POWER3®

Нова димензија во микро-нутритивната моќ

Најдобриот извор на суперхрана во светот

Кламатски Сино-зелени АФА Алги – СПИРУЛИНА – Супер ХЛОРЕЛА

Кламатските Сино-зелени АФА Алги (Aphanizomenon Flos-Aquae) добија внимание во последниве години како најбогатата храна со нутриенти и совршено балансирана природна храна на планетава. Тоа ја прави една од највиталните и најосновните видови на храна на пазарот за здрава храна денес. Често посочувани како „диви синозелени алги“, тие растат диво и некултивирано во чистата, недопрена вода на Горното Кламатско Езеро, во државата Орегон во неверојатна и совршена природна средина, која е невозможно да се копира во фармите за алги.
ДИВИТЕ СИНО-ЗЕЛЕНИ АЛГИ се еден од најбогатите извори на протеини (до 70%), од кои поголемиот дел се гликопротеини, кои се веќе преобразени и подготвени за апсорпција со 80% дигестибилност. Се сметаат за „комплетни протеини“, кои ги содржат сите осум есенцијални амино киселини и се богати со Б витамини, со што се најбогатиот растителен извор на Б-12, Бета Каротен, и нетоксичен Витамин А; исто така, богати се со витамини Ц, Е, К, Иноситал, Холин и Биотин. Мекиот клеточен ѕид од гликоза ги прави лесно асимилирачки и супериорни во дигестибилноста и апсорпцијата со совршена синтеза на Протеини, Ензими, Сложени Јагленохидрати и Липиди, (Есенцијални Масни Киселини: Омега 3, Омега 6, EPA- Еикосапантеонска киселина и GLA- Гама линоленска киселина) и Нуклеински Киселини, РНК/ДНК. Колоидниот минерален седимент од Горното Кламатско Езеро ги прави синозелените алги екстремно богати со широк спектар на минерали во нивната природна форма, сврзани органски и високо био-достапни.
АФА алгите исто така содржат значајни пигменти и антиоксидантни соединенија: екстремно богати со Хлорофил, Фитоцијанин и Каротеноиди кои помагаат да се балансира алкалноста и да се регенерираат, прочистат и оксидираат нашите клетки. Интезивната сина нијанса има природни анти-воспалителни својства, ја зајакнува функцијата на црниот дроб и се покажа дека го спречува формирањето на рак и тумор.
Кламатските Сино-Зелени Алги се најдобро познати по нивниот неверојатен ефект на нервниот систем. Нивната способност да го метаболизираат азотот директно од воздухот овозможува да произведат невропептиди, кои се претходници на невротрансмитерите. Невротрансмитерите се хемиска врска, кои пренесуваат пораки од мозокот до телото и од телото назад до мозокот. Нервниот систем и мозокот „комуницираат“ меѓусебно секоја минута од денот. Ако пептидната врска од амино киселина е посилна од меморијата, менталната фукција и здравјето на нервниот систем ќе бидат многу подобрени. Сино-зелените алги се нервен стимулант со што повеќето луѓе забележуваат позитивни карактеристики, обезбедувајќи поoстар ментален фокус и живост. Нивното својство на засилување на мозокот ги прави потенцијално моќна, исцелителна храна за умот. На посуптилни нивоа, можат да имаат својства на духовно обединување. За телото и умот се сметаат за еден од најмоќните регенератори од Природата.
Кламатските Сино-Зелени Алги се собираат во нивната природна форма во средината на најдлабокиот дел од Горното Кламатско Езеро, каде што чистота на синозелените алги е најголема. По собирањето веднаш се замрзнуваат со што сите значајни нутриенти остануваат недопрени и биолошки активни. На крај, брзо се сушат со лиценциран процес на Биоактивна Дехидрација на ниска температура. Klamath Blue Green Algae™ се сертифицирани како органски, обезбедувајќи највисока чистота и постојан квалитет од 1989 година.

СПИРУЛИНА, сино-зелена цијанобактерија микро-алга која датира од пред 3 милијарди години, е најпозната од овие алги. Моќна природна храна богата со нутриенти, спирулината е составена од преку 60% протеини и тоа се комплетни протеини, обезбедувајќи ги сите осум есенцијални амино киселини. Има ниска содржина на масти, но ги содржи сите значајни есенцијални амино киселини, вклучувајќи многу високи количини на Гама Линоленска Киселина (GLA). Оваа киселина е претходник на хормон и е погодна за правилно функционирање на срцето и циркулација. Исто така, има анти-воспалителни својства, кои се благотворни за кожата и косата.
Најголемиот број од значајните витамини кои ни се потребни се наоѓаат во Спирулина вклучувајќи го целиот ранг на Б-комплекс, Витамин Е и бета-каротен, посебно богати со витамин Б-12, како и Кламатските Сино-Зелени Алги со што се одличен извор на Б-12 за вегетаријанците. Спирулината исто така е богата со минерали (вклучувајќи железо, калциум, цинк, калиум, магнезиум, селен, фосфор и олиго-минерали), ензими, хлорофил, ДНК, РНК, сулфолипиди и гликолипиди.
Истражувачките студии покажаа дека Спирулина има многу благотворни, превентивни својства и се откри дека го стимулира имунолошкиот систем помагајќи му на телото да произведе нови крвни клетки. Спирулината е постојано богата со Фикоцијанин, широко познат како градител на крвта, а исто така покажува моќна анти-вирусна активност и анти-канцер својства. Другите пигменти вклучуваат високи нивоа на зелен Хлорофил и жолто-портокалови пигменти од Каротеноиди и Бета-Каротен.
Тоа што ја истакнува нашата Спирулина пред другите видови на Спирулина е тоа што е Сертифицирана како 100% Органска. Националната Органска Програма-NOP на USDA (Американското Министерство за Земјоделство) сè уште дозволува употреба на 20% Чилеански Нитрат. Ние настојуваме да ги постигнеме глобалните барања за вистинска Органска Спирулина па така користиме само Сертифициран Органски Извор на Азот без употреба на било каков Чилеански нитрат. Нашата Спирулина е единствената која е заверена како USP, што значи дека има US Pharmacopeia овластување да биде означена како таква. Исто така е Сертифицирана како Органска од Institut of Markokologie (IMO), Швајцарија според Националната Органска Програма-NOP на USDA. Освен тоа, нашата Спирулина ја има единствената предност да биде растена во простор кој има HACCP Сертификат. Исто така има и Кошер Сертификат.
Спирулината во POWER 3 е лесно сварлива. Нејзиниот примитивен клеточен ѕид не содржи целулоза туку мукополисахариди. Тоа ја прави значаен извор на храна за оние кои имаат дигестивни потешкотии. Поради тоа, нејзината висока содржина на протеини е лесно достапна како вистинска храна. Диетерите ја вреднуваат спирулината поради ниската содржина на масти, шеќер и калории, а во исто време се добива чувство на физичко и нутритивно задоволство. Поради нејзината севкупна нутритивна вредност и способност за обезбедување енергија, спирулината со право се означува како една од најдобрите зелени видови на суперхрана.

Супер ХЛОРЕЛА, Растена хетеротрофично во најчистата од контролираните средини. Со совршени услови за растење со сончева светлина, температура, вода и воздух овие микроалги со мек клеточен ѕид се опуштени во нивната совршена средина и поради тоа немаат потреба да развијат дебела клеточна бариера за да се заштитат од борбените елементи. Вртењето и раскинувањето на дебелиот клеточен ѕид може да биде неприродно и по малку трауматично за самата клетка. Ние сме горди со тоа што можеме да ја вклучиме оваа Хлорела со извонредно висок квалитет во нашиот POWER 3. Супер Хлорелата е лесно сварлива. Според многу експерти, оваа високо концентрирана едноклеточна суперхрана е најголемиот извор на хлорофил во светот, познат како градител на крвта и стимулатор за формирањето на црвени клетки. Хлорофилот исто така е познат по тоа што го зајакнува имунолошкиот систем, забрзувајќи го исцелителниот процес и чистејќи го крвотекот, црниот дроб и цревата.
Одличен извор на протеини- 60%, Хлорелата ги содржи сите есенцијални амино киселини и масни киселини, богата е со витамини Б-комплекс, посебно Б-12, и витамини Ц, Е, К и бета-каротен. Нејзината богата минерална содржина вклучува железо, цинк, јод, калиум, фосфор, магнезиум, сулфур, калциум, манган, бакар, кобалт и германиум. Хлорелата исто така е богата со РНК И ДНК нуклеински киселини, со што е еден од најбогатиот извор за нуклеински киселини. Нуклеинските киселини се многу корисни во поправањето на оштетениот генетски материјал во клетките, во одржувањето на здравјето и забавувањето на процесот на стареење. Хлорелата му помага на телото на клеточно ниво и оттука во зголемувањето на телесното енергетско ниво и виталност.
Хлорелата содржи супстанца која е својствена единствено за неа, наречена Хлорела Фактор за Раст-CGF. Некои велат дека таа е најзначајниот фактор на хлорелата во нејзините неверојатни исцелителни својства. CGF е физиолошко активирачка супстанца која содржи комплексни нуклеотидни пептиди, амино киселини, полисахариди и други деривати. Се покажа дека драстично го забрзува растот во организмите и го поттикнува лекувањето на оштетените ткива. Исто така, го стимулира изградувањето на имунолошкиот систем. Други познати својства на Хлорелата се нејзините силни детоксифициони својства. Студиите покажуваат дека може да ги неутрализира и отстрани отровните супстанци, како тешки метали, диоксин и полохлоринатен бифенил во телото. Исто така се покажало дека помага во спротиставувањето на телото од зрачење. Освен тоа, Хлорелата помага во функцијата на црниот дроб и ја подобрува дигестијата со стимулирање на растот на добротворните цревни бактерии.

power3

Ние сме горди што можеме да ви го понудиме овој производ со одличен квалитет, комбинирајќи ги трите најдобри видови зелени суперхрани - вистински центар на Микро-Нутриција.

УЖИВАЈТЕ, со Најдобро Здравје!

Алги Power3, капсули, 160 х 500мг Алги Power3, капсули, 160 х 500мг 2.090 ден.
Алги Power3, капсули, 1000 х 500мг Алги Power3, капсули, 1000 х 500мг 9.790 ден.
Алги Power3, прашок, 227 грама Алги Power3, прашок, 227 грама 3.970 ден.
Алги Power3, прашок, 454 грама Алги Power3, прашок, 454 грама 7.480 ден.

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator