HPA® Ланолин

Употребата на ланолин ефикасно помага  во лекување на воспалени и

напукнати брадавици кај мајките кои дојат

 

Доењето - најдобар старт за мајката и бебето

Доењето е најприродното и најздравото нешто кое една мајка може да го направи за нејзиното бебе.

Доењето е вештина која треба да се научи, па некои  жени на почетокот можат да искусат воспалени и напукнати брадавици . Често, причината е начинот на кој бебето се прилагодува за време на доењето, и помош за ова може да добиете од лекарите специјалисти, па  до бројни организации и советувалишта за доење.

Некои сапуни, шампони и други кремови ,исто така можат да предизвикаат воспалени брадавици, како и самата кожа доколку е премногу влажна. Ланолинот на Lansinoh кога се нанесува на воспалени брадавици го смирува воспалението, а доколку потрае, причината може да се пронајде со помош на лекар специјалист.

Кремот за брадавици на Lansinoh е најбезбедниот, најчист ланолин специјално развиен за мајките кои дојат, за лекување на воспалени и напукнати брадавици. Уникатниот и патентиран процес на Lansinoh, за прочистување на ланолинот, ја овозможува забележителната разлика со било кој друг ланолин во однос на бојата, мирисот, густината, како и самата функционалност.

 

Овозможено од страна на Lansinoh лабораториите


lansinoh_lanolin

По 5 дена мојата сопруга чувствуваше неверојатни болки од раскрвавени брадавици. Еден пријател ни го препорача вашиот крем и сега се вративме на доењето. Ура! Нема сомневање, дека доколку не беше вашиот крем, немаше да можеме да продолжиме со доењето. Мојата единствена желба е да можев порано да дознаам за него. - Ален (и бебето Изабела)

 

Како што одредила Мајката Природа...

Што е ланолин?

Ланолинот се употребувал преку 8,000 години. Античките Египќани го употребувале со ставање на коцки од него на нивната глава, кои се топеле на сонцето, со што кожата станувала помека и понежна. Упатствата за неговата примена се јавуваат во медицинските и фармацевтските текстови во последниве 2,000 години. Името ланолин доаѓа од латинскиот збор lana, што значи волна и oleum,  што значи масло, иако хемиски гледано тој е восок, а не масло. Се произведува од секретот на лојните жлезди на овците, а го заштитува нивното руно од дожд и други појави.

Ланолинот доаѓа од руното на овците по стрижење. Нема никаква штета за овците од екстрахирањето на ланолинот. Од 45 килограми волна се добива 1-2 килограми ланолин. Тоа е природен и обновлив материјал, а не обработено синтетичко соединение.

Ланолинот не е генеричен материјал. Има многу прочистени форми на ланолин, почнувајќи од многу груб вид кој се користи за мачкање на делови од машини, па се  до ултрачистиот медицински вид на ланолин  наречен Lansinoh. Lansinoh е најчистиот ланолин во светот затоа што нашиот процес на прочистување достигнува таков степен на чистина кој не може да се споредува со другите видови на ланолин. Ние не додаваме ништо во него, не содржи конзерванси, адитиви, вода, хемикалии или парфеми.

Ланолинот на Lansinoh е уникатен

Ланолинот на Lansinoh е подобро прочистен од било кој друг достапен ланолин. Нашиот уникатен патентиран процес селективно ги филтрира нечистотиите кои создаваат боја и мирис. За разлика од другите видови на ланолин, процесот на прочистување се одвива на ниска температура без избелување, па затоа е нежен и 100% природен. Lansinoh не содржи додадена вода, хемикалии или парфем. Lansinoh е најбезбедниот крем за брадавици кој може да го имате и е единствениот што е 100% чист HPA® lanolin.

Видете ја разликата

Lansinoh е визуелно и квалитативно различен од другите видови  ланолин. За разлика од другите брендови, уникатната боја на Lansinoh е постигната без додавање на други состојки.

Помирисајте ја разликата

Ланолинот (како и повеќето други природни масла и восоци) се оштетува од кислородот и природната УВ сватлина.  Кога природните масла и восоци оксидираат, тие испуштаат непријатен мирис. Молекулите одговорни за овие мириси се познати како Испарливи Органски Компоненти (ИОК).

Уникатниот процес на производство на Lansinoh, му дава природна свежина на  ланолинот , не создава ИОК, правејќи го на тој начин да е речиси без мирис. Најдобар начин за да се докаже тоа, треба едноставно да го помирисате нашиот производ, кој е забележливо различен од другите кремови за брадавици, посебно од другите видови на ланолин.

За да ви го демонстрираме научно ова, Lansinoh спроведе врвно  тестирање користејќи хроматограмска спектометрија со ослободување и заробување на гас, која ги покажува нивоата на ИОК. Резултатите покажаа дека Lansinoh HPA®  ланолинот е природно оксидативно стабилен во споредба со другите производи, а ова повисоко ниво на стабилност е причината поради која Lansinoh нема мирис за разлика од конкурентските производи.

Дали некои луѓе се алергични на ланолин?

Иако е ретка, алергијата на ланолинот сепак постои. Алергенот одговорен за чувствителноста на ланолин е присутен во делот со слободни алкохоли од ланолинот. Нашиот уникатен процес го намалува делот со слободни алкохоли под 1.5% за да се елиминира ризикот од реакции. Со прочистување до ова ниво лекарите не беа во можност да увидат ниту еден алергичен одговор кај пациентите чувствителни на ланолин (Clark). Sin е латински збор за „без“, а OH е хемискиот симбол за алкохол, оттука доаѓа  lan-sin-oh, ланолин без алкохол. Другите видови медицински ланолини можат само да гарантираат за под 6% слободни ланолински алкохоли.

Тоа што обично се посочува како алергија на волна, најчесто е контактен дерматитис или реакција на површинската кожа на боите на волненото влакно или на самото влакно. Нема научен доказ дека чувствителноста на волна значи дека ќе имате реакција на ланолин.

 

Без мирис, без вкус, без конзерванси, без антиоксиданти или други адитиви

Дали ланолинот содржи пестициди и детергенти?

Овците се подложени на пестициди во текот на целиот живот за да се заштитат од различни инсекти и болести. Некои од овие пестициди остануваат на руното во волнената маст што подоцна ќе стане ланолин. Lansinoh ја користи само австралиска и новозеландска волнената маст затоа што е со најдобар квалитет со ниско ниво на пестициди. Lansinoh процесот понатаму ги отстранува пестицидите и другите хемикалии. Ланолинот на Lansinoh се тестира за преку 40 одделни пестициди, а нашите барања се доста строги. Ние гарантраме максимум ниво од само 1 ППМ (дел од милион) вкупно пестициди.

Руното се мие со детергенти за време на процесот на одделување на волнениот восок, што остава детергентни остатоци во ланолинот. Lansinoh ланолинот повторно се чисти се додека остатоците од детергентот гарантирано не дојдат до под 0.05%, ниво кое осигурува дека нема да има алергиски реакции кај пациентите чувствителни на ланолин. Lansinoh е единствената компанија во светот, која го тестира својот ланолин за остатоци од детергент.

Дали ланолинот содржи конзерванси?

Ако восок или маст дојде во контакт со воздухот, може да оксидира и да се расипе. Многу производи на ланолин содржат BHT - бутилиран хидрокситоулен, кој се користи како антиоксидант за да се продолжи рокот на траење.  Нашироко е позната загриженоста за користење на BHT и не е дозволен во било која форма во бебешката храна. Општите медицински студии го поврзаа BHT со агресивното однесување кај децата и раст на тумори. Lansinoh не содржи BHT- нашиот производствен процес продуцира еднакво стабилен производ без потреба од додавање на конзерванси.

Дали е безбеден за бебиња?

Lansinoh кремот за брадавици не мора да се отстрани пред доењето затоа што нашиот ланолин е најдобро прочистен, подобро од било кој друг достапен ланолин. Lansinoh е 100% чист хипоалергенски HPA® ланолин и не содржи:

  • Мирис
  • Вкус
  • Конзерванси
  • Антиоксиданти или други адитиви

 

Толку нежен, толку чист, толку безбеден, толку пријатен


Lansinoh крем за брадавици – разлика од другите видови ланолин

Другите производи може да содржат:

  • Високи нивоа на слободни ланолински алкохоли (ризик од алергени)
  • Хемиски остатоци вклучувајќи пестициди и детергенти
  • Високи нивоа на ИОК (придонесуваат за зголемен мирис)
  • Минерални парафини: Широко е познато да парафините не се погодни за ингестија.
    Студиите за токсичното хранење кај Fisher 344 глувци покажува дека минералните масла, посебно со средна и ниска вискозност (C10-C25), предизвикуваат одредени нус појави, како што се грануломи на црниот дроб и рани во мезентериските лимфни јазли (хистиоцистоза) (Baldwin et al.,1992; Smith et al., 1996). Врз основа на овие пронајдоци, Научниот Одбор за Храна (SCF) на Европската Унија (EU), како и Здружениот FAO / WHO Стручен Одбор за Адитиви во Храна (JECFA) воспоставија прифатлив дневен внес (ADI) за различни класи на минерални масла и восоци.  Неодамнешна швајцарска студија (Notes, Grob, Biedermann,Deiss, Bruschweiler, 2003) покажа дека доењето може да го изложи бебето на секојдневен внес од 1 мг/кг од минералните парафини и дека ако мајката користи мелем (на пр. вазелин) како производ за нега на дојките, дневниот внес на бебето може да достигне до 40мг/кг. Студијата закличила дека составот на минерални парафини во мајчиното млеко, заедно со тие во вазелинот, е во ранг што SCF го сметаат како непогоден за човечка употреба.
  • Парфеми, кои можат да бидат непријатни за мирис и вкус, и ја сушат мајчината кожа
  • Масло од кикиритки  - галвен алерген
  • Други масла од зеленчук како масло од пченка или палмино масло
  • Бензол и други нус производи од нафта
  • Конзерванси како BHT
  • Витамин Е- направен од масло од пченични никулци (потенцијален алерген и токсичен во големи дози)
  • Алкохол- сушење, ја пече оштетената кожа
  • Вода (кога испарува продолжува да ја суши кожата)
  • Мед и други шеќери - извор на храна за воспаление на усната слузокожа
  • Казеин - дериват од кравјо млеко
  • Антибиотици, стероиди и антигабични лекови (злоупотребата на овие лекови може да доведе до отпорност, така што кога има инфекција или потреба за нив, можат да бидат неделотворни)

 

Влажно исцелување на рани

Принципот на влажно исцелување на рани бил развиен преку 25 години. Оттогаш широко се употребува во лекување на рани од секаков вид насекаде по телото. Овој принцип се преферира во лекување на воспалени и напукнати брадавици, заедно со пронаоѓање на причината за таа состојба. Со принципот на влажно исцелување на рани се постигнува да се задржи внатрешната влажност што е веќе присутна во кожата. Мора да се направи разлика помеѓу спречување на губењето на надворешната влажност на кожата и поттикнувањето на внатрешната влажност. Влажноста не може да се додаде на кожата однадвор и кожата не смее да се држи премногу влажна. Влажна бариера се нанесува на повредена кожа и внатрешната влажност, веќе присутна во кожата, се задржува. Тоа ќе и помогне на кожата во враќање на нејзината природна здрава состојба, еластична и мека, наместо сува и испукана. Кога сувото ткиво се рехидратира на овој начин, одвнатре, напукнатото место ќе се исцели  без формирање на струпки или кора, а времете на исцелување ќе биде побрзо.

Дополнителна значајна придобивка од влажното исцелување е тоа што овозможува моментално исцелување од болката, итна потреба за секоја мајка со воспалени брадавици. Иако механизмот не е јасен, се мисли дека честото нанесување на влажна бариера ја штити раната од надворешните стимуланси и одржува поприродна околина за изложените нервни завршетоци во кожата (Mann-Mertz P. 1990).

„Ова е чиста магија!“ - Морин Линдберг, мајка на Џордан 10, Скот 6 и Савана 2, и уредник на „Modern Mum“

Упатство за употреба:

Lansinoh ланолинот треба да се нанесува по секое доење или уште почесто, доколу тоа е потребно.

За суви брадавици користете чиста дезинфицирана крпа. Не ја сушете на надворешен воздух.
Со чисти раце, истиснете од тубата мала количина како зрно грашок од Lansinoh ланолинот и омекнете ја со прстите. Нанесете внимателно на целата ообласт околу брадавицата. Ако е потребно, уште малку ланолин може да се нанесе во средината од влошката за гради.
Чувајте ја тубата на собна температура - колку е повисока температурата толку полесно производот може да се нанесе.
Исплакнете ги брадавиците со млака вода кога се туширате или бањате - користењето на гел или сапун на областа околу брадавиците не се препорачува.

Lansinoh ланолинот, исто така е корисен и за други заболувања на кожата. Конкретно, може да се примени кај стрии кои чешат, суви усни, осип од пелени, помали исекотини, изгореници и гребнатини на кожата, за сува кожа на лакти, колена и петици, за заштита од плускавци и за надразнета и иритирана на кожа.

 

Клинички и дерматолошки тестирано и докажано...

Се користи во 90% од болниците во Велика Британија и Америка!

Lansinoh чист ланолин (10ml) Lansinoh чист ланолин (10ml) 420 ден.
Lansinoh чист ланолин (40ml) Lansinoh чист ланолин (40ml) 890 ден.

Нутри Вита

Бидете информирани

добивајте бесплатни новости

Бесплатен каталог

Внесете ја Вашата адреса и добијте бесплатен каталог!

bmi_calculator