Германиум Ge-132

Посилен имунитет на природен начин

Активен Органски
Германиум

Активен Органски Германиум Ге-132 - Active Organic Germanium Ge-132

Силен антиоксиданс за максимална заштита на Вашите клетки




Молекул на германиум


Organic
Germanium
Sesquioxide

Опис и примена

Германиумот во својата органска форма, општоприфатена како Ge 132, е откриен и развиен во Асаи Институтот Coal Research во Јапонија по повеќегодишни истражувања на Д-р Казухико Асаи во 1967 година.
Органскиот Германиум долго време темелно бил истражуван во многу светски научни центри и од научници кои биле заинтересирани за алтернативен пристап кон надминување на здравствените проблеми и пореметувањата во човековиот организам. Особено важни се испитувањата изведени со цел да се дефинира улогата на Ge 132 во подобрувањето на отпорноста и општата здравствена состојба на човекот во услови на современо живеење и хроничен оксидативен стрес.
Германиумот во Активна Органска форма како Ge 132 се смета за едно од најголемите откритија во нутритивниот пристап кон надминување на состојбите предизвикани од разни заболувања.
Кај луѓето кои редовно го употребуваат, Ge 132 делува на тој начин што му помага на човековиот организам да се ослободи од токсичните материи кои ги внесува преку употреба на хемизирана храна, неквалитетна вода, загаден воздух и слично, овозможувајќи му на организмот самиот да ја надмине состојбата на нарушено здравје.
Ge 132 денес во светски рамки се користи на повеќе начини, а во комбинација со соодветен и правилен начин на исхрана помага во надминување на дисбалансот во организмот кој се јавува при повеќето несакани состојби во организмот. Истиот може да се користи истовремено со разни терапии, додека во комбинација со одредени диети, тој во многу центри и советувалишта се користи за надминување на оксидативниот стрес и други несакани состојби во организмот.
Несаканите и непожелни состојби во организмот, во последните децении добија епидемиски размери во целиот свет. Настанувањето на овие состојби е сложен процес со многубројни фактори кои ги предизвикуваат. Делумно можат да се припишат како наследни, но сепак во голема мера можат да бидат предизвикани заради загадената работна и животна средина, несоодветниот животен стил и навики, недоволната физичка активност, неправилната исхрана, загадената вода, прекумерното конзумирање алкохол, пушењето и слично.

 

Активен Органски Германиум Ге-132 - Active Organic Germanium Ge-132

Еден од причинителите за појава на ваквите несакани состојби се слободните радикали. Слободни радикали се атоми, јони или молекули кои имаат недостаток на еден или повеќе неспарени електрони во својата структура. Заради неспарените електрони, а за да дојдат во стабилна состојба, тие многу брзо и лесно реагираат со клеточните биомолекули предизвикувајќи промена во нивната структура и функција, со што предизвикуваат оштетувања на клеточните мембрани, генетскиот материјал и ДНК структурата, а ја нарушуваат и функцијата на клеточните органели. Со тоа доаѓа до развој на разни нарушувања во организмот и најразлични заболувања.
Во нормални услови, создадените слободни радикали се неутрализираат од страна на ензимските и неензимските одбранбени системи (антиоксидансите) во човековиот организам. Со тоа се спречуваат несаканите ефекти од слободните радикали и не доаѓа до нарушување на клеточните функции.
Натрупувањето на слободните радикали во човековиот организам настанува заради нивното прекумерно создавање или недоволното неутрализирање на истите.
Најзначајни фактори кои доведуваат до зголемување на количеството на слободни радикали се: јонизирачкото зрачење (како на пример Х-зраци, Y-зраци), УВ зрачење, некои лекарства, прекумерното конзумирање алкохол, пушењето, авитаминозата, дејството на ксенобиотиците (тешки метали, пестициди и сл.), изложеноста на загадувачите од воздухот, нечистата вода, хемизираната храна итн.
Од нивното откривање, па до денес, слободните радикали се поврзани со развојот на многу несакани состојби во организмот. Па така, се смета дека имаат дирекно влијание во пореметувањет на правилната функција на следните органи:

  • Срце и крвни садови (покачен крвен притисок како последица на оксидацијата на лошиот холестерол и негово натрупување на крвните садови, нарушување на функцијата на крвните садови итн.)
  • Кожа (предвремено стареење, депигментација, воспалителни процеси итн.)
  • Бубрези (недоволна бубрежна активност и сл.)
  • Костозглобен систем (воспаление на ткивата во зглобовите и сл.)
  • Централен нервен систем (натрупување на токсини и тешки метали во мозочното ткиво, запушување на крвните садови во мозокот итн.)
  • Имунолошки систем (хронични воспалителни процеси, воспаление на црева, автоимуни проблеми итн.)
  • Очи (оштетување на ретината, мрежницата и сл.)
  • Неправилна функција на ендокриниот систем (нарушување на метаболизмот, хормонален дисбаланс, зголемено ниво на шеќер во крвта и сл.), но исто така и
  • Предвремено стареење на организмот, чувство на хроничен замор итн.

Еден од најефикасните начини за подобрување и засилување на процесот за неутрализација на вишокот слободни радикали во организмот е користењето додатоци во исхраната со висок антиоксидансен потенцијал.

Како делува Ge 132

Како делува Ge 132?

Структурата на органскиот Ge 132 претставува атом на германиум поврзан со три атоми на кислород. Како таков Ge 132 претставува моќен и ефикасен носител на кислород до јадрата на човековите клетки.
Д-р Otto Warburg, добитник на Нобеловата награда за физиологија и медицина во 1931 г. дошол до заклучок дека недостигот и губењето кислород во клетките е главна причина за мутирањето на клетките кои се прилагодуваат да преживеат од аеробна во новонастанатата анаеробна средина. Новонастанатите мутирани клетки не можат оптимално да го искористат кислородот, односно се развиваат само во услови без кислород (анаеробна средина).
Ge 132 помага и придонесува за квалитетно снабдување на човековите клетки со неопходниот кислород, особено во анаеробните ткива, а воедно го олеснува и процесот на враќање на функцијата на клетките во нормала.
Недостатокот на кислород во клетките доведува до зголемување на концентрацијата на слободните радикали ви нив. Се смета дека зголеменото присуство на слободни радикали е важен фактор кој допринесува до неправилна функција и дисбаланс во човековиот организам.
Ge 132 е еден од најсилните познати природни антиоксиданси. Антиоксиданси се супстанци, чии атоми лесно предаваат електрон на слободниот радикал, на кој во надворешната атомска орбита му недостасува еден електрон што го прави да биде нестабилен и агресивен кон нормалните клеточни структури и претставува закана за нормалната физиолошка активност на клетките.

 

Делување на антиоксиданс

При состојба на хроничен оксидативен стрес, нарушено е нормалното снабдување на човековите клетки со кислород, а истовремено се ослободуваат големи количества на слободните радикали. Овие слободни радикали лесно ги преминуваат клеточните мембрани и ја менуваат нормалната функција на клетките, а меѓу другото поттикнуваат и нивна неконтролирана делба.
Покрај подобреното снабдување на човековите клетки со кислород, според Студијата објавена во списанието Journal of Interferon Research, Органскиот Германиум Ge 132 ги доведува во нормала функциите на Т клетките, Б лимфоцитите, природните клетки убијци, како и бројот на антителата во организмот кои се неопходни за надминување на некои несакани состојби. Студиите покажуваат дека ова соединение има уникатна физиолошка активност и тоа без несакани ефекти.
Органскиот Германиум има способност да ги модулира промените на имунолошкиот одговор и помага во активирањето на природната одбрана на организмот.
Исто така помага во одржувањето на природната продукција на гама интерферон и претставува моќен сојузник на природниот одбранбен механизам на организмот.
Многу студии за Ge 132 покажуваат дека тој придонесува за активирање и нормално функционирање на човековиот имунитет, со што помага во одржување на оптимално здравје.
Органскиот Германиум е целосно нетоксичен и безбеден, а во консултација со здравствен консултант може да се зема посебно или заедно со класично препорачана терапија.
Употребата на Ge 132 има најсилен ефект кога се комбинира со храна според препораките за правилен начин на исхрана. Силниот имуностимулативен ефект на Ge 132 во организмот станува уште поделотворен кога тој се комбинира и со неколку други квалитетни природни состојки кои се содржат во капсулата од 500 мг.

Состав и употреба

Состав:
Една капсула Ge 132 од 500 мг. содржи:
Екстракт од Реиши печурка (180 мг.), Коензим Q10 (50 мг.), Ресвератрол (100 мг.), ’Рскавица од ајкула (80мг.), Екстракт од црвена детелина (50 мг.) и Екстракт од кора на медитерански бор (40 мг.).

Реиши печурка (Ganoderma lucidum) Реиши печурката (Ganoderma lucidum) содржи повеќе од 200 фитонутритиенти и претставува најбогат познат природен извор на Органски Германиум Ge 132 (од 800 до 2000ппм), важен елемент во траги кој овозможува значајни придобивки за организмот.
Потенцијално, организмот може да го искористи Органскиот Германиум како снабдувач на клетките со кислород, со што ќе го подобри клеточното дишење.
Активниот Органски Германиум Ge 132 на Нутри Вита, содржи единствена безбедна и најчиста органска форма на Ge 132, добиена од најбогатиот познат природен извор на Ge 132 – Реиши печурката. Тој има единствени молекуларни карактеристики кои го прават нереактивен со организмот, и истиот се излачува од организмот преку урината, во следните 24 часа откако ќе се апсорбира.
Ние ја препознаваме важноста да обезбедиме чист и внимателно избран и тестиран Ge 132. За да бидеме сигурни во квалитетот внимателно го анализираме секој произведен лот. Процедурата за тестирање вклучува идентификација со инфрацрвена спектроскопија, чистина со киселинска титрација, отсуство на неоргански компоненти со тест со ограничени бои, како и тест на растворливост.
Најновите истражувања покажуваат дека Органскиот Германиум Ge 132 се истакнува со антиоксидансен потенцијал кој придонесува за нов пристап кон прашањата за имунитетот.
Коензим Ку10 Коензимот Q10 во својата сосема природна форма добиен со природна ферментација, е од суштинско значење за животот и здравјето на секоја жива клетка. Претставува компонента од животна важност, присутен во повеќето ткива во човековото тело, а највисоки концентрации има особено во срцевиот мускул, црниот дроб, бубрезите и панкреасот. Во рамките на клетките тој најчесто се содржи во митохондриите, неопходен е за природниот метаболизмот на клетката, има витална функција во процесот на клеточното дишење и претставува генератор на клеточната енергија во организмот и неговата животна сила. Тој е познат како храна за срцето со што има неизмерен придонес за кардиоваскуларното здравје.
Ресвератрол Ресвератролот помага во прочистувањето на крвните садови од атеросклеротски наслаги, ја спречува оксидацијата на LDL холестеролот, со што го оневозможува неговото таложење на внатрешните ѕидови на артериите, овозможувајќи нормална циркулација на крвта и нормализирање на крвниот притисок. Тајната против стареењето е во трансресвератролот, активната форма на полифенолите од ресвератролот кој се наоѓа во лушпата, семето и стеблото на црвеното грозје. Клучот на клеточната енергија лежи во митохондриите и се смета дека тие се основата за подолг живот. Трансресвератролот покажа способност да го зголеми бројот на митохондрии, со што овозможува значително да се зголеми и вкупната дневна енергија.
’Рскавица од ајкула ’Рскавицата од ајкула го оневозможува растот на нови крвни садови со кои се хранат евентуалните анаеробни ткива во организмот. Таа особено ги заштитува митохондриите во клетките на црниот дроб од дејството на слободните радикали, овозможува негова регенерација и му помага на организмот во процесот на детоксикација.
Екстракт од црвена детелина Екстрактот од црвена детелина е еден од најбогатите извори на изофлавоноиди.  Придонесува за хормонален баланс во организмот, со што кај жените помага во успешно надминување на топлотните бранови и останатите симптоми во менопаузата, а го намалува и ризикот од остеопороза. Кај мажите помага при состојба на зголемена простата дестимулирајќи го понатамошниот раст.
Екстракт од кора на медитерански бор (Pycnogenol) Екстракт од кора на медитерански бор (комерцијално познат како Pycnogenol) претставува ризница од биофлавоноиди и други биолошки активни фитонутритиенти. Истражувањата покажуваат дека Pycnogenol-от е моќен антиоксиданс со големи кардиоваскуларни придобивки, го засилува имунолошкиот систем, го подобрува изгледот на кожата, помага при попуштени вени, со своите својства придонесува за намалување на болката од артритис, ги ублажува воспалителните процеси во организмот, овозможува брзо зацелување на раните и сл.

Комплексот Активен Органски Германиум Ge 132 се користи како антиоксидансен комплекс кој го неутрализира вишокот слободни радикали во организмот, со што му овозможува да биде доволно силен, како и да не се создадат услови за да дојде до дисбаланс и други несакани појави и состојби во организмот.
Ge 132 како додаток во исхраната се препорачува да се зема:

  • заради зачувување и подобрување на здравјето и општата благосостојба на организмот;
  • при нарушена циркулација овозможува поквалитетно снабдување на клетките и ткивата со кислород;
  • кај состојби на организмот со намален или несоодветен имунолошки одговор;
  • заради ублажување на состојбата на хроничен умор и хроничен стрес;
  • при зголемена потреба на организмот за одбрана од разни инфекции, за ублажување на воспалителни процеси, за поттикнување на регенерацијата на црниот дроб, при зголемена простата и сл.

Овој додаток на исхраната е произведен во фабрика со GMP стандард и спакуван е во шише од HDPE материјал. Ваквите шишиња штитат од влага и мириси, ја овозможуваат свежината и квалитетот на содржината и се за 4 пати поефикасни од останатите брендови кои користат PET шишиња. Шишињата направени од HDPE материјал не се кршливи како стаклените, а исто така можат и да се рециклираат.

Упатство за употреба:
Како додаток во исхраната се земаат 2 капсули дневно, една пред доручек и една пред ручек, со чаша чиста обична вода. Доколку имате пречувствителен дигестивен систем, можете да ги земате капсулите во текот на оброкот. Препорачаната доза не треба да се надминува.

Начин на препишување:
Додатокот во исхрана Активен Органски Германиум Ge132 е достапен во аптеките и продавниците за здрава храна, без лекарски рецепт.

Начин на чување:
Да се чува добро затворено на суво и темно место, надвор од дофат на деца.

Рок на траење:
Отпечатен на пакувањето.

Известување:

Додатоците во исхрана не се замена за разновидна исхрана и не се наменети за дијагностицирање или лечење на болести. Препаратот не се препорачува за лица кои се алергични на некои од состојките кои ги содржи, лица под 18 години, бремени жени и доилки.
Комплексот Ge 132, како додаток во исхраната, може да се конзумира заедно со стандардните редовни лекарства и терапии. За повеќе информации во врска со производот Активен Органски Германиум Ge 132 можете да се обратите на Вашиот лекар/фармацевт или кај стручен консултант на Нутри Вита.
Корисниците на Ge 132, исто така, можат да побараат бесплатни Совети за правилен начин на исхрана во Нутри Вита - Нутриционистичкото Советувалиште за исхрана на здрави и болни.

Активен Органски Германиум Ge-132 капсули 75х500мг Активен Органски Германиум Ge-132 капсули 75х500мг 3 190 ден.
3 031 ден.
Заштеда: 5%

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator