корисни индикации (ефекти) или контраиндикации, туку тие едноставно имаат само индикации, меѓу кои некои се истакнуваат како корисни за пациентот, а другите се спомнуваат како несакани ефекти.

Треба да почнете полека. Поставете го јонизаторот на најниското ниво на алкалност. Под претпоставка дека вам тоа ви одговара, зголемете ја количината на вода која ја пиете и интензитетот на јонизацијата. Најголемите нивоа на алкалност со pH 9.5-10.0 – се најдобри за питката вода, a најголемите нивоа можат да се користат и за готвење. Кај поединци, детоксификациските ефекти од пиeњето алкална јонизирана вода можат да предизвикаат краткотрајна главоболка и пречки во варењето. Освен тоа, кај некои постари лица, јонизиранта вода може во почетокот може да поттикне почесто празнење на цревата. Затоа и се препорачува умерен почеток. Послужете се со поставките за „прочистена вода“ поврзано со земањето лекови за кои доктор ќе ви препорача да не ги користите заедно со алкална вода (бидејќи таа може да го неутрализира нивното дејство). Не пијте кисела (ацидна) вода бидејќи таа е за надворешна употреба. Покрај сè што набројавме имајте предвид дека милиони Јапонци секојдневно пијат алкална јонизирана вода повеќе од 30 години. Јонизаторот на вода јапонската влада го одобри како домашен медицински инструмент. Освен тоа, резултатите од безбедносните испитувања кои ги спроведе јапонското министерство за социјална грижа не открија ниту едно непожелно или штетно влијание врз човековото тело.

Алкалната јонизирана вода најдобро е да се чува во добро затворен стаклен или пластичен сад. Може да се разлади во фрижидер или да се чува на студени и темни места, а не треба да се изложува на директна светлина бидејќи забрзано ќе ги изгуби нејзините корисни својства. Одбегнувајте чување на водата во метални, особено алуминиумски садови. Алкалните својства ќе се задржат една до две недели, но најсилни се кога водата е свежа (во првите три дена). Антиоксидантните својста почнува да ги снемува веќе по 18-24 часа. Затоа, за да добиете најголема корист, испијте ја алкалната вода истиот ден. Ако користите пластика, ве молиме проверете дали е тоа плстичен сад со добар квалитет. Водата во шишиња обично е спакувана во евтина рециклирана пластика која испушта хемикалии.

Во почетокот ќе зависи од тоа колку силна алкална јонизирана вода сте почнале да пиете. Јонизираната вода го снабдува тело со многу кислород, заради што ни дава пријатно чувство и повеќе енергија. Јонизираната вода е со попрефинет вкус од вообичаената вода за пиење. Со неа се повкусни сокот, чајот, кафето итн. Со алкалната вода поубаво се готви бидејќи ја поттикнува хидратацијата на храната и го задржува и истакнува нејзиниот вкус. Но, другите промени во вашето тело по пиењето алкална вода ќе бидат посуптилни и за нив ќе треба малку време. Ако во организмот сте насобрале премногу кисели талози/отпадоци, веројатно сте ги таложеле со години и ќе треба време тоа да се промени, односно истите целосно да ги исчистите. Бидејќи на телото му треба малку време да се врати во pH рамнотежа, по конзумирањето алкална вода, природно ќе почне да функционира поделотворно и проблемите ќе почнат да исчезнуваат сами по себе. Јонизираната вода му помага на вашето тело да ја достигне природната рамнотежа осигурувајќи му го потребниот кислород и алкалност за да може самото себе да се излечи и да го спречи развојот на болестите.

Повеќето лекарства и витамински додатоци се направени лабораториски, по синтетички пат, а ни од далеку не се идентични по структура како онаа во која се појавуваат хранливите состојки во природата. Не би требало да пиете алкална јонизирана вода 45 минути до 1 час пред и по земањето на лекови или синтетски витамински додатоци, бидејќи алкалната вода делува прочистувачки и има својство да ги детоксифицира синтетските супстанци и токсините кои сме ги внеле во организмот. Таа ги прочистува и неутрализира уште пред тие да бидат апсорбирани во дигестивниот тракт. Истото се однесува и за алкохолот, алкалната вода го неутрализира алкохолот уште пред тој да се апсорбира во крвта, па затоа при консумирање алкохол и алкална вода заедно, дејството на алкохолот ќе изостане...

Доколку сакате и во такви случаи можете да го користите апаратот, се препорачува да тоа го направите пиејќи прочистена вода (ознаката „purified“ на вашиот јонизатор), а секако ви останува опцијата да со апчињата пиете друга течност или изворска вода. Генерално, секојдневното пиење на алкална вода, ни овозможува широка палета здравствени придобивки, со што би изостанала потребата од конзумирање таблети со синтетски лекарства или разни витамински додатоци, кои претходно биле дел од нашето секојдневие и без кои не сме можеле да функционираме...

Калциумовиот минерал во алкалната јонизирана вода го предизвикува тој феномен. Особено ако во изобилство  е присутен радикалот (CO3) кој се спојува со калциум карбонатот (CaCO3) и создава таков талог. Тоа е видлив доказ за електролизата. Таа материја не е штетна, а се создава со текот на времето доколку истиот сад за чување алкална вода го користите подолго време. Секако, можете да го исчистете садот – додадете една лажица оцет и вода во садот, нека постои неколку минути и потоа исплакнете го садот, со што комплетно се отстранува наталожениот бигор. Доколку се користи предфилтер за омекнување на водата, нема да дојде до вакво таложење во садовите.

Доколку постојат, честичките кои ги гледате се калциум. Тоа се случува многу ретко, а зависи од квалитетот на вашата вода, па можете да ги гледате во поголема содржина отколку на некои други места. Калциумот се прилепува за внатрешноста на уредот и така стигнува до вашите садови. Во некои подрачја потребата за предфилтри за пречистување на водата, може да биде многу поголема отколку на други подрачја каде што самата вода е почиста и не содржи толку големи количини на каменец. Нема потреба за паника кога ќе видите калциум бидејќи уредот не го додава, туку тој веќе е присутен во вашата вода од чешма што е и законски регулирано.

Квалитетот на водата навистина ќе се промени кога е загреана или разладена. Кога е загреана ORP и pH се менуваат, а кога е разладена ORP ќе се промени, но pH ќе остане исто околу недела дена, зависно од квалитетот на водата.

Да, нормално е за Chanson водата да излегува од уредот магловита. Понекогаш ќе биде помагловита отколку други води. Дали ќе биде помалку или повеќе магловита зависи од протокот на водата. Магловитоста се случува заради водородниот гас кој се создава при електролиза на водата. Откако ќе отстои, за кратко време водата се избиструва.

Ако вашата вода содржи јаглерод-диоксид, откако ќе ја пуштите водата низ уредот и ќе го проверите pH нивото, прво ќе се покаже гримизна боја на ставката 9.5 и потоа веднаш ќе се врати на pH нивото на вашата вообичаена вода. И покрај тоа, Chanson водата задржува многу карактеристики, како што е добриот вкус, и останува добра за вашето здравје.

Киселата (ацидна) вода делува разорно на бактериите. Како резултат на тоа е широката комерцијална примена во: болничката нега, хирургијата, преработката на храна, одгледувањето ркулци и пченица, ботаниката, итн. Во домаќинството е одлично средство за чистење и стерилизација, се применува и во кујната како и за нега на косата и кожата, го продолжува животот на цвеќињата, го поттикнува растот на растенијата и уште многу други употреби. Киселата вода е „бесплатен“ додаток. Одлична е за сите видови кожни проблеми. Се користи за промивање на лицето пред спиење, одлично решение е за акните, воспалено грло, испирање на косата и многу друго. Го забрзува зацелувањето на кожата од исеченици, површински рани, гребнатинки, убоди од инсекти, габични оболувања, псоријаза, исфрлувања на кожата и други кожни заболувања.

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator