Хималајски лампи - упатство за употреба

Кристалите од хималајска сол се хигроскопни (имаат својство да апсорбираат вода или влага од околината). Оттука, лампите од кристална сол треба да се користат во суви простории. Во случај на зголемена влажност, на пример, за време на дожд, лампите од хималајска сол треба да се вклучени. Топлината која се испушта од сијалицата која е во лампата ги загрева кристалите сол и помага водените честички да испарат на надворешната површина. Ако планирате да ја чувате лампата од хималајска сол подолг временски период во влажна средина (на пример, гаража, поткровје, визба итн.) ставете ја во пластично ќесе и залепете ја убаво со селотејп.
Исто така, пожелно е да се придржувате кон одредени упатства кога ги користите лампите во канцеларија или во соба.
Прво, ако се случи кондензација на надворешната површина, капењето на водата може да ја оштети површината на лампата (на пр. обезбојување, да се појават меурчиња на дрвената површина итн.) Кога ја ставате лампата на површина која може да се оштети (антички или канцелариски мебел) треба дополнително да ја заштитите површината со гумена или плутена основа или, пак, чинија за да се слива кондензираната вода. Овде, повторно, добар начин за да се исуши лампата е да се вклучи.
Второ, ако лампата е во место каде си играат деца или кучиња, НЕ ТРЕБА да се става на работ од мебелот или, пак, електричниот кабел да е достапен на дофат на децата. Лампата треба да биде поставена на начин што ја спречува веројатноста на пад од висина и да предизвика повреда на детето или миленичето.
Ако лампата од хималајска сол има влага одвнатре, треба веднаш да се извади електричниот кабел од напојување. Земете ја основата на сијалицата и испитајте ја влажноста. Ако основата е влажна, ставете ја на суво и топло место. Избришете ја лампата со памучна крпа додека не се отстрани влажноста. Следете ја влажноста на основата и на лампата и повторно склопете ја за неколку часа.
Треба да ги следите овие упатства кога ја менувате сијалицата од лампата:

  1. Извадете го електричниот кабел од напојување.
  2. Свртете ја лампата наопаку за да ја видите основата на сијалицата.
  3. Фатете го долниот, видлив дел од основата на сијалицата и нежно повлечете надолу (не влечете го кабелот освен ако не е неопходно).
  4. Потоа, откога ќе ги видите двете метални штипки, притиснете ги, убаво фатете ги со дланка и полека повлечете ја основата од лежиштето. Внимавајте да не ги отпуштите пребрзо металните штипки бидејќи може да се повредите.
  5. Заменете ја сијалицата.
  6. Откако ќе ја замените сијалицата, фатете ги убаво двете метални штипки, соберете ги за да ги собере во лежиштето и внесете ја сијалицата во лежиштето од лампата.

Понекогаш, домашните миленичиња (најчесто кучиња) инстинктивно ја лижат лампата за да ги надоместат минералите во нивното тело. Лампите од хималајска сол не се наменети за јадење, но не се штетни по здравјето затоа што се направени од 100% природна сол.

НЕ ЈА ОСТАВАЈТЕ ЛАМПАТА ВКЛУЧЕНА БЕЗ НАДЗОР!
НЕ ЈА СМЕСТУВАЈТЕ ЛАМПАТА ВО БЛИЗИНА НА ВОДА!
НЕ ЈА ВКЛУЧУВАЈТЕ/ИСКЛУЧУВАЈТЕ ЛАМПАТА СО ВЛАЖНИ РАЦЕ!
ЧУВАЈТЕ ЈА НА СУВО И ТОПЛО МЕСТО СЕКОГАШ КОГА Е ВОЗМОЖНО!

Лампа од хималајска сол, Мала ≈4 кг. Лампа од хималајска сол, Мала ≈4 кг. 1.350 ден.
Лампа од хималајска сол, Средна ≈7 кг. Лампа од хималајска сол, Средна ≈7 кг. 1.700 ден.
1.530 ден.
Заштеда: 10%
Лампа од хималајска сол, Голема ≈10 кг. Лампа од хималајска сол, Голема ≈10 кг. 2.200 ден.
Лампа од хималајска сол, Гигант ≈25кг. Лампа од хималајска сол, Гигант ≈25кг. 3.400 ден.
Лампа од хималајска сол, Пирамида, ≈2 кг. Лампа од хималајска сол, Пирамида, ≈2 кг. 1.950 ден.
1.560 ден.
Заштеда: 20%
Лампа од хималајска сол, Топка, ≈4 кг. Лампа од хималајска сол, Топка, ≈4 кг. 1.950 ден.
Лампа од хималајска сол, Коцка, ≈3 кг. Лампа од хималајска сол, Коцка, ≈3 кг. 1.950 ден.
1.560 ден.
Заштеда: 20%
Лампа од хималајска сол, USB, Пирамида, ≈500 гр. Лампа од хималајска сол, USB, Пирамида, ≈500 гр. 850 ден.
Лампа од хималајска сол, USB, Коцка, ≈1 кг. Лампа од хималајска сол, USB, Коцка, ≈1 кг. 850 ден.
Лампа од хималајска сол, USB, Квадар, ≈1 кг. Лампа од хималајска сол, USB, Квадар, ≈1 кг. 850 ден.
Свеќник од хималајска сол, Природна форма, ≈500 г. Свеќник од хималајска сол, Природна форма, ≈500 г. 240 ден.
190 ден.
Заштеда: 21%
Свеќник од хималајска сол, Природна форма, ≈800 г. Свеќник од хималајска сол, Природна форма, ≈800 г. 280 ден.
220 ден.
Заштеда: 22%
Свеќник од хималајска сол, Природна форма, ≈1 кг. Свеќник од хималајска сол, Природна форма, ≈1 кг. 320 ден.
250 ден.
Заштеда: 22%
Свеќник од хималајска сол, Конус, ≈1 кг. Свеќник од хималајска сол, Конус, ≈1 кг. 240 ден.
Свеќник од хималајска сол, Цилиндер, ≈1 кг. Свеќник од хималајска сол, Цилиндер, ≈1 кг. 420 ден.
Свеќник од хималајска сол, Јаболко, ≈1 кг. Свеќник од хималајска сол, Јаболко, ≈1 кг. 310 ден.

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator